Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Планираното воведување визи за граѓани на Турција, Русија, Белорусија, Саудиска Арабија и индивидуални патници од Кина веројатно нема да ги запре постојните инвестиции во Црна Гора, но би можело значително да го намали бројот на нови претприемачи, пристигнувања на бизниси и купувачи на недвижности. Најизложени се малите бизниси и пазарот на домување во Подгорица, Будва и во Бар, анализира „Еуроњуз“. Воведувањето визи само по себе не им ...
Неделното попладне донесе сериозен сообраќаен хаос низ цела Хрватска, со километарски редици на автопатите и чекања до 10 часа на граничниот премин со Црна Гора, што ги натера локалните власти во Конавле да активираат кризен штаб. Целиот регион Конавле е блокиран, а целата Дубровничка ривиера веројатно ќе претрпи сообраќаен колапс, објави „Слободна Далмација“. Најголемите проблеми беа регистрирани на автопатот А1, каде што сообраќајот низ ...
Водата во Дунав достигна историски ниско ниво поради сушата на Балканот, што резултираше со појава на бродови на германската морнарица од Втората светска војна. Како што објави Ројтерс, бродовите се појавиле на делот од Дунав што минува низ Прахово, град во Србија, додека непотврдени информации укажуваат дека е многу веројатно дека во нив има неискористена муниција. Според извештајот, тие бродови наводно ги потопиле самите нацисти за да ...
Двајца преживеани и двајца загинати е билансот од хеликоптерската несреќа што денеска се случи во западниот дел на Атика во Грција. Грчките медиуми јавуваат дека двајца од екипажите биле пронајдени живи и се пренесени во болница, а двајца биле без знаци на живот. Според грчките медиуми, екипажите биле составени од двајца грчки и двајца странски државјани. Хеликоптерите полетале од воената воздухопловна база Елефсина, во близина на Атина. ...
Сообраќајната полиција во Србија почна да користи дронови за почеток на главниот пат кон Црна Гора, во областа Пријепоље и Нова Варош поради големата фреквнија на туристи а постапно анскоро и на други фреквентни патни правци. За време на еден од најпрометните викенди во годината, кога патиштата кон црногорскиот брег се преполни со голем број возила, припадниците на сообраќајната полиција ја зголемија контролата на сообраќајот на главниот пат ...
Добивај вести на Viber Двајца државјани на Сирија, 22-годишен и 29-годишeн, се осомничени дека запалиле врата од соба во Прифатниот центар за баратели на меѓународна заштита во Нови Загреб, бидејќи биле незадоволни од сместувањето. Како што објави ПУ Загреб, станува збор за баратели на меѓународна заштита во Хрватска, а инцидентот се случил во петокот. Полицијата се сомнева дека осомничените ја запалиле вратата од собата со употреба на ...
Дваесет и седумгодишната руска државјанка Људмила Туркова Константиновна, која на 23 јули допатувала во Белград од Истанбул, престојувала во изнајмен апартман на Савски Венац, но неколку дена подоцна трагично го загубила животот. Последен пат контактирала со своето семејство ноќта меѓу 25 и 26 јули, кога им кажала дека е излезена со пријателки. По таа порака нејзиниот телефон бил исклучен, а од тогаш ѝ се губи секаква трага. Според српските ...
Два хеликоптери кои учествуваа во гаснењето на големиот пожар западно од Атина се судрија, објави Противпожарната служба. „За време на операцијата за гаснење пожар во областа Псата, два хеликоптери кои учествуваа во операцијата за гаснење пожар се судрија. Силите беа веднаш мобилизирани за операција за пребарување и спасување на екипите, која е во тек“, соопшти Противпожарната служба. Екипажот од два пилота на еден од хеликоптерите е ...
Безживотното тело на еден маж денес е пронајдено во реката Сава, кај местото Лијеви Дубровчак во близина на Иваниќ-Град, еден ден откако било пријавено неговото исчезнување. Исчезнувањето синоќа го пријавил 34-годишен маж, кој на полицијата ѝ кажал дека последен пат го видел својот пријател вчера попладне, кога тој отишол да плива во Сава, кај Лијево Дубровчак. По пријавата, полицијата веднаш започнала интензивна потрага по реката Сава и во ...
Големи гужви и повеќечасовни чекања на излез од Грција преку граничниот премин Евзони синоќа предизвикаа тензии меѓу возачите, при што дошло до жестока расправија, а според сведоци, за малку била избегната и физичка пресметка. Според информациите објавени од страницата „Пат до Грција“, на преминот синоќа се формирале долги колони од автомобили и автобуси, а дел од патниците излегувале од возилата поради долгото чекање. Поради нервозата што ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека српскиот народ на Косово и Метохија е изложен на „страшен терор“ и дека Приштина „секој ден смислува нешто против нив“, додека, како што нагласи, светот молчи за страдањето на православните христијани бидејќи тие самите си го предизвикале тоа. Тој рече дека на Србите не може да им се припишуваат географски одредници со цел дополнително да се делат, бидејќи „не постојат босански ...
Вчера во Свети Криж Зачретје, во Хрватска, се случи семејна трагедија, во која три лица ги загубија животите. Телата на татко и неговите две малолетни деца беа пронајдени во семејната куќа. Полициската управа Крапино-Загорје потврди дека пријавата за пожарот и експлозијата пристигнала околу 7:20 часот. Иако засега нема официјална потврда, се сомнева на убиство и самоубиство. Се очекува денес да има повеќе информации за сè. Местото на ...
Прославата на 150-годишнината од Битката кај Вучи Дол, одржана под водство на српскиот патријарх Порфирије, послужи како повод за уште еден политички и идеолошки притисок врз Црна Гора, Црногорците и сите оние граѓани чија лична и јавна перспектива не е ограничена од концептот на „српскиот свет“, оценуваат медиумите во Црна Гора. Битката кај Вучи Дол се случи на 28 јули 1876 година во Црна Гора за време на Црногорско-турската војна. Во неа, ...
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна Гора – Карасовиќи (Дебели Бријег) и Витаљина (Конфин) – од раните утрински часови е забележан целосен сообраќаен колапс. Според информациите од терен, се формирала редица возила долга повеќе од 20 километри, која се протега сè до Чилипи и Жупа Дубровачка. Според официјалните податоци од Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК), објавени од N1 БиХ, чекањето за преминување на границата е повеќе од десет ...
Додека во Македонија се одбележува Денот на Републиката – Илинден, македонската дијаспора во Хрватска и годинава го слави еден од најзначајните национални празници преку четиридневната манифестација „Денови на македонската култура – Илинден 2026“, што од 1 до 4 август ќе се одржува во Жрновница, Марина, Сплит и Сињ. Настанот, кој веќе традиционално ги собира Македонците од Далмација, но и бројни гости од Хрватска, има за цел преку музиката, ...
Огромни сообраќајни метежи го парализираа југот на Хрватска. На граничниот премин Карасовиќи, на излез од Хрватска кон Црна Гора, возачите утрово чекаат повеќе од 10 часа. Според информациите на Хрватскиот авто-клуб (ХАК), колона од возила се протега од граничниот премин до аеродромот во Дубровник, а една сообраќајна лента низ Конавле е целосно блокирана. „Поради големата колона возила на државниот пат ДЦ8, на делницата Чилипи – Граничен ...
Опасноста од шумските пожари во поголем дел од Западна Европа се намали денеска, но најкритичниот фронт се премести во Грција, каде што силните ветрови ги разгореа пламените јазици, a избувна нов пожар на западниот остров Кефалонија. За Грција, опасноста потсетува на трагедијата од 2018 година, кога во пожарот во крајбрежното место Мати, во близина на Атина, загинаа 104 луѓе. Тоа беше најсмртоносниот шумски пожар во Европа во овој век. Во ...
На плажата Билин Жал во Лумбарда на островот Корчула е забележано краткорочно фекално загадување на морето поради зголемена концентрација на бактерии Ешерихија коли, поради што пливањето не се препорачува до понатамошно известување. Краткорочното фекално загадување е потврдено за време на шестото редовно тестирање на квалитетот на морето за капење, спроведено од Институтот за јавно здравје на Дубровник-Неретванската жупанија, објавува ...
Бојан Олас од српскиот град Панчево вчера на Дунав улови сом тежок 84,5 килограми и долг 2,20 метри! Бојан има 40 години и е страстен риболовец кој го сака Дунав уште од детството, а ова е најголемиот улов во неговата досегашна риболовна кариера – пишува на Фејсбук страната „Здраво Панчево“.. – Сомот го уловив со техниката „бучка“, а како мамка користев дурбак (посебен вид црви кои достигнуваат должина и до 20 сантиметри) и дождовна глиста. ...
Три млади момчиња загинаа рано утрово во ужасна сообраќајна несреќа што се случи на влезот во Котор Варош, кај Бања Лука, во Република Српска. Сообраќајната несреќа се случила во близина на бензинската пумпа околу 4:50 часот наутро, а жртвите биле млади мажи. Во несреќата учествувало едно возило, а сообраќајот на овој дел бил запрен. Според првите информации што ги даде ATV, несреќата се случила кога патничкото возило, под неутврдени ...
Атина, 31 јули 2026 (МИА) - На две од вкупно три пристаништа во областа Атика, поширокиот регион на Атина, од рано утрово во сила е забрана за пловидба на секаков вид бродови и траекти поради силниот ветер - јави дописничката на МИА од Атина. Бродовите и траектите остануваат закотвени на пристаништата Лаврио и Рафина, а на најголемото грчко пристаниште Пиреас постои делумна забрана во зависност од видот на пловното средство и крајната ...
Тирана, 31 јули 2026 (МИА) - Албанскaтa министеркa за здравство и социјална помош Евис Саља објави формирање на првиот национален институт за онкологија во државата, структуриран според современ европски модел, оценувајќи ја одлуката на владата како историска. Додаде дека го прифатиле миланскиот модел додавајќи дека институтот ќе се занимава со клиничка нега, обука и истражување. - Оваа одлука е историска и сама по себе е предизвик. Албанија ...
Атина, 31 јули 2026 (МИА) – Во изминатите 24 часа избувна 51 шумски пожар, а во овој момент противпожарните сили водат битка за справување со 73 пожари на целата територија, информираше попладнево директорот за стратешко планирање и комуникации во Противпожарната служба на Грција Василис Ватракојанис, додека пак меѓу најсериозните се оние во централниот дел на земјата, каде што по морски пат беа евакуирани 254 лица и во близина на Атина, каде ...
Најавата и намерата на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да свика неформален состанок во проширен состав 5+1 за кипарското прашање, преку соопштение ја поздравија од Министерството за надворешни работи на Грција, но и грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, кој на денешната владина седница рече дека е разврска што влева „умерен оптимизам“, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис го истакна фактот што дводневната посета на Гутереш на ...
Рано утрово од реката Сава, во близина на Савски венац во Белград, било извлечено тело на повозрасна жена. Телото е предадено на обдукција, која треба да ги утврди причините за смртта. Според првичните информации, на телото не биле забележани видливи траги на насилство. Надлежните органи вршат истрага за да ги утврдат сите околности поврзани со случајот. Рано утрово од реката Сава, во близина на Савски венац во Белград, било извлечено тело ...
Телата на брат и сестра биле пронајдени денеска во стан на шести кат во зграда во белградската населба Бежаниска коса. Според неофицијални информации што ги објавија српските медиуми, постои сомнение дека Б.П. (48) ја усмртил својата сестра со остар предмет, по што си го одзел животот. Случајот се случил во нивниот стан. Наводно, мажот по убиството се здобил со повреди од кои починал, но деталите за трагичниот настан сè уште не се официјално ...
Голем шумски пожар, кој се прошири од правец на Порто Гермена во Грција, во моментов уништува недопрена борова шума на падините на планината Китерон. Поради екстремните временски услови, пожарот брзо се движи кон населените места. Пламените јазици практично го опколија селото Агиа Параскеви и опасно се приближуваат кон селата Агиос Нектариос и Крио Пигади. Надлежните служби ја опишуваат ситуацијата како критична, додека противпожарен фронт ...
Силниот ветер ги разгорува пожарите во западниот дел на Атика и во областа Беотија, во близина на Атина, каде што огнот уништи куќи, зафати големи шумски површини и принуди стотици жители и туристи да ги напуштат загрозените населби. Една од најкритичните точки е крајбрежното место Порто Гермено, околу 70 километри западно од грчката престолнина. Пожарникарите таму се борат со три фронта – еден во борова шума, еден што се движи кон Агија ...
Денес, во рок од неколку часа, во регионот Истра избувнаа неколку големи пожари, поради што на терен беа испратени бројни противпожарни екипи и противпожарни авиони. Три големи пожари избувнаа во регионот Пула, во близина на Штоковци и Бокордиќи, во близина на селото Орихи и во Качани. Околу 20 пожарникари со неколку противпожарни возила учествуваа во гаснењето на пожарите. Во регионот Истра денес, во рок од неколку часа, избувнаа неколку ...
Добивај вести на Viber Претседателот на Србија, Александар Вучиќ во интервју за Ниш ТВ, изјави дека земјата се соочува со сериозни проблеми поради екстремната топлина и ниското ниво на водата во Дунав, предупредувајќи дека понатамошното намалување на нивото на реката може да предизвика големи тешкотии. „Ако падне за уште 30 сантиметри, готово е. Во земјите што имаат нуклеарни централи што зависат од нивото на водата, проблемот е уште ...