Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Wilmot Works It Out e релаксирачка игра која треба да излезе на 23 октомври. Се работи за рачно-нацртана околина во која решавате најразлични загатки такак што комплетирате преубави слики. Потоа, истите ги користите за украсување на ѕидовите на вашата куќа. Импресионирани од ветувањето за малку поразлична игра со загатки, успејавме да го контактираме Рики Хагет, дизајнерот на WWIO, но и основачот и креативниот директот на развојното студио ...
За првпат кај нас, највисокиот суд минатата недела усвои начелно правно мислење, со кое ја задолжува државата да обезбеди здрава животна средина. Тоа значи дека врвот на судската власт застана зад правата на граѓаните, да живеат во здрава и чиста животна средина. Со тоа се создаде правен терен, доколку од некое загадување граѓаните трпат штета, да можат да ја тужат државата. За тоа што конкретно значи оваа одлука на Врховниот суд, разговаравме ...
Pixel Bazaar, создаден во 2012 година, за основачот Златко Најденовски беше повеќе од обична веб-страница за продажба на иконки. Златко ја креираше оваа платформа со визија да стане пазар на сите видови дигитални креативни ресурси – илустрации, темплејти, плагини, па дури и 3D елементи и електронски книги. Веб-страницата беше одговор на желбата да се понуди едноставен и транспарентен начин за купување дигитални ресурси без месечни или годишни ...
Синоним за смеа, мајстор за забава со над четири децениска кариера. Неостварен хемиски инжењер, според својата диплома, но остварен хуморист и легендарен естраден уметник со најголем број турнеи во далечната Австралија, Тв ѕвезда, а денес пензионер (повторно со полно работно време) и вели над сѐ најсреќен дедо на мала внука од својата ќерка. *Господине Ранко Рангелов. Веднаш ќе Ве прашам кога почнавте да се занимавате со прикажување на хумор? ...
Ансамблот “Танец” седум децении е амбасадор на македонскиот културен код и македонска традиција, и, во рамките на тој голем временски период на постоење, исклучителни музичари и композитори биле дел од него. Еден од нив е господин Лазо Трпковски Ласко кој ја имаше честа долги години да биде раководител на истиот и да го предводи. Деновиве поразговаравме околу неговите почетоци и најуспешни моменти. *Почитуван господин Лазо. Како сте? Се надевам ...
Сите ја познаваат, сите знаат за неа и за нејзините успеси. Сите во тој балкански поетски круг. Затоа што нејзината поетска реч доминира уште од многу поодамна, а сега добива и европски одблесоци. Госпоѓа Емира Казиќ е родена во Приједор, БиХ, СФР Југославија. За себе ќе рече дека е “Поетеса на љубовната поезија” и “Сонувач на јаве”. *”Емира Казиќ, големата поетеса од Приједор”. Вака накратко би ве претставила со само неколку зборови, но секако ...
Интервју со Ивана Стоименовска – советник во општина Карпош На 53-та седница на Советот на Општина Карпош беше изгласано зголемување на месечната цена за престој во градинките, која сега изнесува 2000 денари, што претставува зголемување од 510 денари поради, како што велат советниците во Карпош, растот на режиските трошоци и цените на прехранбените производи. Оваа одлука беше поддржана од мнозинството советници, со исклучок на Левица, која ...
Аквизицијата или станувањето дел од една поголема компанија е сонот на речиси секој основач во денешно време. За многумина, ова доста се поврзува и со моментот кога основачите конечно добиваат можност да ја “искешираат“ идејата за своите стартапи и на тој начин да продолжат да го растат својот бизнис. Но, не секогаш ваквата приказна станува бајка во која сите излегуваат како победници. Понекогаш, ваквите бизнис зделки прераснуваат во еден ...
Lucky Tower Ultimate e феноменална игра, до тој степен да во моментот кога ја заигравме инстантно побрзавме да ви ја препорачаме како феноменален викенд предлог. Во нашиот текст се изјаснивме дека: „Lucky Tower Ultimate е пример за игра од раниот пристап на Steam која е полна со интересни содржини и одлично се игра уште од првиот ден, нудејќи 4 сопатници, 10 различни видови на непријатели, 40 замки и над 150 предмети. И покрај ова, авторите ...
Добивај вести на Viber Во светот на глобалното финтек инвестирање, платформите за P2P (peer-to-peer) стануваат сè попопуларни како начин за обичните луѓе да инвестираат директно, наместо преку традиционалните финансиски институции. Овие платформи овозможуваат директна поврзаност помеѓу примателите на средства и инвеститорите, нудејќи можност за поголема профитабилност и поголема транспарентност. P2P.mk е првата таква платформа во Македонија, ...
Интервјуа НАЈДОБРИОТ ПОДАРОК ЗА ПЕТГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ – ДЕСЕТКРАТЕН РАСТ НА СРЕДСТВАТА ПОД УПРАВУВАЊЕ И ТРОЈНО ЗГОЛЕМEНО ЧЛЕНСТВО! Економија и бизнис | печатено издание | 01 октомври 2024г. Претседателот на Триглав пензиско друштво АД Скопје е човек со впечатлива професионална кариера која ги спојува маркетингот, менаџментот и финансиите. Со повеќе од две децении работно искуство во земјава и надвор од нашите граници, тој постојано ја става на ...
Интервју со Срѓан Ивановиќ, македонски новинар и автор, познат по своите креативни дела „Крвава уметност“ (2015) и „Писма од лудница“ (2022) во литературниот свет Антропол: . Што ве инспирираше да ја напишете „Писма од лудница“? Многумина ја гледаат како политички трилер со длабоки општествени теми. Кажете ни повеќе за процесот на нејзиното создавање и што сакате да пренесете со ова дело? С. И: Кога една голема и убава земја се распаѓаше јас ...
Ружица Михајловска e инженер по екстрактивна металургија во Макстил, помалку невообичаена професија за жена. Нејзината љубов спрема хемијата и физиката, која започна и се развива, уште од основно, а потоа и средно училиште, ја однесе на Технолошко-металуршкиот факултет, отсек Екстрактивна металургија. „Кога се запишав на Технолошко-металуршкиот факултет, отсек Екстрактивна металургија бев единственото женско, меѓутоа тоа не ми претставуваше ...
.мк стартап на месецот [септември, 2024]: Што е Толт? Младата компанијата, основана од браќата Даниел и Валентин Ѓокај, нуди иновативно решение кое им помага на други технолошки фирми да го оптимизираат својот процес од почеток до крај во партнерскиот (affiliate) маркетинг. Ваквиот тип на маркетинг е модел на рекламирање во кој компанијата ги компензира издавачите на трети страни за да генерираат сообраќај кој води до производите и услугите на ...
Мирженка Чехова (1982) е една од најинтересните претставнички на современиот експериментален балетски и физички театар во Чешка, режисерка и изведувачка на перформанси, кореографка, универзитетска професорка и писателкa. Како мултидисциплинарен артист има зборувано на ТЕД-конференцијата во Прага и била програмски директор на Чешкиот центар во Њујорк. Има коосновано две театарски компании: „Спитфајр компани“ и „ТантеЛаб“ каде работи со независни, ...
Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, во јануари годинава влезе во парламентот. По еден месец, пратениците го изгласаа, а примената почна шест месеци подоцна, односно од овој септември. Овој закон пропишува дека, кога јавниот обвинител има основани сомнежи дека некој сторил криминал, но нема доволно докази да го гони кривично, треба да достави инцијатива за проверка на стекнатиот имот до Финансиската полиција. Законот предвидува ...
Иниституциите ќе добијат упатства, како и на кој начин ќе се вршат вработувањата во јавната администрација, по одлуката на Уставниот суд, вели министерот Горан Минчев во интервју за Прес24. Наспроти изјавите на претставниците на владиниот партнер ВЛЕН, дека во завршна фаза е нов Закон за правична застапеност, Минчев вели дека во рамки на министерството не се подготвува ново законско решение кое се однесува на правичната застапеност на етничките ...
Мнистерката за енергетика Сања Божиновска, во интервју за порталот „Жене од утицаја“, вели дека своето враќање во Македонија го гледа како можност да го искористи искуството од Европската Унија за подобрување на енергетската состојба во нашата земја. Како што истакнува, нејзината инспирација и мотивација лежат во нејзината желба да им помогне на жените да го најдат своето место во енергетиката и поширокиот деловен свет. А со својата работа сака ...
1. Изминатите години, бугарската пропаганда е многу активна меѓу Македонците во Албанија. Сметате ли дека Бугарија со овие активности значително ќе успее да ги асимилира Македонците во Албанија? Македонско друштво “Илинден”-Тирана во контунитет последните години ги информираше албанските инситуци како и институциите во Македонија исто време и јавноста дека бугарската пропаганда е многу активна меѓу Македонците во Република Албанија. Во време на ...
Интервјуа НА ШАХОВСКАТА ТАБЛА УСПЕАВ ДА ГИ ПОМЕСТАМ ГРАНИЦИТЕ НА „ВОЗМОЖНОТО“ 28.09.2024г Интернационален мајстор во шах, завршил Економски факултет при Универзитетот за туризам и менаџмент. Хоби му е рекреативно возење велосипед, пинг-понг, читање книги. Невработен и се занимава исклучиво со шах, како играч, но и држи часови како тренер. Ова е личната карта на Тони Лазов, освојувачот на сребрен медал на втората табла на Шаховската Олимпијада ...
„Заедничкото родителство“ е нов концепт за македонското законодавство. Се однесува на еднакво поделени обврски меѓу родителите по разводот на бракот. Моментално, во изработка е новиот граѓански законик со посебен оддел за семејноправните односи каде што би се вметнал овој концепт. Додека одредени групи родители сметаат дека заедничкото родителство би било позитивна промена, граѓанските здруженија се загрижени за тоа какви ефекти ваквото законско ...
26.09.2024 Ова мегаинтервју што го правевме во кафулето “Лола” во МОБ мене ми спои две различни времиња, фамозната 2000 година кога во холот кај гримиорните токму тука нѐ пресретнаа фотографи и го овековечија моментот на новогодишен бакнеж што го добив од Ѓоко по еден негов настап и со таа фотографија ни го честитаа новиот милениум во тогашното списание “М експрес”… И времето сега, кога го овековечувам моментот со Јованка Јо на која ѝ посакувам ...
Современата македонска забавна и фолк сцена во своите ризници чува грст песни од еден од нашите најплодни текстописци, господинот Цане Трајчевски. Автор без кого не може да се замисли фестивал, а песни за кои напишал стихови победувале на “Канео фест”, “Еврофест”, “Филиграни”, додека на “Гоце фест 2015” победи песната “Убајни Преспански” со гласот на Ташко Каранфиловски. *Преку 350 напишани, а речиси 200 отпеани. Голема бројка, или тоа е само ...
Добивај вести на Viber Горан Антевски, веќе 18 години, од 2006 година, е на чело на раководството на една од најголемите компании во електро секторот, Раде Кончар-ТЕП како Генерален директор. Но, искуството како успешен бизнисмен и експерт во дејноста му се протега многу повеќе од само 18 години. Работното искуство на Антевски започнува во 1996 година во Смелтинг, кое трае 3 години, но неговата бизнис приказна во Раде Кончар започнува уште во ...
Интервјуа ТЕАТРИТЕ СЕ НАШИОТ ЕДИНСТВЕН КОРЕКТИВ НА ПОЈАВИТЕ КОИ СЕ СЛУЧУВААТ И КОИ СЕ СЛУЧУВАЛЕ ВО ОПШТЕСТВОТО Економија и бизнис | печатено издание | 15 септември 2024г. Формиран пред крајот на деведесеттите години од минатиот век, од група уметници, актери и граѓани ентузијасти од Куманово, од 24 септември до 8 октомври годинава ќе се одржи дваесет и седмото издание на МТФ Денови на комедија 2024. Како и секоја година, на затворањето на ...
Симе Георгиевски е Преспанец кој повеќе од половина век живее во Сиднеј, познат музичар, пејач, хармоникаш и радио водител. Легенда на Преспа. Има објавено и неколку албуми и околу 50 песни во кои преовладува мотивот на македонската традиција. Со години е познат по тоа што ја води програмата на Македонското радио. Ова лето со својата сопруга Вера е повторно во Македонија. *Годинава по пауза од две години повторно ни дојдовте во Македонија ...
Рацин.мк разговараше со Петар Тодоров, редовен професор и доктор по историски науки во Институтот за национална историја и член на Мешовитата македонско бугарска комисијата за историски и образовани прашања од нејзиното формирање, кој во едно претходно интервју рече дека ја прифатил поканата да се вклучи во Комисијата за „да помогне во подобрувањето на историското образование во двете држави, кое, за жал, сѐ уште поттикнува поделби и ...
Во ерата на вештачката интелигенција, човечките ресурси треба да претрпат значителна трансформација. Размислувањето беше дискутирано во трудот на проф. Ацо Момчиловиќ и проф. д-р Чаитања Нифадкар од Швајцарската школа за бизнис и менаџмент. Преку алатки за предвидлива анализа и автоматизација, вештачката интелигенција ќе ги поедноставни основните функции за човечки ресурси, како што се регрутирање, управување со перформанси, обука и ...
ИНТЕРВЈУ ЏЕМАИЛ ДАУТИ, генерален менаџер на Даути Комерц Компанијата Даути-Комерц своите почетоци ги има во раните 90-ти години, додека денеска е меѓу најголемите 100 компании во Македонија присутна во четири земји и околу 1.200 вработени. Накратко за развојот на компанијата и со што денеска се занимава Даути Комерц? Даути: Да, токму така. Нашата компанија е меѓу 100-те најголеми во нашата земја и горд сум бидејќи важиме за една од најголемите ...
Несекојдневна глетка е да се види и да се слушне претставник од религиозните заедници, уште помалку монахиња, на панел каде што фокусот е родовата еднаквост. Минатиот викенд, сестра Ефимија од манастирот „Свети Георгиј Победоносец“ во Рајчица учествуваше на дебатите за родова еднаквост, организирана од Асоцијацијата за здравствена едукација ХЕРА во Маврово. Таму беа и новинари, политичари и претставници од бизнис-секторот. Нејзиното присуство е ...