Додека Европа е потресена од откритието дека авионот на Урсула фон дер Лајн бил принуден да слета рачно, поради сoмневање за руска саботажа со прекин на џипиес-навигацијата над Бугарија, во албанските медиуми се откриваат необјавени информации дека ова не бил изолиран инцидент. Всушност, ист ваков високоризичен прекин се случил пред повеќе од две години, со авионот на тогашниот претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, откриваат реномирани албански ...

Инцидентот со авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, кој беше принуден да слета во Пловдив без ГПС-навигација, не бил единствен ваков инцидент со авион во кој се превезувал висок функционер. Препорачано Албанскиот портал „Јавањуз“ денеска објави дека ваков инцидент се случил и пред две години со службениот авион на поранешниот министер за надворешни работи Бујар Османи, кој тогаш беше претседавач со ОБСЕ. Во ...

Според веродостојни извори запознаени со случајот, официјалниот авион на Османи доживеал целосно губење на џипиес-сигналот во бугарскиот воздушен простор во февруари 2023 година, додека се враќал од официјална мисија на ОБСЕ во Молдавија. Пилотите биле принудени да се вратат на традиционални навигациски инструменти и печатени карти, идентично на итните протоколи што беа користени за време на прекинатото слетување на Фон дер Лајн во Пловдив пред ...