Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Репрезентацијата на Шкотска извојува победа со убедливи 4-1 (1-1) над селекцијата на Курасао, во пријателскиот натпревар одигран на легендарниот „Хемпден Парк“ во Глазгов. Шкотите имаа негатива по 17 минути игра, откако мрежата ја затресе екс-талентот на Манчестер Јунајтед, Тахит Чонг, но потоа Курасао остана со играч помалку и немаше сили за било каква сензација против фаворитот. До паузата, Шкотска израмни со голот на Финдли Куртис, а во ...
Утре се спушта завесата на натпреварувањето од Општинската фудбалска лига на Струмица и сите погледи ќе бидат свртени во Ново Село каде се игра мечот за ШАМПИОНСКА титула. Домашната Огражден со Интер Кукла од Куклиш ќе одлучат за титулата и шансата да се преселат во повисок ранк на натпреварување. Се е подготвено за утрешното дерби кои се очекува да го следат и рекорден број гледачи. Огражден игра на свој терен и ќе ја има поддршката од ...
Новак Ѓоковиќ не успеа во својот поход кон рекордната 25-та Грен слем титула, откако доживеа шокантна елиминација во третото коло на Ролан Гарос од 19-годишниот бразилски тенисер Жоао Фонсека, пренесуваат светските спортски медиуми. Ѓоковиќ имаше убедливо водство од 2-0 во сетови, но младиот Бразилец приреди сензационален пресврт и ги доби следните три сета. Во епската битка која траеше речиси пет часа на теренот „Филип Шатрие“, 39-годишниот ...
Судот во Хонг Конг донесе одлука да изрече затворска казна за еден посредник во обложувње, но и за двајца фудбалери, кои биле вмешани во поткуп, „местење“ натпревари и закани по животот на неколку жртви во оваа измама. Сите обвинети добиле затворска казна во времетраење од 17 месеци, соопшти Независната комисија за борба против корупција во спортот. Имињата на обвинетите беа јавно обелоденети - тоа се фудбалерите Брајан Фок и Лусијано Да ...
Арсенал и ПСЖ вечерва ја претворија Будимпешта во фудбалски центар на светот, додека унгарскиот премиер Петер Маѓар порача дека „целиот свет гледа во Будимпешта“, каде што првпат се игра финале од Лигата на шампионите на „Пушкаш Арена“. Маѓар се јави со порака пред финалето, наведувајќи дека стотици милиони луѓе го следат настанот во унгарската престолнина. Според него, организацијата е огромен логистички предизвик, бидејќи во Будимпешта ...
Досегашниот играч на Аталанта, и младински репрезентативец на Италија, Марко Палестра е првата трансферна цел на тимот на Интер во овој преоден рок. Младиот играч е приоритет за актуелниот шампион во Серија А, но секако неговата цена не е ни малку ниска на трансфер пазарот. Причината што Палестра е приоритет на позиција каде што во моментов игра Дензел Дамфриз е фактот што крилото има опција во договорот за заминување од Интер за сум од 25 ...
ГРК Охрид е на чекор од испишување на нова историја за клубот, освојување на европски трофеј, но за да се случи тоа ќе мора перфектно да се одработи утрешниот реванш со Татабања, натпревар закажан за 20 часот во салата „Билјанини Извори“. Македонскиот претставник славеше на првата битка во Унгарија со 29:28, но сега следат нови 60 минути и тренерот Борис Ројевиќ предупредува дека мора да бидат внимателни затоа што тимот на кој настапува Филип ...
Арсенал денеска во Будимпешта ќе се бори за својот прв трофеј во Лигата на шампионите, а на тој начин Микел Артета и неговите избраници би комплетирале историска сезона, во која претходно беше прекинат долгиот пост во Премиер лигата. Целата оваа ситуација воопшто не им се допаѓа на фановите на Тотенхем, клубот кој важи за најголем и најомразен ривал на „топчиите“ и чии фанови вечерва со цело срце ќе навиваат за ПСЖ. Во пресрет на финалето, ...
Ентони Гордон од вчера и официјално е нов фудбалер на Барселона, клуб кој изненади многумина со ваквиот потег и потписот на англискиот репрезентативец. Офанзивецот беше на излезни врати од Њукасл и Баерн Минхен беше тимот кој важеше за фаворит за неговиот потпис, имаше информации и дека договорени личните услови, ама Барса влезе во приказната и за кратко време ја затвори зделката и Горден вчера имаше официјална промација на „Камп Ноу“. Томас ...
Ламин Јамал поради повреда ја пропушти завршницата на сезоната со Барселона, но треба да биде подготвен за настапите со Шпанија на престојното Светско првенство. Младиот напаѓач напорно работи за да биде фит и подготвен, но и се забавува, опушта, па одработи и еден интересен предизвик на кој падна на најлесниот предизвик, изговорот на неговото име и презиме. 👀 ¡Ojo al nuevo reto de Lamine Yamal antes del Mundial! 🤣 El filtro de jugadores ...
Ливерпул денеска се раздели со Арне Слот еден од двајцата тренери кои им донесе титула во Премиерлигата, а веќе на големо се зборува за тоа кој ќе биде негов наследник на клупата на „црвените“. Доскорешниот тренер на Бормут Андони Ираола е најголем кандидат за пополнување на испразнетото место поради неговиот атрактивен и офанзивен стил на игра. Шпанецот привлече огромно внимание со одличните резултати во Премиерлигата, каде што покажа дека ...
Искусниот бразилски репрезентативец, Касемиро, отворено го искажа своето незадоволство од медиумите, откако повторно беше соочен со низа прашања поврзани со Нејмар. Играчот од средниот ред не го криеше разочарувањето што вниманието постојано е насочено кон една личност, наместо кон целокупниот тим и подготовките на селекцијата. „Повторно дојдовме тука и единствено за што се зборува е Нејмар, Нејмар, Нејмар…“, изјави Касемиро, јасно ставајќи ...
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике го најави денешното финалето против Арсенал. Натпреварот ќе се одржи на Пушкаш Арената во Будимпешта, со почеток во 18:00 часот. „Арсенал беше најдобриот тим во Премиер-лигата оваа година, тие заслужија да ја освојат титулата. Двата тима се повеќе од две различни идеи, тие се две слични идеи, но со различни патеки. Ние имаме најдобар напад, а тие имаат најсилна одбрана. Но, тие се исто така тим кој ...
Арсенал вечерва има прилика на англиската Премиер лига да ѝ донесе успех каков што никогаш порано немала, а тоа е англиски екипи во иста сезона да ги освојат трите најквалитетни европски клупски натпреварувања. Кристал Палас ја освои Конференциската лига, Астон Вила го крена победничкиот пехар во Лига Европа, па ако и Арсенал првпат во својата историја триумфира во Лигата на шампионите, Англија ќе направи хет-трик и ќе ја потврди доминацијата ...
Македонската фудбалска репрезентација ремизираше со Босна и Херцеговина на вчерашниот пријателски меч што се одигра во Сараево. Ова за БиХ беше последен домашен меч пред настапот на Светското првенство, додека за нашата селекција добра контролка пред она што следи веќе од септември, Лигата на нации. Неколку нови имиња добија шанса за настап, деби и тоа Дин Аломеровиќ, Георгије Јанкулов, Азер Омерагиќ и Дарко Анѓелески. -Задоволен сум од ...
Голманот на Охрид, Кристијан Пилиповиќ, со голема возбуда го најави реванш натпреварот од финалето во ЕХФ Купот против Татабања, истакнувајќи дека тимот мора да остане максимално фокусиран за да ја оствари целта. Охрид во реваншот влегува со предност од 28-29 од првиот натпревар одигран во Унгарија, а Пилиповиќ верува дека поддршката од трибините може да биде клучен фактор. „Мислам дека мораме да бидеме концентрирани на нашите задачи и ...
Екипата на Кил е првиот патник во финалето од завршницата во Европската лига на ЕХФ. На првиот дуел од Ф4 турнирот во Хамбург бундеслигашот по голема драма го совладаа составот на Монпелје со минимални 28-29, а најзаслужен за тоа беше голманот Волф, кој во самиот финиш со две спектакуларни одбрани не дозволи продолжение. Дуелот меѓу францускиот и германскиот гигант започна доста внимателно и со силен тактички пристап од двете страни. По ...
Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, оствари средба со потпретседателот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Предраг Бошковиќ. На средбата како што имформира Пецаков разговарале за иднината на ракометот, за возбудата пред претстојниот финален натпревар, но и за визијата и амбициозните планови на ГРК Охрид. Посебно ме радуваат честитките кои ги добивме за нашиот проект и за досегашните успеси. Тоа е силна потврда дека се ...
Светското првенство во 2026 година ќе биде најголемиот фудбалски турнир во историјата. Од 11 јуни до 19 јули, САД, Канада и Мексико ќе бидат домаќини на Мундијал со 48 репрезентации, 104 натпревари, 16 градови и нов формат што целосно ја менува досегашната логика на натпреварувањето. За европските гледачи, ова ќе биде и Мундијал на непроспиени ноќи, бидејќи дел од натпреварите ќе се играат во термини што одат од 18 часот до 6 часот наутро по ...
Фудбалската федерација на Македонија и претседателот Масар Омерагиќ преку социјалните мрежи упатија благодарност до Босанците за топлиот прием во Сараево, за чувството како да се дома, и им порачаа дека ќе навиваат за БиХ на претстојното Светско првенство. Сараево, ви благодариме! Не беше само гостопримство, беше чувство како да сме дома. Голема благодарност до претседателот Вицо Зељковиќ, спортскиот директор Емир Спахиќ и целата Фудбалска ...
Константно следејќи жестоки борби, често пишуваме за оние боксери и храбри “фајтери” чие време допрва доаѓа. Овој пат оддаваме заслужено внимание на еден од најталентираните млади боксери на денешницата, Кармел Моутен. Со своите 157 сантиметри и молневитата брзина која ја поседува, многумина го сметаат за “динамит во мало пакување”. Неговиот аматерски скор е импресивен, 156 победи и 7 порази со вкупно 18 освоени трофеи. По неговото ...
Жоао Фонсека вчера го привлече вниманието со победат над Новак Ѓоковиќ на Ролан Гарос и очекувано беше најбаран тенисер од страна на новинарите и медиумите кои ги следат случувањата на грен-слем турнирот во Париз. Бразилецот направи сензација и го стави грен-слем рекордерот без можност да ја надополни колекцијата трофеи, а при гостувањето во отвореното студио на „Ти-Ен-Ти Спортс“ признал дека му било голема чест да се соочи со Ѓоковиќ, иако ...
Осман Хаџикиќ требаше да го замени Мартин Зломислиќ на голот на полувремето, но се повреди на загревањето за време на одморот. Информациите велат дека се работи за повреда на задната ложа која бара подолга пауза. Голманот го напушти стадионот со болна гримаса на лицето и помош од неговите колеги од репрезентацијата. До почетокот на Мундијалот има уште две недели, па јасно е дека Хаџикиќ ќе отпадне од составот за Светското првенство. Тој ...
Холандскиот фудбалски стручњак, Арне Слот заработи отказ од премиерлигашот Ливерпул, информираше клубот од „Енфилд Роуд“. Ова е последната вест која доаѓа од островот, вест која е изненадувачка затоа што Слот добиваше максимална поддршка во изминатиов период и покрај лошите резултати и настапи во кампањата 2025/2026, клубот не тргна и по Чаби Алонсо кога имаше можност со порака дека Арне е вистинскиот човек за да сега се случи пресврт во ...
УЕФА потврди дека Комо нема да ги игра своите домашни натпревари од Лигата на шампионите во сезоната 2026/27 на својот стадион „Џузепе Синигаљи“. Причината за оваа одлука беше неподготвеноста на арената да биде домаќин на натпревари од елитното натпреварување. Наместо тоа, тимот на Сеск Фабрегас ќе биде домаќин во „Чита дел Триколори“ во Сасуоло. Комо ја заврши сезоната во италијанското првенство на четвртото место на табелата со 71 бод, што ...
Соработката заврши, Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул, ексклузивно објави италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Според овие информации, одлуката е донесена по детална анализа на резултатите и дискусиите меѓу холандскиот стручњак и челниците на клубот од Енфилд. Во исто време, „Енфилд“ веќе разгледува можни алтернативи доколку има промена на клупата. Меѓу кандидатите што најчесто се споменуваат е Андони Ираола. EXCLUSIVE: ARNE SLOT ...
Она што се очекуваше тоа и се случи кога е во прашање екипата на Ливерпул. Арне Слот повеќе не е менаџер на клубот од Енфилд, и тоа е одлуката која што е конечна. И покрај актуелниот договор на Слот, тој нема повеќе да го води тимот, таква е одлуката на менаџментот на овој премиерлигаш. Лошата резултатска сезона, петтото место на табелата и едвај обезбедениот пласман во Лигата на Шампионите очигледно беа пресудни тој повеќе да не е дел од ...
Францускиот тенис добива нова голема надеж. Станува збор за 17-годишниот Моисе Куаме, кој со вајлд-карта за настап на Ролан Гарос ја одушеви домашната публика и се пласираше во третото коло. Со овој успех веќе си обезбеди значајна парична награда, но за нејзината исплата ќе мора да почека. Со пласманот во третото коло, Куаме заработи најмалку 200 илјади долари, а таа сума може дополнително да се зголеми доколку денес го елиминира ...
Селекцијата на Франција се собра во Клерфонтен пред Светското првенство, кое започнува во Канада, САД и Мексико на 11 јуни. Жил Кунде (27) привлече внимание за време на собирот во кампот на репрезентацијата со својот избор на модна линина. Дефанзивецот на Барселона во минатото беше коментиран од фудбалските фанови и експерти. Л’Екип објави видео од пристигнувањето на Кунде, а некои од коментарите под видеото се: „Изгледа како земјоделец“, ...
Арне Слот повеќе не е менаџер на Ливерпул, доаѓаат ексклузивни информации од италијанскиот новинар Фабрицио Романо. Според тие информации, одлуката е донесена по детална анализа на резултатите и разговорите меѓу холандскиот стручњак и раководството на клубот од „Енфилд“. Доколку пишувањата се покажат како вистинити, тоа ќе биде еден од најголемите шокови во европскиот фудбал ова лето, со оглед на очекувањата што следеа по доаѓањето на Слот во ...