Скопје
6ᴼ /
6ᴼ
Facebook воведува функција која ви овозможува, со свои зборови, да наведете каков вид содржина би сакале да гледате почесто или поретко во вашиот „фид“ (почетна страница). Новата опција „Вашиот алгоритам“ („Your Algorithm“) им овозможува на корисниците директно да влијаат врз алгоритмот што препорачува содржина, наместо целосно да се потпираат на автоматските препораки на платформата, соопштија од Meta. Корисниците можат да ги опишат своите ...
Во редицата на објавени состави денеска за претстојниот репрезентативен прозорец, во рамките од Лигата на Нациите застана и Шпанија. Селекторот на актуелниот светски шампион, Луис Де Ла Фуенте ги одреди играчите на кои што смета, а на списоко има доста измени со оглед на повредите кои што се случуваат во моментов. Шпанија ќе се сретне со Чешка и Англија, а на списокот се следниве играчи. Голмани: Унаи Симон, Давид Раја, Жоан Гарсија, Алваро ...
Стотици јазовичари прошетаа по прочуената париска авенија Шанзелизе, каде што се одржа „Прошетката на колбасчињата“ (Sausage Walk) – необичен настан што ги собра сопствениците и љубителите на раса на кучиња јазовичар од различни делови на Европа. Кучињата привлекоа големо внимание со своите шарени костими додека заедно со сопствениците се движеа по познатата авенија, недалеку од Триумфалната капија, пренесеува „Ен-би-си њуз“. Меѓу учесниците ...
Љиљана Матиќ, 70-годишна скопјанка се изненадила кога на крајот на август добила даночно решение од Град Скопје за наследство на станот во кој живеела со децении со нејзиниот сега починат сопруг. Очекувала дека за префрлувањето на нејзино име нема да треба да плати ниту денар оти во станот живееле заедно од првиот ден кога го добиле како општествен, во далечната 1986 година. По осамостојувањето на Македонија, во 1995 година, нејзиниот сопруг ...
По повод 50-годишнината од основањето на Општина Карпош, беа доделени 185 хуманитарни пакети на семејства во социјален ризик од општината. Акцијата е реализирана со придонес на децата од општинските градинки, учениците од основните училишта и вработените во општинската администрација. Пакетите содржат прехранбени производи, конзервирана храна и средства за хигиена. Градоначалникот Сотир Лукровски лично ги доделуваше пакетите на две локации, ...
Судот за спортска арбитража пресуди денеска дека руските хокеарски репрезентации можат да учествуваат на светските првенства во машка и женска конкуренција следната година, поништувајќи ги со тоа одлуките на Меѓународната федерација во хокеј на мраз (IIHF) за нивно исклучување од меѓународните натпревари. Судот со седиште во Лозана ги потврди жалбите поднесени од Руската хокеарска федерација против одлуката на IIHF да им забрани на руските ...
Од Берлин стигнува приказна која може да им изгледа неразбирливо тривијална на оние што не се упатени во нијансите на оркестарскиот распоред. Диригентот Иван Фишер ги откажа концертите планирани за оваа недела, на кои требаше да се изведе Петтата симфонија на Густав Малер со Берлинската филхармонија (на негово место дојде Андрес Ороско-Естрада), бидејќи контрабасите не можеа да бидат поместени од нивното вообичаено место во Филхармонијата – ...
Според извештаите, YouTube размислува за воведување аудиокниги како нов вид содржина на својата платформа, покрај музиката и видеата. Како што пренесува „The Wall Street Journal“, YouTube истражува можност за додавање аудиокниги во својата апликација; сепак, засега има малку информации за тоа кога оваа функција би можела да стане достапна, или дали таа би се нудела како посебна, самостојна услуга. Во извештајот се наведува дека Google ...
Бруто-домашниот производ (БДП) на земјава во 2025 година достигнал 1.105.239 милиони денари и бележи реален раст од 3,8 проценти во однос на 2024 година, додека номиналното зголемување изнесува 7,1 процент, соопшти денеска Државниот завод за статистика. Бруто-домашниот производ по жител во 2025 година изнесувал 9.859 евра. Најголемо учество во додадената вредност во структурата на БДП, од 19,9 проценти, имаат секторите трговија на големо и ...
Тренерот на римската екипа Лацио Џенаро Гатузо е прогласен за тренер на месец октомври 2026 во Серија А и за првпат добива награда во својата кариера. Гатузо има серија извонредни резултати со Лацио. Екипата е лидер во Серија А и на десет натпревари има девет победи и само едно реми, додека во октомври тимот на Гатузо оствари четири победи против Монца (3:1), Јувентус (3:0), Парма (2:1) и Сасуоло (6:2). И на почетокот од новиот месец Лацио ...
Со топлото време почнува сезоната на отворени прозорци, прошетки, излети, дворови, тераси и престој во природа. Но заедно со летото се појавуваат и малите опасности што често ги потценуваме: комарци, оси и крлежи. На прв поглед изгледаат како обична летна непријатност. Комарецот каснува и чеша, осата знае да расипе ручек на тераса, а крлежот често останува незабележан. Но токму затоа што се „мали“, луѓето често не им обрнуваат доволно ...
Во видео обраќање, лидерот на српската опозиција Александар Вучиќ откри дека до него стигнале информации дека одредени бизнисмени се рекетирани или се под закана на белградски криминални кланови. „Драги граѓани, во Србија буквално владее терор, а за оние кои не знаат, во тек е едно од најодвратните дејствија што некогаш се случиле во Србија од 1945 година. Имено, криминалниот клан Врачар , еден од овие црногорски криминални кланови, ...
Кога во мај годинава, скопската адвокатка Павлина Зефиќ поднела тужба до Граѓанскиот суд во Скопје за надомест на штета oд над милион денари, најмалку што очекувала е дека наместо судска расправа, ќе добие решение дека судијата нема да постапува по неа. Причината не е поврзана со самата тужба, туку со начинот на кој била платена судската такса за неа. А како што вели Зефиќ, таксата била платена електронски, преку банкарски налог. Судијата ...
Штипскиот боксерски клуб Пинк Пантер, утре заминува за Лозница, Србија, каде ќе учествува на силен меѓународен турнир „Великани на лозничкиот бокс“ во организација на боксерскиот клуб Вукови са Дрине. Пинк Пантер пријави шест боксери, но од страна на организаторот се прифатени четири боксери. До 46 килограми ќе настапи Али Расимов, до 54 килограми Кристијан Штрков, до 57 килограми ќе настапи Иса Бајрам, а пак до 63 килограми Зулфикар Бајрам. ...
Против двајца полициски службеници се поднесени кривични пријави за тешка кражба и полово вознемирување, соопшти полицијата. Тие биле вработени во Прифатниот центар за странци при Регионалниот центар за гранични работи „Север“. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, до ОЈО ГОКК – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на ...
Google тестира целосно отстранување на копчето Dislike на YouTube за сите формати на видеа – потег што, како што и се очекуваше, предизвика негативни реакции кај корисниците. Забележано е дека Google, по сè изгледа, го тестира отстранувањето на копчето „Dislike“ и кај видеата со подолг формат – промена што веќе беше воведена за „Shorts“ (форматот на YouTube за кратки видеа) уште во јуни оваа година. Интересно е што Google, наводно, ја тестира ...
Дигиталната доверба сè повеќе станува стратешки приоритет за бизнисите, а соработката меѓу компаниите, технолошкиот сектор и институциите е клучна за изградба на безбеден дигитален екосистем Софија, 06.11.2026 – Првото издание на Форумот за дигитална доверба (Digital Trust Forum), одржано на 27 октомври во хотелот Hyatt Regency Sofia, собра 120 претставници од околу 60 организации, отворајќи дискусија за дигиталната доверба како стратешки ...
Општината Халфинг, во германскиот округ Розенхајм во Баварија, ја презела сметката од повеќе од 10.000 евра за лекувањето на мачорот Муки, откако бил спасен од опасната стапица во која се нашол и бил пренесен во ветеринарна клиника, објави германскиот јавен сервис „Бајеришер рундфунк“ (Bayerischer Rundfunk). Мачорот со часови висел заглавен Муки бил пронајден како со часови виси заглавен во прозорец што бил оставен подотворен. Животното било ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) продолжува со засилените инспекциски контроли на зелените пазари, насочени кон сузбивање на нелегалната продажба на овошје и зеленчук и прометот со храна што се продава во несоодветни услови и без познато потекло. Во текот на минатата недела, при контролите на скопскиот Зелен пазар и на пазарот во Ѓорче Петров, биле запленети и уништени над пет тони небезбедна храна. Станува збор главно за овошје и ...
Bethesda денеска официјално потврди дека следната игра од серијалот The Elder Scrolls ќе се вика The Elder Scrolls VI Sentinel. Потврдата беше објавена во видео пократко од 10 минути, со кое се одбележуваат 40 години од постоењето на студиото Bethesda Game Studios. Поминаа повеќе од осум години откако Bethesda официјално го најави постоењето на шестата игра од серијалот The Elder Scrolls. Шефот на студиото, Тод Хауард, денеска ја објави веста ...
Министерот за култура и туризам, Седат Сулејмани денеска ја посети Коџа Мехмед-бег џамијата во селото Табановце, кумаовско заедно со муфтијата на Куманово, Абедин Имери и директорот на НУ Национален конзерваторски центар, Александар Јорданоски. Од Министерството за култура и туризам наведуваат дека за време на посетата била нагласена потребата од посебна грижа за овој објект од османлискиот период, прогласен за значајно културно наследство во ...
УХМР утрово ги измери темепратурите во градовите низ Македонија. Според мерењата, овој понеделник, 19.10.2026, најстудено е во Берово со само еден степен. Со три степени и Битола и Лазарополе се меѓу најстудените места утринава во земјава. Од друга страна, со 14 степени, Гевгелија утрово е најтоплиот град во Македонија. Според мерењата во осум часот, во Скопје било само 6 степени. Денешниот ден во земјава ќе донесе претежно стабилно и ...
Неретко коњи се движат или се хранат по паркови, тротоари и на улици во урбани средини, каде што воопшто не им е местото. Иако речиси е нормализирано нивното присуство на јавните површини, сепак, необична случка за време на скопскиот маратон вознемири многумина. Вирална стана фотографијата од кобила што се породи сред улица во Карпош и oваа вест во фокус врати еден секојдневен и долгогодишен проблем – присуството на добиток во урбаните ...
TikTok објави самостојна апликација TikTok Shop за iOS и Android, наменета исклучиво за онлајн купување. Засега е достапна само во Сингапур, Малезија, Тајланд и на Филипините, а не е познато кога ќе пристигне и на другите пазари. Апликацијата прв ја забележал консултантот за социјални мрежи Мет Навaра, објавува Engadget. Новата апликација изгледа како поедноставена верзија на TikTok Shop, платформата за купување што веќе постои во рамките на ...
Скопската публика, синоќа во МНТ, со силен и долг аплауз го награди филмот „17“ на Косара Митиќ, кој ја имаше својата македонска премиера во рамки на 26. Скопски филмски фестивал. Филмот кој е инспириран од вистински настан, и ја следи Сара, која се обидува да ја скрие својата бременост од своите соученици во текот на својата матурска екскурзија, никого не остави рамнодушен. Суров, вознемирувачки, реален. Загрижува и опоменува. -Многу сум ...
Британски регулатор бара од Apple да им овозможи на други апликации пристап до својата NFC технологија и да ги намали провизиите што ги наплаќа. Што значи ова за корисниците и каков е одговорот на технолошкиот гигант? Обединетото Кралство го зема на нишан монополот на Apple врз бесконтактните NFC (Near-Field Communication) плаќања преку паметни телефони, се вели во новиот предлог на Управата за конкуренција и пазари (CMA). Наведувајќи дека ...
Кошаркарската Евролига ги изрече паричните казни за белградските екипи Црвена Звезда и Партизан за инцидентите за време на дуелот од седмото коло. Црвена Звезда ја доби една од најригорозните санкции – во следните пет натпревари ќе игра на гостински терен без поддршка од своите навивачи. Дополнително Црвена Звезда е казнета вкупно и со 115.000 евра од причина што навивачите на Црвена Звезда ја загрозиле безбедноста на другите навивачи, ...
Левица соопшти дека до нив стигнале информации дека вработените во МКЦ се принудени да работат без греење, поради дефект на вентилот од парната инсталација. Според информациите со кои располагаат, додека вентилот не се сервисира или замени, МКЦ нема да има греење. „Институцијата која некогаш располагала со буџет од околу 30 милиони денари, денес функционира со околу 6 милиони денари. А и средствата што ги добива МКЦ се предмет на извршителски ...
Microsoft на блогот на Outlook ги објасни промените што ги имаат направено кај пребарувањето во последните неколку месеци. Промените се во подредувањето на резултатите, пребарувањето при лоша врска и собирањето мислења од корисниците. Најзабележливата промена е што Outlook сега на врвот прикажува до седум резултати подредени по релевантност, наместо досегашните три, а останатите следат по датум. При подредувањето се гледа колку е нова ...
Во 2025 година, 16,3 отсто од лицата во Европската Унија постари од 18 години биле со прекумерна тежина, односно имале индекс на телесна маса (БМИ) од 30 или повеќе. Дополнителни 35,4 отсто имале индекс на телесна маса меѓу 25 и 30. Генерално, повеќе од половина од населението во ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на Евростат. Мажите во ЕУ имаат повеќе проблеми со обезноста од жените. Стапката на обезност кај мажите ...