Администрацијата на Доналд Трамп објави дека Европа се соочува со „цивилизациско бришење“ во следните две децении како резултат на миграцијата и интеграцијата во ЕУ, наведувајќи во својот стратешки документ дека САД мора да „поттикнат отпор“ во рамките на континентот кон „тековната европска траекторија“. Документот за политиката, кој експлицитно ја изразува поддршката на Вашингтон за патриотските десничарски европски партии, е претставен како ...
Добивај вести на Viber Зеленски ќе се сретне со европските лидери во Лондон, додека Кремљ ја фали новата безбедносна стратегија на Трамп Украинскиот претседател Володимир Зеленски, лево, и францускиот претседател Емануел Макрон стојат еден до друг на прес-конференција во Елисејската палата во Париз, Франција, на 1 декември 2025 година. Украинскиот претседател Володимир Зеленски, лево, и францускиот претседател Емануел Макрон стојат еден до друг ...
Новата стратегија за национална безбедност на САД испрати шок-бранови низ Европа и го менува текот на историјата, пишува „Волстрит џурнал“. Како што вели изданието, новата стратегија повеќе не ги споменува Кина и Русија како стратешки противници, туку користи најсуров и најекстремен јазик насочен кон европските земји. Документот од 30 страници ги прикажува европските земји како заблудени, опаѓачки сили кои го отстапиле својот суверенитет на ...
Политичките кругови и јавноста во Европската унија се шокирани и огорчени, додека европските лидери и влади засега реагираат крајно воздржано на новата доктрина на Вашингтон која го опишува „цивилизацискиот пад на Европа“ и укажува дека Русија треба да стане партнер, а не непријател, пишуваат европските медиуми. Француската влада молчи, но „Монд“ оценува дека „разорните ставови“ објавени во Националната стратегија за безбедност на американскиот ...
Русија ја поздрави новата национална безбедносна стратегија на САД како позитивен чекор за билатералните односи, се вели во изјава на портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, објавена денеска. Ревизијата на администрацијата на Трамп, која повеќе не ја наведува Русија како директна закана, е позитивен чекор, изјави Песков за државната новинска агенција Тас. Како што пренесе ДПА, тој рече дека Москва внимателно ќе ја проучи ажурираната стратегија, ...

