По обилните врнежи, екипите на „Водовод Битола“ интервенираат со механизација и работници на критичните точки во с. Карамани и с. Лажец, со цел навремено справување со последиците. Состојбата засега е стабилна, а активностите ќе продолжат во текот на целиот ден – онолку долго колку што е потребно. Дали припаѓате на оние кои секогаш стигнуваат први на договорен состанок или … На Државното првенство за кадети и јуниори, одржано на 15.11.2025 ...

Центарот за управување со кризи информира дека според известувањата од сите регионални центри, состојбата со водостоите на реките на територијата на Македонија до 13 часот денеска е стабилна. Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане нема излевање на реките, а нивото на реката Пчиња е во опаѓање. Во Крива Паланка, Ранковце и Кратово нема поплавени куќи, иако водостојот на Кратовска и Крива река е зголемен, но под контрола. Во Охрид се регистрирани ...

Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервенираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена. Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна повисоко ниво, поради што беше неопходно ...

Поради обилните врнежи, на подрачјето на Општина Ресен дошло до излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени, при што се поплавени над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште. Поплави се евидентирани и кај с. Долна Бела Црква од излевањето на Голема Река, чиј моментален водостој изнесува 210 см. Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 ...

Екипите на јавни претпријатија на Општина Охрид постојано се на терен и активно интервеираат за справување со последиците од обилните врнежи од дожд, кои го зафатија охридскиот регион во изминатите неколку дена, информираат од Општина Охрид. Се работи на неколку локации низ градот каде што имаше поплавување на улици и јавни површини, предизвикани од излевање на водотеци и атмосферска канализација. Во делови од градот, водата достигна повисоко ...

По интензивните дождови, во текот на денешниот ден, екипите на ЈКП “Водовод“ Битола, во соработка со “Нискоградба“ и “Комуналец“, излегоа на терен во село Брусник.Со механизација и ангажирани работници се спроведуваше санација на штетите предизвикани од обилните врнежи, со цел навремено нормализирање на состојбата во населеното место.Во моментов ситуацијата е стабилна, а екипите ќе продолжат со активностите во текот на целиот ден – онолку долго ...

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски објави дека вечерва е стабилна хидролошката состојбата на реките и каналите во Општина Битола. -Екипите на јавните претпријатија и Водостопанство Битола и вечерва се на терен на сите локации. Состојбата е стабилна и под целосна контрола, без никаква опасност за месното население. Во текот на целата вечер ќе дежураат екипи со соодветна механизација за навремена реакција доколку има потреба. Продолжуваме ...