СДСМ бара Јован Деспотовски итно да биде исклучен од партијата. Од партијата го нарекуваат Депотовски петтоколонаш, и го обвинуваат дека во договор со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, со заеднички сили се обидуваат да ја дестабилизираат партијата преку медиумска кампања, обидувајќи се да го ослабат СДСМ – токму во моментот на подем на партијата. Јован Деспотовски беше против-кандидат на актуелниот претседател Филипче и загуби на внатрепартиските ...
Откако денеска СДСМ преку сооопштение најави дека ќе бара исклучување на Јован Деспотовски од партијата затоа што, според нив, „ја продал партијата за пари“ и „бил петтоколонаш“ со своја реакција се јави и самиот Деспотовски. Тој, вели дека по 30 години политички стаж не очекувал неговата матична партија да го остави целосно без зборови и коментар. „Во сите јавни настапи сум бил максимално умерен дури и во ситуации и за луѓе кои апсолутно ...
Социјалдемократскиот сојуз на Македонија соопшти дека доставил барање до Централниот одбор за исклучување на Јован Деспотовски од партијата, обвинувајќи го за дејствување против интересите на СДСМ и за соработка со политички структури насочени кон нејзина дестабилизација. Според соопштението на СДСМ, Деспотовски, кој е долгогодишен член и поранешен функционер, настапува како „петтоколонаш одвнатре“, во координација со кругови блиски до ...

