Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
„Серафимовски нема со што да се фали и нека не се обидува да им ги мачка очите на струмичките земјоделци со некаков неформален договор со откупувачите. Земјоделците се гневни затоа што се доведени до гола егзистенција, а ова што го нуди Министерството не е никаква системска гаранција. Кој гарантира дека договорените 40 денари за прва класа, 30 денари за мешана прва и втора класа и 15 денари за шкарт навистина ќе бидат исплатени? Кој гарантира ...
Србија во средината на август ќе почне преговори со Светска банка за условите за финансирање програма вредна една милијарда евра, наменета за проширување и модернизација на гасната инфраструктура во земјата, соопшти српската министерка за енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ. Преговорите ќе опфатат прашања поврзани со социјалните и еколошките стандарди, јавните набавки, како и јасно утврдување на надлежностите и одговорностите за секој ...
text size Иако САД и Јапонија покажаа ретко единство во настојувањата да го зајакнат јенот, суштинското несогласување меѓу Скот Бесент и Санае Такаичи околу Банката на Јапонија се заканува да ги поткопа нивните напори. Во изминатата година, американскиот министер за финансии сигнализираше дека смета дека заострувањето на монетарната политика е клучно за справување со слабоста на јапонската валута. Премиерката Такаичи, од друга страна, долго ...
Долгот на Американците на кредитни картички достигна 1,26 трилиони долари во вториот квартал од годината, приближувајќи се до рекордните 1,28 трилиони долари поставени на крајот од минатата година, покажаа податоците од Федералните резерви на Њујорк. Долгот се зголемил за 21 милијарда долари за три месеци, а економистите го поврзуваат растот со високата потрошувачка и зголемувањето на цените на храната, горивото и другите основни производи, ...
Рекордните горештини, сушите и пожарите во текот на летото 2026 година веќе не се само еколошки проблем, туку сериозен удар за европската економија, бидејќи истовремено го нарушуваат производството на електрична енергија, речниот транспорт, земјоделството, туризмот и јавното здравје. Рајна и Дунав се особено погодени, каде што ниските нивоа на вода го ограничуваат товарниот сообраќај, додека некои нуклеарни централи мораа да го намалат или ...
Германската „Дојче Банк“ направи значаен чекор во кинескиот финансиски систем, откако доби зелено светло да ги порамнува прекуграничните трансакции во кинески јуани. Со ова, банката станува првата некинеска европска финансиска институција што добива ваква улога, отворајќи нов канал за директни финансиски трансакции меѓу Европа и Кина. Одлуката доаѓа во период кога Пекинг сè поагресивно работи на интернационализација на својата валута и ...
Подземен мегатрезор за супербогати клиенти се гради во Швајцарските Алпи, под планината Бриниг Пас, во близина на гратчето Лунгерн, пренесоа швајцарските медиуми. Со проектот за изградба на гигантскиот комплекс подземни трезори, наменети за заштита на имотот на најбогатите луѓе во светот, раководи претприемачот Томас Гасер, претседател на Управниот одбор на компанијата „Бриниг мега сејф“ (Brünig Mega Safe), пренесува „Свисинфо“. Од нашата ...
Министерството за финансии префрли нов трансфер во износ од 176,5 милиони денари или 2,9 милиони евра од централниот Буџет кон Развојната банка за поддршка на инвестициски проекти во домашните комании. Со овој трансфер вкупната поддршката на Владата кон домашните компании достигна 14,7 милијарди денари или 239 милиони евра, што е значителен поттик за реализација на приватни инвестиции и поттик за економијата. Во Буџетот за оваа намена се ...
Заедничката европска валута, еврото, продолжува да бележи ниски нивоа во однос на албанската валута-лек, достигнувајќи историски најниска вредност на домашниот пазар од неговото пуштање во оптек како физичка валута. На девизниот пазар денеска се купува за 92,4 леки, а се продава за 93,3 леки. Од почетокот на 2026 година, еврото изгуби околу 3,8% од својата вредност во однос на албанската валута, додека во споредба со највисокото историско ...
text size Глобалните резерви на нафта ќе се намалуваат во текот на овој квартал со повеќе од двојно побрзо темпо од претходно проценетото, бидејќи конфликтот со Иран повторно ескалира, иако негативното влијание од високите цени врз побарувачката продолжува да се продлабочува, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Според месечниот извештај на агенцијата, светскиот нафтен пазар се соочува со недостиг од 1,8 милиони барели дневно, ...
Европските берзи го започнаа август 2026 година спротивно од историската тенденција. Индексите EURO STOXX 50, DAX и CAC 40 се наоѓаат близу рекордни вредности, а инвеститорите засега не покажуваат поголема загриженост поради познатата „августовска слабост“. Историски гледано, август навистина е слаб месец за европските акции. Кај германскиот DAX, просечниот августовски принос од 1970 година е -1,03 отсто, додека кај францускиот CAC 40, чии ...
Колку јавноста навистина е запознаена со сите факти поврзани со случајот „Мазут“, кој со месеци е една од главните теми во македонските медиуми? За да се добие целосна слика, потребно е случувањата да се разгледаат хронолошки, преку официјалните извештаи, вештачењата, исказите на сослушаните лица и економските показатели од периодот кој беше предмет на истрагата. На 9 ноември 2021 година Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со ...
Топлотните бранови во Северна Италија годинава ги зголемија трошоците за одржување на огромните климатизирани магацини во кои зрее едно од најпознатите италијански сирења – „Пармиџино Региано“ (Parmigiano Reggiano). Една од институциите што користи ваков необичен модел е Credito Emiliano (Credem). Банката уште од 1953 година прифаќа млади тркала пармезан како залог за кредити што им ги одобрува на производителите – пишува Еуроњуз. Преку ...
Македонија го одбележува Денот на рударите со загрижувачки податоци за состојбата во секторот. Во земјата има сè помалку луѓе кои работат во рудниците, а истовремено нема доволно нови инвестиции кои би отвориле дополнителни работни места. Според Државниот завод за статистика, бројот на работниците во индустријата во јуни 2026 година се намалил за 2,3% на годишно ниво. Во рударството падот е драстично поголем – 7,7%. Тоа значи дека за само ...
Секретарот на иранскиот Врховен совет за национална безбедност, Мохсен Резаи, денеска порача дека Иран нема да го отвори Ормускиот теснец додека САД не ги прифатат условите на Техеран. Според наводите на агенцијата Тасним, Резаи изјави дека Вашингтон мора да ја заврши војната, вклучувајќи ги и судирите во Газа и Либан, како и да ги одзамрзне иранските финансиски средства. Од нашата мрежа Витиња: Секогаш е тешко да се игра против Астон Вила ...
Кина се надева дека ќе се пробие во светот на комерцијалната авијација со првиот меѓународен лет на патнички авион од кинеско производство, кој е закажан за денеска. Иако се претставува како конкуренција на гигантите, стручњаците сметаат дека ќе поминат генерации пред Кина сериозно да го загрози западниот дуопол. Од нашата мрежа ОПЕК пумпа повеќе нафта, но не доволно: Производителите повторно остануваат… 19 минути biznisinfo.mk Витиња: ...
Лондонскиот „Хитроу“ ја загуби позицијата на најпрометен аеродром во Европа, откако во јули аеродромот во Истанбул регистрираше повеќе патници. Во текот на јули, низ терминалите на „Хитроу“ поминале 7,86 милиони патници, додека истанбулскиот аеродром опслужил 8,15 милиони патници. За една година, патничкиот сообраќај на „Хитроу“ е намален за 1,5 отсто, додека Истанбул забележал раст од 2,3 отсто. Еден од факторите што влијаеле врз ...
Почнувајќи од денес, секоја македонска компанија што пласира спакувана стока на пазарот на Европската Унија ќе мора да докаже дека нејзиното пакување го исполнува новиот, уникатен европски стандард. Регулативата (ЕУ) 2025/40, попозната како PPWR, стапува на сила на 12 август и претставува една од најзначајните регулаторни промени за домашните извозници во последните години. Регулативата за пакување и отпад од пакување (PPWR) ја заменува ...
Со години, категоријата безалкохолни пијалоци се држеше до своето место во малопродажната индустрија за храна и пијалоци, стабилна и модерирана од неколку глобални брендови. Но, категоријата каква што ја знаеме се менува. Новите податоци од аналитичарите и учесниците на пазарот покажуваат тивка, но дефинитивна трансформација во секторот за безалкохолни пијалоци. Две студии на пазарот за 2026 година го доловуваат поместувањето од различни ...
Иако земјоделците знаат да кажат дека албанските домати и краставици ја уриваат нашата цена, податоците што ги доби „Слободен печат“ од Царинската управа покажуваат дека ние имаме значајно поголем извоз од увоз. Само во јуни и во јули се извезени 2,5 милиони килограми краставици и корнишони, а се увезени 280.000 килограми. Извозот на доматите е уште поголем – за два месецa 11 милиони килограми домати, за разлика од увозот што бил 700.000 ...
Се очекува растот во еврозоната да забрза, откако економијата на блокот покажа изненадувачка отпорност на последиците од војната меѓу САД и Израел и Иран, покажува истражување на „Bloomberg“ меѓу аналитичари. Според новите проценки, економијата на 21-члениот блок ќе порасне за 0,8 отсто во 2026-та година, наспроти прогнозата од 0,5 отсто во јули. Корекцијата речиси целосно го одразува посилниот резултат во периодот од април до јуни, кога ...
Околу 350 илјади пензионери сè уште не знаат колкаво ќе биде септемвриското зголемување на пензиите. Се знае дека ќе има процентуално усогласување според законската формула, но конечниот процент сè уште не е утврден. Според проценките, зголемувањето би можело да се движи меѓу три и пет проценти, но за конечната пресметка потребен е статистички податок за просечната плата за јуни. Илија Николовски, претседател на Партијата на пензионери, за ...
Добивај вести на Viber Авто Испитен Центар Дооел Скопје, како и на сообраќајните центи во Карпош, Центар, Чаир, Аеродром и Гази Баба како подружници. Истовремено од јули извесен Александар Карафиловски станува нов сопственик на Авто Испитен Центар Скопје на местото на Виктор Серафимов, додека Боби Милев го наследи директорското место од Мирјана Бошковска. Друштвото на крајот од минатата година имало приходи од речиси 2 милиони евра и 48 ...
Добивај вести на Viber Пресврт во работењето на Акционерското друштво Раде Кончар – Апаратна техника АД Скопје од почетокот на годината. За разлика од лани, оваа година компанијата се соочува со сериозни финансиски предизвици и драстичен пад во своето работење. Имено извештајот за консолидираните финансиски резултати објавен на Македонска берза за првите шест месеци од годинава покажува дека вкупните остварени приходи на компанијата ...
Криптовалутите преминуваат од нерегулиран раст кон мејнстрим финансиска распределба. Клучните трендови вклучуваат: вклучување на крипто средства во традиционалните инвестициски портфолија (како што е одобрувањето на ETF-ови на Bitcoin и Ethereum), забрзана токенизација на средства од реалниот свет (RWA), длабока интеграција на вештачката интелигенција и блокчејн, докази за нула знаење (ZK) што ја подобруваат приватноста и скалабилноста и ...
На 12 август 2026 година се навршуваат шест години од затворањето на Еуростандард банка – денот кога илјадници граѓани, пензионери, фирми и здруженија останаа без пристап до своите пари и беа втурнати во долга правна, финансиска и институционална неизвесност, известуваат од Здржението на оштетени штедачи на ЕСБ. По години молк, бавно постапување и незадоволство кај оштетените штедачи, случајот конечно добива нова тежина со поднесеното ...
Под покровителство на Министерството за односи меѓу заедниците и министерот Агон Ферати денеска и утре со низа активности и панел-дискусии ќе почне одбележувањето на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Од Министерството за односи меѓу заедниците информираат дека денеска во Клубот на пратеници ќе се одржат неколку панел-дискусии, а утре ќе се одржи главниот настан во 19:30 часот на Камениот мост – Скопје. На ...
text size Русија почна да увезува бензин дури од Индија, бидејќи украинските напади врз нејзините рафинерии предизвикуваат сериозен недостиг на домашниот пазар. Ова е првпат Москва да увезува моторно гориво од оваа јужноазиска земја, покажуваат податоците на „Кплер“ (Kpler), а потребата бензинот да помине толку долг пат укажува на тоа колку сериозна станува кризата. Првата пратка била примена на 5 август, а можно е да пристигнат и други, ...
text size По децении освојување на кинеските купувачи со својот германски инженеринг, „Мерцедес“ (Mercedes-Benz Group AG) направи понизен чекор минатата есен со партнерството со синџирот за брза храна „Мекдоналдс“ (McDonald’s) за да го промовира својот најнов автомобил. Во кампањата „Вистински Мек-Бенц“ (So Mc-Benz), „Мерцедес“ дозволи фигурина од чизбургер да го заземе местото на традиционалната трикрака ѕвезда на целосно електричниот ...
text size Биткоинот, судејќи според сѐ, ќе влезе во претстојната есен со значително поинаква пазарна структура отколку во претходните циклуси. Иако последниот квартал историски често носеше силни скокови на највредната криптовалута, овој пат инвеститорите следат различни фактори. Монетата моментално е на приближно половина од вредноста на рекордното ниво од октомври минатата година, кога надмина 126.000 долари, но за разлика од претходните ...