На популарната социјална мрежа „Reddit“ е објавена нова мапа на Европа со податоци за очекуваниот животен век. Постојат јасни разлики меѓу земјите, но и во рамките на самите региони, што покренува прашања за квалитетот на здравствената заштита, животните навики и социоекономските разлики. Оваа карта, која стана вирална за кратко време, предизвика лавина од коментари на популарната социјална мрежа „Reddit“. Еден корисник, осврнувајќи се на ...

„Lancia“ се соочува со сериозни проблеми по сумирањето на резултатите во 2025-та година, бидејќи продажбата на овој легендарен италијански бренд драстично се намали и покрај одличното враќање на европскиот пазар. Презентацијата на новиот „Ypsilon“ во февруари 2024-та година, првиот целосно нов модел по 13 години, не го донесе очекуваното закрепнување. Според податоците од Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), ...

Meta се впушта во сериозен експеримент што би можел фундаментално да го промени начинот на кој ги користиме нивните најпопуларни апликации. Корисниците на Instagram, Facebook и WhatsApp наскоро ќе се соочат со нов избор: да останат на бесплатната верзија или да платат за пакет „супермоќ“. Meta почнува да тестира премиум претплати што ќе отклучат напредни алатки за корисниците, првенствено базирани на вештачка интелигенција и подлабока ...

Само неколку недели откако италијанскиот технолошки гигант Bending Spoons го купи Vimeo за вртоглави 1,38 милијарди долари, започнаа масовни отпуштања, кои влијаеја на стотици вработени низ целиот свет. Иако корисниците се надеваа на стабилизација по аквизицијата, новиот сопственик го примени својот веќе добро познат рецепт. Според неофицијалните информации објавени од светските технолошки медиуми, клучните тимови беа погодени, вклучувајќи ги ...

Научници од Шпанскиот национален центар за истражување на ракот (CNIO) успеале кај глувци да ги отстранат клетките на тумор на панкреасот – еден од најагресивните карциноми и да спречат нивно повторно појавување со примена на тројна комбинирана терапија. Ракот на панкреасот има најлоша прогноза, делумно поради брзото развивање отпорност на терапијата, но овој нов начин на лекување дава надеж за иднината. „Овие студии го отвораат патот за ...

Иако се на пазарот повеќе од една деценија, најавата за прекин на производството на Model S и Model X дојде како изненадување за многумина. Уште поголемо изненадување е тоа што Tesla се одлучи на овој чекор пред воопшто да ги претстави нивните наследници. Производството на двата најдолготрајни модели ќе биде прекинато веќе во следниот квартал, со цел да се ослободи простор за нов приоритет – масовно производство на хуманоидните роботи ...

Себастијан Гомез-Пења, еден од првите луѓе во Велика Британија на кои им е вграден мозочен чип од компанијата „Neuralink“ на Илон Маск, изјавил дека „се чувствува чудесно“ и дека верува оти овој уред може да ги трансформира животите на лицата со тешка парализа, пренесоа британските медиуми. „Тоа е огромна промена во вашиот живот кога одеднаш повеќе не можете да помрднете ниту еден од вашите екстремитети“, раскажал Гомез-Пења, волонтер во ...

Во време кога компаниите трчаат по технолошки решенија и вештачка интелигенција, вистинското прашање сè почесто е кој ќе работи со таа технологија? Македонскиот пазар на труд минува низ тивка, но длабока трансформација. Недостигот на квалификуван кадар, новите генерациски очекувања и забрзаната дигитализацијаја менуваат логиката на управување со луѓето. Компаниите повеќе не се натпреваруваат само со плати, туку со визија, култура и можности ...

„Google“ направи уште еден чекор во директното интегрирање на вештачката интелигенција во својот прелистувач „Chrome,“ донесувајќи го својот локален модел за генерирање слики со вештачка интелигенција познат како „Nano Banana“ на десктоп и „Android“ верзиите на прелистувачот. Функцијата им овозможува на корисниците да креираат визуелни елементи, илустрации и графики без да го напуштат „Chrome“, брзо, приватно и, во некои случаи, без интернет ...

Каби Ламе, најследениот тиктокер во светот, е поврзан со трансакција вредна меѓу околу 900 и 975 милиони долари, во која американската листирана компанија „Rich Sparkle“ ја презема „Step Distinctive Limited“. Каби Ламе, креатор роден во Сенегал кој глобално експлодираше со видеа во кои без зборови исмејува комплицирани „life hack“ трикови, влезе во еден од најголемите бизнис-договори што досега биле поврзани со некој инфлуенсер. „Business ...

Планетата, наречена ХД 137010 б со прекар „ледена Земја“, кружи околу ѕвезда слична на Сонцето и се проценува дека е околу шест проценти поголема од Земјата, пренесува Гардијан. Планетата има орбита од приближно 355 дена, слична на Земјината, но нејзината ѕвезда е постудена и потемна од Сонцето, поради што температурата на површината на планетата би можела да биде и под минус 70 степени Целзиусови. Меѓународен тим научници од Австралија, ...

Онлајн купувањето често е студено и безлично: фотографии, опции, коментари… и голема неизвесност. Колку пати сте се прашале дали оној фустан ќе ви стои, или дали серумот навистина ќе ви помогне? Во физичка продавница, решението е едноставно — продавачот ќе ве насочи. Во дигиталниот свет, тоа чувство често недостасува. Токму оваа празнина ја забележа Игор Илиевски и ја претвори во идеја што денес веќе функционира во САД и Панама. Неговото ...

OpenAI официјално го претстави Prism, нова дигитална работна околина за научници и истражувачи, наменета за пишување, уредување и анализа на научни трудови со помош на вештачка интелигенција. Алатката е достапна бесплатно за сите корисници со ChatGPT профил и функционира како веб-апликација. Prism е замислен како AI-збогатен процесор за текст и истражувачка алатка, длабоко интегрирана со GPT-5.2 моделот. Преку него, корисниците можат да ...

Снегот вообичаено им „припаѓа“ на зимските јакни, замрзнатите писти и белите кровови. Не му припаѓа на топлиот воздух, зелените растенија и луѓето кои шетаат по шорцови. Па, сепак некаде на Земјата, луѓето кога ќе се разбудат, ќе погледнат надвор, гледаат нешто како паѓа од небото што изгледа целосно исто како снег, само е потемно и потопло. На почеток изгледа чудно, потоа збунувачки и на крај малку вознемирувачки. Местото каде снегот воопшто ...

Вселенското летало TESS, сонда што може да се опише како „ловец на планети“, неодамна улови многу поинаков вид космички објект, меѓуѕвездената комета 3I/ATLAS, која сега внимателно ја следи. За време на специјално набљудување од 15 до 22 јануари, транзитниот сателит за истражување на егзопланети (TESS) постојано ја набљудуваше кометата 3I/ATLAS додека го напушташе нашиот Сончев Систем. Со своето широко видно поле, TESS ја сними кометата како ...

Сигурни перформанси, безбедност и издржливост за секојдневна работа Samsung Electronics со гордост ја најавува обновената достапност на Galaxy XCover7 и XCover7 Pro во Јадранскиот регион. Создадени за да се справат со секојдневните предизвици, двата уреди нудат рамнотежа помеѓу издржливоста и функционалноста за професионалци и активни корисници. Дизајнирани за вработени на првата линија на одговор, како што се службите за итни случаи, ...

Телескопот Веб се приближи кон Хеликс за да добие одблизу поглед на можната судбина на нашето Сонце и нашиот планетарен систем. Во овој поглед со висока резолуција, фокусот е на структурата на гасот исфрлен од ѕвезди што умираат. Сликата открива како ѕвездите го рециклираат материјалот и го враќаат во вселената, поставувајќи ги темелите за идните генерации ѕвезди и планети. На снимката од НИРкам (камера за блиска инфрацрвена светлина), ...

Според извор на кинеската социјална мрежа Weibo, Honor планира големи промени во својата линија на преклопни телефони. Според новите информации, серијата Magic Vs би можела целосно да биде заменета со нов преклопен смартфон. Сепак, веднаш на почетокот треба да се нагласи дека новиот уред не треба да се меша со главната линија Magic V, која ќе добие нов член следниот месец. За жал, изворот тврди дека наследникот на V Flip нема да пристигне ...

По речиси пет години од појавувањето на оригиналниот модел, Apple конечно го освежи својот најпопуларен гаџет за следење предмети. Иако на прв поглед новиот AirTag изгледа идентично како својот претходник, вистинските промени се кријат во внатрешноста. Со фокус на проширен домет и подобрена функционалност, новиот модел доаѓа со втората генерација на Ultra Wideband чипот. Ова овозможува функцијата Precision Finding сега да работи на значително ...

Apple пред нешто повеќе од две недели го претстави Creator Studio и може да се каже дека со тоа влезе во доста сериозна конкуренција со Adobe Creative Cloud. Иако не сите апликации кои се дел од Apple Creator Studio нудат целосна конкуренција на тие од Adobe, сепак пакетот е доста блиску, а кога на тоа ќе се додаде разликата во цена, Adobe можно е да има проблем. Од вчерашниот ден Apple Creator Studio официјално им стана достапен на ...

Новите информации сугерираат дека Apple ја тестира можноста за надворешен телефото додаток, што значително би го проширило фото-потенцијалот на идните iPhone модели. Дополнителните телефото објективи, познати како телефото конвертери, во последните години станаа популарен додаток за телефони со фокус на фотографирање на оддалечени објекти и сцени. Брендови како vivo и OPPO веќе нудат сопствени решенија, а сега во таа приказна потенцијално се ...

Во соопштението на компанијата, директорот на музичкиот оддел на Спотифај, Чарли Хелман, нагласи дека, уште еднаш, независните уметници и издавачките куќи учествувале со половина од сите авторски права. „Денес, Спотифај учествува со приближно 30 проценти од приходите од снимена музика. Минатата година, нашите исплати пораснаа за повеќе од 10 проценти, додека другите извори на приходи во индустријата пораснаа за четири проценти, што го прави ...

Nа прв поглед, би можеле да помислите дека Rightfully, Beary Arms не е ништо повеќе од една лежерна и шармантна авантура, и, би биле во право. Но зад симпатичниот протагонист се крие брутален и комплексен bullet hell roguelite наслов. Со официјалното излегување на верзијата 1.0 за Steam и Xbox, насловот носи со себе значајни промени кои го заокружуваат искуството, вклучувајќи го долгоочекуваниот „вистински крај“, технички подобрувања и ...

Во периодот од 15 декември 2025 година до 8 јануари 2026 година, осум камери регистрирале вкупно 28.973 прекршоци, што е просек од повеќе од 1.100 прекршоци дневно. Податоците од грчкото Министерство за дигитално управување покажуваат дека една камера на авенијата Сингру регистрирала повеќе од 8.000 возачи за неносење појас или користење телефон, заедно со 1.028 прекршоци за пребрзо возење во зоната од 90 километри на час. На други локации, ...

Сè започна со неколку халуцинирани зборови и еден дигитален проверувач на код. Три години подоцна, на екранот на нашиот компјутер се појави реченица која изгледа како јазичен еликсир, напишана со речиси арогантна леснотија: „Брз жолт џин Љупчо со ќеф ѕида њушка, ја гаѓа в цел хмељ.“ Ова не е само текст. Ова е моментот кога Gemini Pro, со само една инструкција и еден обид, го испорача она за што на неговите претходници им требаа десетици обиди ...

Една од најпосетуваните веб-страници во светот донесува радикална одлука поради новите законски прописи во врска со приватноста и верификацијата на идентитетот. Популарната платформа за возрасни, Pornhub, објави дека ќе стане недостапна за голем број корисници во Обединетото Кралство од 2 февруари. Причината за овој потег е новиот британски Закон за безбедност на интернет, кој бара од страниците со експлицитна содржина да воведат строга ...

Францускиот производител „Peugeot“ размислува за создавање нов предводник за брендот, кој ќе биде позициониран над „5008“. Сепак, за да биде успешен таков модел, тој мора да биде различен и да се издвојува, изјави шефот на компанијата Ален Фави, цитиран од „Autocar“. Шефот на „Peugeot“ призна дека прекинатиот „508“ имал голем број тешкотии во справувањето во сегментот што вклучува премиум модели како што се „Audi A4“ и „BMW 3-Series“. Фави не ...

За разлика од класичните фолии и заштитни стакла, технологијата на Samsung ќе биде вградена директно во самиот екран на Galaxy S26 Ultra и ќе може да се прилагодува според потребите на корисникот. Samsung официјално потврди дека нивниот претстоен флегшип модел, Galaxy S26 Ultra, ќе има безбедносна функција која ќе го штити екранот на мобилниот телефон од „shoulder surfing“, односно од несакани погледи на други луѓе. „Samsung наскоро ќе ...

Прекумерната комуникација со вештачка интелигенција може да претставува ризик за менталното здравје, предупредуваат психијатрите, особено кога станува збор за лица со зголемена психолошка ранливост. Со сè поголемата присутност на генеративната вештачка интелигенција во секојдневниот живот, AI сè почесто се доживува како постојано достапен, персонализиран и „разбирлив“ соговорник. Токму тука, според експертите, се отвора прашањето дали ваквата ...

Наглиот развој на вештачката интелигенција (AI) ќе направи победници, но по патот ќе има и „масакр“, предупреди челникот на американскиот технолошки гигант. Чак Робинс, претседател и главен извршен директор на компанијата „Cisco Systems“, изјави за „BBC“ дека оваа технологија ќе биде „поголема од интернетот“, но смета дека сегашниот пазар веројатно е во балон и дека некои компании „нема да успеат“. „Cisco“, една од водечките светски ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
2.57
35%
1023
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
6.69
60%
1024
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
47%
1025
weather icon

Софија

8ᴼ / 6ᴼ
9.77
69%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
9.62
52%
1021
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
1.79
63%
1024
weather icon

Атина

16ᴼ / 15ᴼ
6.69
39%
1020
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
4.63
29%
1021
weather icon

Подгорица

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
22%
1022
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
2.68
73%
1018
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
58%
1023
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
61%
1021
Currency

61.6417

Currency

52.3252

Currency

70.6679

Currency

36.9595

Currency

38.2013

Currency

67.6679

Currency

7.57416

Currency

0.68356

Currency

0.33595

Currency

0.52495

Currency

1.1935

Currency

0.57556

Бакар

11.93

Алуминиум

3.10

Сребро

2907.71

Иридиум

212342.22

Рутениум

45750.51

Калај

49.13

Кобалт

64.04

Родиум

389024.03

Злато

166549.55

Паладиум

57839.19

Платина

73560.91

Цинк

3.35