Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Во Ниш се случила опасна и вознемирувачка ситуација кога 15-годишно момче управувало мотор без возачка дозвола и предизвикало сериозни прекршувања во сообраќајот. Според информациите, малолетникот возел мотор „Јамаха“ и во повеќе наврати поминувал на црвено светло, целосно игнорирајќи ги сообраќајните правила. Инцидентот се случувал во краток временски интервал, при што неговото возење било оценето како крајно опасно за останатите учесници во ...
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот “Никола Карев” и кога дошол до крстосницата со ...
Во СВР Скопје е пријавен инцидент во кој залутано зрно од огнено оружје завршило во приватен имот во скопската населба Бутел, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, на 28.05.2026 година околу 13:50 часот, шеесет и двегодишниот Е.М. од Скопје пријавил дека во дворот од неговата куќа на подрачјето на Бутел, од залутано зрно од огнено оружје била оштетена пластична маса. Од МВР велат дека се преземаат мерки ...
Во тешка сообраќајна несреќа што се случила во местото Лево Поле кај Бјело Поле, животот го загубија две лица, меѓу кои и Данило Фемиќ, началник на граничната полиција при Полициската управа Пријепоље. Според неофицијални информации, несреќата се случила на патниот правец од Губавач кон Бистрица. Засега не се познати околностите под кои дошло до несреќата, а надлежните органи спроведуваат истрага за целосно утврдување на причините. Фемиќ ...
Две лица завршија во болница откако вдишале чад при пожар што избувнал во куќа во кумановското село Матејче, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според полицискиот билтен, инцидентот бил пријавен во СВР Куманово вчера во 13:28 часот. Пожарот избувнал во куќа сопственост на М.С., а благодарение на брзата реакција на соседите, огнот бил навреме локализиран и целосно изгаснат. Сепак, поради вдишување на поголемо количество чад, ...
Полицијата во изминатите 24 часа привела седум лица на различни локации низ државата, откако при прегледи и претреси кај нив била пронајдена дрога. Апсења имало во Струмица, Боговиње, Прилеп и на повеќе локации во Скопје, меѓу кои Бит Пазар, Гази Баба, Центар и Аеродром. Во Струмица бил приведен 23-годишен жител на градот, кај кого најпрво била пронајдена марихуана, а потоа, при претрес во неговиот дом извршен со судска наредба, биле ...
Тешка сообраќајна несреќа се случила денеска на патниот правец Стража – Кичево, во близина на Трапчин Дол. Според официјални информации, во несреќата учествувале три патнички моторни возила и едно тешко товарно возило. Камионот бил со албански регистарски ознаки, додека едно од патничките возила било со унгарски, а едно со кичевски регистарски таблички. На местото на настанот интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Засега ...
Четириесетгодишен кумановец бил приведен вчера по пријава дека физички ја нападнал девет години постарата партнерка и нејзиниот син. На 29.05.2026 во 12:25 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.С.(40) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата 49 годишна партнерка и нејзиниот син, информираат од Секторот за внатрешни работи. Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно ...
Во координирана акција на српското Министерство за внатрешни работи, Управата за криминалистичка полиција и Вишото јавно обвинителство во Белград, запленети се 36 килограми марихуана и уапсени се три лица осомничени за неовластено производство и трговија со наркотични дроги. Според информациите од истрагата, осомничените Д.П., В.П. и А.А. биле забележани покрај возило во населбата Крњача. При преглед на автомобилот, полицијата пронашла 27 ...
На 29.05.2026 околу 17:40 часот во СВР Куманово е пријавено дека во с.Горно Коњаре, кумановско на крстосница од локален пат што води кон место викано „Бело-Брдо” и локален пат што води кон место викано „Млинари”, се случила сообраќајна несреќа во која И.Ѓ.(57) од с.Горно Коњаре управувајќи мопед „кимко” со кумановски регистарски ознаки за да не се судри директно со товарно возило „ивеко” со скопски регистарски ознаки управувано од ...
Триесет и двегодишен жител на Радовиш е уапсен од полициски службеници во селото Мокрино, откако бил баран со потерница за издржување на затворска казна. Според информации од Министерството за внатрешни работи, на 29 мај во околу 13:30 часот, полицијата од Секторот за внатрешни работи Струмица – Полициско одделение Ново Село го лишила од слобода Ф.И. (32) од Радовиш. При проверките било утврдено дека тој имал распишана потерница за издржување ...
Вчера во 08:40 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Л.Н.(62) постапувајќи по пријава дека физички ја нападнал и ѝ се заканувал на неговата малолетна ќерка и физички ја нападнал неговата 56-годишна сопруга. Од МВР информираат дека по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека тој бил по дејство на алкохол, односно измерени му биле 0,70 промили алкохол во крвта и бил задржан во полициска ...
Седумнаесетгодишно момче од Бечеј е уапсено под сомнение дека го усмртило својот татко по жестока семејна расправија и физичка пресметка во нивниот дом. Според информациите, инцидентот се случил во четврток навечер во семејна куќа, по што тинејџерот сам ја повикал полицијата и пријавил дека се случила тепачка со неговиот татко. Тој навел дека постои можност таткото да починал како последица на конфликтот. Кога полициските екипи пристигнале на ...
По објавите и информациите споделени на социјалните мрежи во врска со случај на семејно насилство, полициските службеници веднаш постапија и ги презедоа сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на сторителот и заштита на жртвите. На 29.05.2026 година, околу 11:40 часот, во СВР Скопје од страна на очевидец било пријавено дека на подрачјето на Центар, машко лице физички ја нападнало својата сопруга. Веднаш по пријавата, полициските ...
Моторџија на возраст од 19 години, загина во фатална сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Скопје на Пластичарската улица. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека несреќата била пријавена во 22:21 часот на крстосницата меѓу булеварот „Никола Карев“ и улицата „Прохор Пчински“. Во сообраќајката учествувале патничко возило „Ауди А4“, управувано од 31-годишниот Н.Х. од скопското село Визбегово, и два мотоцикли – „БМВ“ ...
Загребската полиција спречила планирано убиство и уапсила 25-годишен државјанин на Србија, за кој постои сомнеж дека дошол во Хрватска со цел да организира ликвидација на едно лице. Според соопштението од Полициската управа Загреб, осомничениот бил лоциран и уапсен во среда попладне во хотелска соба на подрачјето на Трешњевка, врз основа на претходно спроведени оперативни активности. При претресот, кај него бил пронајден пиштол со полн рам и ...
Момче на 13 години загина на тротинет во сообраќајка со патничко возило во кумановско. СВР Куманово соопшти дека 24-годишниот возач на возилото е приведен. Сообраќајката се случила меѓу патничко возило „мерцедес“ со кумановски регистарски и електричниот тротинет управуван од малолетникот од село Черкези. The post Момче на 13 години загина возејќи тротинет appeared first on Provereno. Момче на 13 години загина на тротинет во ...
Доцна вечерва, околу 22:40 часот, на улицата Пластичарска во Скопје се случила тешка сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило и мотоцикл. Според првичните информации, во несреќата тешко е повреден возачот на мотоциклот. На местото на настанот веднаш пристигнала екипа на Итната медицинска помош, која му укажала прва помош на повредениот, по што тој бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за понатамошно ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против кумановски управител, кој како инвеститор е осомничен дека изградил дополнителен кат на магацин спротивно на одобрениот проект, како и против градежна инспекторка која, според полицијата, не презела мерки иако била должна да постапи. „СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Б.(58), правен субјект и Л.Т.(61), сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ...
Полицијата во Ниш расветлила серија од 12 тешки кражби и уапсила 24-годишен маж, М.Н., кој се сомничи дека извршил повеќе провали во викендички на подрачјето на Бања Топило, во близина на Ниш. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, осомничениот во изминатиот период провалил во вкупно 12 викендички, од каде одзел различни предмети, меѓу кои алати, моторни пили, тримери, телевизори, греалки и други вредни предмети. ...
Бечеј занеме по незапаметената трагедија која синоќа се случи во Шумската улица, кога седумнаесетгодишник за време на семејна расправија го лишил од живот својот татко. Физичка пресметка во семејната куќа Страшниот злостор се случил синоќа околу 20:00 часот во Бечеј. Според достапните информации, во семејната куќа прво избила жестока расправија која набрзо прераснала во брутална физичка пресметка. Во налет на бес, малолетниот М. Г. (17) ...
Дваесет и тригодишен државјанин од Македонија, потекло од тетовското село Сараќино, е пронајден мртов во езерото Факер во Австрија, неколку дена откако бил пријавен за исчезнат, соопштуваат австриските медиуми. Младиот човек живеел во местото Фаак ам Зе и бил сопственик на угостителски објект. Последен пат бил виден во понеделник попладне во подрачјето на Дроболах, по што неговото семејство веднаш пријавило исчезнување во полицијата. По ...
Синоќа година во 22:45 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на булевар „Гевгелија” мопед со гевгелиски регистарски ознаки, управувам од 16-годишен малолетник од Гевгелија удрил во пешакот В.С.(57) од Гевгелија. Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле пешакот и 17-годишен сопатник на моторот од село Моин, гевгелиско. Повредите се констатирани во Медицински центар ...
На 28 мај 2026 година во 17:45 часот, на плоштадот „Крушевска Република“ во Охрид, полициски службеници привеле 44-годишен охриѓанец со иницијали Д.Н., откако претходно го нарушил јавниот ред и мир во угостителски објект. Според информациите, мажот викал и се однесувал непристојно, по што интервенирала полицијата. По извршеното алкотестирање, кај него биле измерени дури 2,51 промили алкохол во крвта. Од МВР информираат дека по целосно ...
Вчера во 19:10 часот, од страна на Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, од слобода бил лишен М.И. (24) од Куманово. Од МВР информираат дека истиот ден, на автопатот во правец од Граничниот премин Табановце кон Куманово, било сопрено патничко моторно возило „Фиат“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од М.И. При извршената контрола, во возилото биле пронајдени неколку пакувања со бела ...
Четириесет и тригодишен жител на селото Селце Кеч пријавил во полицијата дека бил физички нападнат од двајца свои соселани додека го чувал стадото овци во тетовско. Според информациите од МВР, на 28 мај во 18:40 часот во Полициското одделение Камењане, М.И. (43) пријавил дека околу 14:00 часот на местото викано „Лиси“, во атарот на селото Ново Село 2, бил физички нападнат од лицата Н.А. и Н.А. — реклама — Од полицијата информираат дека се ...
Тие загинале за време на излет кога се скршиле дрвените даски додека преминувале висечки мост во неделата наутро, во популарната туристичка дестинација Кунка Вуланг на островот Флорес. На видеоснимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека се скршени неколку даски на мостот кој, според тврдењата на очевидците, се урнал за неколку секунди, јавува „Кронен цајтунг“. „Одеа еден покрај друг и се смешкаа во камерата. Одеднаш слушнав ...
Вишото јавно обвинителство во Белград поднесе обвинение против 24-годишен маж поради сомнение дека поттикнал малолетник да изврши опасно дело со употреба на експлозивна направа. Според наводите, осомничениот во април годинава наводно побарал од малолетникот да фрли бомба врз одреден деловен објект, со цел да предизвика штета, нудејќи му отпишување на долг и парична награда. Случајот се поврзува со претходен долг кој малолетникот го имал кон ...
Тројца активисти од Јужна Кореја, кои неодамна беа приведени за време на хуманитарна мисија кон Газа, излегоа во јавност со сериозни обвинувања за насилство и злоупотреба за време на нивниот притвор. По враќањето во својата земја, тие на прес-конференција ги опишаа тешките услови со кои се соочиле, тврдејќи дека биле изложени на физичко малтретирање, како и на други форми на понижување. Според нивните сведоштва, дел од притворените биле ...
Мајката на еден од најпознатите сериски убијци во американската историја, Џефри Дамер, предизвика нови полемики во јавноста со тврдењето дека нејзиниот син, и покрај грозоморните злосторства што ги извршил, „никогаш не сакал никого да повреди“. Во разговор со американскиот криминален психолог Ерик Хики, таа изјавила: „Ги уби, но никогаш не се обиде да ги повреди“. Нејзината изјава повторно ги покрена расправитите во научните кругови за ...