Многу адреналин, најекстремни каскадерски предизвици досега и тестови на издржливост и храброст до крајни граници. Вака може да се опише финалната епизода, со која заврши првата сезона на адреналинското шоу ТРИУМФ, кое се емитува на платформата GLEY или на YouTube каналот LAZAROV, и кое со секоја нова епизода соборува рекорди на гледаност. Последната и најекстремна епизода на ТРИУМФ заврши со триумф на тимот од Крива Паланка, кој во директна ...

Некои вработени во Apple веруваат дека генеративната вештачка интелигенција развиена во компанијата, што ја покренува Apple Intelligence, е повеќе од две години зад лидерите во индустријата, истакнува новинарот Марк Гурман од Bloomberg. Пишувајќи во својот најнов билтен Power On, тој наведува дека од извори во Apple дознал дека сопствените студии на компанијата сугерираат дека нејзините претстојни функции на вештачката интелигенција го немаат ...

Volkswagen пред неколку недели објави како треба да изгледа неговиот иден систем за итна помош. Како што можете да видите на краткото видео од Volkswagen, автомобилот ќе препознае кога возачот е во несвест и системот ќе ја преземе целосната контрола над возилото. Со помош на звучни сигнали, автомобилот ќе се обиде да го разбуди возачот. Во исто време, системот ќе ја преземе контролата врз автомобилот и ќе го паркира на првата безбедна и слободна ...

„Војната на екраните“ во автомобилската индустрија продолжува и достигнува ново ниво, а пример е Cadillac Escalade кој доби огромен дисплеј од 55 инчи, додека Lincoln Navigator има екран од 48 инчи. Затоа, се поставува прашањето кога производителите ќе направат уште поголем чекор, а промената би можела да дојде релативно брзо. Hyundai Mobis се здружи со Zeiss на проект за холографско ветробранско стакло. Оваа технологија ефективно го претвора ...

Со првите есенски денови, доаѓа и времето кога вирусите се враќаат во полн ек. Меѓу нив, сезонскиот грип останува еден од најголемите предизвици за јавното здравство. Започнувањето на кампањата за вакцинација против грипот во Македонија е чекор напред во борбата за заштита на населението, но колку сме навистина подготвени да ја прифатиме важноста на оваа мерка? Иако на грипот често се гледа како на „обична настинка“, неговите компликации можат ...

Samsung Electronics неодамна ги претстави најновите уреди од своето портфолио, наменети за корисниците кои бараат супериорни мобилни искуства со напредна вештачка интелигенција. Станува збор за мобилен телефон од серијата S Galaxy S24FE и два таблети од серијата Tab S10. Со Galaxy S24FE, повеќе корисници можат да уживаат во придобивките од AI технологијата, како што се подобрени фотографии, моќни перформанси и омилени карактеристики на Galaxy. ...

Windows 11, верзија 24H2, е големо ажурирање на овој оперативен систем, но доаѓа и со одредени грешки. Некои од проблемите, кои се познати по верзијата на оперативниот систем Windows 11 24H2, се толку критични што доведуваат до „син екран на смртта“ (BSOD). Поради ова, Microsoft го блокираше ажурирањето 24H2 на уредите погодени од овој проблем. Сега, сепак, е откриена нова позната грешка која предизвикува паѓање на системот. Ова се појавува на ...

Кина е дом на најмоќниот отпорен магнет на светот, кој произведе магнетно поле 800 000 пати посилно од Земјиното. Магнетот поставен во Постројката за стабилно високо магнетно поле (Steady High Magnetic Field Facility – SHMFF) при Институтот за физички науки Хефеи на Кинеската академија на науките, на 22 септември оваа година успеал содржи стабилно магнетно поле со јачина од 42,02 тесла. Оваа бројка тесно го надминува претходниот рекорд за ...

Истражувачите открија далечна диск галаксија која има изненадувачки слични карактеристики на нашиот Млечен Пат и може да го промени нашето разбирање за тоа како се формираат галаксиите. Галаксијата, која го доби името REBELS-25, е многу поуредна отколку што постоечката наука сугерира дека треба да биде за нејзината возраст, според истражувањето предводено од астрономите од Универзитетот Лајден во Холандија. REBELS-25 е многу помлада од нашата ...

Следниот голем чекор за вештачката интелигенција е преминот од чет-ботови кон општа вештачка интелигенција. Повеќе пати се уверивме на прилично импресивните можности на генеративната вештачка интелигенција, која е применлива во бројни индустрии и ситуации. Како што технологијата продолжува да се развива и напредува, ќе биде интересно да се види какви ќе бидат новите можности на вештачката интелигенција, односно што ќе можеме да правиме ...

„Instagram“ планира да ги спречи корисниците да прават скриншот од слики и видеа испратени преку приватни пораки, како дел од серијата нови безбедносни мерки, особено насочени кон заштита на младите. Новата функција ќе ги спречи сликите од екранот и снимањето на екранот за содржината испратена преку опциите „види еднаш“ или „дозволи повторно прегледување“ за да се намалат ризиците од злоупотреба. „Мetа“ нагласи дека корисниците повеќе нема да ...

Енергетскиот сектор се наоѓа пред големи промени, водени од зголемената потреба за одржливост и енергетска ефикасност. Во таа насока, го најавуваме претстојниот саем ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2024, кој ќе се одржи од 29 до 31 октомври во Арената Борис Трајковски. Оваа годишна саемска манифестација претставува водечки настан за професионалците од областа на енергетиката и технологијата, овозможувајќи им да ги истражат најновите трендови, иновации и решенија ...

Не поминаа ниту 24 часа откако Game Science дадоа мал тизер дека играта Black Myth: Wukong ќе добие физички копии наскоро на PlayStation 5 (PS5). И нормално, иако девелоперите сакаа тајно да им се појави нивната игра на сите полици буквално следниот ден, дата мајнери и протекувачи веднаш го споделија датумот и регионот каде што ќе може да се најде игрта на почеток. Според информациите на познатиот дата-мајнер billbil-kun, физичките копии на ...

Се наближува времето на сингуларноста: Како вештачката интелигенција ќе го промени нашиот свет? Концептот на сингуларност, кога машините стануваат попаметни од луѓето, се дискутира со децении. Меѓутоа, со развојот на алгоритми за машинско учење и појавата на софтвер способен да го положи Тјуринг тестот, ова прашање станува сè поактуелно. Модерната вештачка интелигенција, заснована на големи јазични модели (LLM), не функционира како што ...

Повеќемесечните шпекулации испаднаа точни, па Samsung официјално го претстави специјалното издание од Galaxy Z Fold. Уредот ќе биде достапен само во Јужна Кореа од 25 октомври, а нема информации дека се планира пуштање на некој од другите светски пазари. Galaxy Z Fold Special Edition е името на уредот и истиот донесува доста добри подобрувања во споредба со неодамна претставениот Galaxy Z Fold6. Како главни новини се помалата дебелина и тежина ...

Научниците постигнаа револуционерен пробив во научната фантастика создавајќи го првиот получовечки робот во светот. Се работи за получовечки робот за хируршки операции, инспириран од оригами, и ова е само почеток на новата ера во медицината. Спој на прецизна технологија и античка уметност: како принципите на оригами ја обликуваат роботиката Тешко е да се замисли некоја уметничка форма која би можела да биде подалеку од роботиката од оригамито – ...

ColorOS 15 донесува освежен изглед со нови икони, а во најголем дел содржи функции за вештачка интелигенција кои би требало да го олеснат користењето на смартфоните Во пресрет на очекуваното претставување на Find X8 флегшип серијата, кинескиот производител Oppo го претстави ColorOS 15, нова верзија на неговиот интерфејс базиран на претстојниот Android 15. Имено, ColorOS 15 донесува освежен изглед со нови икони, одделен центар за известување и ...

На паметните телефони одвреме-навреме им треба малку внимание и грижа. Но, не мора да посетувате одреден сервисен центар, можете и сами дома да направите „мал сервис“ Мобилните телефони се забавуваат со текот на времето и честото користење. Ова делумно се должи на количината на податоци што ги складираме во уредот, а делумно на апликациите што се инсталирани. Се разбира, ова не значи дека треба веднаш да купите нов телефон кога вашиот сегашен ќе ...

5Г-технологијата е составен дел од нашите животи веќе некое време. Брзината на 5Г-технологијата е доволно добра за огромното мнозинство од населението, но научниците веќе ги тестираат брзините на 6Г. Тим научници од Лондон веќе има некои бројки. Истражувачите пренесувале податоци безжично со 938 гигабити во секунда (Gbps), што ја надминува просечната брзина на тековните 5Г-телефонски врски за повеќе од 9.000 пати. Оваа брзина овозможува ...

Новите 6G мрежи се очекува да бидат дури 9.000 пати побрзи од 5G, што ќе овозможи пренос на повеќе од 20 филмови со просечна должина во секунда! Визијата 6G се заснова на желбата да се создаде беспрекорна средина каде што се споени дигиталниот и физичкиот свет каков што ги знаеме денес. Оваа поврзана реалност на иднината ќе обезбеди нови начини за запознавање и интеракција со други луѓе, нови можности за работа од каде било и нови начини за ...

Google планира да купува електрична енергија од нуклеарни реактори од следната генерација. Компанијата го објави договорот за кој вели дека е првиот корпоративен договор во светот за купување електрична енергија од напредни мали модуларни реактори (SMR) кои сè уште се во развој. Google склучи договор со инженерската компанија Kairos Power, која планира да го пушти во употреба својот прв SMR до 2030 година. Google се согласи да купи електрична ...

Светската продажба на целосно електрични и plug-in хибридни возила силно се зголеми во септември, со двоцифрен скок во Кина и скромен раст во Европа и Северна Америка, објави компанијата за истражување на пазарот Rho Motion. Вкупно 1,69 милиони plug-in електрифицирани возила беа продадени ширум светот во септември, вклучувајќи целосно електрични и plug-in хибридни возила. Растот изнесува 30,5 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година, ...

Samsung објави дека го развил првиот 24 GB GDDR7 DRAM во индустријата. Новата исклучително брза меморија е наменета за центри за податоци, работни станици за вештачка интелигенција, но и за графички картички, гејмерски конзоли и за автономни возила. Новата DRAM меморија има 50% поголем капацитет од минатогодишната 16 GB GDDR7 DRAM, а самиот чип е создаден во петтата генерација на 10nm процес. Меморијата достигнува брзина до 42,5 Gbps, што е за ...

Мета отпушти дваесетина вработени во Лос Анџелес затоа што тие ги искористија своите кредити за оброци од 25 долари за да купат предмети за домаќинството, вклучително и чистачи за акни, чаши за вино и детергент за перење. Отпуштањата се случија минатата недела, само неколку дена пред компанијата вредна 1,5 милијарди долари да започне со реструктуирање на одредени тимови во WhatsApp, Instagram и Reality Labs, нејзината единица за зголемена и ...

Моден Викенд Скопје го претставува креативниот дијалог меѓу двајца различни, но подеднакво инспиративни уметници—Warm Metal (МК) и Хуго Виндер-Линд (ВК)—во рамките на изложбата поддржана од Британскиот совет. На 25 октомври во 20:00 часот, светлата на Лабораториум ќе го осветлат отворањето на ова визуелно патување кое ги истражува тенките граници помеѓу културите и идентитетите. Изложбата ќе остане отворена и на 26 и 27 октомври 2024 како дел од ...

Речиси сè што правиме, од испраќање пораки до нашите пријатели до шетање низ нашиот дом, може да храни со податоци некој сервер или алгоритам без наше знаење. Најбрзо растечката област на технолошкиот пазар пред пандемијата беа паметните звучници - оние уреди како што е Алекса на Амазон, што ги инсталираме во нашите домови за да ги слуша нашите барања, да ни пушта музика или да одговора тоа што ќе прашаме; како беспрекорни лични слуги. Тоа некои ...

Со громогласен аплауз публиката ги награди петтемина средношколци за новите научни презентации на отворањето на 3. Научна конференција „Наука за деца“ која се одржа во скопската гимназија НОВА, а ја организираше Фондацијата „Кантарот“. Беа доделени наградите за научен потенцијал „Иван Ќостаров“ на Ангела Тунеска, и наградата за најдобар млад презентер „Колега Стиков“ што ја добија шармантните близначки од Битола, Љубица и Константина Андонови. ...

Honor Magic7 Pro прикажан во демо презентација со заоблен екран, двојни камери и поддршка за отклучување со 3D препознавање лице Извршниот директор на Honor, Џорџ Жао даде поглед на претстојниот Honor Magic7 Pro телефон за време на неодамнешната демонстрација. Телефонот е сместен во една од оние маски, наменети само за протиотипи на телефоните, специјално дизајнирани да ги сокријат повеќето од препознатливите детали за дизајнот. Како што можете ...

Федералната полиција во Бразил уапси хакер поврзан со нападот за време на кој се украдени 2,9 милијарди чувствителни лични податоци од граѓаните на земјата. Меѓу украдените податоци се и броевите за социјално осигурување („SSN“). Податоците украдени во тој напад беа ставени на продажба на темната мрежа во април, при што лицето што ги објави се потпиша како „USDoD“. Како што објави веб-страницата Bleeping Computer, бразилската полиција соопшти ...

Новото „Ферари“ е најмоќниот автомобил што некогаш излегол од Маранело: има термички V6 мотор од 900 коњи, поврзан со хибриден систем од 300 коњи, што му дава сложена моќност од 1.200 коњи со максимална брзина од 350 километри на час и кој од 0 до 100 километри на час стигнува за 2,15 секунди, а до 200 за 5,75 секунди. Ќе се произведат само 799 примероци од овој автомобил, но тие веќе се распродадени по цена од 3.600.000 евра. Моделот F80 е ...

Првата

4 дена - МРТ
weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1025
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Загреб

1ᴼ / -3ᴼ
1.03
79%
1025
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
86%
1026
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.4
96%
1026
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.51
92%
1025
weather icon

Атина

11ᴼ / 8ᴼ
2.68
79%
1024
weather icon

Тирана

4ᴼ / 4ᴼ
2.06
93%
1022
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
0.0
100%
1023
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.6
83%
1028
weather icon

Будимпешта

4ᴼ / 2ᴼ
4.12
79%
1026
weather icon

Истанбул

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
81%
1027
Currency

61.525

Currency

59.3727

Currency

73.6077

Currency

37.0288

Currency

40.8305

Currency

65.183

Currency

8.25985

Currency

0.6019

Currency

0.3825

Currency

0.52517

Currency

1.6635

Currency

0.68578

Алуминиум

2.59

Кобалт

30.86

Никел

15031.50

Рутениум

15850.32

Калај

30.02

Сребро

1006.70

Злато

89964.12

Бакар

8.59

Паладиум

32022.14

Платина

33179.07

Родиум

149500.97

Цинк

2.71