Македонскиот кардиолог и алпинист Сашко Кедев оствари историски успех и доби место во Гинисовата книга на рекорди. Тој е официјално евидентиран како највозрасниот човек кој ги освоил сите 14 планински врвови во светот повисоки од 8.000 метри, објавија македонските медиуми. Рекордот го комплетирал на 20 јули 2025 година, со искачувањето на Гашербрум I во Пакистан, чија височина изнесува 8.080 метри. Во моментот кога го освоил последниот врв, ...

Македонскиот алпинизам доби историско признание, а Штип уште една причина за гордост! Проф. д-р Сашко Кедев и официјално е впишан во Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот човек во светот кој ги искачил сите 14 планински врвови повисоки од 8.000 метри. Штипјанецот Кедев со овој неверојатен подвиг го потврди своето место меѓу најуспешните светски алпинисти, станувајќи воедно и првиот Македонец кој успеал да ги освои сите 14 ...