Кинотеката на Македонија ја најавува септемвриската програма, за која велат дека ќе донесе вистински филмски празник за љубителите на седмата уметност. „Овој месец е посветен на антологиските филмови од историјата на светската кинематографија, како и на значајни македонски играни и краткометражни остварувања. На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот“, раскажуваат од Кинотека. Како што додаваат оттаму, ...

Сузана Спасовска и во седмата деценија од животот зрачи со харизма, енергија и позитивност како од почетоците на нејзината кариера. Познатата македонска пејачка наполни 61 година, а на својот Facebook профил се пошегува со годините на забавен начин, но не пропушти и да сподели дека се чувствува благословено. Сузана објави неколку фотографии со роденденската торта и напиша: Си велам, а да си ги сменеа местата овие две бројки? 16 наместо 61, ...

Зоран Кардула е еден од најпрепознатливите македонски визуелни уметници, чиј опус ја преминува границата меѓу графичкиот дизајн, илустрацијата и уметничкиот активизам. Неговите дела се движат од минималистички и симболички постери до експериментални дигитални колажи, во кои се испреплетуваат локалното културно наследство и глобалните поп-културни кодови. Со способност да создава визуелни наративи кои истовремено се интимни и колективни, Кардула ...

Со моќна порака, огромна љубов кон татковината и длабока почит кон музичкото наследство, вечерва од Охрид тргнува музичкиот караван на проектот „Македонијо во срце те носиме“. Преработката на безвременската „Нема друга Македонија“ – изведба што претставува симболично заокружување на досегашната работа и горд почеток на ново музичко патување низ Македонија, е последната композиција која јавноста има можност да ја чуе во рамки на проектот. Под ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари средба со делегацијата од Центарот за археологија „Лајбниц“ во Мајнц (Leibniz-Zentrum für Archäologie – LEIZA, Mainz), предводена од генералната директорка, проф. д-р Александра Буш, придружувана од д-р Ингрид Штелцнер и проф. д-р Роланд Шваб. На состанокот, министерот Љутков го потенцираше значењето на соработката со оваа врвна меѓународна институција, која има водечка улога на ...

На 17 август, физички си замина академик Сретен Перовиќ (1932-2025), истакнатиот црногорски писател што беше наш, македонски пријател и современик, потврден македонист, повеќедецениски промотор на високите вредности на македонската книжевност. Во изминативе децении творечка активност, тој од македонската поезија има препеано над 50 000 стихови на српски и црногорски јазик. Тоа е импозантна бројка, зад која, по правило, би требало да стои ...

Во рамките на програмата „Гевгелија-Град на културата 2025“, во вторник (26.8.2025), во 21 часот, во Уметничката галерија „Амам” ќе биде отворена изложбата „Пчелна уметност”, од авторот доц. д-р Филип Цветковиќ. Изложбата претставува единствен уметнички концепт кој ја спојува научната рефлексија со визуелната естетика, преку теми инспирирани од животот на пчелите-како симбол на општествената кохезија, трудољубивоста и биолошката рамнотежа, но и ...

Поп-пејачката Ангела Здравковска, која живее во Берово, ја преработи изворната малешевска песна „Да ти купам мека махмудија“, која оригинално ја испеал Љупчо Дучевски, а сега, како што вели, таа добива едно ново, современо руво. Аранжер и продуцент на новата верзија е Диран Тавитјан. „Во соработка со маестро Диран Тавитјан, создадовме верзија која ја носи душата на Малешевијата, но зборува и на јазикот на новото време: џез, емоција и искреност. ...

Ретка е можноста да се запознаеме со една авторка чија животна приказна ја спојува прецизноста на архитектурата со длабочината на духовното истражување. Родена и образувана во Македонија, таа ја изгради својата кариера во престижни архитектонски компании и проекти со меѓународна тежина, за денес да биде успешен професионалец со сопствено студио во Австрија. Но покрај кариерата, во последната деценија таа ја насочи својата енергија и кон ...

На репертоарот ќе се најдат ремек-дела што го обележале златното време на филмот. Посебно место во програмата ќе имаат и македонските краткометражни филмови, кои на најдобар начин ја претставуваат енергијата и креативноста на неколку генерации автори. Кратката форма ќе биде претставена преку избор на значајни остварувања, кои ги истражуваат интимните приказни, урбаните пејзажи и социјалните предизвици. Овие проекции се можност публиката да се ...

Краткиот документарен филм „Антигона“ на Ибер Деари и Мирсад Абази ја пренесува приказната на една жена која започнува тивка револуција. Наследувајќи ја работата на својот татко камионџија, таа отвора нови можности за жените околу себе. Бидувајќи единствена врска помеѓу селата и светот надвор, таа растовара тешка стока, поздравува познати лица и се движи во свет обликуван од мажи и нивните очекувања. Со тивка решителност, Антигона ja прифаќа ...

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против галаксијата”, во режија на Гоце Цветановски, ќе ја има својата австралиска премиера на Sydney Science Fiction Film Festival – најголемиот филмски фестивал во Австралија посветен на научната фантастика. Шестото издание на фестивалот ќе се одржи од 3 до 5 октомври во центарот на Сиднеј во престижниот комплекс Event Cinemas George Street. Филмот на Цветановски е во трка за наградата ...

Скулпторот Озбек Ајваз вечер, во 20 часот, во Мобилна/Монтажна галерија, локација: Парк на франкофонија, ќе ја претстави својата втора самостојна изложба „Гласот на минатото“ – скулптурална инсталација поставена во јавен простор. -Делото претставува уметнички потсетник на едно време кога читањето весници беше секојдневен ритуал, а вестите се примаа со трпение, внимание и доверба во изворите. Со својата форма и порака, скулптурата ја оживува ...

Струмица, 25 август 2025 (МИА) - Триесет и третото издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ традиционално почнува на 8 септември, на Денот на независноста, а годинава на програмата се 13 остварувања од земјава, Бугарија, Србија и Сардинија, Италија, кои ги одбра селекторот Љупчо Ѓоргиевски, информираше директорот на Фестивалот, Ванчо Ристов Патриков. И годинава единствената награда на највисоко актерско остварување ...

Актерката Вероника Ечеги почина на 42-годишна возраст. Шпанската ѕвезда беше хоспитализирана во Мадрид и почина во неделата по борба со ракот, објавија локалните медиуми. Во текот на нејзината 18-годишна кариера, таа се појави во повеќе од 30 филмови и ТВ серии, а е најпозната по улогата во филмот од 2008 година „My Prisoner’s Yard“ , во режија на Белен Масијас и продуциран од Педро Алмодовар, пишува „Дејли меил“. Нејзиниот пробив во шпанската ...

Во Скопје, градот каде што е родена и израсната една од најбрилијантните личности на човештвото, Света Мајка Тереза, денес се одржа настан по повод 115-годишнината од нејзиното раѓање, каде што беа промовирани три нови дела посветени на нејзиниот живот и дело. Настанот го организираше Центарот за духовно и културно наследство на Албанците, собирајќи истакнати личности од културниот, академскиот и религиозниот живот за да оддадат почит на животот ...

Сè е подготвено за утрешната Меѓународна завршна конференција на проектот „Инкултура“, во организација на Институтот за туризам, едукација и менаџмент – ИТЕМ, која ќе се одржи во Битола , во “Пионерски – Книга бар“ на 26 август.Настанот предизвикува огромен интерес кај јавноста, академската заедница и граѓанските организации, кои ќе имаат можност да слушнат и споделат искуства за социјална иновација и претприемништво во меѓукултурен и ...

Алекса Реј Џоел зборуваше за здравјето на нејзиниот татко Били Џоел, додека легендарниот пејач се бори со мозочно нарушување. Џеол (76) во мај објави дека му е дијагностициран хидроцефалус кој влијае на неговиот вид, слух и рамнотежа. Пејачката на „Риверсајд Веј“, која е ќерка на Били и неговата поранешна сопруга, супермоделот Кристи Бринкли, 71, рече дека нејзиниот татко бил „неверојатно отпорен“ во однос на неговите здравствени проблеми. „За ...

17. фестивал БОШ, во организација на Здружението на граѓани „АРТ ЕКВИЛИБРИУМ“ од Гевгелија, ќе се одржи на 29 и 30 август 2025 година како дел од програмата на манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“. Изложби, инсталации, филмови, промоција на роман, работилница за деца, видеопроекции, концерти и други содржини ќе бидат дел од програмата на овогодинешниот БОШ фестивал. Дводневната програма ќе се одвива во и пред Народниот ...

На оваа ретроспектива се изложени преку 300 фотографии, неколку објекти – симболи на христијанството, како и плотер-принтови со актуелните случувања од секојдневието со акцент на блиски теми од опкружувањето. Студиозно пристапивме кон овој проект, чинам две и пол години заеднички го подготвувавме, а неговата реализација сега е претставена пред целокупната јавност“, посочува кураторот на изложбата, виш кустос Маја Крстева Во Чифте-амам се ...

Повеќе од 30 години откако починатата пејачка и текстописец Шинед О’Конор беше забранета на Саботното вечерно шоу на „Ен-Би-Си“ поради нејзиниот озлогласен настап во кој искина фотографија од папата Јован Павле II, продуцентот на шоуто Лорн Мајклс, рече дека би ја замолил повторно да се појави на прославата по повод 50-годишнината од емисијата. Во ново интервју, 80-годишниот Мајклс зборуваше за заедничката изведба на песната „Ништо не се ...

Гала Матевска е лауреатка на наградата „Енхалон“ за најдобра песна прочитана од млад автор на 64. Струшки вечери на поезијата. НУМ СВП соопшти дека одлуката ја донела тричлена жири-комисија во состав: Стефан Костоски (претседател), Никола Ѓелинчески и Пепи Стамков. Во образложението на жирито се вели дека „Студ“ изобилува со цврсти поетски слики за кревкоста на телото и тежината на душата, дека времето „тече и се преклопува“, а вистината се ...

Елена Најдоски максимално ги искористи летните денови. По авантурата на француската ривиера, русокосата водителка на емисијата „Живот со стил“ уживаше и во Грција. „Драго лето, ти ми си омилено“ – напиша таа. Од стилски аутфити со впечатливи модни додатоци, вкусна храна и егзотични места до дружби и релаксација... Елена и нејзиниот сопруг Бојан несомнено можат да се пофалат со супер спомени од лето 2025 година. Елена и Бојан стапија во брак во ...

На 2 септември 2025 година, во 19 часот, во Младинскиот културен центар – Скопје ќе биде отворена самостојната изложба „Маските како лице на денешницата“ на уметницата Бојана Мандевска. Изложбата претставува колекција од рачно изработени глинени маски, преку кои авторката ја преточува својата внатрешна приказна – емоции, мисли и искуства обликувани во уникатни ликови. Делата се инспирирани од секојдневието, од околината и од современото ...

На први септември на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) е закажана премиерата на претставата „Ангели во Америка – Среќна фантазија на национални теми Дел I: Милениумот наближува“ од авторот Тони Кушнер, а во режија на Филип Петковски. Во претставата играат: Јордан Симонов, Александар Стоименовски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска. Сценограф е Мартин Манев, ...

Во рамките на програмата „Гевгелија-Град на културата 2025“, во вторник (26.8.2025), во 21 часот, во Уметничката галерија „Амам“ ќе биде отворена изложбата „Пчелна уметност“, од авторот доц. д-р Филип Цветковиќ. Изложбата претставува единствен уметнички концепт кој ја спојува научната рефлексија со визуелната естетика, преку теми инспирирани од животот на пчелите-како симбол на општествената кохезија, трудољубивоста и биолошката рамнотежа, но и ...

Наум Џуклески од Охрид, магистер по тон – режија, професор по хармоника. Композитор,аранжер,продуцент. Вработен во ОМУ”Методи Патче”. Голема благодарност до Публицитет што ми го честита роденденот. За мене секоја измината година претставува ново искуство, нови знаења, поголема мудрост. Роденденот ќе го прославам со моите најмили кои ми се и најголемата поддршка во животот. Па се надевам дека во таква хармонична и убава атмосфера ќе се „роди’ и ...

Актерката Хелен Мирен, една од ѕвездите на „Клубот на убиства во четврток“, филм за група пензионери кои уживаат во решавање на нерешени случаи на убиства, рече дека е одлично да се видат животните искуства на постарите луѓе како се слават на екранот. Осумдесетгодишната Мирен ја игра поранешната шпионка Елизабет Бест во новата мистерија на „Нетфликс“, која заедно со нејзините пензионирани пријатели кои ги играат Пирс Броснан, Бен Кингсли и ...

Тамара Тодевска со фотографии и пораки ѝ го честиташе 37-миот роденден на својата другарка Катарина Ивановска. Македонската пејачка на Instagram Story сподели заеднички моменти со убавиот модел, а на секоја од „приказните“ напиша краток текст. Еве што стои на нив: „Роденденке? Те сакаме. Биди здрава и жива. Остани таква каква што си. Згодна, убава. Супер мајка. И супер другарка“. Тамара и Катарина со години се многу добри пријателки. Тие со ...

На 27 август (среда), со почеток во 19:00 часот во Офицерски дом, Битола ќе се орджи промоција на монографијата за Кире Костов. Во градот каде што ги направи првите музички чекори, ќе се одржи промоцијата на монографијата посветена на маестро Кире Костов – трубач, композитор, аранжер и диригент чијшто звук остана дел од колективното паметење на Македонија. Монографијата претставува сведоштво за неговиот творечки опус – од првите композиции, ...

МВР Билтен

1 минута - МИА
weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
64%
1019
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
6.69
66%
1017
weather icon

Загреб

21ᴼ / 18ᴼ
1.03
79%
1016
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
7.2
64%
1022
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
4.98
52%
1021
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 16ᴼ
1.03
95%
1017
weather icon

Атина

26ᴼ / 24ᴼ
4.12
51%
1018
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
1.54
83%
1018
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
0.51
64%
1018
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
3.09
67%
1024
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
4.12
69%
1017
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
9.26
60%
1020
Currency

61.54

Currency

52.4481

Currency

71.1034

Currency

34.8348

Currency

37.8637

Currency

65.8207

Currency

7.36965

Currency

0.6264

Currency

0.35527

Currency

0.52552

Currency

1.2681

Currency

0.59431