Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Скопје мириса. Не на липи, не на печен леб, туку на она кога мајка ти ќе запалеше гума зад куќа „за да се исчисти дворот“. Само што сега дворот е целиот град, а гумата е системска. Во Скопје не дишеме воздух. Ние го преживуваме. Го земаме на кратки рати, како потрошувачки кредит без рок на отплата. Правиш два чекора, земаш здив, застануваш, кашлаш, пцуеш, па продолжуваш. Кардио со бонус – анксиозност. Нѐ лажат дека ова е „магла“. Не е магла. ...
Зуфер Бајрами Бевме непријатно изненадени од информацијата дека за 12 часа камерите на “Safe City“ регистрирале над 65 илјади сообраќајни прекршоци. Врз основа на оваа мала алузија, може да претпоставиме дека секоја наредна претпоставка за тоа колку многу нешто се случува, треба да ја зголемиме за (уште многу повеќе) за да бидеме барем приближно објективни во нашата проценка. Претпоставувам дека и корупцијата ја има многу повеќе отколку што ...
Неделникот ФОКУС направи истражување на тема „Колку пари ‘тежат’ Мицко и неговите министри“? ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, премиер: Куќа во Влае од 440.000 евра. Толку. Скромно и сиромашно во однос на неговите подредени. САЊА БОЖИНОСКА, министерка за енергетика: 2 стана во Центар, 2 во Шпанија, 1 во Португалија, 1 во Србија – или вкупно 6 луксузни станови. Машала! ПАНЧЕ ТОШКОВСКИ, министер за внатрешни работи: Стан во Центар од 146 м2, уште еден стан ...
Денко Малески Ова не би смеело да помине незабележано во македонската јавност. Тулси Габард, директорката на американската национална известителна агенција (DNI ) се огласи вчера во јавноста за да го демантира доминантниот наратив на Западот, дека Русија има намера да ја окупира цела Украина и да продолжи кон Западна Европа. Таа изјави дека, според анализите на националните известителни служби на Америка, Русија не планира, ниту има ...
(Бакнеж на смртта може да се однесува на: Бакнежот на Јуда, со кој Јуда го предава и идентификува Исус пред неговите џелати; мафијашки сигнал дека некој е обележан за погубување) Во моментов социјал-демократите смрдат на очај. Повторно рециклираните комунисти се во офанзива против независните медиуми. Повторно се атакува на слободата говорот и на информирањето, како рецидив на заробениот ум на бившата комунистичка номенклатура, трансформирана ...
Министерството за финансии ќе изврши аукција на 12-месечни државни записи (DZ2025/22-364) на ден 23.12.2025 година за да прибере пари со кои треба да се раздолжи за минатогодишните државни заиси DZ2025/19-364, коишто достасуваат за исплата на ден 24.12.2025 година. На сличен начин се задолжија и на 9.12.2025 за да се раздолжат за записите што достасаа на 10.12.2025 година. Ова го забележувам од година во година, бидејќи не можам да ги добијам ...
Архивата е зае*ана работа, ми пиша еден познаник. Така си е, ама не му одговорив, секој си живее со тоа што го направил. Некој тука, некои во Дубаи, Грции, Канади. Секој со своето минато кон иднината. Освен „оние новите” во СДСМ. Се фотографираат тие седнати на маса по изборот, новите. И „како нови“ може почнале канцелариски „ајс брејкинг гејм“. Мали Фрчко е најмлад, ги знае игрите. И веднаш – сè е бело во СДСМ! Сите се нови, бели, чисти ...
Дали некогаш сте се прашале: Што е животот и што треба да направите за да се почувствувате среќни, хармонични и исполнети? Колку материјални средства треба да поседувате, каков успех треба да постигнете, кон какви телесни задоволства да се насочите и колкав внатрешен мир да воспоставите, за да, конечно, самите себеси да си кажете: Задоволен сум од тоа што сум и од позитивните нешта што ми ги дава животот, време е да се опуштам и да уживам во ...
Новата Национална стратегија за безбедност на САД најавува огромен пресврт во надворешната политика; останува да се види дали Вашингтон навистина е сериозен Едно е да се напише стратегија за национална безбедност, но вистинскиот тест е дали претседателот Доналд Трамп навистина има намера да ја спроведе. Клучните поенти се реторичката деескалација со Кина и префрлањето на товарот врз Европа за одржување на Украина. Националната стратегија за ...
Кога пред повеќе години ние новинарите се боревме и се изборивме за декриминализација на тогашните кривични дела навреда и клевета, една од поважмните работи на која инсистиравме е во граѓанските парници, според новиот закон за граѓанска одговорност за овие дела, судовите задолжително да се раководат и од приниципите и стандардите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Не беше тоа случајно, се разбира. Судот во Стразбур суди според ...
Да, морам да се демантирам себеси од минатиот пат дека веќе е мачно човек секојдневно да се занимава со празните мубетења на „лидеро“ и на една сервилна група безимени луѓе околу него, па дури и да одговора на нивните провокации и прозивки. Но сега, кога тој „лидер“ веќе не е осамен трговец-поединец а тезгата е комплетирана со обзнанувањето на новата тура потрошна роба викана извршен одбор (малите букви се реален одраз на нивната ...
Проф.д-р Ана Чупеска Македонскиот политички амбиент денес не е ништо друго освен една опасна, анахрона реставрација на језив историски атавизам, за кој се надевав дека е депониран во мрачните архиви на минатото. Но, последната собраниска резолуција — која опозицијата оправдано ја оспорува пред Уставниот суд — не е само процедурален инцидент или случаен правен преседан. Таа е епистемолошки рефлекс (од внатре ги тера) на една десница која сè ...
Додека власта и опозицијата ги острат мечевите и ги креваат високите тонови за миграцијата, додека на власта главната опсесија ѝ е единствено СДСМ и нивното раководство, тука забрзано се умира од загаденост. Наместо главната загриженост и преземање на итни мерки да биде отровот кој сите го дишеме, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, весело и одушевено им соопштува на Зелен Хуман Град дека нема надлежности за забрана на огномети и ...
Она што денес го гледаме кај СДСМ не е опозиција. Тоа не е ни политичка борба. Тоа е хистерија на партија што ја изгубила власта, а со неа и способноста рационално да размислува и дејствува. Наместо аргументи и јасни позиции, гледаме панични реакции, драматични настапи и обид преку институционален притисок да се прикрие сопствената празнина и немоќ. Со поднесувањето иницијатива до Уставниот суд против „Резолуцијата за политики против ...
Ѓорѓи Тоновски Војната и натаму ја има. Мирот сеуште го нема. Пак војна без мир. Војната и мирот сеуште го брануваат животот на земјата. Биле и се предмет за многубројни научни, литературни и публицистички дебати како и за безброј човечки материјални и духовни творби. Цел на истражувачите е да се открие вистинската причина, природа, суштина на војната и мирот, и особено да се согледаат воените разорни последици врз општеството. При тоа, ...
Денешната голгота и безизлезноста на опозицијата, на СДСМ, е само резултат на децениското нивно (не)работење. Оваа расулост и беспаќе започна да се создава во 2013 година со изборот на Заев за претседател на СДСМ. Се надградуваше и се прошируваше со статутарните измени, со директното именување на претседатели на ОО (општински организации) од страна на Заев, со гаснењето на внатрепартиската дебата, со замолчувањето на секој еден кој имаше ...
Мерсел Биљали Европејците смислија религиозен фазон за Трамп. Дека тој е голем ангел Божји, бидејќи штом ќе ја отвори устата – целиот свет му се моли на Бога! MAGA, Европа повторно може да ја направи голема, ама во хаосот! Односите меѓу САД и ЕУ сега се многу посложни отколку што мислиме. Пред некој ден, висок функционер на Стејт департментот изјави: „Кога овие земји ја носат капата на НАТО, со гордост тврдат дека трансатлантската соработка ...
Премиерот Христијан Мицкоски се прошета деновиве на самит во Брисел и оттаму, место информација што прави за да се одблокира членството на Македонија, не удостои повторно со голи фрази и празна реторика. Клучната порака беше дека Македонија одамна заслужува да биде интегрирана во Европската унија, што е на линија на квази кампањата дека стоиме на место заради ЕУ, не заради тактизирањето во нашата држава. Освен, секако, ако не мислеше на ...
Министерствата за надворешни работи на секоја една држава се главниот, носечкиот столб на нејзината одбрана, но и незјината експанзија. Сеедно дали се работи за „тврда“ или „мека“ одбрана, односно експанзија. Ова не требе да се разбере како потценување на улогата на останатите органи на државата. Напротив! Тие се исклучително важни, но нивната работа во голема мерка зависи од анализите и проценките на министерството за надворешни работи. Тоа ...
Европа, според германскиот канцелар Мерц, го покажа својот суверенитет со тоа што се согласи на заеднички долг. Но ситуацијата е многу повеќе деликатна од едноставно повикување на заедништво. Три ЕУ-членки, Унгарија, Словачка и Чешка, одбија да учествуваат и ќе бидат ослободени од каква било одговорност поврзана со заедничкото задолжување за финансирање на Украина. За таков исход се „тргуваше“ со ЕУ-ветото, кое и овојпат во доцните ноќни ...
Судејќи според информациите од годишниот самит на Европската унија во Брисел, претставниците на земјите-членки и на Европскиот парламент вчера постигнале договор за новите правила што им дозволуваат на земјите-членки да ги депортираат барателите на азил во „безбедни трети земји“. Спогодбата треба да овозможи испраќање на барател на азил во земја надвор од ЕУ што се смета за „безбедна“, дури и ако нема претходна врска со неа. На пример, кога ...
Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) вчера информираа дека дури 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ги дале законските информации за нивната имотна состојба. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Меѓу нив и Ѓорѓиевски, Арсовска, Костовски, Јорданов, Ќура: Кои старо-нови градоначалници не пријавиле имот Дел од нив не пријавиле каков имот поседуваат откако им завршила функцијата, а дел воопшто не ни пријавиле што поседуваат откако за ...
Објективно нема причина за војна меѓу Израелците и Палестинците. Земјата од реката Јордан до Средоземното Море е доволно пространа и богата за два народа да живеат мирно, просперитетно и достоинствено на неа. Ако ги игнорираме вредносните проценки и идеолошките тврдења и едноставно изброиме колку дунами земја има, колку пченица може да произведе таа земја, колку киловати електрична енергија може да обезбеди, колку вода извира од неа или може ...
Денко Малески Како ќе се одрази „крајот на американската ера“ врз нашата држава заслужува внимание. Прашањата кои што се поставуваат се многу сериозни: дали, оставени сами на себе, ќе успееме да ја сочуваме демократијата и дали успешно ќе пливаме во опасното море на светската политика. Зашто, со доаѓањето на Доналд Трамп на чело на Америка, забележувам дека нема веќе директно мешање во нашите внатрешни работи ниту во меѓународните одлуки што ...
Еден ден. Толку траеше тишината по изборот на новото раководство на СДСМ пред да пукне нешто однатре. Не експлозија, не гром, туку она тивко, гадно крцкање што го слушаш кога нешто одамна иструлено конечно попушта. И не пукна однадвор, од политички противник или од некој дежурен аналитичар. Пукна од свој човек. Од Петре Шилегов. Фејсбук-статус. Краток, остар, без ракавици. Таков каков што се пишува кога веќе не ти е гајле дали ќе те сакаат ...
Зошто Европа вози 70 км/ч на булевари, а кај нас градот стои во чад? Додека кај нас сите возат со едно око на пат, едно око во камерите и брзиномерите, во Европа луѓето возат нормално. Не затоа што се „попослушни“. Туку затоа што ограничувањата имаат логика. Ова се ограничувањата во Европа Тип на пат Брзина Улица во населено место 50 км/ч Зони со пешаци / училишта 30–40 км/ч Локален пат 70–90 км/ч Магистрален пат 90–110 км/ч Булевар 60–70 ...
Професор по Логика во трета година средно ми беше Раде. За жал, на Раде се сеќавам само на името. Од друга страна, за среќа, Логика ми беше извонредно интересен и забавен предмет. Гледав на тоа како на формализација и номенклатура на здраворазумско расудување. И бидејќи секој од нас е убеден дека расудува здраворазумски, јас кога расудувам, до ден денес, го барам оној израз кој пред триесеттина години сум го слушнал од Раде, затоа што таквата ...
Дури и од Венко Филипче, кој остана сам откако целиот Извршен одбор на партијата се повлече и му даде одврзани раце да формира нов тим, очекував повеќе. А умни и разумни луѓе упорно ме убедуваа дека Венко не може повеќе. Дури и да сака. Тој, не само што мора да избира кадри „потковани“ во ергелата на Зоран Заев, туку нема други – другите не сакаат со него да фаќаат работа. Сите што го одбиле му соопштиле една тажна вистина – Венко, ти си ...
автор Ivon Velichkovski · НОВА РЕПУБЛИКА во петокот предложи Собранието да донесе Декларација дека Северна Македонија не може да биде крајна дестинација на депортирани мигранти. Бидејќи саботата таков предлог се уште немаше, повикав – доколку собраниската опозиција нема претходна обврска кон Мицкоски – макар еден опозициски пратеник да ја поднесе без да се чека потпис на ВМРО-ДПМНЕ. Во саботата СДСМ „спонтано“ најави „Резолуција“ на темата и ...
Веќе е мачно човек да ги слуша/чита овие безобразни луѓе влезени во некаков само ним познат „опозициски“ филм врз сценарио напишано којзнае каде и од кого, темелено на необјаснива омраза кон сѐ што претставува различност, поинаква мисла или политичка опција, заглибени до носот во смрдливата тиња на нивната карикатурална социјалдемократија, онаа најблиска до карактеристиката дадена уште од Ленин за нивниот опортунизам, жирондизам, неморал, ...