Бројот на мигранти кои по морски пат пристигнуваат во Грција се намалил за 34 отсто во првата половина од 2026 година во споредба со истиот период минатата година. Податоците ги објави грчкиот министер за поморство Василис Кикилијас на социјалната мрежа „X“. Од почетокот на годината се евидентирани 15.389 пристигнувања, додека во првите шест месеци од 2025 година беа забележани 23.243 пристигнувања, пишува „Еуроњуз“. Статистиката покажува ...

Грција поднесе барање до Европската комисија за проширување на примената на постоечката Национална клаузула за отстапување, со цел да се вклучат и мерки што ја зајакнуваат енергетската отпорност на земјата, а со што се добива поголема фискална флексибилност. Барањето, како што јави дописничката на МИА од Атина, го достави грчкиот министер за национална економија и финансии, Кирјакос Пиеракакис. Од Министерството за национална економија и ...

Избраните пратеници од 11-тиот законодатен состав на Косово денес ќе се соберат за да го конституираат Собранието. Седницата е закажана да започне во 10:00 часот, а на дневен ред има четири точки. Првата точка е: формирање на Привремена комисија за верификација на кворумот и мандатите на пратениците; втората: заклетва на пратениците; третата: избор на претседател на Собранието; и четвртата: избор на потпретседатели на Собранието. Со ...

Девет плажи во Грција го загубиле признанието „Сино знаме“ по ненајавени инспекциски контроли. Од листата се избришани четири плажи на Парос и пет на Хиос. Контролорите откриле недостатоци поврзани со услугите за посетителите, пристапноста за лицата со попреченост, безбедноста, чистотата и правилното информирање. Организаторите нагласуваат дека квалитетот на водата за капење на овие плажи и натаму е одличен. Повлекувањето на признанието не ...

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа во Загреб, во која едно лице го загуби живото, а две се повредени и пренесени во болница. Според хрватските медиуми, несреќата се случила околу 22 часот, а според првичните извештаи, автомобилот, од сè уште непознати причини, излетал од патот и силно удрил во столб, при што возилото било речиси целосно уништено и пресечено на половина. FOTO / Teška prometna nesreća u Zagrebu: Jedna osoba poginula, ...

Бројот на случаи на вирусот Западен Нил во Грција почна да се зголемува, со 23 нови случаи откриени само минатата недела. Најголем број случаи е регистриран во Глифада, а како што објави грчкиот Национален институт за јавно здравје (ЕОДИ), до 5 август се регистрирани вкупно 65 случаи, од кои 54 развиле болест на централниот нервен систем – ЦНС (енцефалитис или менингитис), објавува „Катимерини“. Вкупно шест смртни случаи се регистрирани кај ...

Грција потврди 65 локално стекнати случаи на западнонилска треска, од кои 23 биле регистрирани само во изминатата недела, соопшти Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ). Според податоците заклучно со 5 август, кај 54 пациенти се развиле сериозни невролошки компликации, меѓу кои енцефалитис, менингитис и акутна флакцидна парализа. Останатите 11 заразени имале лесни симптоми или кај нив немало зафаќање на нервниот систем. ...

Во белградската населба Звездара, ноќеска околу 3 часот одекнала силна експлозија, откако засега непознато лице фрлило експлозивна направа, дознава „Телеграф.рс“. Според првичните информации од теренот, најверојатно станува збор за рачна бомба М-75. Полицијата на местото на инцидентот разговарала со А.О. (24), жител на зградата пред која се случила експлозијата, кој и претходно бил евидентиран во полициските досиеја и бил осудуван. Тој во ...

Во изминатата седмица во Грција биле потврдени 23 нови случаи на вирусот Западен Нил, со што вкупниот број на дијагностицирани случаи се зголеми на 65, а од почетокот на оваа вирусна сезона починаа вкупно шест лица, покажуваат податоците од неделниот извештај на Националната организација за јавно здравје (ЕОДИ), јави дописничката на МИА од Атина. Од ЕОДИ соопштија дека од заразените, 54 пациенти се со симптоми на централниот нервен систем ...

Новинарите и уредниците во унгарската државна новинска агенција МТИ повеќе од една деценија собирале документи за цензура, забранети теми, менување содржини и политички упатства при објавувањето вести во периодот на владите на Виктор Орбан. Материјалот од 482 страници е предаден на новото раководство на јавниот медиумски систем, кое наредило внатрешна истрага. Документите ги составила неформална група новинари и уредници наречена „PRO DOMO“. ...

Анкара, 4 август 2026 (МИА) – Високиот воен совет на Турција денеска ја унапреди полковник Јозлем Карапанар во бригаден генерал. Таа е прва жена генерал во турските военовоздухопловните сили. На денешната седница на Виусокиот воен совет, со кој претседава турскиот претседател Реџеп Тајип Ердогн, беа разгледани и други унапредувањата, назначувањата и пензионирања во вооружените сили на земјата. Турските воздухопловните сили сега имаат нов ...

Атина, 5 август 2026 (МИА) – Француската инвестициска групација „Меридиам“ (Meridiam) специјализирана за инфраструктурни проекти од стратешко значење, како мнозински акционер влегува во компанијата „Грејт си интерконектор“ (Great Sea Interconnector) односно проектот за електрично поврзување меѓу Грција и Кипар, по договорот што попладнево беше потпишан во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. ...

Хрватската полиција уапси градоначалник кој е осомничен дека со своите синови нападнал автомобил во кој се наоѓале 31-годишен маж и бебе, објави „Јутарњи лист“. Инцидентот се случил вчера, а градоначалникот на општината Свети Иван Жабно, Ненад Бошњак, и неговите синови, се обвинети дека го нарушиле јавниот ред и мир со викање и со удирање по возилото. „Вчера, 4 август, во попладневните часови во Свети Иван Жабно, тројца мажи на возраст од ...

Хидролозите предупредуваат дека Хрватска веќе се соочува со последиците од климатските промени, кои носат подолги сушни периоди, повисоки температури и сè поизразени осцилации на нивото на водата. Долготрајната суша и топлотниот бран што трае неколку дена ги доведоа хрватските реки на работ на невидена хидролошка криза. Во последните денови, нивото на водата на Сава, Драва и Дунав падна на нивоа невидени повеќе од еден век на некои мерни ...

Во четврток, во Хрватска ќе биде претежно сончево и многу топло, со можност за попладневни локални врнежи од дожд и грмотевици, главно во внатрешноста на Истра и Далмација и во Планинска Хрватска. Екстремно топлиот воздух ќе продолжи да биде во поле со многу малку покачен притисок. Од петок, топлината во делови од Хрватска се намалува, но не нè напушти, како што беше во средината на јули. Затоа, не е само последната недела што е рекордно ...

Претседателот на српската Општина Бујановац Арбер Пајазити изјави дека албанскиот конзулат во Бујановац наскоро ќе стане реалност, додавајќи дека за тоа прашање подолго време се разговара со албанските дипломатски претставници и институциите во Тирана. Како што пренесува порталот „Бујановачке“, Пајазити оцени дека поврзувањето на отворањето на албанскиот конзулат во Бујановац со можноста Србија да отвори конзулат во Скадар не е во согласност ...

Помошникот министер и раководител на Секторот за вонредни ситуации на Министерството за внатрешни работи Лука Чаушиќ денес изјави дека околу 14 часот во Делиблатска пештера избувнал нов пожар, кој, поради ветерот, брзо се проширил на повеќе од 300 хектари. Чаушиќ изјави дека пожарот избувнал на околу еден километар од подрачјето каде што на 22 јули беше успешно локализиран и изгаснат голем пожар и истакна дека Секторот за вонредни ситуации ...

Силно топлотно невреме со грмотевици се развило над централна Словенија, предизвикувајќи пад на температурите во некои области и создавајќи остри температурни разлики. Во градовите Логатец и Боршт при Горењи вас, температурата падна од околу 35 °C на само 21 °C. Во исто време, температурите на исток и југоисток од земјата сè уште се движат помеѓу 37 °C и 39 °C. Словенечката агенција за животна средина (AРСO) издаде предупредување за град за ...

Добивај вести на Viber Драматична спасувачка акција имаше во Албанија по избивањето на пожар. Голем пожар го зафати селото Продонија во општината Селеница, каде што огнот загрози десетици домови и следеше итна евакуација на локалното население. Полицијата, армијата и пожарникарите успеаја да извлечат 15 семејства заедно со нивниот добиток и домашни миленици. Поради силниот ветар и непристапниот терен, интервенцијата со противпожарни возила ...

Голем пожар избувна во јужна Албанија, а околу 15 семејства беа евакуирани заедно со добитокот и со домашните миленици поради опасноста од ширење на пламените јазици, објави „Топ чанел Албанија“. Поради силниот ветер, огнот брзо се проширил и се приближил до куќите во селото Рибан, во регионот Малакстер. Во гаснењето се вклучени повеќе служби, меѓу кои пожарникари, припадници на Силите за брза интервенција (ФНСХ), полицијата и службите за ...

Четиринаесетгодишно момче загина во тешка сообраќајна несреќа во Украина, откако било прегазено од автомобил управуван од 19-годишен возач. — реклама — — реклама — — реклама — Според информациите, возачот управувал со голема брзина, а претходно веќе имал проблеми со законот бидејќи возел без возачка дозвола. — реклама — Надлежните органи го истражуваат случајот и околностите под кои дошло до трагичната несреќа. Четиринаесетгодишно момче ...

На надвозникот кај Оточац, две лица облечени во црно и со покриени лица закачиле транспарент и го запалиле знамето на Република Србија. Инцидентот се случил вчера, ден пред денешното одбележување на годишнината од воено-полициската операција „Бура“ во Книн, а видеото го објави порталот „Индекс“. На видеото се гледаат две лица облечени во црно, со покриени глави, како се качуваат по оградата на надвозникот. Тие го поставиле српското знаме на ...

Чешката авантуристка Кејт редовно ги документира своите патувања низ Европа на Инстаграм, каде што ја следат голем број луѓе. За време на неодамнешната посета на црногорското крајбрежје, решила да провери колку чини изнајмувањето лежалки и чадори за сонце на некои од најпознатите плажи во Милочер и на Свети Стефан. Цените што ги затекнала прилично ја изненадиле. Најпрво ја посетила плажата во Милочер, каде што дознала дека користењето ...

Основното јавно обвинителство во Бачка Паланка соопшти дека, во соработка со Полициската управа во Нови Сад и Полициските одделенија во Суботица и Сомбор, се расветлени тешки кражби на луксузни патнички моторни возила извршени во подрачјата Бач, Челарево, Гајдобра, Алекса Шантиќ и Ратково. Со наредба на Основното јавно обвинителство во Бачка Паланка, лишени се од слобода А.Б. (1975) од Сомбор и Д.К. (1985) од Кула, а им е одредена мерка ...

Црногорската полиција врши претреси на територијата на Подгорица и Колашин во потрага по бегалецот Небојша Бугарин, за кој се претпоставува дека е соработник на водачот на кавачкиот клан, Радое Звицер, кому му се суди за шверц на кокаин. Како што пренесува „Вијести“, полицијата во оваа акција го претресе и станот на Бојан Маџгаљ. Од Управата за полиција соопштија дека претресите се спроведени во рамките на засилените активности што се ...

Владејачката коалиција во Турција до парламентот поднесе предлог-закон, чија цел е постигнување мир со Курдистанската работничка партија (ПКК), меѓу другото преку заштита на многу поранешни припадници од кривично гонење и суспендирање на затворските казни за голем дел од оние осудени за членство во организацијата. Законот, кој се очекува да биде усвоен во парламентот подоцна оваа недела, има за цел да стави крај на повеќедеценискиот конфликт, ...

Сакам да ги уверам нашите сограѓани дека овојпат ќе се движиме уште побрзо во однос на финансирањето на активностите за обнова на уништените домови, секако, секогаш во рамките на важечката законска рамка, посочи грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на денешниот министерски состанок за мерките за обнова и поддршка на подрачјата погодени од пожарите во западниот дел на областа Атика и истакна дека процените се дека зафатената површина е околу ...

Пожар избувна во Паркот на природата „Стара Планина“ во Србија, а надлежните служби веднаш започнаа со негово гаснење, соопшти Министерството за заштита на животната средина. Од раните утрински часови на терен се припадници на противпожарно-спасувачките единици и вработени во „Србијашуме“, кои успеале да го опколат пожарот. — реклама — — реклама — Огнот зафатил ниска вегетација, а сите расположливи екипи остануваат на терен сè додека пожарот ...

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, во обраќањето на централната прослава по повод годишнината од воената операција „Олуја“ во Книн, порача дека Хрватска има клучна заслуга за воспоставувањето на мирот во Босна и Херцеговина и предупреди дека забрзаното вооружување на Србија носи нови безбедносни и финансиски предизвици. На почетокот од говорот им оддаде почит на хрватските бранители и ја поздрави практиката ветераните да се обраќаат на ...

Италијански државјанин е уапсен на Граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, откако при пасошка контрола во неговиот личен багаж биле пронајдени два ловечки патрони. — реклама — Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, станува збор за М.П.М. (48), кој бил приведен на 4 август околу 18:40 часот при обид да ја напушти државата. — реклама — — реклама — Пронајдените патрони биле одземени, а по целосното документирање на ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35