Во Стопанската комора на Србија се одржа состанок на претставници од Министерството за внатрешна и надворешна трговија со претставници на трговските синџири, а министерката Јагода Лазаревиќ за „Танјуг“ изјави дека на трговците првпат им била претставена платформата преку која граѓаните ќе можат да се информираат за цените на производите. Претставниците на трговските синџири можеа да видат како изгледа платформата, што сè содржи, како ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека Србија е подготвена да продава муниција на Европската Унија, без оглед каде ќе заврши подоцна. „Последното нешто што го сакаме е оружјето и муницијата произведени во нашата братска Србија да се користат против нашите војници. Тоа е последното нешто што сакаме да го видиме“, им рече Песков на новинарите кои го прашаа за изјавата на Вучиќ. ...

Административниот гувернер на државата Атос, Алкивијадис Стефанис, го покани американскиот претседател Доналд Трамп да ја посети Света Гора. „Му реков на заменик-државниот секретар на САД да му ја пренесе официјалната покана од Света Гора на претседателот Трамп. Очите му се раширија, но мислам дека беше воодушевен и рече: „Секако, ќе го направам тоа“, изјави Стефанис за радиото Параполитика 90.1, а го пренесе како вест Ортодокс Тајмс. „Имајќи ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повторно ја потенцираше европската стратегија на земјата, но неговите изјави денес на заедничката прес-конференција со шефот на делегацијата на ЕУ, Андреас фон Бекерат, не можат да се толкуваат како класична дипломатска смиреност. „Вие во ЕУ не треба да се грижите, мојот мандат наскоро ќе заврши и ќе дојде некој пошармантен. Нашиот стратешки пат е европскиот пат, до изборите. Не знам каде на друго место ...

Како што објави 24sata, децата го возеле автобусот до другиот крај на островот, до Супетар, а по патот удирале во знаци, пренесе Телеграф. Имало значителна штета, а децата на крајот го оставиле автобусот на пристаништето во Супетар и се обиделе да го фатат траектот за Сплит, но полицијата ги спречила во тоа. „Мислевме дека ќе загинат. Возевме од Бол и пред нас сретнавме автобус што се движеше кон Горњи Хумац. Возеше без светла и удираше во ...

Шест мигранти се убиени, а четири лица се повредени за време на полициска потера во близина на градот Бургас на Црното Море, јавува бугарската агенција „БТА“. „’Шкода’ со романски регистарски таблички превезувала 10 лица, не застанала кога наишла на полициски контролен пункт и се обидела да побегне синоќа“, изјави началникот на Граничната полиција, Антон Златанов, за „БТВ“. Шест лица загинале на лице место, додека возачот, романски државјанин, и ...

Два земјотреси го погодија Босна и Херцеговина во интервал од помалку од 30 минути утрово. Првиот земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтер се случи во 8:59 часот, со епицентар 20 километри јгоисточно од Фоча, на длабочина од девет километри. Подржувањата се почувствуваа во поголем дел од централна БиХ. „Кратко, но силно тресење и вибрации“, напиша еден жител на Фоча на страницата на EMSC. Слични реакции имаше и од жителите на Вишеград. ...

Детето-убиец од основното училиште „Владислав Рибникар“ и неговите родители, Владимир и Миљана Кецмановиќ, ќе мора да исплатат околу 2,93 милиони евра обештетување на семејствата на убиените деца, на наставничката Татјана Стевановиќ и на двајца ранети ученици од масакрот – иако останува неизвесно дали семејството ќе може да ја исполни оваа обврска, пишува „Мондо“ Препорачано Кон крајот на минатата година, Вишиот суд во Белград донесе пресуда со ...

Европската тренинг фондација – институција поврзана со ЕУ – објави анализа која покажува дека Албанија располага со сериозни рударски потенцијали во т.н. критични минерални суровини. Според документот, државата има рударски зони богати со метали што Европа ги смета за клучни за индустриската и енергетската транзиција. Како прв пример се наведува кобалтот во Поградец – материјал од особено значење за напредните литиумски батерии користени во ...

Пејачката Дара Бубамара со сите сили се обидува да се смири со колешката Јелена Карлеуша, преку заедничкиот фризер кој треба да ја организира нивната средба. Според извор близок до Дара, пејачката не крие дека сака да ја обнови комуникацијата со Јелена, но сака сè да се случи мирно и дискретно. – Дара сфати дека конфликтите со Јелена веќе немаат смисла. Поради заедничките пријатели, колеги, но и професионалната почит, таа е подготвена да го ...

Трговскиот синџир „Кауфланд“ ја отвори својата 52. продавница во Хрватска, во загрепската населба Лучко. На продажна површина поголема од 2.100 квадратни метри, покрај 14 каси, шест класични и осум самоуслужни, на потрошувачите им е достапна и K-SCAN технологијата за самостојно скенирање на производи. На купувачите им се на располагање 145 паркинг места, како и два полначи за електрични автомобили. Со отворањето на новата продавница, се ...

На Србија и се потребни 29 години за да го достигне просекот на Европската унија кога станува збор за БДП по глава на жител, 26 години кога станува збор за просечна заработувачка. Достигнувањето просечна пензија со оваа стапка не е можно. Истото важи и за нееднаквоста, која се зголемува во Србија. Тоа се наодите од истражувањето спроведено од Виенскиот институт за меѓународни економски студии заедно со локалните партнери во земјите од регионот. ...

Сите жители на домот за стари лица во Тузла, кои починаа во пожарот што избувна таму завчеравечер, починале како последица на задушување, според обдукцијата, чии резултати денес ги објави окружното обвинителство на Тузла, кое ја води истрагата за оваа трагедија. „Шест мажи и шест жени починаа, сите жители на домот за стари лица во Тузла. Според прелиминарните резултати од досега извршените обдукции, тие починаа како последица на задушување, ...

Под влијание на серија влажни воздушни бранови од Медитеранот, од денеска па сè до вторник, 11 ноември, во земјава се очекуваат нови локални врнежи од дожд, кои на поединечни места ќе бидат поинтензивни и проследени со грмежи. Според метеоролошките најави, во текот на следните денови времето ќе биде нестабилно, со повремени поројни врнежи и засилен јужен и југоисточен ветер, кој на моменти ќе достигнува брзина и до 60 километри на час. ...

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас вчера поднесе оставка од функцијата пратеник на Сириза во грчкиот парламент, наведувајќи дека тоа е „одлука на совеста“ и дека се враќа на општествено дејствување, „далеку од политички позиции и партиски механизми“. Грчките медиуми шпекулираат дека потегот на поранешниот премиер е првиот чекор кон формирање нова партија која има за цел да ја предводи грчката левица. „Се повлекувам од функцијата пратеник ...

Албанскиот парламент доцна синоќа со 77 гласови „за“, 36 „против“ и ниту еден „воздржан“, го усвои законот за родова еднаквост. Според образложението Законот има за цел да го хармонизира албанското законодавство со стандардите на Европската Унија за човекови права и еднаков третман на жените и мажите. – Новиот закон има за цел да ја подобри постојната законска рамка за да обезбеди еднакви можности во вработувањето, образованието, застапеноста во ...

„Син ми со аутизам не си игра со други деца, зашто не го викаат“ - Хрватска актерка за најголемата болка како мајка Актерката Маријана Микулиќ, која глумеше во Lud, zbunjen, normalan има три сина - на едниот од нив му е дијагностициран аутизан, а другиот има ADHD. Но, најголем предизвик бил да се бори сама со децата, зашто сопругот поради работа се преселил во Германија на една година... Хрватската актерка Маријана Микулиќ (43) е мајка на ...

Албанскиот парламент доцна синоќа го усвои Законот за родова рамноправност, по повеќечасовна и остра дебата. Законот беше изгласан со 77 гласа „за“, 36 „против“ и без воздржани. Новите измени утврдуваат дека терминот род се однесува на општествено создадени улоги, однесувања и атрибути што се сметаат соодветни за жени и мажи. Опозициската Демократска партија остро се спротивстави, обвинувајќи дека законот има за цел „уништвање на семејството“. ...

Светскиот ден на тоалетот е официјално ден на Обединетите нации, кој се одбележува на 19 ноември за да се поттикне акција за справување со глобалната санитарна криза. Во светот, 4,2 милијарди луѓе живеат без „безбедно управувана санитација“, а околу 673 милиони луѓе практикуваат отворена дефекација. Сепак, сигурно илјадници луѓе кои секојдневно користат тоалет не го знаат значењето на таа кратенка. WC е скратено за воден плакар и потекнува ...

Комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос, реагираше на изјавите на лидерот на албанската Демократска партија, Сали Бериша, за амбасадорот на Европската Унија во Тирана, Силвио Гонзато, во врска со неговата сексуална ориентација, објави АТА. Во објава на Платформата Х еврокомесарката Кос наведува дека ваквите напади се неприфатливи. „Родовата еднаквост и недискриминацијата се составен дел од правото на ЕУ. Почитувањето кон него ...

Шефот на албанското Специјално обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, изјави дека „вредноста на средствата создадени преку перење пари, кои се конфискувани и запленети, изнесува над 300 милиони евра“. – Во врска со перењето пари, Специјалното обвинителство го зголеми бројот на кривични постапки, на обвинети, на судени, ја зголеми вредноста на конфискуваниот и запленетиот имот. Од 2020 до 2024 година, ...

Кога станува збор за Западен Балкан или Молдавија и Украина, ЕУ може да биде главен гарант за нивната безбедност, кога тие ќе станат дел од Унијата. Ако ја погледнеме мапата, ова е местото каде што припаѓаат. И треба да си ја завршиме домашната задача, порача високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас по средбата со шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, јави дописничката на МИА од Атина. ...

Добивај вести на Viber Двајца малолетници во вторникот украдоа автобус во Бол на Брач во Хрватска. Како што објавува 24sata, децата го возеле автобусот до другиот крај на островот, до Супетар, удирајќи во знаци по патот. Направиле штета, по што децата го напуштиле автобусот на пристаништето Супетар и се обиделе да фатат траект за Сплит, но полицијата ги запрела. „Возевме од Бол и наидовме на автобус што се движеше кон Горњи Хумац пред нас. ...

Атина, 6 ноември 2025 (МИА) – За потребата од целосно ослободување од рускиот гас, за стабилност и перспектива на целиот регион, говореа американскиот секретар за енергетика Крис Рајт и грчкиот министер за енергетика Ставрос Папаставру на отворањето на состанокот на Шестото партнерство за трансатлантска енергетска соработка (P-TEC) и паралелно посочија дека Грција е одлична влезна точка за природен гас, јави дописничка на МИА од Атина. ...

Ана Бекута верува во влијанието на ѕвездите врз нашите животи, а еднаш откри за кои работи се консултира со својот астролог. Иако признава дека не дозволува со нејзиниот живот да управуваат астролошки аспекти, таа сака да разговара со експерти од оваа област за одредени работи што ги смета за важни. – Не баш околу сè, но за крупните работи во животот: кога да објавам албум, кога да направам концерт, кога да почнам да снимам… Кои се лоши аспекти ...

Белград и уште неколку градови во Србија денес и утре живеат по часовникот на ученичкиот протест: според Унијата на средношколци на Србија (УНСС), 23 средни училишта прогласија дведневен бојкот на наставата во поддршка на Дијана Хрка, мајката на младиот Стефан кој загина при уривањето на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад. Учениците се собраа пред Народното собрание со 16-минутен молк – по една минута за секоја жртва од ...

Европската Унија ја критикуваше Србија за премногу поврзаност со Русија и побара таа да престане да издава пасоши на руски граѓани. Ова барање е содржано во „Пакетот за проширување“ – серија документи што ја дефинираат политиката на Европската комисија кон приемот на нови членки. Пакетот содржи индивидуални извештаи за напредокот на секоја земја-кандидат за членство во ЕУ, пишува Нова.рс. Препорачано Во извештајот за Србија, Европската комисија ...

Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд им одреди притвор на тројца мажи претходно осомничени за насилно однесување кон српски фолклорни играорци во Блатине, Сплит Од судот било заклучено дека тие би можеле да се обидат да влијаат врз сведоците, како и да го повторат кривичното дело за кое се товарат. Одбраната, како што за Индекс.хр изјавил адвокатот Тони Маринковиќ, кој застапува еден од уапсените, дека ќе поднесе жалба. Тие сметаат дека ...

Граѓани се собраа пред зградата на албанскиот парламент за да протестираат против Предлог-законот за родова еднаквост, објави албански „Телеграф“. Препорачано Протестот го повикала организацијата „Албанска коалиција за семејство и живот“. Со транспаренти на кои пишувало „Пратеници, не гласајте против децата“, „Законот за родова еднаквост е антисемеен“ и „Рацете подалеку од децата“, демонстрантите бараат законот да не биде усвоен. Во меѓувреме, ...

Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој почина при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови сад, продолжува со штрајкот со глад петти ден – и кај неа веќе се забележува исцрпеност. „Се чувствувам слабо, имунитетот ми паѓа, но сè ќе биде во ред… Им се извинувам на сите што не можам да ги прегрнам и бакнам додека сето ова не заврши, но имунитетот ќе ми се опорави и сè ќе биде одлично… Навистина им се извинувам на сите, немојте ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
3.6
75%
1026
weather icon

Белград

2ᴼ / 1ᴼ
1.03
70%
1030
weather icon

Загреб

3ᴼ / 1ᴼ
1.03
86%
1031
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
3.09
68%
1026
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
2.57
91%
1027
weather icon

Љубљана

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
91%
1030
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
6.26
75%
1021
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
51%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
62%
1023
weather icon

Букурешт

1ᴼ / -1ᴼ
9.26
80%
1024
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
3.58
74%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
4.63
61%
1023
Currency

61.555

Currency

52.283

Currency

70.5501

Currency

35.0597

Currency

38.2287

Currency

66.3052

Currency

7.43911

Currency

0.66185

Currency

0.33514

Currency

0.52514

Currency

1.22031

Currency

0.57997

Сребро

2410.56

Бакар

11.49

Злато

145225.50

Паладиум

57581.99

Рутениум

29514.39

Калај

43.36

Родиум

265243.66

Кобалт

58.42

Платина

78779.42

Цинк

3.06

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.96