Саша Илиќ одлучи да поднесе оставка од клупата на Партизан по дебаклот против Младост во Лучани, но раководството на Партизан се обидува да го задржи барем до реваншот против Гетафе. Партизан е во една од најголемите резултатски кризи во својата понова историја, а катастрофалниот почеток на сезоната би можел да доведе до експресна промена на клупата. Саша Илиќ им соопшти на клупските челници дека сака да ја напушти позицијата шеф на стручниот ...
Ново коло и ново разочарување за Партизан во српското првенство. Црно-белите синоќа беа понижени на гостувањето во Лучани и загубија со 3:1 од Младост во меч од петтото коло. Младост со оваа победа се искачи на четвртото место на табелата и е единствен со Црвена ѕвезда без пораз во новото првенство. За разлика од Младост, Партизан продолжува да тоне, претрпувајќи трет пораз по ред во август. Само со четири освоени бода, Партизан е на 12-тото ...

