
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Нема делимична или половична вистина. Половична или делимична вистина е комплетна лага. Лагата бара малку, затоа не и’ недостига следбеници и корифеи. Вистината бара се’. Затоа вистината секогаш е сама. Ајде, сега, на почеток, да се лажеме. Се родив и растев во компактно, „среќно“ и традиционално семејство на татко, мајка и две деца. Ова, се разбира, е лага. Вистината е дека сум одгледан и растен од самохрана мајка (жена боркиња!) која остана ...
Слушам луѓе денес, а тие луѓе од денес беа и вчера, како ми велат: „додека СДСМ беше власт, претеравме со критика кон нив“; и овде, токму на ова место, токму во оваа реченица, ја гледам и разбирам задоцнетата памет на „нашиот човек“, а таква е паметта, секогаш е задоцнета. Сфаќаат луѓето дека од преголема и дивјачка критика кон СДСМ, најголемата корист ја извлече токму ВМРО-ДПМНЕ со нивниот феудален господар. Добро, некој мрсомуд ќе рече, „па, ...
Знаете што се тоа колумнисти? Тоа се сорта од луѓе кои додека пишуваат „за другите“, во основа пишуваат за себе и својот внатрешен свет. Па, ајде сега и јас, во овој петочен текст да тргнам од онаа друга точка, што значи – од себе. Кога беа на власт социјалдемократите (алијас „комуњарите“), сенешто ми се припишуваше на моите (не)мали раменца. Прво и најважно, сум бил „пун ко брод“, оти, нели, на милост сум на власта, поточно сум бил еден од ...
„Министерот за транспорт и врски, Николовски, за само два дена изјави дека „направиле ревизија“ на сите издадени лиценци од страна на неговото министерство, а веќе следниот ден призна дека постои огромна дупка во капацитетите на инспекторатите на државните органи. Како, господине министре, за толку кратко време ги утврдивте сите околности за издадените лиценци, ако истовремено признавте дека инспекторатите немаат капацитет? Оваа контрадикторност ...
Став на Бојан Мишкоски 7 денови жалост. 7 црни денови, завиени во плач, ожалостување и тага по изгубени млади животи. 7 денови, тешки како 7 години, или поточно 35. Не пишував, не зборував, решив да премолчам. Не поради тоа што е политички коректно, туку поради тоа што вистински сочувствував со секој кој изгуби дел од себе, свое дете, внуче, брат, сестра, другар, пријател, колега, цимер, познаник… Не можев… штом ја допрам тастатурата, солзи ми ...
Ако падна малку паниката кај ДПМНЕ, за што се сомневам, да разгледаме некои од нивните параноични тези како што се шарена револуција и српско сценарио. За шарена револуција прво нема услови, а второ нема ни причина. Прво нема кеш од стратешкиот партнер за перјаниците од шарената. Им пресуши тој бунар. Второ, нема ни прични такво нешто да се прави? Се е дадено шо требаше да се даде. Уште Бугари во Уставот остана. А тоа Мицко веќе ви го вети. ...
„Добро дрво не може да дава лоши плодови, ниту пак лошо дрво да дава добри плодови.“ Матеј 7:18 Или, за мицковистичките штабомани да се обидам да преведам: Со кого против кого ќе се борите? Сами против себе?! Против Јанушев? Милошоски? А. Николовски? Анѓушев? Велјановски? Ковачки? Онаа министерката уште од времето на велико-бугарашот Љјубчо? Кој систем со кого ќе го менувате – оној во чие градење учествувате 30 години?! И тоа ова се само неколку ...
Најјака појава на политичкава сцена е т.н. “независно” граѓанство. Оние неутралните во време на општ распад. Постојано се жалат како ништо и никој не им чини, ги ставаат сите во ист кош (оти они нели мора некако да се издвојат себеси), а притоа, кога ќе има некој добар предлог за корисни политики и закони (секако од Левица), секогаш зборуваат апстрактно – ко да таа работа паднала од небо, сама се појавила на дневен ред, сама се сработила. Па ...
Институтот пратенички прашања е уставен инструмент за ПАРЛАМЕНТАРНА КОНТРОЛА над власта (чл. 72, ст. 3 од Уставот на РМ), кој потоа е гарантиран и во чл. 15 од Законот за пратениците (Сл. весник на РМ бр. 84/2005). Потоа, тој е доуреден и прецизно разработен во посебен оддел од Деловникот на Собранието на РМ (дури во девет члена). Правилото е дека се одржуваат ЗАДОЛЖИТЕЛНО, секој последен четврток во месецот, а премиерот МОРА да присуствува! Но, ...
Фокусот на јавноста во изминатите денови e трагедијата во Кочани, најголемата трагедија во поновата историја на Македонија. Животот го загубија 59 млади луѓе, а причините лежат во бројни системски пропусти на државата, корупција и политичката незаинтересираност на валдејачките гарнитури. Загубата е преголема, тагата исто така, но присутно е и чувството на немоќ, да се променат работите кон подобро. Повторно се зборува за несреќата кај Ласкарци, ...
Во ситуации на големи трагедии, јавноста често станува сведок на внимателно режиран процес на манипулација, кој има за цел да ја оттргне вината од најодговорните. Анализата на Венко Крстевски укажува на шаблонски метод со кој преку создавање на „херои“ се дефокусира јавноста од суштинските прашања за одговорност. Процесот започнува со ширење на непроверени информации за „обични“ луѓе, чии постапки во моментот на трагедијата добиваат херојски ...
Рудникот Тораница чие пукање на цевка ја загади водата на Крива Река со отрови и тешки метали е во сопственост на бугарскиот олигарх Николај Валканов од „Мултигруп“, денес сопственик на компанијата “Минстрој – Булмак”. Валканов имаше средби со актуелниот премиер Мицковски и со Зоран Заев додека беше премиер и секогаш во јавноста имаше пофални зборови за соработката со македонските власти. Дотолку повеќе што на почетокот на мандатот на ...
Трагедијата која ја потресе Кочани, предизвика големи реакции кај јавноста, која бара одговорност од институциите. Многу прашања останаа без одговор, но еден глас особено се истакна. Весна Ангелова, со остар став на социјалните мрежи, ги повика властите да се соочат со својата одговорност, и ја критикуваше нивната негрижа и неспособност. Нејзината објава не само што ги обелодени сериозните недостатоци на системот, туку и ги мобилизираше ...
Правилната дефиниција на ужасите што Израел ги прави во Газа е прашање за кое повеќе од една година се дебатира меѓу истражувачите, адвокатите, политичките активисти, новинарите – дискусија на која повеќето Израелци не се изложени. Точно, за илјадници убиени и ранети деца, сираци, за бебиња кои умреле од смрзнување во Газа, не е важно која дефиниција ќе биде усвоена на крајот од Меѓународниот суд на правдата или историчарите. Марк Твен напишал: ...
Ужасната трагедија во Кочани ги запре напорите на владејачката коалиција да спроведе кадровска реформа на клучните позиции во правосудството. Имав целосно разбирање за фактот дека во околности кога целата нација беше во жалост и гневна поради она што се случи во Кочани, промената на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, на пример, ќе беше разбрана како „блокирање“ на истрагата, па дури и како обид таа да се забошоти. Спин по спин – приказна ...
Прашањето од насловот не е само реторичко, а неговата контекстуализација со Гевгелија е сосема случајна односно може да биде и со секој друг македонски град со блиску 18.000 жители. Гевгелија (според фамозната Википедија) има 15.158 жители, со што е најблиску до посочената бројка. Струга е исто така блиску со 15.009, Радовиш има околу 14.460 жители итн. Но зошто бројката од 18.000? Затоа што старо-новиот „лидер“ на последниот соцреалистички ...
(Leonard E. Read: “I, Pencil: My Family Tree”, 1958) Дали може самите да направите еден навидум обичен производ како што е моливот? Одговорот го даде американскиот економист Леонард Рид во есеј објавен во далечната 1958 година, подоцна популаризиран од страна на нобеловецот Милтон Фридман. Со моите студенти овој поучен пример сум го споделувал уште од далечната 1986 година, кога за прв пат дојдов до есејот за моливот. Моливот е резултат на ...
Согласно Законот за изменување и дополнување на законот за организација и работа на органите на државните управи, донесен во јуни 2024 година, со кои измени (меѓу другите) Државниот просветен инспекторат (ДПИ) не е правен субјект и продолжува од 1.01.2025 година, да работи како орган во состав на правниот субјект Министерството за образование и наука (МОН). Надлежност на министерот за образование и наука за работата на ДПИ Поаѓајќи од овие ...
Почитувани читатели, мојата борба за вистина поврзана со стечајот на Еуростандард банка е мој непресушен порив. Мотивот да продолжам со истражувањата за причините за ваквата состојба во која што денес се наоѓа нашата држава е сѐ посилен. Имаме руиниран систем кој како карамбол ги урива најбитните институции: образование и здравство, сите челни државни институции, личниот кодекс на чесност, праведност и одговорност. Површен систем. Роден сум, ...
На 21-та Конференција за климатски промени во Париз (COP21), после десетици години поминати во преговори, земјите потписнички на Рамковната конвенција за климатски промени на ООН (UNFCCC) постигнаа Договор за борба против климатските промени со цел одржување на зголемувањето на глобалната просечна температура под 2°C над прединдустриските нивоа, настојувајќи да го ограничат зголемувањето до 1,5 °C. Вкупно 195 земји го ратификуваа договорот на ...
Kако авијатичар што сиот свој волонтерски и професионален пат го минал во македонската цивилна авијација, секогаш се радувам на секој нов востановен лет или дестинација, од и кон Скопје или Охрид. Се радував повеќепати и во минатото кога ја најавив можноста, а подоцна и учествував во формирањето на првата македонска авиокомпанија. Препорачано Наспроти моите лични знаења, размислувања и повеќедецениско искуство во воздухопловството, се јавуваат ...
Бранко Прља Хиперпродукцијата не е само технолошки феномен – таа е и културна и етичка дилема. ВИ може да биде моќна алатка, но само ако ја насочиме кон создавање на значење, а не на обем. Историјата нè учи дека вистинскиот напредок е во идеите што го менуваат светот, а не во податоците што го преплавуваат… Без освестување, ризикуваме да потонеме во дигитален океан каде оригиналноста е заборавена, а значењето е жртвувано во бескрајниот шум на ...
Страшо АНГЕЛОВСКИ Никогаш до сега не сум коментирал зборови на луѓе без сопствено мислење, зборови кои им се напишани и дадени на прочит од нивните “газди“, кои ги инсталирале беспоговорно да служат на марксистичко-либералните воинствени заложби. Но, зборовите на заменик генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, изречени на неформалната средба на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ во Варшава, претставуваат закана по европскиот ...
„Мојата филозофија, господине претседателе, вели дека странците сакаат да не ограбат, а нашата задача е ние да ги ограбиме пред тие да го сторат тоа“. Со тие зборови, американскиот министер за финансии го увери претседателот дека е дојдено време да се изврши голем удар врз глобалната економија. Според еден од луѓето на претседателот, целта била да се предизвика „контролиран колапс на светската економија“. Ова не се зборовите што ги изговорија ...
Одиме во крајности. Таква е средината. Не е точно дека политичарите не прават ништо за нас. Нè прават будали. Се обидовме да разбереме зошто власта нè третира како идиоти. Ќе разберевме да не бевме идиоти. Пописот покажа дека сме малобројни, изборите дека сме малоумни. Сите се против нас. И ние. Сите гласаа против нас. Само ние бевме воздржани. Такви сме по природа. И по општество не сме подобри. Ми рекоа да ја гледам големата слика. ...
Како човек кој со години посветено се залага за развојот на рударската индустрија и кој верува дека таа е темел на економскиот просперитет на државата и нејзините граѓани, чувствувам одговорност да се осврнам на последниот инцидент во рудникот „Тораница“. Ова се непосакувани настани што не само што ја нарушуваат животната средина, туку фрлаат сенка врз целата индустрија. Сепак, токму затоа е важно да се повикаат на одговорност оние кои не си ги ...
Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Наташа Димова, претседателка, „Мрежа Стела“ Кога првпат се најдов во улогата на менторирана личност, чувствував голема несигурност. Имав многу прашања и не знаев од каде да почнам. Во тој момент, мојата менторка ми кажа реченица што ја паметам и денес: „Не си сама. И јас бев таму ...
Многу често кога бизнисот не расте, се обидуваме да најдеме причина во производот што го нудиме, во пазарот, во конкурентите. Но, една од главните причини можеби сме ние. Да, можеби треба да се запрашаме колку ние сме пораснале и сме се развиле како личности и професионалци? И токму тука, во тоа „променување на мајндсетот“, лежи клучот за вистинскиот раст. Пишува: Милан Савов, сопственик и директор на SmartClick | SEO & Web Development Јас ...
„Некои луѓе не ги паметиш по имиња, туку по дела. По тоа што некогаш стоеле со тебе на прагот на некое искушение, и ти прозбореле, те поздравиле, ти помогнале. Си видел дека се луѓе, а денес човек е титула, не само збор“ – парафразирано, од автор на кој не можам да се сетам. Но, некако ме потсети на актуелните односи меѓу Македонците и Бугарите. Народи и нации Што е народ, а што е нација? Ако се држиме до строгите дефиниции, тогаш, „народ“ е ...
Секое раѓање дете треба да биде момент на радост и надеж – славење на животот и ветување за иднината. Сепак, за премногу семејства низ светот, вклучително и во нашиот регион, останува период на страв и неизвесност. Овој Светски ден на здравјето 2025 го посветуваме на здравјето на мајките и на новороденчињата, препознавајќи го значителниот напредок што го постигнавме, но и итните предизвици што преостануваат. Препорачано На Светското здравствено ...