Пожар избувнал во стан на подрачјето на Бит-пазар во Скопје, при што сопственикот на станот и полициски службеник се здобиле со повреди од вдишување чад. Пожарот бил пријавен на 22 ноември во 11 часот во СВР Скопје. Станот е во сопственост на 67-годишниот И.С. Интервенирала Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, која го изгаснала пожарот. Во инцидентот, сопственикот на станот и еден полициски службеник се повредиле од вдишување ...

Педесет и осумгодишен италијански државјанин бил приведен вчера на граничниот премин Меџитлија, откако при гранична контрола кај него биле пронајдени 50 куршуми за ловечко оружје. Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, на 22 ноември 2026 година, во 16 часот, полициски службеници го привеле Ц.Ц. (58) од Италија, при влез во државата. При извршените гранични проверки кај него биле пронајдени 50 куршуми со калибар од 12 ...

Ања А. (23) загина во тешката сообраќајна несреќа што се случи вчера околу 1:30 часот на улицата „Војвода Путник“ во Инѓија, додека втората девојка која била во возилото се здобила со тешки повреди и се наоѓа во критична состојба. Несреќата се случила на делницата од патот од Аутлетот кон центарот на градот, кога автомобилот во кој се наоѓале двете помлади женски лица, од засега неутврдени причини, излетал од патот. Како што претходно ...

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против М.П.(57) од Вевчани, директор во Јавно претпријатие „Национални шуми”- Шумско стопанство „Стогово” – Дебар, О.Ј.(64) и М.Л.(59) од дебарското село Џепиште, вработени како референти за испорака во претпријатието и В.И.(47) од Дебар, архивар во претпријатието, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци”, „фалсификување службена исправа” и „несовесно ...

Затворски полицаец од Струмица е осомничен за продажба на кокаин, откако бил затекнат во близина на затворот при обид да продаде дрога на друго лице, додека бил на работа. При претресите биле пронајдени дополнителни количества наркотични средства, муниција и предмет за кој полицијата утврдила дека потекнува од кражба. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 50-годишниот Р.С. бил лишен од слобода на 21 ноември 2026 година. ...

Предупредување: Во текстот се споменуваат сексуално насилство и злоупотреба. Кога Џоан Јанг се разбудила врзана за кревет, не ни насетувала на каков ужас била изложена додека била во бессознание. Кога го слушнала тогашниот сопруг Филип Јанг како некому му вели да „легне“, брзо сфатила дека во спалната соба се наоѓа уште некој. Без нејзино знаење, сопругот ја нудел Џоан на интернет на непознати мажи за сексуално злоставување, а потоа ја ...

54-годишен маж преживеал вистински пекол во Шпанија откако жена која ја сметал за пријателка го вовлекла во стапица. По интервенцијата на полицијата уапсени се две лица и запленети се мачети. Како што пренесуваат медиумите од оваа земја, вистинска драма се одвивала во шпанскиот регион Валенсија, каде што припадниците на Цивилната гарда спасиле 54-годишен маж кој 15 часа бил држен заробен, врзан за стол, претепан и изложен на постојани закани ...

Вистинска драма се случила за време на богослужба во Германија, кога повеќе верници одеднаш почнале да паѓаат во несвест. Во инцидентот се затруле 19 лица, меѓу кои и две деца, додека четворица се во тешка состојба. Инцидентот се случил во капелата на замок во Бад Грененбах, во баварскиот регион Алгој, каде што се одржувала католичка миса. Според германските надлежни служби, причина за масовното труење бил дефект на системот за греење, поради ...

На 21.11.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Меѓународен Аеродром-Скопје бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ш.Б.(56), А.Б.(37) и Б.Б.(33) сите од Скопје од една страна и Х.Л.(55) и А.Л.(30) двајцата од с.Ќојлија,скопско од друга страна, информира МВР. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. На 21.11.2026 во 14:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Меѓународен ...

Дете е тешко повредено, а велосипедот му е оштетен откако било нападнато од друго дете среде бел ден во Градскиот парк во Скопје. Како што соопшти МВР, вчера во 17:30 часот во СВР Скопје М.Н.(51) од Скопје пријави дека околу 13:30 часот во Градскиот парк неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник кој го познавал, а употребил и тврд предмет, а исто така му го оштетил велосипедот и му нанел тешка телесна повреда. Се ...

Струмица, 21 ноември 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија лишија од слобода двајца жители на Гевгелија, Н.Д. (42) и Л.С. (42), под сомнение за извршени повеќе кражби од деловни објекти, соопштија денеска од СВР Струмица. Случајот бил пријавен завчера, откако со употреба на физичка сила и погоден алат биле украдени радијатори, делови од столарија и други предмети од мобилни монтажни објекти во атарот на селото ...

Околу 12.000 деца на возраст од 12 до 17 години во Македонија биле изложени на сексуална експлоатација или злоупотреба преку интернет, покажуваат податоците од истражување на УНИЦЕФ што ги пренесува 4news.mk. Според истражувањето, секое десетто дете кое користело интернет се соочило со некаква форма на онлајн сексуална злоупотреба или експлоатација. Особено загрижува фактот што во 78 проценти од случаите лицето кое ја извршило злоупотребата ...

Тригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, вчера, 21 ноември, околу 13:40 часот, во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив било донесено починато тригодишно дете. Од МВР посочуваат дека детето имало здравствени проблеми и починало додека било транспортирано кон болницата. По пријавата, полициски ...

На 21/22.11.2026 во периодот од 20:00 до 06:00 часот полициски службеници од СВР Скопје спроведоа акциска контрола по претходно изготвен план за преземање на зајакнати мерки и активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје. При контролата извршени се проверки на идентитет на 34 лица, извршен е преглед кај 25 лица, а прегледани се четири возила. За време на контролата констатирани се 14 прекршоци од ...

Несогласување околу редоследот за преземање патници пред Меѓународниот аеродром во Скопје ескалирало во отворена физичка пресметка меѓу таксисти. Настанот предизвикал вознемиреност кај присутните граѓани и патници на терминалот. Според достапните информации од теренот, до тепачката дошло откако такси-возачите започнале вербална расправија околу тоа кој точно од нив е следен на ред за да ги преземе пристигнатите патници пред влезот на ...

Денеска (21.11.2026) од страна на ПС ОН Карпош при СВР Скопје преземени се мерки и активности во врска со објаваено видео на социјалните мрежи на кое се гледа како едно лице управува патничко возило по бул.”Партизански Одреди” во спротивен правец. При тоа утврдено е дека лицето е И.Г.(87) од Скопје. И.Г. е лишен од слобода по член 297 а став 1 од Кривичниот законик. Во просториите на ПС ОН Карпош извршен е разговор со лицето и во ...

Осуденик на возраст од 34 години од Скопје бил затекнат со марихуана во Казнено-поправната установа „Идризово“. Според информациите од полицијата, на 21 ноември 2026 година, во 00:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека при контрола во отвореното одделение на установата бил пронајден И.П. (34) од Скопје, кој е осуденик во затворот. Контролата била извршена на 20 ноември, околу 23:15 часот, при што кај него била забележана марихуана. При ...

Вчера (20.11) полициски службеници од полициското одделение Кривогаштани, во основните училишта „Манчу Матак” во с.Кривогаштани и „Јонче Смигрески” во с.Обршани реализираа превентивни работилници со учениците на тема „Безбеден сообраќај” , при што поделени беа и летоци со едукативна содржина. На 21.11.2026 полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Штип, во содејство со претставник од РСБПС и полициски службеници од ПС за БПС Штип, ...

Полициски службеници од Полициското одделение Маврово лишиле од слобода 39-годишен државјанин на Албанија, кој бил затекнат како извршува градежни работи во населбата Маврови Анови. Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2026 година, околу 12:15 часот, при извршената контрола било констатирано дека Р.А. (39) го пречекорил дозволениот престој во државата. Дополнително, при контролата тој не поседувал документи за лична ...

На 20.11.2026 околу 09:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, патничко возило удрило во 69-годишната С.С. од Скопје и го напуштило местото на настанот. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.С., констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје, информира МВР. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 20.11.2026 ...

На 20.11.2026 во 15:15 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека во Ургентниот центар Гостивар со тешки телесни повреди бил донесен 13-годишен малолетник од с.Форино, гостиварско. -Според пријавеното, тој се здобил со повреди откако во дворот на основното училиште во с.Форино, управувајќи електричен тротинет, изгубил контрола и паднал на асфалтот, информира МВР. По укажаната лекарска помош во Гостивар, тој бил префрлен во Комплексот клиники ...

Милош Ѓуричковиќ (56), кого црногорските безбедносни служби претходно го поврзуваа со криминалниот шкаљарски клан, беше убиен утрово во местото Баице, близу Цетиње во Црна Гора, според информациите објавени од Полициската управа. Полицијата соопшти дека нашла безживотно тело Ѓуричковиќ со години ѝ беше познат на црногорската полиција и судство. Медиумите претходно го опишуваа како наводен водач на цетинскиот огранок на шкаљарскиот клан, ...

ОВР Кочани поднело кривична пријава против 31-годишниот А.Д. од Прилеп поради сомнение за сторено кривично дело „Лихварство“, предвидено и казниво според член 260 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2026 година, пријавата била поднесена до Основното јавно обвинителство Кочани. Осомничениот, во два наврати, му дал пари на заем на едно лице во вкупен износ од 7.500 денари, со договор ...

Пијан 45-годишен маж од велешкото село Иванковци бил приведен откако го нарушувал јавниот ред и мир со агресивно однесување на улица во Велес. Како што информираат од полицијата, на 20 ноември 2026 година, околу 19:30 часот, полициски службеници од СВР Велес го привеле Т.Н. (45) на улицата „Благој Ѓорев“, поради агресивното однесување. По преземените мерки и извршените проверки било утврдено дека тој бил под дејство на алкохол, при што му ...

Полициски службеници од ОВР Виница по преземени мерки за расветлување на тешка кражба извршена на 19.11.2026 во приватна здравствена установа Виница во која на дел од вработените им биле одземени нивни лични предмети од нивните шкафови, извршија претрес во домот на Г.П.(31) од Виница, со судска наредба, при што се пронајдени и одземени сите предмети кои потекнуваат од истото кривично дело. Известен е јавен обвинител и по целосно ...

На 21.11.2026 во 06:15 чaсот во СВР Скопје е пријавено дека на обиколница „Мајка Тереза“ во близина на с. Смилковци, скопско пронајдено е лице без знаци на живот. Веднаш по пријавата полициски службеници од СВР Скопје се упатени на лице место, при што е утврдено дека лицето е Ш.Е.(38) од с. Љубин, скопско. -Во близина на телото е пронајдено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал. Од Итна ...

Педесет и шестгодишен жител на делчевското село Град е лишен од слобода под сомнение за незаконит лов. Полицијата го затекнала на нива во атарот на селото, со ловечко оружје кое, според информациите од МВР, било приспособено за ноќно ловење. На 20 ноември 2026 година, во 20:00 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток го лишиле од слобода А.А. (56) од село Град. По претходно добиени сознанија, полициските ...

Двајца мажи од охридскиот регион биле лишени од слобода во Струга, откако полицијата утврдила дека едниот управувал автомобил и покрај активната забрана за возење, додека кај неговиот сопатник била пронајдена бела прашкаста материја. Според информациите од полицијата, на 20 ноември 2026 година, во 20:20 часот, на магистралниот пат Нова Пожарна во Струга, полициски службеници од ОВР Струга сопреле патничко возило „БМВ“ со кичевски регистарски ...

Четириесет и шестгодишна жена била жртва на сексуално насилство и физички напад од страна на нејзиниот партнер во куќа на белградската општина Звездара. Според првичните информации, инцидентот се случил синоќа, а жената била претепана и се здобила со крвавење во мозокот. Засега не се објавени дополнителни детали за околностите под кои се случил нападот, ниту за состојбата на повредената жена. Повеќе информации се очекуваат по завршувањето на ...

На повтореното судење во Лос Анџелес, Џонатан Риндеркнехт е прогласен за виновен за подметнување на почетниот пожар од кој се разви разорен пожар што однесе животи и претвори илјадници објекти во пепел. Порота во Лос Анџелес го прогласи 30-годишниот Џонатан Риндеркнехт за виновен за подметнување пожар од кој се разви еден од најразорните пожари во историјата на Лос Анџелес. Пресудата беше донесена на второто судење, откако првото судење ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
69%
1028
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
0.51
75%
1027
weather icon

Загреб

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
74%
1026
weather icon

Софија

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
57%
1026
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
4.79
67%
1027
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
73%
1023
weather icon

Тирана

8ᴼ / 4ᴼ
1.03
69%
1026
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
1.54
60%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 1ᴼ
5.66
56%
1025
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.09
69%
1027
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
91%
1024
Currency

61.837

Currency

56.461

Currency

73.855

Currency

37.464

Currency

39.394

Currency

67.205

Currency

8.4738

Currency

0.68881

Currency

0.35466

Currency

0.52522

Currency

1.1158

Currency

0.60849

Рутениум

59478.88

Калај

41.42

Бакар

11.03

Кобалт

33.53

Злато

116292.47

Сребро

1349.25

Родиум

287749.18

Паладиум

27681.79

Алуминиум

2.83

Цинк

3.63

Платина

41313.71

Иридиум

326330.08