Капитенот на македонската репрезентација Филип Кузмановски и следната сезона ќе го носи дресот на Е. Пелистер, објави официјално денеска битолскиот клуб. И покрај можноста за враќање на интернационалната сцена, и серијата понуди од неколку силни европски екипи, Кузмановски се одлучи да ја продолжи соработката со својот клуб. „Филип Кузмановски останува лидер на нашиот тим. Заедно во нови победи пред новите предизвици“ – објавија официјално од ...
Македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер потврди голема вест за битолската публика поврзана со капитенот Филип Кузмановски. Популарниот Фитиљ останува во Битола и следната сезона, откако потпиша продолжување на соработката со „зелено-белите“. Капитенот на битолскиот клуб имаше странски понуди од силни екипи, меѓутоа се реши да остане „дома“ и не мрда од редовите на пелистерци. Потврдата на потписот на Еурофарм Пелистер: Во изминатиот период ...
Македонскиот репрезентативец, Филип Кузмановски и во новата сезона ќе го гледаме во дресот на Еурофарм Пелистер. Оваа вест ја соопшти клубот од Битола што значи дека е пронајден заеднички јазик или поточно бекот ја прифатил понудата на клубот за кого настапува од 2023 година. Дефинитивно ова е одлична вест за „зелено-белите“ кои го задржуваат лидерот и капитенот на екипата кој одигра клучна улога во успесите во претходните неколку години. ...
Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер денеска ги израдува своите навивачи со потврда на една од најважните вести пред почетокот на новата сезона. Капитенот и лидер на тимот, Филип Кузмановски, официјално стави потпис на нов договор и останува дел од битолскиот состав. Иако популарниот „Фитиљ“ на маса имаше неколку примамливи понуди од силни европски екипи, тој сепак се одлучи да ја одбие преселбата во странство и да ја продолжи својата мисија во ...

