Вуко Борозан повторно ќе игра во македонската ракометна Супер лига, но овојпат ќе го носи дресот на ГРК Охрид. Амбициозното раководство на охридскиот клуб се договорило за соработка со црногорскиот бомбардер до крајот на сезоната, па Борозан ќе му биде на располагање на тренерот Борис Ројевиќ, во продолжението од сезоната. Борозан неодамна се раздели со лидерот Вардар, во ситуација кога двете страни се решиле дека е најдобро да биде завршена ...
Суперлигашот Охрид уште еднаш потврди дека има високи амбиции во тековната, но и во сезоните кои следуваат. „Гладијаторите“ договорија уште едно големо засилување, односно директна замена за заминатите Младен Крсманчиќ и Теимурас Орјоникидѕе во бековската линија. Во Охрид, според нашите сознанија, доаѓа црногорскиот „бомбардер“ Вуко Борозан. Откако бекот заврши и се раздели со Вардар се споменуваа повеќе опции за продолжување на неговата ...

