(пишува Ана Салтирова Давидовски - автор, NLP тренер и coach, тренер за личен развој, искусен HR професионалец) Посветено планираме одмор, службено патување, па дури и викенд. А што е со родителското патување? Дали правиме простор да се запрашаме: Како се појавувам во моето родителување? И дали тоа одговара на „сезоната“ во која е моето дете – или е баждарено на очекувањата на комшиите, предците и „другарките“? Како некој кој работи повеќе од ...

Умно.мк во соработка со Europe Housе ја реализира рубриката „Надреден знак“, во која интелектуалци од одредена област пишуваат колумни на теми што нè засегаат Пишува: Ана Ќупева, студентка по медицина, волонтерка во Европскиот волонтерски корпус на солидарноста Секој млад човек пишува своја приказна. Независно колку сме успешни во тоа што го правиме, колку многу вложуваме на нашиот пат – вредноста на создавањето некакво дело е бесценета. Тоа е ...

Треба да се упатат јавни честитки на премиерот Христијан Мицкоски и неговата десна рака Александар Николоски, со должно извинување за критиките, бидејќи Македонија навистина ќе биде најбогата на Балканот, како што ни вети премиерот со радосната вест директно од Америка од првиот ред на приврзениците на американскиот претседател Доналд Трамп. По скромната милијарда на унгарскиот премиер Виктор Орбан веќе имаме пристап на уште шест милијарди евра ...

Не, ова не се познатите зборови кога од Лондон ги соопштуваат резултатите на Британија од гласањето за Евровизија. Ниту пак повикување на познатата песна на рок-групата „Клеш“. Ова е директната алузија на првите зборови London Calling на Светскиот сервис на Би-би-си за време на Втората светска војна најчесто за радио емисиите кон окупираните земји: „Лондон ја повикува Европа“. Емитувањата на англиски јазик беа дел од радиопропагандата и ...

За чиј интерес? Секако не на македонскиот народ. Подведувањето на односот на партиите-потписнички на Рамковниот договор како однос кон ДУИ е повеќе од смислена саботажа на Рамковниот договор. Тоа е саботажа на Северна Македонија, но особено на македонскиот народ. Звучи нереално? Да одиме со ред. „Неправедноста” на францускиот предлог“ и на Преспанскиот договор се редовен емотивен речник на ВМРО-ДПМНЕ од самото нивно усвојување во Собранието. ...

27/05/2025 06:09 - Cooltura

Ова со „Црните листи“ мора да е почеток. Ајде да видиме до каде истите би оделе. Досегашните листи народот ги сфати како хајка против тогашната опозиција, и кон етничките Македонци. Кога немаме оперативен „таск форс“ и наш Рејмонд Ворингтон, тогаш барем нацијата да е во тек, па да зе знае дека сите оние дестабилизираат, кријат и стимулираат црни бизниси, проневери и криминал многу да се стават макар и на суд на јавноста, но и да се замрзнат ...

Кога пред некои 4-5 години французите ни ставија вето за почеток на преговорите со ЕУ, и покрај насилната промена на Устав, име и сите отстапки,во мое гостување кај Јанко Илковски, во Јади бурек, на прашање „Дали ќе не биде ко народ, ко нација?“ јас одговорив: „да! Затоа што господ ги чува будалите!“ Од денешна перспектива би рекол: „Не! Господ ги чува будалите, ама вредните и упорните. Мрзите, конформистите и џаболебарите сами не се сакаат, па ...

Една од добрите работи кои од концептуално до практично ниво почна да се реализира од самиот старт на новата Влада, е спојувањето на ресорите на културата и туризмот. Лично, на оваа тема имам пишувано и дебатирано многу пати низ годините, и сметав (и се уште сум на истото мислење) дека туризмот, како и во дел од државите во светот, треба кај нас да биде поврзан со културата. За почеток, затоа што токму културата, историјата, културното ...

Никогаш не сме автентични и свои. Секој пат некој друг треба да направи нешто, па ние „копи пејст“, иако, неретко, поводот, причините и околностите се различни. Забегаа цените на прехранбените производи, дури и на оние, основните. Доколку направите споредба од пред 2 или 3 години, огромен дел од истите се поскапени за 50 отсто, а има такви и кои се дупло поскапи. Секој поголем ланец на маркети обично има некои свои премиум добавувачи, од каде ...

Ми претставува особено задоволство што она кое беше со години идеја, и за кое во повеќе наврати пишував и го поттикнував, има огромни изгледи да стане реалност. Скопје да добие свое надземно метро, или Градски воз. Факт е дека на Скопје му е потребен по брз, по функционален и алтернативен превоз, пред се за луѓето од периферијата и приградските населби до центарот на градот, отколку на оние во високо урбанизираните населби, кои и така реаливно ...

Преку триесет години слушаме дека Македонија треба да има спонзор, пријатели, поддржувачи и некој кој ќе не турка. Постојано се зборува за традиционални прријателство, и сфери на интереси, кои ги гледаме кај нашите соседи, и пддршката која ја добиваат од одредени поголеми и посилни земји, кои низ годините ни наметнуваа полу решенија, кои во пракса секогаш беа на наша штета, и секојпат ни ги влошуваа позициите, и не правеа по ранливи, и од ...

На големо се зборува за стандардот, платите, покачувањето и како сето тоа треба да се изведе. Од старт да се разбереме нешто битно: Јас сакам и очекуваме да како нација имаме и поголем стандард и повеќе приходи, но на начинов на кој почнавме да тераме пред некоја година, не ми дава оптимизам дека ќе оди на добро работата. Во моментов минималната плата е нешто над 22500 денари (негде околу 370 евра), факт е дека еден куп вработени и овие плати не ...

Четврт ден од неделата и немилиот настан во Кочани, и јас се уште не знам како се прибрав и ја прифатив поканата на Канал 5 да гостувам во отвореното студио и да изнесам став. Тешко е кога човек си ги контролира емоциите, а му доаѓа наплив и на тага, и на бес, на лутина, на омраза, на депресија. Илјадници чувства ви се менуваат, и за крај чувството на беспомошност. Изминатите неколку години се случија еден куп инциденти, каде голем број невини ...

Чуден сој сме. Како едвај да чекаме некој да не земе и владее. Покажуваме некаква пркос, ама не гордост и знаење. Претпоставувам дека тоа е поради негативната селекција. Се додека за лопов велиме дека се снашол, нема напред. Фарсично е да се зборува за европскиот сон на Македонија. Да, кон таа идеја и мисла бевме 35 години насочени и фокусирани, и се уште како нација сме, ама факт е не оди! Зошто не оди? Затоа што во годините кога бевме насочени ...

Најстарата запишана Македонска љубовна поезија потекнува од костурско, Беломорска Македонија, напишана на костурски дијалект, напишана е во 16тиот век во речник кој е составен во Костурско, а денес се чува во Ватиканската библиотека. Дали намерно или случајно, ама не знам зошто сите велат дека на денешен ден е кодифициран јазикот наш македонски? Претпоставувам мислат на современиот, стандарден, литературен македонски јазик и на писмото, кои на ...

Јанис Варуфакис Кога Емануел Макрон убедливо ја победи Марин Ле Пен и обезбеди нов мандат во 2022 година, либералниот естаблишмент беше во екстаза. Нивната оценка дека центарот преживеал е очекувана, но и неоснована. Всушност, благодарение на новиот мандат на Макрон, екстремната десница стана водечка политичка сила во Франција. Марк Карни и Ентони Албанес ги победија противниците на Трамп и си обезбедија премиерските места во Канада и ...

Секогаш кога лидер на моќна опозициска партија ќе побара средба со лидер на владејачка партија, барањето треба да се прифати. Мора да се разговара, мора да се води политички дијалог. Ова е принципиелен став за кој се залагам постојано. Но, да бев јас на местото на Христијан Мицкоски, верувајте, немаше и јас да одолеам да го одбијам најновото барање на Венко Филипче за лидерска средба. Принципи си се принципи, ама ова лигавење веќе навистина не ...

Јас, извинете, не можам да верувам на зборовите на онаа Калас: „Јасно е дека сакаме навистина Македонија да се придвижи по патот кон ЕУ и знаеме дека има пречки на тој пат. Тоа го дискутиравме денеска, дискутиравме за да можеме да најдеме механизми за да се надминат тие пречки.“ Ако на овие луѓе им требаа толку години да го разберат тоа, ќе им требаат уште толку за некакви придвижувања на тој пат. Имаме ли толку време за чекање? Но, ова го ...

– Наместо 250 евра субвенции за електронски уреди за секој студент, 3,6 милиони денари за бизнис класа, за министерот за култура и веселата дружина; – Наместо странски инвестиции, поттикнување од 3,5 милиони евра на тазе отворена шивачница сместена во подрум; – Наместо мерит систем, унапредување на судии од периметарот, ама оној домашниот; – Наместо носење на реформски закони, промовирање на корупција каде трансферот од една партија во друга се ...

За оние кукавици кои можеа и знаеја, а ништо не направија – За оние дебили кои ниту знаеја, ниту можеа, а направија големо зло – Најглупавата изрека на прекор е: “Кога јас тогаш ви велев.“ Кога ти тогаш ни велеше, а немаше сили да го спроведеш, подобро да молчеше и сите ние да мислевме дека си глуп, отколку сега после толку поминато време и настани да се решиш, да проговориш и да потврдиш дека навистина си ГЛУП. Денес, во време на ерупција на ...

Мрежата на високообразовните установи (ВОУ) во Република Македонија, сочинуваат вкупно 32 установи и тоа: 6 (шест) јавни односно државни, еден приватно јавен универзитет и 25 приватни универзитети и високи стручни школи. Согласно Законот за високо образование (ЗВО Сл.весник на РМ бр.82 од 2018), Министерството за образование и наука (МОН), Националниот совет за високо образование и научно истражувачката дејност (Национален совет), Академијата за ...

Почитувани читатели, во денешнава колумна посветена на стечајот на Еуростандард банка посебно ќе пишувам за моите видувања каде ја водиме државата со систем каде владеат корупција и неказнивост. Целата наша држава и државниот систем се движат низ слепа улица од каде што нема излез, нема иднина. Слепата улица е чиста метафора на нашето колективно слепило. При очи не гледаме што се прави. Секоја улица асоцира на врвулица, проток на мисли, ...

Последен пат со воз низ Македонија патував во 2023 година. Моја среќа беше дека токму на тој ден, Македонски Железници реши брзината на возовите на мојата делница да ја намали на 20 километри на час. Повеќето од патниците немавме поим за ова. Луѓе со испланирани средби, пријатели и роднини договорени да ги чекаат на станиците, се јавуваа да ги откажат/одложат плановите откако сфативме дека патувањето од 3-4 саати ќе стане целодневно. Се ...

Нова идеја за решавање на спорот со Бугарија за започнување преговори, нови проблеми на маса за вжештените глави. За идејата за директни преговори Македонија – Бугарија на НАТО Самитот, заедно со четири високи претставници на ЕУ, но и членки на НАТО, Мицкоски вели: „Ние сме фактор на стабилност и така треба да зрачиме, во регионот има земји кои сакаат да рефлектираат нестабилност. А добро би било да се слушне, да се седне на маса. Можеби од таа ...

Од шеесеттите години на минатиот век, научниците учат мајмуни – горили, шимпанза и бонобоа – да користат знаковен јазик, отворајќи прозорец кон нивните умови. Овие неверојатни суштества научиле стотици знаци, изразувајќи потреби, емоции, па дури и апстрактни концепти како љубов, вина или каење. На пример, горилото Коко научил повеќе од две илјади зборови, можел да зборува за своите чувства и да следи наредби дури и кога добивал сложени ...

Во последните неколку години, in house консалтингот доживеа длабока трансформација. Од функција фокусирана на оптимизација на процеси, тој прерасна во стратешки центар за иновации и брза адаптација. Оваа промена ја поттикнуваат технолошките напредоци, особено во доменот на вештачката интелигенција и квантните компјутери кои го редефинираат начинот на кој компаниите функционираат. Пишуваат: Михаил Китановски, сопственик на „Д2ЕМ консалтинг“ и ...

Денко Малески Уште се обидувам да најдам објаснување за зголемениот интерес на Британија за Македонија. Пари е мотивот на нашата власт, кое е на Британците? Фактот дека и двете страни го нарекуваат договор „историски“ не ми кажува ништо. Дополнителното сознание дека сите држави на Западен Балкан (Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Македонија) се дел од планот доставен до Комисијата за бегалци на ОН, како идни партнери во реализација на ...

Живееме во ера на дилетанти, кога мислењето на секого е исто толку добро како и мислењето на сите други. Тоа е рецептот за опскурантизам и ширење на незнаење. Македонија стана расадник за дилетанти. Ветена земја, плодна почва на која успева секој вид на дилентатизам. Сакате во политиката, економијата, социјалната сигурност, масовните медиуми, училишниот систем и високото образованиe. Дилетантите припаѓаат на семејството на штетници: ...

или „Што јас и моите другар(к)и научивме самоорганизирајќи го културниот живот во нашиот град“ Откако знам за себе како некаков активен чинител во општествово во кое живееме, на еден или друг начин сум бил дел од она што се нарекува „независна сцена“. Во различни кругови и периоди придавката пред „сцената“ била различна, некогаш и за некој била „андерграунд“ (наспроти „комерцијала“), „алтернативна“ (наспроти „мејнстрим“), а за мене таа секогаш ...

Уааа, предавници, извикуваа (некои и буквално, не само написмено) по договорот кој беше потпишан (не во собата на Черчил) во Ланкастер хаус, по повеќемесечни подготовки и преговори за потесна соработка. Бравоо, беше крајно време да се ресетираат односите со најблиските соседи и проверени партнери, извикуваа други, кои тврдеа дека од договорот ќе има корист народот и дека мошне брзо ќе се видат придобивките. Препорачано И сето ова поради ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.54
51%
1017
weather icon

Белград

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
39%
1015
weather icon

Загреб

22ᴼ / 19ᴼ
1.03
71%
1013
weather icon

Софија

17ᴼ / 17ᴼ
5.66
55%
1019
weather icon

Сараево

16ᴼ / 16ᴼ
1.82
34%
1017
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
1.03
89%
1014
weather icon

Атина

25ᴼ / 24ᴼ
3.58
40%
1013
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
2.57
72%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.03
56%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
2.57
63%
1018
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 21ᴼ
2.34
48%
1014
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 21ᴼ
6.17
64%
1016
Currency

61.535

Currency

52.8734

Currency

71.3664

Currency

34.4288

Currency

38.3702

Currency

65.7438

Currency

7.39336

Currency

0.65695

Currency

0.35855

Currency

0.52523

Currency

1.28847

Currency

0.60303