Стамбениот комплекс Wang Fuk Court денес попладне беше зафатен од масивен пожар кој за само неколку минути се прошири низ висококатниците, предизвикувајќи паника и масовна евакуација. Пламените јазици се искачуваа по фасадите прекриени со бамбусови скелиња, што дополнително го забрза ширењето на огнот. Сведоштво на жител: „Само размислувам каде ќе спијам вечерва“ 66-годишниот станар Хери Чеунг, кој повеќе од четири децении живее во комплексот, ...

Најмалку 36 лица загинаа во ужасен пожар што зафати станбен комплекс во Хонг Конг, додека пожарникарите сè уште се борат со огнот. Трагичната вест ја потврди лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, на прес-конференција. Според него, судбината на дури 279 лица е сè уште непозната и тие се држат како „недостапни“. 29 повредени се префрлени во болници, од кои најмалку седум се во критична состојба. „Тажен сум поради нивната смрт и изразувам најдлабоко ...

Речиси 300 луѓе се водат како исчезнати по денешниот пожар во Хонг Конг, кој зафати седум висококатници од станбен комплекс. Досега е потврдено дека загинале најмалку 36 луѓе, вклучувајќи еден пожарникар, а со 279 лица не може да се стапи во контакт. Властите кажаа дека пожарот и натаму е активен, иако полека го ставаат под контрола. Во гаснењето учествуваат повеќе од 800 пожарникари со 140 противпожарни возила. „Во три згради веќе нема знаци ...

Скелето од бамбус допринело пожарот во облакодерите во Хонг Конг молневито да се рашири, анализира Би-Би-Си, пишувајќи дека допрва е покрената истрагата за пожарот кој досега однесе 36 жртви и 29 повредени, од кои седум се во критична состојба. Властите во Хонг Конг велат дека е речиси под контрола силниот пожар кој прогола седум од осумте кули во станбениот комплекс Ванг Фук Корт во Таи По, северно од Хонг Конг. Огнените јазици се ширеле ...

Бројот на жртви од огромниот пожар што зафати станбен комплекс од облакодери во Хонг Конг досега се зголеми на 36, соопшти вечерва градоначланикот Џон Ли. Најмалку 279 лица сè уште се сметаат за исчезнати, додаде тој, додека неколку десетици се хоспитализирани. „До овој момент, пожарот предизвика смрт на 36 лица, а 279 се сметаат за исчезнати. Уште 29 лица се хоспитализирани, од кои седум се во критична состојба“, рече Ли на прес-конференција ...

Најмалку 36 луѓе загинаа во пожар што се прошири на седум облакодери во станбен комплекс во Хонг Конг, а 279 лица се водат како исчезнати. Повеќе од 700 пожарникари се на местото на настанот обидувајќи се да го изгаснат пожарот во Ванг Фук Корт, каде живеат околу 4.600 жители. Тамошната владата му оддаде почит на 37-годишен пожарникар кој загина борејќи се со пожарот, опишувајќи го како „посветен и лојален“. Пожарот е класифициран како петто, ...

Катастрофален пожар зафати седум високи стамбени згради во Хонг Конг, при што животот го загубија најмалку 36 лица, а 279 жители се водат како исчезнати. Властите соопштија дека пожaрот и понатаму е активен, додека спасувачките екипи водат тежок и неизвесен бој со огнената стихија. Пожарот избувнал во комплексот „Wang Fuk Court“ во областа Тај По, каде што живеат повеќе од 4000 жители. Комплексот се состои од осум небостржачи со најмалку 31 кат, ...