Повеќе од 200 мигранти биле спасени од мали чамци јужно од островот Крит во последните 24 часа, откако го преминале Средоземното Море од северна Африка, соопштија властите во средата, објави „Е-Катимерини“. Крајбрежната стража соопшти дека вкупно 234 лица биле пронајдени во пет чамци во близина на островот Гавдос, јужно од Крит, како и во близина на Иерапетра и Кали Лименес на Крит, во раните утрински часови во средата и доцна во вторникот. ...

Големи шумски пожари сè уште беснеат во неколку делови од Грција, а најлоша е ситуацијата во јужниот дел на островот Крит, во областа Ретимно, каде што пожарникарите се борат со пожарот веќе втор ден, разгорен од силните ветрови. Поради налетите на ветер што достигнуваат до 10 бофорти, или околу 125 километри на час, хеликоптерите и другите авиони не се во можност да помогнат во гаснењето на пожарот. Иако се обидоа двапати да полетаат, не ...

Трудницата Одри Суарез, која носи близнаци, била брутално нападната од питбул додека шетала на 17 јули во градот Топика, во американската сојузна држава Канзас. Го преживеала нападот, како и нејзините neroдени бебиња, но се здобила со тешки повреди на лицето — унаказена е, пишува „Паризиен“. Според наводите на полицијата од Топика, во населбата избила тепачка меѓу три лица. Тогаш шестгодишниот син на едно од вмешаните лица пуштил две кучиња, ...

Четири лица, меѓу кои и градоначалникот и неговиот заменик беа уапсени за пожарот на грчкиот остров Парос, што во вторникот избувна во депонија и брзо се прошири на голема површина, а беше изгаснат по над 24 часа, јави дописничката на МИА од Атина. Државната телевизија ЕРТ објави фотографија од просторот каде што е депонијата, на која се гледа куп отпад, а пожарот оттаму се прошири на соседна површина со ниска вегетација. Во рамките на ...

Поранешниот градоначалник на Сплит, Жељко Керум, е уапсен синоќа во Вела Лука, објави „Слободна Далмација“. Според информациите на хрватскиот медиум, апсењето е поврзано со истрагата за т.н. афера „Коноба Пршут“, угостителски објект во сопственост на Керум во Каштела. Во предметот, наводно, се опфатени и уште неколку лица блиски до поранешниот градоначалник. Според достапните информации, Керум во моментот на апсењето присуствувал на ...

Во текот на летната сезона, илјадници туристи од Србија, Македонија и други земји во регионот престојуваат на грчкиот брег, а покрај приказните за гужви, цени и плажи, социјалните мрежи се преплавени со примери за човечност што ја враќаат вербата во чесноста. Една таква приказна доаѓа од Полихроно, каде што, според објава во Фејсбук групата „Грција Инфо“, жена од Ниш вратила изгубен паричник на брачен пар од Македонија. Авторот на објавата, ...

Романија наскоро би можела повторно да излезе на избори, а во центарот на политичката криза се најде лидерот на крајнодесничарската партија Алијанса за обединување на Романците (АУР), Џорџ Симион, кој жестоко го напаѓа Брисел, се залага за предвремени избори и тврди дека Европската Унија „ја уништува Европа“. Како што пишува „Политико“, Симион смета дека Романија треба да се сврти кон моделот на Европа на суверени држави и порачува дека ...

Вечерва околу 19 часот и 25 минути се случи пукање во сараевската Башчаршија, во улицата „Кундурџилук“. Според првичните информации, маж со фантомка и ракавици испукал повеќе куршуми во еден угостителки објект, но во нападот не е никој повреден. Случај ги вознемири бројните граѓани и туристи“, пишува „Аваз“. Мета на нападот бил наргиле-бар, кој се опишува како популарно собиралиште на младите во самиот центар на градот. Во моментот на ...

Европската Унија ги повика на воздржување од изјави и потези што не придонесуваат за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, откако српскиот претседател Александар Вучиќ повторно изјави дека Косово е составен дел од Србија. Портпарол на Европската комисија, одговарајќи на прашање за последните изјави на Вучиќ, нагласи дека „само преку дијалог може да се постигне напредок во нормализацијата на односите меѓу Косово и Србија. Треба да се ...

Додека пожарите продолжуваат да ја пустошат јужна Европа, најтешко е погодена Грција, каде што двајца пожарникари загинаа на Крит, додека Турција, Шпанија и Франција исто така се борат со пожари. Двајца грчки пожарникари загинаа во среда на островот Крит, каде што голем шумски пожар брзо се прошири поради силни ветрови, а властите наредија евакуација на околните села, објави грчката противпожарна служба. Пожарот избувна порано во среда во ...

Во Сараево, во Башчаршија, вечерва околу 19:25 часот имало пукање. Според Klix.ba, пукањето се случило на улицата Кундурџилук пред бројни ресторани и продавници. Ова предизвикало паника кај гостите, бројните минувачи и туристите. Улицата е блокирана, а полициските службеници го обезбедуваат местото на пукањето. Засега, како што објавува Klix, нема информации дали има повредени лица или дали полицијата го уапсила лицето кое пукало од ...

Пожарот на Крит прерасна во смртоносна катастрофа во јужниот дел на Ретимно, каде што двајца пожарникари загинаа, шест населени места добија наредби за евакуација, а дел од заглавените граѓани беа извлечени по море. Ураганските ветрови ги приземјија противпожарните авиони и хеликоптери во моментот кога огнениот фронт се прошири на повеќе од 15 километри. Загинатите пожарникари биле на возраст од 25 и 58 години. Едниот бил сезонски пожарникар, ...

Полицијата во Србија уапси пет лица осомничени за поседување материјали со сексуална злоупотреба на деца и за нивна онлајн сексуална експлоатација, објави „Н1“. Осомничените се на возраст од 24 до 59 години и се од Белград, Ваљево, Нови Сад, Сремска Митровица и Ниш. Според српското Министерство за внатрешни работи, постои сомнение дека подолг временски период преку интернет преземале, чувале и споделувале материјали што прикажуваат сексуална ...

Полицијата во Србија уапси пет осомничени за поседување порнографски материјал и за искористување деца за порнографија, објави „Н1“. Осомничените се идентификувани како 52-годишниот И. М. од Белград, 49-годишниот В. Л. од Ваљево, 37-годишниот Б. Л. од Нови Сад, 59-годишниот Д. О. од Сремска Митровица и 24-годишниот С. Ѓ. од Ниш. Како што наведува српското Министерство за внатрешни работи, постои сомнение дека осомничените подолг временски ...

Туристичкиот бум во Црна Гора ја става малата јадранска земја меѓу најдинамичните европски дестинации во 2026 година. Во првите пет месеци биле регистрирани повеќе од 604.200 пристигнувања на странски туристи, а специјализираниот портал „Travel and Tour World“ оценува дека земјата брзо ја зацврстува позицијата на туристичката карта на Југоисточна Европа. Најмногу гости и натаму пристигнуваат од Србија и Босна и Херцеговина, но расте ...

Трагичен настан се случи попладнево во селото Домен, кај Скадар, во северниот дел на Албанија, во кој при пожар во куќа животот го загубила мајка со две малолетни деца. Според првичните информации од увидот пожар избувнал во кујната каде жената готвеле и со голема брзина се проширил, што условиле неможност да излезат од куќата. “Како последица на пожарот животот го загубија 24-годишна жена и нејзините две малолетни деца, на возраст од една и ...

Трагичен случај е регистриран во грчкиот град Ламија, каде што 74-годишна жена го загубила животот откако се задушила додека вечерала. Според информациите што ги објавија грчките медиуми, за време на оброкот парче месо ѝ ги блокирало дишните патишта, по што таа почнала да се гуши. Лицата кои биле во нејзина близина веднаш реагирале и се обиделе да ѝ пружат прва помош, додека истовремено била повикана и Итната медицинска служба. И покрај ...

Двајца пожарникари го загубија животот на грчкиот остров Крит за време на гаснење на пожар во близина на градот Ретимнос, а неофицијално со нивното возило се заглавиле меѓу огнените јазици, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот во близина на Ретимнос избувна околу 14.30 часот во ниска вегетација, а во гаснењето интервенираат 110 пожарникари со шест пешадиски тима, 27 возила и четири хеликоптери, а помагаат и цистерни од општината. Од ...

Во продолжение на акцијата „Армагедон“, припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за техника, Службата за борба против високотехнолошки криминал, во соработка со Полициските управи за град Белград, Ваљево, Нови Сад, Сремска Митровица и Ниш, по налог на Посебното одделение за борба против високотехнолошки криминал, уапсија пет лица поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело прикажување, прибавување и ...

Унгарските власти го активираа највисокото ниво на готовност за справување со сушата, откако недостигот од вода достигна критично ниво на речиси три четвртини од територијата на земјата. Министерот за заштита на животната средина Ласло Гајдош соопшти дека индексот на суша го надминал законски утврдениот праг од трет степен во 66 од вкупно 84 водостопански подрачја. Вонредниот режим на работа ќе се применува на 74 проценти од територијата на ...

Фалби за владеењето на Владимир Путин и претставување на анексијата на Крим како „враќање кон Русија“ – се дел од содржината на книгата „За Русија и Русите“, донирана на училиштата во Србија и Република Српска од Фондацијата „Руски мир“, која е под санкции од Европската Унија, пишува Радио Слободна Европа/Радио Либерти. Во јули, фондацијата објави дека, со помош на руското Министерство за надворешни работи, обезбедила опрема и учебници за 60 ...

„Мислам дека секоја година е сѐ полошо. Сѐ што одгледувам во мојата градина, оваа година се исуши. Апсолутно сѐ. Можете да полевате колку што сакате, но ни тоа нема да помогне“, се пожали Вера, жителка на мало гратче во близина на Микулов, во јужноморавскиот регион на Чешка. Низ Чешка, Словачка и Унгарија, историската суша остава тешки последици врз жителите, стопанството и врз критичната инфраструктура. Причина за тоа е комбинацијата од ...

На утрешната седница, Советот на министри на БиХ треба да го разгледа барањето за доделување државјанство на Илија Перекопски, руски бизнисмен и еден од луѓето поврзани со основањето на Телеграм и социјалната мрежа VK, пишува Klix.ba. Перекопски е близок со Павел Дуров, основачот на Телеграм, кај кого студирал. Кlix наведува дека станува збор за претприемач кој бил вклучен во неколку бизниси поврзани со криптовалути и финансиско посредување, ...

Турската полиција ја приведе градоначалничката на Ускудар, Синем Дедеташ, која раководи со една од најголемите општини во Истанбул, поради сомневања за измама и за поткуп, објави „Туркије“. Надлежните истражуваат наводи поврзани со Дедеташ и со пет други луѓе, меѓу кои и заменик-градоначалникот и раководители во општинската компанија „Кент А.С.“, поради сомневања за нерегуларности во постапките за издавање градежни дозволи. Јавното ...

Како што Црна Гора се приближува кон членство во ЕУ, Брисел вработува службеници што зборуваат црногорски, започнувајќи ја практичната работа потребна за јазикот да стане 25-ти официјален јазик на Унијата. Правната служба на Советот на ЕУ бара асистенти за да помогнат во изготвувањето на договорот за пристапување на Црна Гора во ЕУ, кој ги содржи правилата според кои земјата се приклучува кон блокот, како и за преведување закони, објави денес ...

Издадено е вонредно предупредување за целата држава, во кое се наведува дека Србија се соочува со силен, продолжен топлотен бран. Во предупредувањето се наведува дека се очекуваат максимални температури од 35 до 40 °C најмалку пет последователни дена, почнувајќи од 30 јули. Поради зголемувањето на температурите, активирано е портокалово временско предупредување на териториите на Бачка, Банат, Поморавље и југоисточна Србија, а жолто во ...

Полицијата во Република Српска привела лице од Илиџа под сомнение дека измамило жител на Бања Лука, ветувајќи му дека ќе му помогне да се ослободи од наводна „црна магија“. Според полициските информации, осомничениот од оштетениот зел пари и златен накит. Точната вредност на одземеното треба да биде утврдена во истрагата. Случајот се обработува како сомнение за измама. Полицијата потсетува дека граѓаните не треба да даваат пари или вредни ...

По налог на Основното јавно обвинителство во Алексинац, вчера во 21:30 часот му е одреден притвор во траење од 48 часа на осомничениот А.В. (34) од територијата на АП КиМ, припадник на т.н. косовска полиција, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело противправно лишување од слобода, на штета на својата емотивна партнерка, оштетената И.Ж. од територијата на град Крушевац. Осомничениот се терети дека во периодот од 27 јуни ...

Нарадата за квалитет „Сино знаме“ е отстранета од девет грчки плажи на островите Хиос и Парос, бидејќи или не биле соодветно организирани за оваа сезона или при контролите било утврдено дека не ги исполнуваат строгите критериуми на програмата, но во секој случај квалитетот на водата за капење останува одличен согласно стандардите на програмата, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкото друштво за заштита на природата што воедно и ...

Патнички брод со 238 лица се насука на реката Дунав во близина на романското место Салча поради екстремно нискиот водостој, пренесуваат AFP и романскиот портал Digi24. Since the pitch black of midnight all alone with our multidirectional engines – until 0900AM with a massive Slovakian tug to assist- we haven’t budged! Romania on one side; Bulgaria the other. The Danube is still winning! https://t.co/rmEmxnEu7J pic.twitter.com/DUeBvxYcDB — ...

weather icon

Скопје

3ᴼ / 3ᴼ
1.03
81%
1027
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1028
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
65%
1028
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1027
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.54
86%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
85%
1028
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 11ᴼ
0.0
71%
1023
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.275
64%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Цинк

3.76

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35