Дејан Георгиевски победи на својот прв настап на таеквондо турнирот во рамките на Медитеранските игри во Таранто и денеска ќе го очекува својот нов дуел од следната фаза. Македонецот имаше незгоден противник во Тунижанецот Моатаз Ифауи, но успеа да го победи на поени со 2:1 и на тој начин ја оствари првата победа во категорија 80+ килограми. Во четвртфиналето, противник на Георгиевски ќе му биде турскиот репрезентативец Хусеин Демирчиоглу. ...

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски успешно ја започна својата мисија на Медитеранските игри во Таранто, откако обезбеди место меѓу најдобрите осум во својата категорија. Во осминафиналната пресметка, Георгиевски по голема борба го совлада претставникот на Тунис, Моатаз Ифауи. Македонецот мораше да одигра три рунди, а на крајот триумфираше со 2-1, по меч кој траеше 10 минути и 47 секунди. Следната пречка за Георгиевски ќе биде ...