Додека Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство Гостивар истражуваат сомнеж за загадување на водата за пиење, новите лабораториски анализи на примероците земени од водоводната мрежа се очекуваат до понеделник. Дополнителните мостри биле земени во четвртокот од повеќе локации во градот, по зголемениот број граѓани кои деновиве побараа лекарска помош поради стомачни и цревни тегоби. Според информациите од СВР Тетово, ...

По цел ден молк конечно се огласи и градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани. „Почитувани граѓани на Гостивар, Во ваква ситуација, моја прва обврска е да ви ја соопштам состојбата точно, навремено и без прикривање на каква било информација. Според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажуваат дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности. По добиената пријава, ...

ВМРО-ДПМНЕ бара случајот со водата во Гостивар итно да биде расчистен и сите инволвирани да понесат одговорност, оценувајќи дека општинската власт целосно потфрлила во своето работење и не успеала да им го обезбеди на граѓаните основното право на чиста вода за пиење. Од партијата велат дека е недозволиво во 21 век, во време кога светот зборува за брз технолошки развој и вештачка интелигенција, граѓаните да бидат изложени на опасност поради ...

Директорката на гостиварското јавно претпријатие „Комуналец“, Артана Асани, ги отфрли тврдењата дека пумпите поставени во корито со отпадни води се причина за епидемијата што досега погоди околу 1.200 жители на Гостивар. Таа тврди дека пумпите биле пуштени само кратко за проба, дека водата потоа била испуштена во Вардар и дека лабораториските анализи покажале оти водата била исправна. Од СВР Тетово претходно соопштија дека три пумпи биле ...