Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Вчера во 18:10 часот, полициски службеници од Полициското одделение Групчин го лишија од слобода Б.Х.(51) од с.Требош. Според пријавеното, околу 09:00 часот, за време на големиот одмор, Б.Х. влегол во просториите на основното училиште во село Требош, физички нападнал двајца малолетни ученици и им упатувал вербални закани. Од СВР Тетово велат дека тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи во Смедерево, а според првичните информации, во судирот е повредено бебе старо околу една година, кое итно е пренесено во болница. Според фотографиите од местото на сообраќајната несреќа во Смедерево, на коловозот се расфрлани делови од автомобил и скршено стакло, додека на лице место се наоѓаат полициски екипи и службата Помош на пат. Возилото претрпе поголеми оштетувања, а призорот од местото на несреќата ...
Голем пожар избувнал вчера во скопската населба Бит-пазар, при што огнот зафатил станбени објекти на улицата „Никола Мартиновски“ број 33. Поради опасноста од ширење на пожарот, на терен биле испратени поголем број пожарникари и противпожарни возила, кои со часови се бореле со огнената стихија. Според информациите од Центарот за управување со кризи (ЦУК), пожарот избувнал во периодот од 17:20 до 20:20 часот. Во неговото гаснење учествувале ...
На 09.11.2026 во 18:40 часот на пешачка патека покрај реката Вардар на подрачје на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје го лишија од слобода Ф.С.(19) од Скопје затоа што при извршен преглед над него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, со судска наредба и во координација со Одделот за криминалистичка полиција при МВР, извршен е претрес во домот и други простории ...
Нови детали излегуваат на виделина за тешката автобуска несреќа кај Загреб, во која загинаа две лица, а десетици патници беа повредени. Возачот на автобусот, 55-годишниот Дејан В. од Србија, пред обвинителството ја изнел својата верзија за трагедијата. Според информациите на хрватските медиуми, возачот негирал дека заспал зад воланот, како што претходно тврделе дел од патниците. „Бев одморен и спиев додека колегата возеше. Потоа се сменивме ...
Нови детали излегуваат на виделина за трагичната смрт на 32-годишниот спортист Кристијан Јосип Периш, кој почина во психијатриската болница „Свети Иван“ во загрепската населба Јанкомир. Адвокатот на семејството, Леон Зрниќ, во изјава за хрватските медиуми нагласи дека починатиот не бил зависник од дрога и дека медицинската документација не покажува докази дека бил под дејство на наркотични средства. Според адвокатот, од извештаите на ...
Во тешката сообраќајна несреќа на автопатот А3 кај Иваниќ-Град во Хрватска загина 17-годишната Василија Пањако, ученичка во четврта година во Уметничкото училиште во Краљево, Србија, која била државјанка на Црна Гора. Заедно со неа патувале наставничка и уште една ученичка од истото училиште, кои во несреќата се повредени, но нивните животи не се во опасност. Трите патувале кон Прага, каде што требало да учествуваат на симпозиум на уметничко ...
37-годишна жителка на Охрид кривично ќе одговара откако, според полицијата, не ја вратила малолетната ќерка кај поранешниот сопруг, со кого живее девојчето. „ОВР Струга поднесе кривична пријава против 37-годишна жена од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „одземање на дете“ по член 198 од Кривичниот законик. Пријавената го сторила делото на 9 октомври 2026 година, кога навремено и според договорот не ја вратила ...
Шокантна новинарска истрага на Би-Би-Си открива како криминални организации во Франција регрутираат малолетници преку социјалните мрежи, ветувајќи им брза заработка, луксузен живот и илјадници евра. Наместо тоа, децата завршуваат во свет на дрога, насилство, уцени и убиства. Особено потресен е случајот со две 15-годишни момчиња од Марсеј, кои биле држени во заробеништво, тепани и понижувани, а едното било и сексуално злоставувано. Едно од ...
Министерството за внатрешни работи регистрирало 708 прекршоци за брзо возење за само шест часа, при акциска сообраќајна контрола спроведена на територијата на целата држава. Контролата била реализирана вчера, во периодот од 11 до 17 часот, од страна на Секторот за сообраќајни работи при МВР. Од вкупниот број прекршоци, 360 биле регистрирани надвор од населено место, додека 348 во населено место. Во рамки на акцијата биле откриени и три ...
Полицијата во Зрењанин, по налог на Вишото јавно обвинителство, го уапси Д. М. (19) од Житиште, кој се сомничи дека под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна несреќа во која загина едно лице. Според соопштението од Полициската управа во Зрењанин, тој е уапсен поради постоење основи на сомневање дека извршил кривични дела тешки дела против безбедноста во јавниот сообраќај и непомагање на лице повредено во сообраќајна несреќа. Тој се ...
Автомобил се запали на улицата до Драмскиот театар во Скопје, каде напомош пристигна возило на скопската Противпожарната бригада. Освен пожарникари, на локацијата има и полицајци. Засега нема информации како и чие возило е запалено, ниту колкава е штетата, за што чекаме дополнителни податоци од Министерството за внатрешни работи. Автомобил се запали на улицата до Драмскиот театар во Скопје, каде напомош пристигна возило на скопската ...
Страшна трагедија се случи денеска на Златибор, каде што, според првичните неофицијални информации, е пронајдено беживотно тело на помлада женска особа на возраст од околу дваесет години. Според пишувањата на медиумите, постои сомневање за брутален злочин. Неофицијално, девојката била убиена со повеќе тешки повреди, а потоа нејзиното тело било фрлено од терасата на еден објект. Полицијата го блокираше подрачјето, дежурниот обвинител е на ...
Нарушен јавниот ред и мир во населбата Колонија и Шуто Оризари, во два одделни случаи на физичка пресметка, во кои биле користени и тврди предмети. Како што се наведува во полицискиот билтен, вчера во 17:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред продажен објект во населбата Колонија бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.Г.(42) и неколку други лица, при што бил употребен и тврд предмет. Исто така, околу 19:00 часот ...
ОВР Кичево поднело кривична пријава против Д.Д.(48) од Кичево. Како што се наведува во полицискиот билтен, кривичната пријава против 48-годишниот Д.Д. била поднесена поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При контрола на патниот сообраќај, извршена на месноста „Битолска раскрсница“ во близина на Кичево, полициските ...
Шест случаи на семејно насилство и закани се регистрирани во полицискиот билтен, при што пет лица биле лишени од слобода, а против едно лице е поднесена кривична пријава. Во делчевско село, синоќа во 23:10 часот, полицијата го привела А.Л. (45), по пријава дека физички го нападнал својот 13-годишен син. За случајот е известен јавен обвинител, а по неговото документирање ќе следува соодветна пријава. Во тетовско село, полицијата го привела ...
Шеесет и петгодишна скопјанка вчера била уапсена во затворот „Идризово“, откако во пакет што го донела за својот син, кој издржува затворска казна, била пронајдена марихуана. Според информациите од МВР, на 8 ноември, околу 10 часот, при преглед на пакетот била пронајдена и одземена марихуана, по што полициски службеници во 11:30 часот ја лишиле од слобода Џ.Ф. (65) од Скопје. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен ...
ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22) од дебарското село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“. Според полицијата, на 13.08.2026 пријавениот остварил вонбрачна заедница со малолетничка од дебарско село, откако, по претходен договор, со неговиот автомобил ја земал во близина на нејзиниот дом. По преземени мерки, тим од полициски службеници и од Центарот за социјални работи, во ...
Зголемен број телефонски измами и обиди за измама се регистрирани во изминатиот период на подрачјето што го покрива Секторот за внатрешни работи Штип. Полицијата предупредува дека измамниците најчесто ги таргетираат повозрасните граѓани, користејќи лажни приказни за тешки повреди на нивните најблиски и итни медицински интервенции, со цел да им извлечат поголеми суми пари. Според информациите од СВР Штип, во последниот период е забележан ...
Денешното судско рочиште за предметот „Онкологија“, што се води во Основниот кривичен суд во Скопје, е одложено. Засега не е наведена причината за одложувањето, ниту датумот за следното рочиште. Случајот се однесува на обвиненија за несовесно лекување пациенти на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Меѓу обвинетите е и поранешниот директор Нино Васев, заедно со уште двајца онколози. Обвинението опфаќа наводи за несоодветни терапии и ...
Случај на оштетување гробно место бил пријавен на гробиштата во скопската општина Ѓорче Петров. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 7 ноември, во 16:15 часот, 63-годишен скопјанец пријавил дека на гробно место биле искршени две мермерни плочи. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот. Случај на оштетување гробно место бил пријавен на гробиштата во скопската општина Ѓорче ...
Она што започна како застрашувачка кошмар-приказна за родителите ширум Европа за време на прославата на Ноќта на вештерките, кога во детските чоколадци и слатки почнувајќи да се појавуваат игли, клинци, завртки и парчиња жица, се претвори во опсежна меѓународна истрага. Австриската и германската полиција кренаа узбуна откако децата во тие земји здобија повреди на устата и јазикот бодејќи се на остри предмети скриени во чоколади и бонбони што ...
Дваесет и четиригодишниот Михал Оксињски, кој завчера во полскиот град Краков уби шест лица, а повреди уште 15, починал рано утринава во болница. Тој им подлегнал на тешките повреди што ги здобил за време на полициската интервенција по нападот, потврдија локалните власти, а пренесе Би-Би-Си. „Би сакале да ве информираме дека сторителот на трагичните настани почина во болница рано утринава“, соопштила Малополската полиција преку објава на ...
Шокантна вест која го згрози светот Бездушност од невидени размери во Јужна Каролина – таткото отишол дома на топло, а малото девојче го оставил само среде ноќ на тротоар. Таткото на шестгодишно девојче од американската сојузна држава Јужна Каролина е уапсен откако ја оставил својата ќерка да спие пред продавницата „Таргет“ (Target) во градот Чарлстон, со цел да му го чува местото во редот. Тие чекале во редот да се отвори продавницата и да ...
Сообраќајна несреќа се случила вечерва на кружниот тек кон Дивци, во близина на Ваљево, Србија. Според фотографијата објавена од српските медиуми, автомобилот ја пробил заштитната ограда покрај патот, по што излетал од коловозот. Засега нема информации за причините што довеле до несреќата, ниту е познато дали има повредени лица. Околностите под кои дошло до излетувањето на возилото сè уште не се разјаснети. Повеќе детали за настанот се ...
На 07.11.2026 во 14:20 часот во Казнено поправната установа Затвор-Идризово полициски службеници од СВР Скопје ја лишија од слобода Е .З .(30) од Скопје по претходна пријава дека при посета на осуденикот Џ.З.(34) во видувалната од установата при личен претрес кај неа биле пронајдени и одземени две паковки со марихуана. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 07.11.2026 во 14:20 часот во Казнено поправната установа Затвор-Идризово ...
Седумдесетгодишен маж вчера пријавил семејно насилство во Секторот за внатрешни работи Скопје, откако тој и неговата сопруга биле цел на агресија од страна на нивниот син. Инцидентот се случил на 07.11.2026 година околу 11:00 часот во семејниот дом што се наоѓа на подрачјето на скопската општина Кисела Вода. Според наводите во пријавата, физичкиот напад го извршил нивниот 31-годишен син со иницијали Д.С. По првичниот физички напад врз ...
Возење со брзина поголема од 200 километри на час на стариот пат Кочани–Штип е прикажано на видео кое младо момче го објавило на социјалните мрежи. На снимката се гледа како возачот управува со автомобилот со исклучително висока брзина, додека воедно го снима своето возење. Според прикажаното на брзинометарот, возилото се движи со над 200 километри на час на делницата меѓу Кочани и Штип. Ваквото однесување на јавен пат претставува сериозен ...
Трагедија што го потресе светот Млада мајка замина на неколкудневен одмор, а на семејството ѝ ја враќаат во ковчег по бизарна и страшна несреќа. Рената Ребека Неграо Салдања дос Сантос (26), мајка на две мали деца од бразилскиот град Ананиндеуа, трагично го загуби животот за време на нејзиниот краток одмор во Сао Луис. Моментот кога се потпре на прозорот и падна (Фото: Икс) Зад себе остави две мали деца, од кои помладото има само четири ...
Трагедија што го потресе светот Млада француска инфлуенсерка го загуби животот за време на одмор, откако возилото во кое се наоѓала пропаднало во надојдена река, а вратите и прозорците останале заглавени. Младата француска инфлуенсерка Ема Мари Лоран (24) го загуби животот во стравична несреќа за време на одмор во Никарагва, кога автомобилот во кој се наоѓала таа заврши во надојдената река. Возилото за кратко време потонало, а бидејќи ...