Маж осомничен за долготрајно физичко и психичко малтретирање на 21-годишна девојка успеал да избега низ отворен прозорец од полициската станица во Битола. Тој претходно бил повикан на разговор и самостојно пристигнал по поднесена пријава за семејно насилство, по што полицијата веднаш започнала опсежна потрага, а во расчистување на околностите за бегството се вклучи и Одделот за внатрешна контрола при МВР. Според наводите во пријавата и ...
„Отидовме во болница, ја прегледаа на неколку одделенија, затоа што беше удрена во главата, на лицето и на вратот. Отидовме во полиција, направен беше записник, каде ќерка ми раскажа сè што се случи, дека ја давел и не можеше воздух да земе“, раскажува мајка на 21-годишна девојка од Битола за која вели дека била жртва на својот партнер По пријавата, осомничениот доброволно дошол во полициската станица заедно со свој родител. Но, кога ...
Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска потврди дека лице пријавено за физичко и психичко насилство врз 21-годишна девојка побегнало низ отворен прозорец од просториите на СВР Битола, додека полициските службеници преземале дејствија за негово лишување од слобода. Од МВР информираат дека по осомничениот интензивно се трага, а за утврдување на одговорноста и околностите под кои се случило бегството е известен Одделот за внатрешна ...

