Утре на програмата ќе бидат два натпревари со кои ќе се затвори првото воведно коло од Првата македонска фудбалска лига. Во Кратово со почеток од 17 часот ќе се соочат Силекс и Башкими, во меч каде освојувачот на Купот на Македонија ќе биде голем фаворит против гостинот од Куманово. Во 19 часот на тренинг центарот на ФФМ „Петар Милошевски“ ќе се одигра мечот меѓу Шкендија и повратникот Скопје. Со овие два натпревари ќе се затвори првото коло, ...
Предизвиците во новото фудбалско првенство на Македонија денеска ги стартуваат уште четири екипи. Силекс во Кратово е домаќин на Башкими во меч кој започнува од 17 часот, додека Шкендија во главниот град на комплексот „Петар Милошевски“ покрај ФФМ, ќе биде домаќин на новакот Скопје. Овој меч е закажан со почеток во 19 часот. Според сите прогнози, двете домашни екипи се фаворити за победите. И Силекс и Шкендија веќе се во натпреварувачки ...
Екипата на Башкими ќе ја започне новата сезона на гостински терен, каде што в недела ќе се соочи со тимот на Силекс во Кратово. Кумановскиот тим се соочи со одредени потешкотии и доцна ги започна подготовките, но тоа не го намалува оптимизмот кај фудбалерите за уште една успешна сезона во домашната елита. „Ја започнуваме оваа сезона со голем ентузијазам. Иако се соочивме со одредени проблеми и ги започнавме подготовките со задоцнување, ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс денес го пречекува „разнишаниот“ Башкими од Куманово на стартот од новата сезона. Кратовци ќе ја имаат улогата на фаворит на овој меч и ќе целат кон трите бодови, а со тоа да се започне сезоната на најдобар можен начин. Силекс и годинава ќе биде претендент да се вмеша сериозно во трката за титулата, а во Купот на Македонија ќе има за цел да ја одбрани Куп титулата. Прволигашот од Кратово под водство ...
Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, на импресивен начин ја отвори новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, совладувајќи го Башкими со убедливи 6-0 на домашен терен во Кратово. Избраниците на Александар Васоски уште од самиот старт покажаа дека немаат намера да остават простор за изненадување. Веќе во 3. минута Дарко Илиевски по изведен корнер со удар со глава ја затресе мрежата за водство од 1-0, а само пет минути подоцна ...
Денеска со два натпревари заврши премиерното коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Силекс и Шкендија без проблеми дојдоа до првите бодови. Во Кратово, Силекс го декласираше Башкими со 6-0, додека Шкендија на теренот на Фудбалската федерација на Македонија со 3-0 го победи повратникот во елитата Скопје. Вчера сигурен беше и шампионот Вардар, кој со 2-0 ја совлада Брегалница, а Струга со 3-0 триумфираше против Шкендија ...

