
Скопје
16ᴼ /
16ᴼ



Зад договорот за Коридорите 8 и 10 д стои меѓународен конзорциум, со искуство во реализација на вакви проекти, донесен е Закон за неговата реализација, што е усвоен во Собранието на РСМ, повеќе институции беа вклучени во преговорите и тоа носи само по себе одговорност. Доколку има некакво сомнение од кој било, за тоа постојат надлежни органи и таму треба да се водат постапките. Веќе и беше објавено во јавноста дека Антикорупциска комисија отвора ...
Амбасадор на македонската кујна во Чешка е Ангел од Горно Лисиче, готвач со тапија, чиј животен пат го одвел во Чешка, не поради кујната туку од љубов. А судбината дотолку се погрижила за него што љубовта на Ангел била ќерка на газди на кафеана и слаткарница. За среќа на сите, така среде Острава никнала македонско-чешката гурманска оаза. 2013 година за Ангел Стојановски била многу брановита. Добил понуда за работа во Санкт Петербург, Русија, но ...
Вратите на професионалната кариера ѝ се отворија на млада возраст, зад себе има неколку титули од интернационални избори за убавина, појавувања во филм, успеси на балетска сцена, водителка е на популарен естраден телевизиски проект. Деветнаесетгодишната Ева Јовановска цврсто гази на скалилата на успехот и ги има сите „карти“ во раце за нејзината мултиталентираност да биде препознаена и надвор од границите на Македонија. Активна си во повеќе ...
Не може под велот на подмадување на ракометната репрезентација да се задоволуваме со поразите, сметна Ристо Магдинчев, поранешен селектор на македонската женска репрезентација. Во интервју за „Скопско Ехо“ тој одговара на прашањата за состојбите околу нашата најдобра машка селекција, како и на тоа што треба да се прави во иднина… После неодамнешниот настап и пораз против Португалија, но и неуспешниот настап на СП, што Ви се чини, во каква ...
„Нова класика“ е името на концертот на Софиската филхармонија и Националниот филхармониски хор што вечерва во салата на Филхармонијата на Република Северна Македонија во Скопје ќе се одржи под диригенство на министерот за култура Најден Тодоров. Генералниот директор на БТА Кирил Валчев и дописничката на БТА од Скопје Маринела Величкова го пречекаа маестро Најден Тодоров пред концертот во прес-клубот на БТА во главниот град на Северна Македонија, ...
Со Татјана Чакулев, еко-активист, зборуваме околу загадувањето на Скопје и можностите тоа да се намали… Скопје, и повеќе други градови, пред извесно време повторно беа во врвот според загаденоста на воздухот и во светски рамки. Дали тоа ве изненади? – Не е изненадување, со оглед дека во меѓувреме не се преземни соодветни мерки за намалување на загадувањето, особено во зимскиот период. Начинот на греење е еден од главните фактори за високото ...
Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [февруари, 2023]: Native Teams е глобална FinTech платформа за плаќања и регулирање на статус на вработување, поддржана од виртуелен паричник и дебитна картичка која помага при работата на секој фриленсер, вработен на далечина или компанија. Native Teams ...
Двотретинското мнозинство за уставни измени не е потребно на Владата, тоа е потребно на граѓаните и на државата, бидејќи една од одлуките до полноправно членство на Северна Македонија во ЕУ е внесувањето на делови од други заедници во нашиот Устав, кажа премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во ТВ24. Според него на тој пат до целосно зачленување постојат и други одлуки кои што ќе се носат и за кои повторно ќе биде потребно двотретинско ...
Водителката Ведрана Ѓорѓевиќ неодамна се врати од одмор на Бали со својот сакан. На романтично место, таа го прославила својот 35. роденден со Андрија Антиќ, за кој вели дека се чувствува како да се во брак. Ведрана вели дека сите мислеле дека ќе се случи запросување на нејзиниот роденден, но атрактивната водителка е против тие стереотипи. За „Еспресо“, таа ја раскажа својата љубовна приказна со Андрија, и сите впечатоци од Бали. -Првпат сум ...
Овој текст е дел од иницијативата “.mk стартап на месецот” нa IT.mk и Startup Macedonia во кој ја раскажуваме приказната на одбран .мк стартап кој е на пат кон успехот. .мк стартап на месецот [јануари, 2023]: Pixyle AI – продукт базиран на вештачка интелигенција кој го олеснува визуелното пребарување и продуктно категоризирање во модната индустрија Pixyle AI е решение кое им ја олеснува работата на брендовите од модната индустрија, а истовремено ...
На 11 март во ноќниот клуб „Мусандра“ ќе гостуваат легендарните „Рибља Чорба“ и со нив се отвора „сезоната“ на големо враќање на ретро забавите. Разговараме со Мартин Анѓеловски, сопственик на култниот ноќен клуб „Мусандра“. Анѓеловски е дел од скопскиот ноќен живот долги години, и одлично го познава вечерниот пулс на градот. – Начинот на забава се менува со текот на годините, секоја генерација има различни гледишта и вкусови, но сепак, желбата ...
Стефан, Вие сте самостоен адвокат 8 месеци, но веќе имате разновидно искуство во правото. Од каде љубовта за правото? Како дете имав повеќе желби за мојата идна професија, од коишто една беше да бидам воен пилот или контролор на летање, по сугестија на дедо ми, кој по струка беше авиомеханичар. Но, во трета година гимназија имавме предмет Вовед во право и професор кој на многу интересен и нетипичен начин нè запозна со основните институти на ...
Дејвид Гир стапи на должност амбасадор на Европската Унија во екот на пандемијата со вирусот корона, во септември 2020, речиси една година по француското вето и во предвечерието на првата бугарска блокада за пристапните преговори со ЕУ. Во меѓувреме, покрај предизвиците од пандемијата што ги соголија сите слабости на здравствениот и образовниот систем, жестоко ескалираа тензиите со Бугарија, експремиерот Заев реши да ја напушти политичката ...
Време за читање: 7 минути По повод 8-ми март- Меѓународниот ден на жената, редакцијата на порталот Работник направи интервју со Претседателката на здружението „Гласен Текстилец“, Кристина Ампева. Со нашата соговорничка разговавме за тоа каква е состојбата не жените на пазарот на труд во Македонија, на што се должи јазот во вработеноста и во платите, каква е состојбата со почитувањето на работничките права во текстилниот сектор… Со неа ...
Еднаквата застапеност на жените во одлучувањето зависи и од тоа колку сме успешни и во борбата против насилството и дискриминацијата на која жените се континуирано подложени. Сметам дека направивме голем исчекор со усвојувањето на Истанбулската конвенција, но можеме и мораме да направиме уште многу повеќе за нејзина имплементација во структурите на системот за да се подобри заштитата и условите во кои живее секоја девојка и жена. Само ...
Прилепска Пиварница, како една од општествено одговорните компании во нашата земја, во месец ноември организираше хуманитарна акција по повод Мовембер. Во продолжение може да го проследите интервјуто со бренд менаџерката за пиво на Прилепска Пиварница, Тодорка Сајкова. Прилепска Пиварница долги години е дел од македонскиот пазар. Која е инспирацијата и целта на вашата компанија, како успевате да бидете едни од најдобрите во својата дејност? ...
Македонски весник “Илинден“: Во ова прилика во моје име и во името на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и посакувам успеси на вас и на вашата организација „Крсте Мисирков” (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик) на македонското малцинство во Грција, како подружен член во Федералната унија на европските националности, Македонско друштво “Илинден”-Тирана гласаше на конгресот на ФУЕН и се радуваме дека и вие сте во ФУЕН ова е добра ...
Србија има дефицит од сезонски разботници во земјоделието, а Албанија во текот на летото. На Македонија, исто како и на нејзиниот северен и западен сосед и недостасуваат кадри во ИТ секторот, а во сите три држави нема доволен број градежни работници. Ова се само некои од предизвиците со коишто ќе се соочи иницијативата Отворен Балкан која покрај тоа што ќе отвори многу поголеми можности за економиите на овие земји, треба да им даде шанса на ...
Ако пред неколку децении жената беше помалку или повеќе дефинирана од стереотипите, денес работите се малку поинакви. Жената стана моќна и успешна, жената стана лидер, жената стана иноватор и поттикнувач на промени. На наше задоволство, ја имавме честа да зборуваме со навистина успешна жена Христина Спасевска, професорка на ФЕИТ и проректор за настава на УКИМ. Професорке, Вие сте една успешна жена, која што несебично го пренесува своето знаење ...
Во денешното интервју разговараме со еден млад македонски претприемач и поранешен фриленсер. Станува збор за Бранко Илишев, ко-сопственик на компанијата Смартклик. Со оглед на тоа дека ова е прво интервју со него, на почетокот го прашавме да ни каже нешто повеќе за својата биографија. „Имам 30 години, роден сум и живеам во Струмица. Ко-сопственик сум на Смартклик – веб и SEO (Search Engine Optimization – оптимизирање на содржини за интернет ...
Алтернатива не жали што не е повеќе дел од власта, но кај лидерот на партијата Африм Гаши постои чувство дека се жртва на внатрепартиските проблеми во СДСМ. Тој во интервју за Прес 24 вели дека пред 12 месеци не само што го спасиле СДСМ и го направиле Ковачевски премиер, пратениците на Алтернатива биле клучот со кој преговорите со ЕУ станаа реалност. -Без нас немаше да има влада, ќе требаше да се оди на предвремени избори, а после тие избори ...
Добивај вести на Viber И аблацијата и емболизацијата се минимално инвазивни методи, тоа не е операција, вели во денештното интервју за Фактор, доц д-р Александар Ѓорески, интевентен радиолог во приватната клиника, Аџибадем Систина. Појаснува дека со овие најсовремени методи се третираат пациенти со тумори и со канцери, но таргетот е самиот тумор, односно метастазите. Аблацијата претставува третман на туморот со внесување на одредена игла/ ...
Никола Ѓурѓај е еден од најангажираните активисти за подобрување и остварување на малцинските права на Македонците во Република Албанија. Тој е политички аналитичар и главен уредник на единствениот печатен медиум на македонски јазик во Албанија, весникот „Илинден“, но и претседател на македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, кое постои од 2009 година и кое има разграноци и во Голо Брдо. Со Ѓурѓај разговаравме за проблемите со кои се ...
Март во ЕЛЕНА ЛУКА добива уште една убава симболика... Март е месец на венчаници во ЕЛЕНА ЛУКА, обоен во бело – во сите нијанси на раскошот, невестинската убавина и грациозност. Март е месец во кој идните невести во ЕЛЕНА ЛУКА ќе се чувствуваат како во бајка, токму онака како што секоја од нив заслужува. Да се пронајде вистинската венчаница, понекогаш може да биде сериозен предизвик – Кој е вистинскиот модел? Дали е соодветен за мојата фигура? ...
Голем дел од пензионерите во Македонија се под прагот на сиромаштија, а со тоа се оневозможени да имаат достоен социо – економски статус. Нивните пензии не забележаа голем раст поради измените кои се направија во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, конкретно на членот 37, кој предвидуваше пензиите да се усогласуваат само со трошоците за живот, а не и со просечната плата. Во интервјуто на порталот Работник со Претседателот на ...
Македонија ја губи битката со иселувањето на медицинскиот персонал и тоа е еден од најголемите проблеми во здравството кое со години пробемите ги става под тепих. Доктор Ангелчо Андоновски, во интервју за Прес24, темелно ги анализира состојбите во здравствто, оценувајќи дека наследените проблеми не се решени поради немање стратегија и лошо менаџирње. -Несомнено на сите ни е јасно дека војната против белата чума и иселувањето на белите мантили ...
Поезија, сликање, пеење е уметничкиот свет на Трајанка Тања Стоилковска од Скопје. Можеби навидум изгледа само како една секојдневна мултиталентирана уметница, поетеса, сликарка, хористка, сѐ додека не се запознаете со нејзината лична приказна- сето ова го почнала откако станува пензионерка, од кога доживува успеси и награди. Авторка е на две стихозбирки- “Предизвик” (2016) и “Разбој на Тишината” (2022), а во ова интервју хронолошки ги сместивме ...
Старата слика потсетува за амкањето на празникот Поклади, кој се слави во февруари или март или седум недели пред Велигден. Покрај простувањето за Прочка и посетата на младите кај повозрасните роднини за прошка, стариот адет сé помалку се пренесува од генерација на генерација и исчезнува низ татнежот на времето. Амкањето варено, а нелупено јајце, врзано на конец и стап е обичај што се негувал со години, а децата се обидувале без помош на рацете ...
Сте добиле отказ од работа и сега сте во ситуација во која не знаете што да правите. Имате наплив на негативни емоции, мислите дека не сте доволно квалитетни. Надоаѓа депресијата… Ова се работи со кои се соочуваат речиси сите луѓе. Ретко кој не бил отпуштен од работа, дали поради тоа што можеби не се покажал како доволно добар или од деловни причини (технолошки вишок). Токму поради ова, редакцијата на порталот Работник ѝ се обрати на Билјана ...
Комерцијална банка континуирано развива нови и современи решенија, генерално базирани на нови технологии, со цел да излезе во пресрет на новите потреби и навики на клиентите. Можноста за верификација на дигиталниот идентитет, надополнета со можноста за електронски потпис е клучна пресвртница за целосна трансформација на дигитализацијата во нашата земја, вели во интервју за АЕТМ, Киро Чадиковски, Директор на Дирекцијата за банкарски картички и ...