Сè потешко се обезбедува работна сила за садење, обработка и берба на земјоделските површини во Македонија. Производителите ги зголемуваат дневниците за да привлечат сезонски работници, но ниту повисоката заработка не успева да го зголеми интересот кај младите. Последиците може да бидат најголеми во периодот на бербата, кога недостигот од луѓе може да значи дека дел од производството нема навреме да биде собрано. На земјоделците им останува ...

text size Заживувањето на глобалното тргување со акции на компании поврзани со вештачката интелигенција ги поттурна јужнокорејските акции во технички биковски пазар, означувајќи драматичен пресврт од историскиот пад од минатиот месец. Референтниот индекс Kospi порасна за 3,6 проценти во четврток, продолжувајќи го својот раст од најниското ниво забележано на 30 јули на околу 22 проценти. Гигантите за мемориски чипови „Самсунг“ (Samsung ...

Добивај вести на Viber Ерменскиот премиер Никол Пашинјан изјави дека ситуацијата со извозот на ерменски земјоделски производи во Русија не се променила по неговиот телефонски разговор со рускиот претседател Владимир Путин на 27 јули, како и по неговото учество на состанокот на Евроазискиот меѓувладин совет. Роселхознадзор претходно објави дека, почнувајќи од 12 јуни, ќе го ограничи увозот на сите карантински производи од Ерменија, како и ...

Утре истекува ултиматумот што битолските и пелагониските сточари ѝ го дадоа на Владата, со што и официјално започнува одбројувањето до најавената радикализација на нивниот револт. Откако со месеци алармираат за колапсот на млекарството, ниските откупни цени и доцнењето на државната помош, сточарите се децидни – доколку нема конкретно решение и спас за нивната егзистенција, машините и тракторите наскоро излегуваат на протест. Државата во ...

Во значајна пресвртница за Гугл, генералниот директор Сундар Пичаи објави преку платформата Икс дека апликацијата Џеминај стана еден од најбрзо растечките производи на компанијата, неодамна надминувајќи ја бројката од 1 милијарда месечно активни корисници. Пичаи исто така напомена дека ова е 14-тиот производ на Гугл што ја достигнал границата од една милијарда. Со овој брз раст, Џеминај држи чекор со ЧетГПТ на компанијата ОпенАИ, кој достигна ...

По повеќе од три децении најави и застој, железничкото поврзување на Македонија со Бугарија влегува во фаза на конкретна реализација, со обезбедена финансиска конструкција и со јасен план. Третата делница од Коридорот 8, од Крива Паланка до бугарската граница, е еден од најзначајните инфраструктурни проекти што треба да ја подобри регионалната транспортна поврзаност на земјата. Делницата е долга 22 километри и претставува сериозен инженерски ...

Македонскиот минималец останува меѓу најниските во регионот и покрај тоа што од април 2026 година е зголемена минималната плата на 26.046 денари нето, односно околу 423 евра. Додека кај нас работниците со најниски примања чекаат ново зголемување, соседните земји продолжуваат да ја зголемуваат минималната плата, а разликата станува сè повидлива. Најнов пример е Србија, каде што се најавува ново зголемување на минималецот. Според најавите од ...

Добивај вести на Viber Азербејџан има за цел да го претвори извозот на калинки во клучен неенергетски бизнис, потпирајќи се на повеќе од 200 автохтони сорти и производи со повисока додадена вредност. Азербејџан ги претвора калинките во глобален извозен бренд. Минатата година, земјата извезе калинки и производи од калинки во вредност од 48,2 милиони евра, ставајќи ја цврсто рамо до рамо со најголемите светски производители, како што се Иран, ...

Домаќинствата во кои живеат родителите со своите деца и внуци, а понекогаш дури и родителите на родителите, веќе одамна се минато. Современиот начин на живеење, продолжувањето на животниот век, како и работниот ангажман на жените, наметнуваат сè поголема потреба од згрижување на возрасните. Ова создаде една нова стопанска дејност „Социјална заштита со сместување на стари и изнемоштени лица“, шифра под која се евидентирани 36 установи. Цените ...

Добивај вести на Viber Вицепремиерот Александар Николоски на 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор најави дека деновиве ќе започне изградбата на автопатот Скопје - Блаце. „Денеска државата се гради да биде пропсеритетна преку силни инвестиции во инфраструктура, здравството, во образованието. Градиме модерна инфраструктура: За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце. Интензивно се гради Тетово – ...

„Тисенкруп“ ја зголеми долната граница на својата прогноза за профит за 2026 година во четврток, поттикната од нејзините единици за челик, поморство и трговија со материјали, како и намалувањето на трошоците поврзани со тековната програма за ефикасност. Германската компанија, која произведува сè, од делови за автомобили до фабрики за ѓубрива, моментално е во процес на драстично менување на својата структура, одвојувајќи ги сите свои ...

Со свечена седница на Владата денеска беше одбележана 25 годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор. Беким Сали, прв заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, и Александар Николоски, заменик-претседател на Владата и министер за транспорт во своите обраќања потенцираа дека овој историски договор остави силна трага во развојот на државата. – Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени ...

Да имаш за леб, сметки и превоз не значи дека живееш добро. Тоа значи дека си успеал да го истуркаш месецот. Нормален живот е нешто повеќе. Да можеш да отидеш на стоматолог без да пресметуваш која сметка ќе ја одложиш. Да му платиш екскурзија на детето. Да замениш расипан фрижидер без заем. Да заминеш неколку дена на одмор. Да излезеш на вечера, да купиш книга, да заштедиш нешто и да не се плашиш дека еден непланиран трошок ќе го урне целиот ...

Добивај вести на Viber 96 дена неизвесност, страв и солзи, а потоа 269 дена исполнети со радост, прегратки и среќа. Малата Рита, најмалото бебе родено во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, наполни една година. За својот прв роденден таа повторно дојде на местото каде што ја започна својата најголема животна битка, на Одделот за неонатална интензивна нега. Но овојпат не како пациент, туку како весело, разиграно и насмеано девојче кое со ...

Готовината останува најшироко прифатениот начин на плаќање на физичките продажни места во еврозоната, и покрај силниот раст на мобилните и другите дигитални плаќања, покажува ново истражување на Европската централна банка. Според резултатите, готовина прифаќаат 92 отсто од компаниите што продаваат стоки и услуги на физички локации, наспроти 90 отсто во 2024 година. Од ЕЦБ оценуваат дека со тоа е запрен падот на прифаќањето на готовината ...

Недоволните инвестиции во геолошките истражувања со децении го ограничувале развојот на нови рударски проекти во Европа, оценува Европската инвестициска банка. Во најновиот технички извештај „Предизвици и решенија за истражувањето на минерали во Европа“, Банката укажува дека Европа располага со значаен минерален потенцијал, но дека недостигот од истражувања и подготвени проекти претставува пречка за негово искористување. Од нашата мрежа ДЗС: ...

Во јуни годинава се издадени 296 одобренија за градење, што е за 39.0 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 6 363 610 илјади денари, што е за 31.0 % повеќе во однос на истиот месец лани. Најмногу одобренија – 70, се издадени во Полошкиот регион. Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 200 ...

Иран наскоро ќе стане членка на Новата развојна банка (NDB), финансиска институција основана од земјите-членки на БРИКС, соопшти гувернерот на иранската централна банка, Абдолнасер Хемати. Хемати, кој учествува на состанок на гувернерите на централните банки на земјите од БРИКС во Индија, оцени дека формирањето на Новата развојна банка е еден од најзначајните резултати од соработката во рамките на групата. Тој посочи дека соработката меѓу ...

Добивај вести на Viber Вештачката интелигенција сè повеќе влегува во онлајн-купувањето, а трговците се подготвуваат за промена во која АИ асистентите ќе можат да препорачуваат производи, да избираат продавници и да иницираат плаќања во име на корисниците. Холандската платежна компанија „Адјен“ предупредува дека ваквиот начин на купување може да ја ослаби директната врска меѓу продавниците и нивните клиенти, особено ако потрошувачите почнат ...

Администрацијата на Доналд Трамп насочува најмалку 927 милиони долари во градежни проекти во комплексот на Белата куќа, додека апелацискиот суд привремено запре еден од клучните делови на планот. Според наводите на „The Washington Post“, парите не се бараат преку директни распределби од Конгресот, туку се пренасочуваат од други сојузни институции и од приватни финансиери. Средствата се слеваат на сметката „White House Repair and Restoration“, ...

Цената на кафето на светските берзи доживеа остар скок, поттикнат од стравувањата дека климатските промени и можното враќање на феноменот Ел Нињо би можеле да ги загрозат приносите во најважните региони за производство на кафе- пишува Тs2.tech . Фјучерсите за кафе во понеделникот пораснаа за дури 18,5 отсто, достигнувајќи 3,57 долари за фунта. Тоа е најголемиот дневен скок на цената на оваа земјоделска суровина од 2000 година. Наглото ...

Рударењето криптовалути одамна не е само приказна за компјутери, дигитални паричници и луѓе што бараат заработка преку интернет. Зад секоја „ископана“ монета стојат машини што работат со часови, трошат струја и произведуваат топлина. А кога електричната енергија доаѓа од јаглен, гас или други фосилни извори, сметката не завршува само кај рударот. Дел од цената ја плаќа и животната средина. Еден од поинтересните примери е таканареченото ...

Добивај вести на Viber Граѓаните кои планираат да вложат во подобра изолација, нови прозори и врати, котли, топлински пумпи, сончеви колектори за топла вода, фотоволтаични системи или други енергетски ефикасни решенија, можат да добијат финансиска поддршка и грант до 20% од вредноста на инвестицијата. НЛБ Банка во соработка со Европската банка за обнова и развој обезбеди нова кредитна линија во износ од 4 милиони евра, наменета за поддршка ...

НЛБ Банка Скопје ја промовира својата понуда на Visa кредитни картички, наменети за корисниците кои планираат патувања, но и за оние кои се одлучуваат за спонтани авантури. Од Банката порачуваат дека без разлика дали станува збор за долгоочекувано патување планирано со месеци или за одлука донесена во последен момент, НЛБ Visa кредитните картички можат да бидат дел од финансиското планирање на патувањето. „Некои патувања ги планираш со ...

Податоците за стапката на невработеност во земјите од Г20 како повод за наша економска опсервација На прв поглед, бројките звучат импресивно. Русија со стапка на невработеност од околу 2,2 oтсто, Мексико со 2,4 отсто, а веднаш зад нив Јапонија и Јужна Кореја со 2,7 отсто. На спротивниот крај на табелата, драматична слика во Јужна Африка со над 30-отстотна невработеност… Овие податоци не се само статистика. Тие се огледало на длабоки ...

Европската унија забрзано работи на сопствена инфраструктура за дигитални плаќања, а дигиталното евро се наметнува како еден од клучните инструменти за намалување на зависноста од американските платни гиганти Виза и Мастеркард. Европа сака поголема независност во дигиталните плаќања. Причината е високата зависност од компании со седиште надвор од ЕУ, особено Виза и Мастеркард, кои имаат доминантна позиција на пазарот на картични плаќања во ...

Ценовниот раст во САД забави во јули, што ги засили очекувањата дека Федералните резерви би можеле да се воздржат од ново зголемување на каматните стапки во септември. Годишната потрошувачка инфлација во Соединетите Американски Држави забави во јули, покажуваат најновите податоци на Бирото за статистика на трудот на САД. Инфлацијата се намали од 3,5 проценти во јуни на 3,4 проценти во јули, додека на месечно ниво потрошувачките цени пораснаа ...

Добивај вести на Viber Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа ...

Добивај вести на Viber Под мотото „Lending Reimagined“, на 24 и 25 септември Скопје ќе биде регионална точка за разговор за иднината на микрофинансирањето, кредитирањето, вештачката интелигенција и новите модели на финансирање. Како може да се продлабочи соработката меѓу банките, штедилниците и небанкарските финансиски институции? Зошто небанкарското микрофинансирање е важно за финансиската инклузија и економскиот развој? На кој начин ...

Дали луѓето во Германија работат сè повеќе и повеќе или трендот е обратен? Зависи од состојбата на економијата, возраста, полот, образованието и неколку други работи, покажува објавената анализа. Според податоците од Федералниот институт за истражување на населението (BiB), просечните работни часови во 2025 година биле пократки од претходната година за прв пат по неколку години, објавува DPA. Броејќи го целото население на работоспособна ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
1.54
76%
1026
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
2.06
63%
1028
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
84%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
87%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
86%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

15ᴼ / 13ᴼ
1.54
63%
1022
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
66%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
4.12
65%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
61%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Калај

46.54

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42

Паладиум

32279.35