Денес, на Тони Коњановски му беше врачено Уверението за избран градоначалник, кој ќе раководи со општина Битола во наредните 4 години од страна на претседателот на Општинската изборна комисија Игор Талевски. По добивањето на уверението Коњановски рече: -Зад себе оставам мандат со четири години посветена работа во интерес на граѓаните на Битола. Кога ќе направам ретроспектива на изминатите 4 години, во кои се реализирани стотици проекти кои ...
Битола, 31 октомври 2025 (МИА) - Претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК)-Битола, Игор Талевски денеска на градоначалникот Тони Коњановски му врачи Уверение со кое официјално го почна вториот мандат за раководење со општината. Нашиот град заслужува да има иднина, заслужува да биде поквалитетно место за живеење и заслужува да се движи напред, истакна реизбраниот градоначалник Коњановски кој победи во првиот круг од локалните избори. - ...

