„Владата на државата Нигер со длабока тага ја прими вознемирувачката вест за киднапирањето на учениците од училиштето Света Марија“, се вели во соопштението, додавајќи дека безбедносните агенции трагаат по учениците. Нигерија е сведок на серија напади на вооружени напаѓачи, вклучувајќи киднапирање на 25 ученици од католички интернат во сојузната држава Кеби во понеделник. Нападите укажуваат на сè поголема несигурност во таа западноафриканска ...

Вооружени лица киднапираа вкупно 303 ученици и 12 наставници во напад врз католичкото училиште „Света Марија“ во централната нигериска држава Нигер, соопшти денеска Христијанската асоцијација на Нигерија (КАН), објавувајќи нов број од нападот. Здружението претходно објави дека 215 деца и 12 наставници биле киднапирани во вчерашното киднапирање. Новиот број беше објавен по проверка и конечно пребројување, изјави Булус Дава Јохана, претседател на ...