Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Бугарија ќе го усвои еврото на 1 јануари 2026 година, станувајќи 21-та земја на ЕУ што ќе се приклучи на заедничката валута. Како и секоја земја членка, Бугарија поднесе барање за нови дизајни за задната страна на своите евра и центи. Тие ќе бидат воведени во европска циркулација во јануари, објавуваат германските медиуми. Препорачано Монетата од 2 евра го содржи портретот на Свети Пајсиј Хилендарски, клучна фигура во бугарската национална ...
Финансии / Банкарство Комплетиран новиот Управен одбор на НЛБ Банка Скопје! 16.12.2025г Во 2026 година, НЛБ Банка влегува со нов состав на Управниот одбор. По регулаторното одобрување од Народната банка, за нови членови на УО се назначуваат Bojan Stojanoski/Бојан Стојаноски, Dragisa Tadic/ Драгиша Тадиќ и Kiril Buhov MSc./Кирил Бухов. Откако доби нов мандат од Народната банка, во одборот продолжува и Katerina Jankovic/Катерина Јанковиќ. Овој ...
Сите љубители на технологијата и корисници кои бараат висококвалитетен лаптоп, имаат можност да го набават Apple MacBook Pro по невероватна цена. Оваа зделка е вистинска шанса за оние кои сакаат да поседуваат професионален уред со извонредни перформанси по достапна цена. Моделот со 2GHz Intel i5 процесор нуди одлични можности за работа, учење и забава. Компактниот дизајн и моќната конфигурација го прават идеален избор за студенти, freelancers и ...
Renault одлучи да го укине својот проект за електрична микромобилност и да го повлече подбрендот Mobilize од сцената, предвремено повлекувајќи ги моделите Duo и Bento. Овие мали урбани електрични квадрицикли, замислени како наследници на познатиот модел Twizy (2012), никогаш не успеаја сериозно да се етаблираат на пазарот. Mobilize беше лансиран во 2021 година со цел развој на решенија „надвор од класичната автомобилска индустрија“. Прочитајте ...
„Насдак“ (Nasdaq Inc.), втората најголема берза во САД, бара регулаторно одобрение за продолжување на трговските часови на своите берзански платформи на 23 часа во текот на работната недела. Компанијата побара од Комисијата за хартии од вредност на САД дозвола да воведе дополнителна трговска сесија, од 21 до 4 часот по источно време, се наведува во документацијата доставена во понеделникот. Со тоа би се надополниле претпазарните, редовните и ...
Добивај вести на Viber Пензиските системи на Холандија, Исланд и Данска и во 2025 година се рангирани на првите места во светот, покажува Глобалниот пензиски индекс на Mercer CFA Institute. Овој индекс, кој годинава по 17-ти пат ги споредува пензиските системи во 52 земји што опфаќаат околу 65 проценти од светската популација, служи како алатка за споредба и за идентификување на можни насоки за унапредување на пензиските политики. Системите се ...
Македонците во странство минатата година испратиле во земјава 310 милиони евра или 2 проценти од БДП. Иако бележиме суфицит, личните дотации од странство кон Македонија во апсолутни бројки бележат пад во последните години од 319 милиони евра во 2023 и 331 милион евра во 2022 година. Од земјите во регионот во апсолутни бројки најмногу дотации лани има дијаспората на Србија, која испратила 4.47 милијарди евра, потоа следи на Босна и Херцеговина ...
Средната класа некогаш беше тивката, но стабилна оска на македонското општество. Луѓе со редовна плата, кредит за стан, еден автомобил пред зграда, летување еднаш годишно и чувство дека, ако не оди нагоре, барем нема да оди драстично надолу. Денес, тоа чувство речиси исчезна. Прашањето „дали средната класа се топи“ одамна не е теоретско, туку секојдневно – се слуша во редици пред маркети, во разговори по кафулиња, во тивките пресметки пред каса. ...
Добивај вести на Viber Секоја година, повеќе од половина милион граѓани во земјата добиваат зелени пликови – годишни извештаи за состојбата на нивната пензиска заштеда. Овие извештаи, кои ги испраќаат пензиските друштва под надзор на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС), претставуваат еден од најважните инструменти за транспарентност во пензискиот систем. Зелениот плик е дел од поширокиот процес на ...
Добивај вести на Viber dm го продолжува патот на хуманоста и солидарноста. Оваа година, со неизмерна радост и задоволство, донираа повеќе од 200 пакети со храна кои ќе стигнат до социјално загрозените семејства ширум нашата земја. Под мотото „Купувај во dm и направи добро дело“, на 28 ноември 2025 година, dm по седми патго организираше „Giving Friday“ — посебна хуманитарна акција во која одвоија 5% од нивниот дневен промет за хуманитарни цели. ...
Синдикатот на вработените во јавниот сектор во Грција започна 24-часовен штрајк утрово поради новиот буџет за 2026 година, што вечерва се очекува да биде изгласан од грчкиот Парламент. Штрајкот го поддржуваат и локалните власти, наставниците, здравствените работници и градоначалниците, а пред Парламентот се организираат протести во текот на денот. Синдикатите го критикуваат буџетот како „антиграѓански“, кој, според нив, носи дополнителни даночни ...
Низ цела Германија, земјоделците протестираа со трактори против ниските цени на млекото и путерот во Лидл и другите дисконтни продавници. Пред седиштето на Лидл во Бад Вимпфен, полицијата изброи околу 140 возила, а здружението на земјоделци дури 250. Путерот во моментов е поевтин отколку што бил подолго време. Трговските синџири неодамна повторно ги намалија цените. Путер од 250 грама од германска марка сега чини помалку од едно евро. Причината ...
Зголемувањето на трошоците за домување е слично на нова пандемија што се шири низ Европа, изјави градоначалникот на Барселона, Жауме Колбони, кој заедно со 16 други градски лидери ја повика ЕУ да одговори на кризата со домувањето со ослободување милијарди евра средства за најтешко погодените области, пишува Гардијан. Препорачано Европската Унија утре треба да го претстави својот прв план за домување, по консултации со експерти, засегнати страни ...
Добивај вести на Viber Министерството за финансии на „Бехтел и Енка“, изведувачот на автопатите од Коридор 8 и Коридор 10Д, ќе му исплати уште екстра 15 милиони евра до крајот на годината како вишок на средства кои останале непотрошени а првично во буџетот биле предвидени за други намени. Владата ја промени програмата за финансирање на седница на 11 декември и на Јавното претпријатие „Државни патишта“ како инвеститор на проектот за изградба на ...
Во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија денеска ќе се одржи официјална инаугурација на Шведско-македонската стопанска комора, по нејзиното успешно отворање во Стокхолм во октомври годинава. Како што соопштуваат од Комората, на инаугурацијата ќе присуствуваат високи претставници од Министерството, како и претставници од Амбасадата на Кралството Шведска во земјава, каде претседателот и извршен директор на Комората, Самуел ...
Добивај вести на Viber Пред нешто повеќе од две години, Комисијата прелиминарно утврди дека „Банер“, „Клариос“ (порано „Аутобатери“, „Ексид“, „ФЕТ“ (порано „Елетра“) и „Ромбат“ преговарале со производителите на автомобили помеѓу 2004 и 2017 година за користење на нови ценовни индекси како дел од „Премиумскиот систем на Евробат“. „Банер“, „Клариос“, „Ексид“ и „Ромбат“ одлучија, со поддршка на здружението EUROBAT, да создадат и објават „додаток“ ...
Добивај вести на Viber Од 2026 година, продажбата на половни автомобили во Европската Унија ќе стане значително посложена. Новата регулатива воведува построги правила што особено би можеле да влијаат на приватните продавачи и помалите дилери . Правилата стапуваат на сила во 2026 година и имаат за цел да го направат пазарот на автомобили поодржлив . Новата регулатива на Европската Унија предвидува дека при продажба на половен автомобил, мора да ...
Доаѓа ли времето кога пазарите на предвидување ќе станат составен дел од инвестициските портфолија е прашање кое станува се поактуелно во услови кога овие платформи што овозможуваат обложување на какви било настани од секојдневието земаат историски замав и добиваат легитимитет од реномирани брокерски куќи и институционални инвеститори. Според Матеј Вујаниќ, пазарен аналитичар во „Блумберг Адрија“ има неколку причини поради кои пазарите на ...
Мал е бројот на мали фирми во Македонија во кои менаџерските структури сфаќаат дека излегувањето на светските пазари носи и соочување со огромна конкуренција, смета Данчо Димков, бизнис-советник од „Бизби солушнс“ (BizzBee Solutions), кој беше дел од панел-дискусијата „Предизвици и најдобри практики во финансискиот менаџмент за мали и средни претпријатија“ што неодамна ја организираше „Блумберг Адрија“ во соработка со „Свисконтакт“. Тој ...
Малите и средните претпријатија во земјава често се настанати како мали фамилијарни бизниси и во нив нема некаква формална организациска структура, односно тие немаат главен финансиски директор што би управувал со финансиите, укажа Симон Аврамовски, бизнис-советник од „ПоинтПро консалтинг“ (PointPro Consulting), кој беше дел од панел-дискусијата „Предизвици и најдобри практики во финансискиот менаџмент за мали и средни претпријатија“ што ...
Заканата од високи царини за кинеските бродски кранови ги нарушува плановите за модернизација на американските пристаништа, иако администрацијата на Трамп ги откажа новите царини за една година. Раководителите на бродската индустрија велат дека царините од 100 проценти, дел од поширока кампања за намалување на поморската доминација на Кина, ги поттикнуваат операторите на пристаништата да ги преиспитаат плановите за додавање поголеми, посовремени ...
Изнајмувањето Дедо Мраз во Скопје годинава стана повеќе од симпатичен празничен детал – прерасна во добро разработена сезонска услуга, со јасни правила, темпо и побарувачка што не стивнува. Цената, според повеќето ангажмани, изнесува 1.200 денари за еден час, а целиот процес е речиси секогаш ист. Родителите ја оставаат адресата, однапред ги подготвуваат пакетчињата што сакаат да бидат врачени „од Дедо Мраз“, се договараат за термин и потоа ...
Добивај вести на Viber Вистина е дека високо платените работни места бараат состојба на интензивен, непрекинат фокус. Авторот Кал Њупорт го нарекува овој концепт „Длабока работа“. Добрата вест? Можете да изградите цела кариера околу овој принцип. Еве четири високо платени работни места за луѓе кои ги мразат состаноците. 1. Фармацевтска индустрија Во оваа профитабилна улога, вие сте врската помеѓу сложената наука и луѓето кои треба да ја ...
Добивај вести на Viber Зголемувањето на цените на златото не е изненадување долго време, но сега и среброто достигна историски максимум од 60 долари за унца. Понудата се топи, ликвидноста исчезнува, а инвеститорите бегаат кон скапоцени метали под притисок од глобалните ризици и очекуваните намалувања на каматните стапки од страна на Федералните резерви. Комбинирањето на традиционалните финансии и дигиталните средства повеќе не е само концепт, ...
Добивај вести на Viber Додека глобалната продажба на роботски правосмукалки расте со двоцифрена стапка, iRobot изгуби пазарен удел под притисок од кинеските производители. Глобалниот пазар на роботски правосмукалки е во процес на длабока трансформација, а најјасен знак за ова е веста дека американскиот iRobot, пионер во роботското чистење и креатор на Roomba, прогласи банкрот и заврши во финансиско реструктуирање по години на пад на продажбата ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју во Тема на денот во Дневникот на Сител телевизија потенцираше дека пари во буџетот има, истиот е стабилен и во одлична кондиција, додека датумот 15 декември не значеше затворање на трезорот, туку иницијатива за правните субјекти да бидат поодговорни во испраќањето на налози, за да не биде се, како што рече во 5 до 12. Кога зборуваме за трезорот сакаме едноставно да има ред, тоа значи дека ...
Швајцарската национална банка ја зголемува својата економска прогноза поради поповолните глобални услови. Врз основљ на тековните податоци, банката очекува просечната годишна инфлација во Швајцарија да биде 0,2% во 2025 година и малку да се зголеми на 0,3% во 2026 година и 0,6% во 2027 година. Економските изгледи за Швајцарија се малку подобрени во споредба со претходната прогноза поради пониските американски царини и малку подобрите глобални ...
Ниту ги следат ниту ги отвораат, граѓаните ги баталија задолжителните ценовни објави на трговските синџири и само ги следат најавите за акции за да видат каде има поевтини производи. Веќе никој не го спомнува ветувањето за државна апликација, која ќе ни го олеснеше пребарувањето и ќе беше олеснување во достапноста на информациите до потрошувачите за цените. Граѓаните се децидни дека иако цените се достапни на веб-страниците, нивната споредба ...
Луксузните странски автомобили се соочуваат со предизвици на кинискиот пазар, каде потрошувачите сè повеќе преминуваат кон домашни марки. Кинеските производители успешно се прилагодуваат на локалните преференции, нудејќи возила со напредна електроника и компfort по поконкурентни цени. Европските автомобилски компании, вклучително и Порше, трпат значителни загуби поради овој тренд. Промените се должат на комплексни економски фактори, вклучувајќи ...
Каде завршуваат парите кои државата ги одвојува за субвенционирање на земјоделците. Секоја година се одвојуваат повеќе средства за помош на земјоделциите и сточарите, а производството на храна се намалува. Земјата се позависна од увоз на зеленчук, овошје, месни и млечни производи. Од Националната земјоделска мрежа, велат дека субвенциите се повеќе популистичка - отколку мерка за развој на земјоделците. Споредбено - во дел од соседните земји ...