Англиската Премиер лига ни го носи петтото коло во кое во фокусот ќе бидат дуелите Манчестер Јунајтед-Челси, Арсенал-Манчестер Сити, а секако и градското соочување меѓу Ливерпул и Евертон на „Енфилд Роуд“. Сите дуелите се играат денеска и утре, а стандардно некогашниот англиски напаѓач Крис Сатон за „Би-Би-Си“ ги истипува сите натпревари со точен резултат. Сатон кој своевремено беше шампион со Блекбурн Роверс смета дека нема да има ниту една ...

Екипата на Вест Хем би можела наскоро да остане без тренер, откако управата го изгуби трпението со Грем Потер. Поранешниот стратег на Челзи не успеа да донесе свежина кај „чеканите“ и тимот изгледа непрепознатливо, што најдобро го потврди домашниот пораз во петтото коло од Кристал Палас. Според британски „Телеграф“, раководството веќе бара замена и како најсериозни кандидати се споменуваат Нуно Еспирито Санто, кој пред неколку недели доби отказ ...

Астон Вила е убедливо најнепријатното изненадување по првите пет кола од Премиер-лигата откако избраниците на Унаи Емери остааа без победа и на денешното гостување против Сандерленд (1-1). Откако на претходните четири средби е постигнаа ниту еден единствен гол, овојпат Вила конечно успеа да ја затресе противничката мрежа кога десниот бек Кеш упати силен удар од дваесетина метри со кој го изненади голманот на Сандерленд. Иако уште од 33. минута ...

Ливерпул, 20 септември 2025 (МИА) - Ливерпул попладнево го победи Евертон со 2:1 на домашен терен во петтото коло од Премиер лигата. Рајан Гравенберх, го отвори резултатот во 10-тата минута. Во 29-тата минута, Југо Екитиецки го удвои водството на „Црвените“ по асистенцијата на Гравенберх. Конечниот резултат го постави Геје во 58. минута, Ливерпул (15 бода) ја обезбеди својата петта победа во сезоната и останува лидер во Премиер лигата. Евертон ...

Поранешниот англиски репрезентаитвец, Овен Харгривс и некогашен член на Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед го издвои асот кој според него ќе биде најдоброто засилување за оваа сезона во Премиер лигата. Харгривс верува дека таа „награда“ ќе заврши во рацете на Џанлуџи Донарума кој за реално многу мала сума за денешни услови го замени „Паркот на принцовите“ со „Итихад“. -Донарума е огромен плус за нив, тој би можел да стане најголемиот трансфер. ...