Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Истражниот судија на Сплитскиот окружен суд им одреди притвор на тројца мажи претходно осомничени за насилно однесување кон српски фолклорни играорци во Блатине, Сплит Од судот било заклучено дека тие би можеле да се обидат да влијаат врз сведоците, како и да го повторат кривичното дело за кое се товарат. Одбраната, како што за Индекс.хр изјавил адвокатот Тони Маринковиќ, кој застапува еден од уапсените, дека ќе поднесе жалба. Тие сметаат дека ...
Граѓани се собраа пред зградата на албанскиот парламент за да протестираат против Предлог-законот за родова еднаквост, објави албански „Телеграф“. Препорачано Протестот го повикала организацијата „Албанска коалиција за семејство и живот“. Со транспаренти на кои пишувало „Пратеници, не гласајте против децата“, „Законот за родова еднаквост е антисемеен“ и „Рацете подалеку од децата“, демонстрантите бараат законот да не биде усвоен. Во меѓувреме, ...
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој почина при уривањето на натстрешницата на железничката станица во Нови сад, продолжува со штрајкот со глад петти ден – и кај неа веќе се забележува исцрпеност. „Се чувствувам слабо, имунитетот ми паѓа, но сè ќе биде во ред… Им се извинувам на сите што не можам да ги прегрнам и бакнам додека сето ова не заврши, но имунитетот ќе ми се опорави и сè ќе биде одлично… Навистина им се извинувам на сите, немојте ...
Претседателот Александар Вучиќ денеска изјави дека ја прифаќа одговорноста за негативните забелешки во Годишниот извештај на Европската комисија за напредокот на Србија, како и дека е уверен дека работите ќе се променат на подобро, затоа што во Владата на Србија гледа жар и голема желба за промени. „Сфатија дека јас ги водам по погрешен пат и дека е време конечно да тргнат во подобра насока и дека е време сериозно, побрзо и подобро да ...
Добивај вести на Viber Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес се сретна со амбасадорот на Европската Унија во Србија, Андреас фон Бекерат, кој му го предаде Годишниот извештај на Европската комисија за Србија 2025, пренесува Танјуг. Бекерат му го предаде Извештајот на ЕК на Вучиќ во Палатата на Србија, по што следеше средба меѓу претседателот на Србија и амбасадорот на ЕУ. Во вторник, извештајот им беше презентиран на членовите на ...
Во рамките на националната полициска операција „Странец“, Управата на црногорската полиција во среда спроведе 135 различни мерки против странски државјани низ целата земја. За време на операцијата, 11 лица беа присилно отстранети, 11 беа протерани, додека 81 лице доби прекршочни пријави. Исто така, издадени се 14 решенија за враќање на лица, на 15 странски државјани им е поништен престојот, а за три лица е покрената постапка за прекин на ...
Двајца тинејџери во Хрватска украле автобус со кој направиле сообраќајна несреќа и сакале да избегаат од местото со траект. Препорачано Како што објави ХРТ, едниот 17-годишник, го украл автобусот во вечерните часови во Бол на Брач и го возел кон Супетар, предизвикувајќи сообраќајна несреќа и оштетувајќи го автобусот. Додека возел, со автобусот удрил во паркиран камион и неколку сообраќајни знаци, по што заедно со другарот, кој бил со него во ...
Здравствената состојба на повеќето лица повредени во пожарот што избувна на седмиот кат од Домот за стари лица во Тузла во вторникот вечерта е стабилна. Според најновите информации, во болница се задржани 15 пациенти, од кои четворица се на респираторна поддршка. „Седум пациенти се хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација, при што четворица се на механичка вентилација. Петмина жители на домот се сместени на Клиниката за ...
Софија го подготвува најрадикалниот чекор во енергетиката по санкциите кон руските нафтени компании: ГЕРБ најави предлог-закон што овозможува назначување специјален администратор со овластување да ја продаде рафинеријата „Лукоил Нефтохим“ во Бургас – без право на сопственикот да го блокира или да го обори процесот. Целта е поголем јавен надзор и континуитет на снабдувањето, во рамка на западните санкции. Потегот следи по новиот пакет ...
Уште тројца пациенти повредени во пожарот што се случи на 16 март во Кочани биле донесени вчера однесени во Универзитетскиот клинички центар Ниш. Двајца мажи и една жена се префрлени од УКЦС во УКЦ Ниш и лекувањето ќе го продолжат на Одделот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија. – „Вкупно шест повредени во овој трагичен настан во моментов се хоспитализирани во Клиничкиот центар Ниш. Четворица мажи и една жена се на одделението ...
Во Словенија, на 11 ноември стапува на сила целосна забрана за трајно врзување кучиња. Ова значи дека сопствениците повеќе нема да имаат право да ги држат кучињата на ланец, јаже или било каква друга форма на врзување што го ограничува нивното слободно движење. Новата регулатива предвидува високи казни, а за прекршување на забраната, сопствениците се соочуваат со казна до 1.600 евра. Според новите правила, кучињата мора да имаат ограден простор ...
Здравствената состојба на повеќето повредени во пожарот што го зафати седмиот кат од Домот за стари лица во Тузла во вторник вечерта се стабилизира и, според последните информации, 15 од нив се во болница, од кои четворица се на респиратори. „Седум пациенти се хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација, од кои четворица се на механичка вентилација. Моментално, пет пациенти, жители на Домот за стари лица, се хоспитализирани на ...
Полицијата во Лесковац го уапси Д.Д. (43) од Печењевац, осомничен за тешко убиство на неговата 36-годишна партнерка. Тој е осомничен дека ја убил на 2 ноември во семејната куќа, по што избегал. Му е одреден притвор до 48 часа и ќе биде приведен во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава, пишува српски Телеграф. Злосторството што ја потресе Србија беше откриено кога полицијата го пронајде телото на Катарина Глигоријевиќ скриено ...
Денеска е ден на жалост во Тузланскиот кантон поради трагедијата што се случи во вторник вечерта кога избувна пожар на седмиот кат од Домот за стари лица во Тузла, при што загинаа 11 лица, претежно од задушување. Вкупно 38 лица се хоспитализирани, додека четворица се на респиратори. Директорот на Домот за стари лица во Тузла, Мирсад Бакаловиќ, поднесе оставка. Причината за несреќата сè уште е непозната. Црните ѕидови на седмиот кат од домот ...
25-годишна девојка од Косово синоќа околу 19 часот била најдена мртва кај во простор помеѓу згради кај зелениот пазар во Тетово. Девојката С.Д. од Ѓаковица паднала од зграда, а на местото на настанот е пронајдена и дрога. Веднаш по пријавата, на местото на настанот пристигнале полициски екипи и претставници на Јавното обвинителство, кои спроведуваат истраги за расветлување на причините и околностите на инцидентот. Истражните органи проверуваат ...
Во просториите на Агенцијата за храна и ветеринарство се состана експертската група за болеста Африканска чума кај свињите, информира Верче Мицевска, Национален координатор за безбедност на храна, ветеринарна и фитосанитарна политика. Теми на дискусија беа: Епидемиолошка состојба во земјата во однос на Африкаската чума кај свињите; Резултати од спроведениот надзор на Африкаската чума кај свињите; Организирање на работилници наменети за ...
Припадници на белградската полиција ги уапсија С.Р. (40) и В.С. (46) под сомнение за сторено тешко убиство, додека интензивно се бара уште едно лице. Тие се осомничени дека претепале до смрт 38-годишен маж во напуштена зграда во Белград. Телото беше пронајдено вчера наутро, објавува Нова.рс. Според првичните информации, мажот починал од повеќекратни удари нанесени со тапи предмети по целото тело. Се сомнева дека жртвата била претепана со стап и ...
Денешното утро насекаде во регионот донесе исклучително ладно време и без врнежи, а особено ладно беше во повисоките населени места и на планините каде температурите се спуштија под нулата на повеќе места. Во повисоките населени места во Босна ова утро температурите се спуштија дури и до -7 степени. На метеоролошката карта можете да ги видите температурите измерени ова утро во регионот. Може да се види дека тие се навистина зимски и ...
Падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година беше „почеток“ за едно од најголемите граѓански движења во Србија, а набрзо жителите низ целата земја почнаа да излегуваат на улиците, додека раката извалкана со крв стана симбол на движењето бидејќи нè потсетува дека корупцијата убива, објави француското радио „Франс Килтир“, пренесува Н1. Препорачано „Точно на 1 ноември 2024 година, уривањето на ...
Обединувањето на сите Срби не може да се спречи. Бугарите треба да палат свеќи и да молчат еден од блиските соработници на српскиот претседател Вучиќ – Александар Вулин – само неколку часа откако самиот Вучиќ го негираше постоењето на проектот „Српски свет“ и ги обвини Бугарите за оваа „фикција“, објави бугарската агенција БГНЕС. Изјавите на двајцата беа одговор на повикот на претседателот Румен Радев до европските институции да се справат со ...
Во центарот на Белград, пред полициската станица Савски Венац, рано утрово околу 4 часот, 24-годишна државјанка на Босна и Херцеговина со нож нападнала полицаец на должност, кој потоа ја ранил во ногата, дознава српски Телеграф. Според српските медиуми, инцидентот се случил на влезните скали на станицата. Полицаецот прво се обидел да избегне повеќекратни напади и да ја совлада девојката, но таа не се откажала од нападот и покрај неговите ...
Мајката на младото момче кое почина пред една година при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, Дијана Хрка, која штрајкува со глад во Српскиот парламент, вечерва им порача на граѓаните кои ја поддржуваат дека нема да се повлечат доколку бидат нападнати од поддржувачи на владата, од другиот собир во шаторска населба на истото место, или, пак, од полицијата. Преку мегафон, пред илјадници граѓани кои дојдоа да ја поддржат, им ...
Немања Шаровиќ, поранешен истакнат член на Српската радикална партија на Шешељ и долгогодишен соработник на Воислав Шешељ, а сега новинар на КТВ Зрењанин познат по исмејувањето на поддржувачите на Српската напредна партија (СНС), беше нападнат вчера во Белград за време на митинг организиран од поддржувачите на Александар Вучиќ. Шаровиќ со години беше едно од најпрепознатливите лица на Српската радикална партија, пратеник во српскиот парламент и ...
Атина, 5 ноември 2025 (МИА) – Билатералните односи, енергетиката, инвестициите, биле меѓу друго темите за кои разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и новата американска амбасадорка Кимберли Гилфојл на нивната денешна средба, јави дописничката на МИА од Атина. Ова е прва средба на грчкиот премиер со новата амбасадорка на САД, која вчера ги достави акредитивните писма, Гилфојл нагласи дека билатералните односи ќе ги подигнат „на нови ...
Турската полиција уапси 62 лица осомничени за поврзаност со организирана мрежа на измамници кои се претставувале како гатачи и медиуми, јавија локалните медиуми. Групата е обвинета за измама и изнуда на клиенти преку интернет, искористувајќи ја довербата и религиозните чувства на граѓаните. Според весникот „Хуриет тудеј“, во координирана акција спроведена во 29 окрузи низ земјата, полицијата извршила претреси на повеќе адреси и привела десетици ...
Во моментот на најголемата трагедија, Алма Тадиќ не размислувала за ништо друго освен да ја спаси својата мајка од пожарот што го зафати Домот за стари лица во Тузла. Откако конечно ја пронајде својата мајка, олеснувањето беше огромно, но суровата реалност на условите во домот остави неизбришливи траги. Занемарувањето, лошите услови за живот и несоодветните инвестиции во домување за стари лица повторно станаа тема што ја доведува во прашање ...
Атина, 5 ноември 2025 (МИА) – Украинскиот претседател Володимир Зеленски се очекува во текот на месецов да ја посети Грција, потврди портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, а деталите ќе бидат дополнително соопштени, јави дописничката на МИА од Атина. Зеленски последен пат во Атина беше при крајот на август 2023 година, кога грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис организираше неформална вечера за лидерите ...
На ситуација во Газа се осврна и портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг одговарајќи на новинарско прашање и посочи дека за Грција главен приоритет е да се одржи примирјето и да се стабилизира ситуацијата, потенцирајќи дека првата фаза е важна за да има напредок кон следните фази. - Грција се стреми да биде активно присутна во Газа како на хуманитарно ниво така и за обновата, односно да ја зголеми хуманитарната помош ...
Службеник на Канцеларијата на Европската Унија во Косово е тешко повреден од остар предмет, објави fakti.bg. Препорачано Изворите наведоа дека инцидентот се случил во вторник и дека повредениот е префрлен во Универзитетскиот клинички центар. Извори блиски до истрагата изјавија дека повредениот е функционер на Канцеларијата на ЕУ, Стефан Илијанов Шејнов, Бугарин на возраст од околу 49 години, кој ужива дипломатски имунитет. Според медицинските ...
Хрватска ќе нарача 18 хаубици Цезар (Caesar) од Франција за 320 милиони евра како дел од програмата за модернизација на своите вооружени сили, соопшти денеска хрватското Министерство за одбрана. Се очекува нарачката, која е одобрена од Одборот за одбрана на хрватскиот Парламент, официјално да биде потпишана во декември, по формалното одобрение од Владата, соопшти Министерството. Финансирањето ќе биде обезбедено од Програмата за одбранбени ...