Белград
1ᴼ /
0ᴼ
Две лица го загубија животот, а уште петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на Плетвар, на патниот правец Прилеп – Росоман, информира Основното јавно обвинителство Прилеп. Според првичните информации, несреќата се случила при обид за претекнување, кога дошло до судир меѓу две возила што се движеле во иста насока. Едно од загинатите лица е возачот на едното возило. На местото на настанот увид извршил ...
На 24.11.2025 во 10:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 16-годишник од Охрид поради сомнение дека на 12.11.2025 извршил обљуба врз 12 – годишно девојче од Охрид, а друг малолетник го снимал чинот. До видео материјалот дошол 14-годишник од Охрид, кој го уценувал девојчето да биде со него, во спротивно ќе го објавел видеото. СВР Охрид презема мерки за пронаоѓање и на овој малолетник. Врз малолетничката е извршен ...
Уапсен возач од пробиштипско кој управувал возило под дејство на алкохол и предизвикал сообраќајна незгода. Како што информираат од МВР, вчера (23.11.2025) во 23:00 часот во село Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишиле од слобода Н.В.(20) од село Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од с.Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, ...
Мифтари досега во неколку наврати го одложувал издржувањето на затворската казна со лекарски потврди. Полицијата не може да го најде осуденикот и да го спроведе во затворот. Мифтари, заедно со сопственикот на фирмата Дурмиш Белули се осудени на по 10 години затвор за трагедијата кај Ласкарци кога на 13 февруари 2019 година, неисправен автобус полн со патници излета од патот. Загинаа 16 патници, а повеќе од 30 беа повредени. Возачот Маноил ...
Вчера во 23:00 часот во село Ратавица, пробиштипско, полициски службеници од Полициската станица Пробиштип го лишија од слобода 20-годишниот Н.В. од село Ратавица. Претходно, околу 21:30 часот на излезот од село Ратавица, тој со патничко возило „ауди“ со пробиштипски регистарски ознаки, кое го управувал, удрил во заштитан ограда на патот и излетал од коловозот, по што го напуштил местото. По преземени мерки тој е пронајден и по извршено ...
Малолетник од Македонска каменица е тешко повреден откако бил нападнат со стаклен предмет од 25-годишник. Инциденто се случил во викенд-куќа. Како што информираа од полицијата вчера во 08:15 часот во село Русиново, беровско, полициски службеници го лишија од слобода Ј.К.(25) од с.Русиново, постапувајќи по претходна пријава дека во викенд куќа во селото, по претходна расправија, со употреба на стаклен предмет нападнал малолетник од Македонска ...
Жител на неготинското село Црвени Брегови неовластено влегол во воениот полигон „Криволак“, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. -Вчера во 14:20 часот, во воениот полигон „Криволак“, полициски службеници од ОВР – Неготино, го лишиле од слобода И.О., на возраст од 57 години, од село Црвени Брегови, затоа што тој неовластено влегол во воениот полигон. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ...
Во СВР Скопје вчера (22.11.2025) во 13:00 часот, 35-годишна жена од Скопје пријавила дека во семејниот дом на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот 45-годишен сопруг, кој ѝ го одзел и мобилниот телефон. Подоцна, околу 20:30 часот, 45-годишниот маж од Скопје исто така пријавил дека бил физички нападнат од неговата сопруга, и тоа во истиот временски период – околу 13 часот. Од МВР информираат дека ...
На 22.11.2025 во 20:51 часот и 21:17 часот на линијата за итни повици 112 се добиени телефонски пријави за наводно поставени експлозивни направи во објектите на Спортската сала „Јане Сандански“ и хотелот до неа. -Веднаш се преземени неопходните мерки и активности од страна на полициските службеници, извршени се потребните проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Полов напад и силување од член 186 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик, бидејќи постои основано сомнение дека тој на 19 ноември, со употреба на сила и спротивно на јасно изразената волја на една оштетена ја принудил на сексуален однос. -Жртвата, со која претходно биле во подолга врска која таа ја прекинала, ја ...
На 21.11.2025 во 20:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Разловечко Востание“ и ул. „Вич“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Л.(52) од Скопје и патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од Р.Ѓ.(38) од Република Србија, а со привремен престој во Скопје. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на ...
Жена е потешко повредена во несреќа што се случила вчера на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на Струга. Во нсреќата, според информацијата на полицијата, учествувале „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од К.Ќ.(70) од селото Велешта, струшко и автобус „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Н.Ф.(42) од селото Лабуништа, струшко. „Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од ...
Четворица скопјани, на возраст од 25 до 49 години, ќе одговараат откако, според полицијата, со закана со пиштол ограбиле сограѓанин од кого зеле околу 3.000 евра и телефон, соопшти МВР. Препорачано „СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Р.(25), Р.М.(49), Ш.М.(49) и В.Т.(27), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 30.10.2025 во Скопје, пријавените со употреба на физичка сила и закана ...
Вчера во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 23-годишна битолчанка и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки регистарски ознаки, управувано од 30-годишник од Република Грција, соопштија од полицијата. Со тешки телесни повреди се здобила 23-годишната битолчанка, констатирани во ...
СВР Битола информира дека 23 годишна битолчанка е тешко повредена во сообраќајката што се случи вчера вечер на патот Битола, граничен премин Меџитлија. Според полицијата на 21.11.2025 во 19:55 часот во СВР Битола е пријавено дека на патот Битола- Граничен премин Меџитлија се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел корса“ со битолски регистарски ознаки, управувано од А.С.(23) од Битола и патничко возило „фолксваген поло“ со грчки ...
Куманово, 21 ноември 2025 (МИА) - Полицијата уапси четириесет и двегодишен кумановец кој се сомничи за оштетување споменици на градските гробишта. - Вчера во 12:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода М.Б. (42) од Куманово. Тој се сомничи дека оштетил споменици на градски гробишта во Куманово, соопшти полицијата. М.Б. бил приведен во полициска станица и по целосното документирање на случајот против него ќе следува ...
Полицијата поднесе кривична пријава против М.С. и неговата фирма за даночно затајување и оштетување на доверители. Тој во период од две години продавал машини и материјали непосредно пред фирмата да оди во стечај и тоа не го пријавувал. без да ги пријави, со што не платил даноци во висина од стотици илјади евра, велат од МВР. Препорачано Најголемиот удар го претрпеле доверителите. Кога фирмата отишла во стечај, имотот веќе бил тајно ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија побара притвор за државјанин на Србија, откако во тешка сообраќајна несреќа кај Валандово загинаа двајца мигранти од Кина, кои биле скриени во неговиот камион. Препорачано Несреќата се случи пред два дена, кога возачот на камион „Мерцедес“, натоварен со 24,5 тони хартија, изгубил контрола и се превртел, при што биле згмечени десеттемина мигранти кои се превезувале во полуприколката. Осомничениот се товари ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 34-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ по член 394 од Кривичниот законик. Тој, на 29.10.2025 година, на социјалните мрежи поставил текст со расистички и ксенофобичен материјал, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски. На 20.11.2025 во 16:50 часот, во ОВР Струга е пријавено ...
5 месеци беа потребни, Кривичниот суд – Скопје да ја достави пресудата за случајот за двојното убиство на малолетната Вања и пензионерот Панче. Бранителите на осудените реагираат дека судот бавно им го доставил документот, по што почна да тече рокот од 15 дена да поднесат жалба до Апелација. Нема законски рок за доставување на пресудите, но за судски случаи за кои има голем интерес би требало побрзо да тече процедурата, особено што осудените се ...
На 20.11.2025 во 20:05 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул. „Карпош“ во Битола, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 30 годишно лице од Битола, удрило во 62-годишна жена од Битола. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Клиничка болница Битола. По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола. На 20.11.2025 во 16:20 часот на патот Битола- Ресен, ...
Дваесет и петгодишна девојка била силувана од страна на 34-годишен житела на Нов Дојран. Препорачано СВР Струмица- ОВР Гевгелија вчера до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против И.С.(34) од Нов Дојран. „Тој се сомничи дека на 20.11.2025 во атар на село во општина Дојран извршил обљуба врз 25-годишна девојка. И.С. е лишен од слобода и изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка притвор“ ...
Скопјанец ќе одговара за предизвикување општа опасност, откако со автомобил прогонувал друга кола во која имало двојка – Италијанец и неговата девојка, соопшти Обвинителството. Препорачано Инцидентот се случил на 14 ноември, на булеварот „Партизански одреди“ и околни улици во центарот на Скопје, каде осомничениот, управувајќи „Алфа Ромео 147“ со скопски регистарски ознаки, со опасно и агресивно возење предизвикал сериозна опасност за животот на ...
Полицијата во Кичево поднесе кривична пријава против 57-годишната Р.О. од селото Длапкин Дол и против фирма со седиште во истото село, поради сомнение за бесправно градење, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според пријавата заведена во полицискиот билтен, Р.О., како управител и инвеститор, при изградба на станбена зграда во населбата „Касарна Блок 1“ во Кичево постапила спротивно на одобрението за градење издадено од општината. Наместо ...
Две жени се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи. Првиот инцидент бил пријавен во СВР Скопје вчера утрото околу 07:10 часот. На крстосницата меѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и сервисна улица, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од 62-годишниот С.М., удрило во пешакот М.К. (46) од Скопје. Жената со тешки ...
Млади момчиња од Прилеп се сомничат за напад врз едно лице на градскиот плоштад. Според информациите од полицијата, станува збор за четири лица – двајца полнолетни, К.С. (19) и А.Р. (24), и двајца малолетници на возраст од 17 години. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека инцидентот се случил на 25 септември 2025 година на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп, кога пријавените физички нападнале едно лице и му нанеле тешка ...
Скопјанка од концерт завршила во болница. Врз неа паднала решетка од вентилација од таван во Културно информативниот центар во Скопје – На 20.11.2025 во 23:15 часот во СВР Скопје од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје е пријавено дека кај нив била донесена 46-годишната М.И. од Скопје, која се здобила со телесна повреда околу 22:00 часот за време на концерт во Културно информативен центар во Скопје, кога врз неа од ...
Кривично ќе одговара 34-годишен маж од Дојран за силување на 25-годишна девојка. Касо што информираа од полицијата, СВР Струмица-ОВР Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднело кривична пријава против И.С.(34) од Нов Дојран. Тој се сомничи дека на 20.11.2025 во атар на село во општина Дојран извршил обљуба врз 25- годишна девојка. И.С. е лишен од слобода и изведен пред судија од Основен суд Гевгелија, кој му определил мерка ...
Судско рочиште за 25 годишниот мотоциклист Фатон Љури, кој смртоносно го прегази 68 годишниот пензионер Југослав Николовски на пешачка патека во Паркот на франкофонијата, ќе продолжи со изведување докази за казнена евиденција и завршни зборови. Пресудата ќе биде дополнително закажана. Според обвинителниот акт, обвинетиот управувал мотор по пешачка патека, немал возачка дозвола и возел спротивно на сообраќајните прописи. Иако брзината на моторот ...
Вчера во 16:20 часот на патот Битола- Ресен, на место викано „Превалец“, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода М.Е.(40) од Ресен. При контрола со радар било констатирано дека М.Е. управувал патничко возило „мерцедес“ со ресенски регистарски ознаки со брзина од 153 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е 80 километри на час. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член ...