Новата граница за брзина постигната на копно за возило на водороден погон е 650,112 км/ч! Поминаа само четири дена кога британскиот инженерски гигант JCB постави нов светски рекорд за брзина на копно. Минатата сабота на соленото езеро Бонвил JCB Hydromax достигна 589,355 км/ч. Но, вчера под супервизија на FIA, на истото место, постигната е максимална брзина поголема за 60,757 км/ч. Автомобилот со два мотори со вкупна моќност од 1.600 КС, долг ...

Италијанската пливачка Сара Кертис постави светски рекорд во полуфиналето на трката 50 метри грбно на Европското првенство во водени спортови во Париз. Деветнаесетгодишната Кертис патеката ја исплива за 26,63 секунди. Претходниот рекорд, поставен во октомври 2023 година од Австралијката Кејли МекКеон, беше 26,86 секунди на Светското првенство во Будимпешта. Во 2024 година, Кертис стана светска шампионка на кратки патеки во мешана штафета ...

Јованка Јанкоска Бобе, која стои зад блогот bobesbakery.mk, фејсбук и инстаграм-профилот, е вистински кулинарски креативец – нејзините рецепти се милина и за очите и за непцето. Бобе денеска споделува рецепт за вистински деликатес – слатко од модри сливи. – Има нешто посебно во слаткото од модри сливи – ароматично, сочно и богато со вкус. Сливите при варењето се претвораат во мали стаклени топчиња, обвиткани со густ, проѕирен шербет што ја ...

Google продолжува да го подобрува Chrome со функции кои се насочени кон полесно читање на содржините, подобра организација на отворените страници и побрзо пребарување. Една од покорисните новини е можноста Chrome да ги чита веб-страниците наглас. Функцијата „Read Aloud“ овозможува текстот од страницата да се претвори во говор, додека зборовите се означуваат на екранот во текот на читањето. Корисникот може да избере различен глас и да ја ...

text size Акциите на „Леново Груп“ (Lenovo Group Ltd) скокнаа откако кинескиот производител на компјутери објави зголемување од 43 проценти на кварталните приходи, надминувајќи ги проценките на аналитичарите со голема разлика и зајакнувајќи го оптимизмот околу побарувачката поттикната од вештачката интелигенција. Акцијата порасна за дури 22 проценти во Хонг Конг на уште еден рекорд, продолжувајќи го својот раст оваа година на повеќе од 280 ...

Европската радиодифузна унија (ЕБУ), организатор на „Евросонг“, воведе нови правила со кои се предвидува земја што е вклучена во вооружен конфликт или се наоѓа во чувствителна геополитичка ситуација да не може да биде домаќин на натпреварот, дури и ако нејзиниот претставник победи. ЕБУ наведува дека целта е да се обезбеди безбедна и стабилна средина за изведувачите, делегациите и продукцискиот тим. Според новите правила, доколку победничката ...

Познатиот доктор токсиколог Андон Чибишев се огласи по вчерашната паника околу исправноста на водата за пиење во Скопје. „Не е точно дека е пронајдено Ешерихија коли во водата која го снабдува Скопје. Скопјани да бидат спокојни“, сподели на прес конференција градоначалникот Орце Ѓорѓиевски кој пред новинарите се напи чаша вода од чешма. Веќе подоцна во денот, две жени кои споделувале објави дека водата во Скопје не е за пиење и има бактерии ...

Варени, поширани, печени, пржени или како кајгана – јајцата можат да се подготват на многу начини, а речиси секој има свој омилен рецепт. Но, дали начинот на подготовка навистина прави разлика кога станува збор за хранливата вредност? Нутриционистката Ен Гери, извршна директорка и директорка за едукација за исхрана во „Health Coaches Academy“, за „Daily Mail“ анализирала 14 различни начини на подготовка на јајца и ги рангирала според нивниот ...

Во Свечената сала на Владата денеска ќе се одржи свечена седница со која ќе се одбележат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. На седницата ќе се обратат првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали и вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Настанот ќе се пренесува во живо на профилите на Владата на Фејсбук и Јутјуб. Рамковниот договор беше потпишан пред 25 години, на 13 август во ...

На територијата на државата до 7:30 часот утрово се регистрирани вкупно 51 пожар на отворен простор, од кои пет се активни, четири се ставени под контрола, а 42 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информацијата на ЦУК, активни се пожарите над селото Моране, на потегот Вртекица и Рамни Габер во Општина Студеничани, каде е зафатена мешана шума, кај селото Старо Балдовци во Општина Босилово, каде гори ниска ...

Австрија, Германија, Холандија, Данска и Грција се во напредни разговори за формирање на центар за враќање на мигранти во Уганда, кој според досегашните планови би можел да започне со работа до 2027 година. Проектот засега се разгледува како пилот-иницијатива, а конечната одлука ќе зависи од договорот меѓу петте држави и од решавањето на низа правни и технички прашања. Информациите за планот се објавени во повеќе европски медиуми, кои се ...

Ќерката на Бил Гејтс би можела да западне во сериозни проблеми со законот Фиби Гејтс, 23-годишната ќерка на Бил Гејтс, одамна се обидува да го одвои својот стартап Phia од презимето што сите го препознаваат. Таа инсистирала дека нејзиниот бизнис за е-трговија ќе успее со „без врски со мојата привилегија или моето презиме.“ Но таа цел сега изгледа многу потешка. Според Блумберг, внатрешни пораки од Слек покажуваат дека Phia преземала заслуги ...

Министерот за одбрана на САД, Пит Хегсет, ги повика членките на Американската коалиција против картелите (ACCC) во Јужна Америка да се повлечат од Меѓународниот кривичен суд, обвинувајќи го тој суд за поткопување на националниот суверенитет на државите. „Силно ги поттикнувам сите членови на ACCC да го напуштат МКС и да ги отфрлат нивните обиди да им го одземат суверенитетот на вашите влади и судови“, рече Хегсет доцна синоќа за време на ...

Стратегот на ПСЖ, Луис Енрике не го криеше задоволството откако неговиот тим крена уште еден пехар, триумфирајќи повторно во Суперкупот на Европа со победата од 2-1 над Астон Вила во Салцбург. „Светците“ имаа проблеми бидејќи голем дел од првотимците пред неколку дена се приклучија на подготовките, но сепак одиграа квалитетен меч и стигнаа до победата и новиот трофеј. „Беше многу компликувано, исто како и лани, но најдовме начин да стигнеме ...

Стотици возила синоќа истовремено тргнаа од подрачјето на Козјак кон Скопје по набљудувањето на затемнувањето на Сонцето и метеорскиот дожд Персеиди, создавајќи долги колони на патот од Брезница кон главниот град. Голем број граѓани претходно се упатија кон повисоките и потемни делови околу Козјак, каде условите за набљудување на небесните појави беа подобри поради отворениот хоризонт и помалото светлосно загадување. По завршувањето на ...

Истражувањата покажуваат дека најмногу микроорганизми се кријат во собата за која мислите дека темелно ја чистите. Чистењето на вашиот дом не е баш ничиј омилен „спорт“; повеќето од нас го прават тоа како нешто што мора да го прават, а не како нешто што го уживаат. Резултатите често се во согласност со овој факт: брзо бришеме прашина, ги миеме подовите и прозорците, го усисуваме целиот простор… но никогаш не го правиме тоа темелно. И треба, ...

Од паметно управување со стресот до избор на хоби, виталноста се гради преку навидум мали одлуки. Многу луѓе ја одржуваат својата ментална острина, емоционална стабилност и љубопитност и во своите осумдесетти години. Додека генетиката игра улога во стареењето, начинот на живот и секојдневните навики, исто така, влијаат на здравјето на мозокот. Од редовно вежбање до квалитетни врски, неколку едноставни навики можат да помогнат во одржувањето ...

▶️Слушнете го оригиналното аудио издание на вестите: Вашиот прелистувач не поддржува аудио елемент. За издавање на апартмани се плакја данок. У ЈП со кампања Фер Туризам започнува со пријавен доход, ке ги подсетува газдите на нивните обврски. Од управата нагласуваат дека казните за непријавување доход се до 250 евра, а може да се доби и кривишна пријава за затајување данок. Не е цел на управата да ги казни сите, немаме ни никаква користа тоа ...

Тајван ја спроведе првата заедничка вежба на морнарицата и крајбрежната стража насочена кон одговор во случај Кина да се обиде да воспостави поморска блокада на островот. Во вежбата биле користени реалистични сценарија со цел подобрување на координацијата меѓу различните служби задолжени за одбраната. Морнарицата и крајбрежната стража заеднички придружувале и заштитувале трговски брод, додека миноловец обезбедувал безбеден коридор до ...

Пари Сен-Жермен продолжува да ги полни витрините на клубот. Парижаните синоќа ја победија Астон Вила со 2:1 и го освоија својот втор последователен трофеј во Суперкупот на УЕФА. Еден од хероите на победата беше Дезире Дуе, кој беше прогласена за играч на натпреварот. Младиот Французин уште еднаш покажа колку е важен за тимот, а по натпреварот не го криеше задоволството од новиот трофеј. „Нашиот менталитет е секогаш да победуваме и да бидеме ...

Американскиот претседател Доналд Трамп последниве недели на голф-терените се појавува со придружба која далеку ги надминува вообичаените протоколи за претседателска заштита. За време на партија голф на теренот во Бедминстер, Њу Џерси, каде што го помина викендот следејќи ја завршницата на турнирот LIV Golf, на само неколкуметри зад него бил поставен воениот противвоздушен систем Avenger, опкружен со бодликава жица. За негово опслужување биле ...

Две американски медиумски групи го тужат претседателот Доналд Трамп поради новата услуга на неговата социјална мрежа „Truth Social“, која наплаќа до 100.000 долари месечно за приоритетен пристап до неговите објави. Тужбата е поднесена во федералниот суд во Њујорк од „The Intercept“ и „Freedom of the Press Foundation“, а во неа се тврди дека продажбата на приоритетен пристап до пораките на претседателот предизвикува сериозна загриженост и се ...

Опишувајќи го нападот како настан од стратешко значење, украинската безбедносна служба соопшти дека силите на Киев ја нападнале поморската база во Новоросиск со дронови и проектили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека биле погодени две фрегати, голем десантен брод, корвета и други пловила Во голем украински напад врз руското црноморско пристаниште Новоросиск биле погодени воени бродови во поморската база, а два големи житни ...

Европската Инвестициска Банка ги повика земјите-членки што поскоро да го испитаат својот геолошки потенцијал и да започнат проекти за нови рудници, следејќи го примерот на Финска и Шведска. Во својот последен технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, од ЕИБ оценија дека Европа има значаен неискористен минерален потенцијал, но децениите изминати со недоволни инвестиции оставиле премалку геолошки ...

Уште еден ден до крајот на екскурзијата, потсетува опозицијата, од каде велат дека по четири дена летување во Бриж, следуваа четири дена „катарза“ во Брисел и дека премиерот официјално учел за Францускиот предлог. Пет недели Гостивар се труе – Мицкоски не отиде ниту еднаш. Замина на одмор. Пред да замине, им ја остави на своите кампањата на Ванчо Михајлов за поделба на општеството и сеење омраза – народот е „талог“. Во меѓувреме, покрај ...

Богата жена сама финансирала серија за да глуми во неа и да го бакне главниот актер повеќе од 60 пати Жонг Јуфеи, кинески актер во подем во кратки драми, неодамна излезе на социјалните мрежи за да зборува за кошмарот што го доживеал на снимањето на продукција која требало да биде неговиот голем пробив. Дваесет и тригодишниот актер наводно постојано бил вознемируван на сетот од својата партнерка, која случајно била и единствениот инвеститор во ...

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина рано утрово ја победи Американката Коко Гоф во полуфиналето на турнирот во Торонто. Мечот траеше 2 часа и две минути и заврши со резултат 5:7, 6:2 и 6:2. Дваесет и седумгодишната Казахстанка сервираше пет аса, направи една двојна грешка и реализираше четири од 11 брејк топки. Нејзината противничка сервираше три аса, направи шест двојни грешки и реализираше една од четири брејк топки. Во финалето, ...

ФК Металург 2025 го одржа првиот тренинг и официјално ги започна подготовките за сезоната 2026/27, која ќе биде историска за клубот. Новоформираниот тим за првпат ќе се натпреварува во македонскиот фудбал, а своето деби ќе го има во Четвртата регионална лига – Скопје. Првиот собир и тренинг беа одржани во вторник, 11 август, со што и официјално започна новото поглавје за клубот. Од Металург 2025 најавуваат амбициозен пристап и голема желба за ...

Лионел Меси повторно е на фудбалскиот терен. Само неколку дена по смртта на неговиот татко, аргентинскиот виртуоз покажа карактер и се врати во својот клуб Интер Мајами. Утрово, Интер Мајами загуби на свој терен од тимот на Леон со 2:3, а Меси во игра влезе на почетокот на второто полувреме. Тоа беше првиот меч за Аргентинецот по смртта на неговиот татко со кого беше многу поврзан. Интер Мајами водеше со 1:0, потоа и со 2:1, но не само што ...

Пред точно 25 години, на 13 август 2001 година, во претседателската резиденција на Водно беше потпишан Охридскиот рамковен договор. На фотографијата од потпишувањето има седум имиња, но зад договорот што го запре конфликтот стоеше многу поширок круг политичари, дипломати, посредници и експерти – а еден од клучните актери, Али Ахмети, воопшто не беше формален учесник ниту потписник на документот. Архивите на ОБСЕ го расчистуваат и често ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
2.06
30%
1018
weather icon

Белград

29ᴼ / 27ᴼ
3.6
37%
1022
weather icon

Загреб

31ᴼ / 28ᴼ
4.12
27%
1023
weather icon

Софија

28ᴼ / 28ᴼ
4.87
36%
1019
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
5.21
27%
1021
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 28ᴼ
3.6
32%
1023
weather icon

Атина

32ᴼ / 30ᴼ
10.29
50%
1014
weather icon

Тирана

37ᴼ / 37ᴼ
1.54
28%
1016
weather icon

Подгорица

34ᴼ / 34ᴼ
1.03
24%
1017
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 25ᴼ
6.17
37%
1023
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
1.79
29%
1024
weather icon

Истанбул

29ᴼ / 29ᴼ
11.32
58%
1017
Currency

61.525

Currency

53.3367

Currency

72.0965

Currency

37.6933

Currency

38.2981

Currency

65.6638

Currency

7.91633

Currency

0.64399

Currency

0.33503

Currency

0.52409

Currency

1.11698

Currency

0.55954

Платина

55942.30

Кобалт

56.29

Родиум

280515.26

Алуминиум

3.31

Иридиум

252383.36

Сребро

2106.74

Злато

141408.63

Калај

56.26

Рутениум

53852.50

Паладиум

43178.45

Цинк

0.00

Бакар

13.17