Проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ од реномираниот мултимедијален уметник Велимир Жерновски ќе ја претставува нашата земја на 61. Биенале за уметност во Венеција што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година. Македонскиот национален павилјон ќе биде сместен на локацијата „Спацио Кастело 77“ на влезот во престижното Арсенале. Нашето претставување на Биеналето го организира Музејот на современа уметност – Скопје (МСУ), под ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими уметникот Велимир Жерновски и кураторот Тихомир Топузовски, во пресрет на нивното учество на 61. Биенале за уметност во Венеција. На средбата беа разменети мислења за концептот и подготовките на македонскиот павилјон, како и за уметничкото решение со кое ќе се претставиме пред меѓународната публика, на настанот што со децении ја возбудува светската културна сцена и јавност. ...