Цената на нафтата надмина 126 долари за барел. Најавите дека САД се подготвуваат за долга блокада на иранските пристаништа ја вивнаа цената на највисоко ниво во последните 4 години. Како ова ќе се одрази кај нас ќе се знае во понеделник, кога Регулаторната комисија ќе донесе нови цени на горивата. Владата засега не планира повторно да го намали ДДВ-то на дизелот, но можно е акцизата на бензините да се скрати дополнително, од 2 на 4 денари. ...
Цената на нафтата достигна ново високо ниво, надминувајќи 125 долари за барел, додека финансиските пазари во Азија се соочија со пад поради растечките геополитички ризици и неизвесноста околу односите меѓу САД и Иран. Нафтата од типот Брент за испорака во јуни поскапе за 6,2 проценти и достигна 125,36 долари, додека американската сурова нафта се искачи на 109,38 долари за барел. За споредба, пред ескалацијата на конфликтот цената се движеше ...

