Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Добивај вести на Viber Сè поголем број луѓе одлучуваат да се преквалификуваат за побрзо да најдат работа или да ги зголемат месечните приходи. Курсевите за готвење, сметководство, фризерство, уметност за нокти, но и дигитален маркетинг, станаа многу популарни бидејќи им овозможуваат да стекнат основни знаења за нови професии за релативно кратко време. Анализа направена во соседството покажува колку можат да заработат лица кои се ...
По повлекувањето на линија Скопје-Франкфурт од германската авиокомпанија Луфтханза во јуни годинава, уште две авиокомпании најавија повлекување на директни линии од Скопје кон Варшава и Париз. Полската авиокомпанија Лот ќе ги прекине летовите Скопје-Варшава во зимскиот распоред на летови, а британската нискобуџетна авиокомпанија ИзиЏет ги откажуваат летовите Скопје-Париз доаеродромот Орли. Вакво известување добил операторот на скопскиот ...
Растот на БДП во фокусот Капиталните инвестиции се во фокусот на Владата и државните институции во изминативе месеци, па зачестуваат информациите од министрите околу градбата на одредени проекти. Најактивен на полето е министерот за транспорт, кој честопати објавува до каде е изградбата на автопатот кон Охрид или, пак, изградбата на автопатот Прилеп–Битола, но често објавува и за градењето на железничката пруга кон соседна Бугарија. Се ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави три нови инвестиции за кои договорите се очекува да бидат потпишани оваа есен. Преговорите се во завршна фаза и се очекува да поминат на некоја од следните владини седници. – Во Брисел имав три средби со инвеститори кои во Македонија се во завршна фаза на постигнување на договор. Едниот е од Германија, едниот од САД, а третиот прави проширување на постојната инвестиција и многу наскоро, оваа есен, ...
Најголем притисок се чувствува кај европскиот репер брент, чија цена во петокот, 14 август, се искачи над 88 долари за барел. Според берзанските податоци, околу 10 часот цената на нафтата брент пораснала за 1,52 проценти, достигнувајќи 88,392 долари за барел. Американската сурова нафта WTI истовремено поскапела за 1,86 проценти, достигнувајќи 82,803 долари за барел. Растот на цената на нафтата доаѓа во момент кога инвеститорите внимателно ги ...
Како Македонија има најниска стапка на инфлација, една од највисоките стапки на економски раст во Европа и, според одредени показатели, најниско ценовно ниво, а граѓаните и понатаму едвај врзуваат крај со крај? Ова е прашањето што повторно ја отвора дебатата за тоа колку официјалните економски показатели ја отсликуваат реалната состојба во која живеат македонските семејства. Додека од власта во јавноста се истакнуваат со раст на економијата, ...
text size Една од најголемите реформи на германскиот пензиски систем откако канцеларот Ото фон Бизмарк го основал кон крајот на 19 век ќе им стави на располагање на современите менаџери на фондови нов огромен износ пари за инвестирање. По многу години прифаќање ниски приноси во замена за гарантиран капитал, земјата се подготвува да се оддалечи од конзервативните хартии од вредност и осигурителните полиси и да субвенционира поширок спектар ...
Имало или немало загадување во случајот Мазут? Ова прашање е можеби прашањето за кое македонската јавност е најзагрижена во врска со овој случај. Инаку „Мазут“ е моментално на одлучување во Вишото јавно обвинителство, откако Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција реши да ја запре истрагата поради недостаток на докази. Во Македонија постои Правилник за квалитетот на течните горива каде се пропишуваат ...
Владата и опозицијата на Венецуела се договорија заеднички да работат на враќање на околу 31 тон државни златни резерви. Владата и опозицијата на Венецуела, по две недели преговори со посредство на Соединетите Американски Држави, се договорија заеднички да работат на враќање на околу 31 тон државни златни резерви, вредни повеќе од четири милијарди долари, кои се чуваат во трезорот на Банката на Англија во Лондон, објави „Фајненшел тајмс“ ...
Оревите не носат брзи пари, но кога насадот ќе влезе во полн род, пресметката може да биде повеќе од интересна. Еден хектар ореви, според пресметките на познавачите на овоштарството, може да донесе околу 11.000 евра годишно, додека трошоците за одржување и берба се значително пониски во споредба со приходот. Но има една работа што секој што планира ваква инвестиција мора да ја знае уште на почетокот. Пари нема веднаш. Подигањето на плантажа ...
Четириесет од германските компании кои го сочинуваат берзанскиот DAX индекс објавија рекордна оперативна добивка во вториот квартал, а воедно намалија повеќе од 40.000 работни места, според студијата на консултантската фирма EY објавена во петокот. Комбинираната заработка пред камати и даноци (EBIT) се зголеми за речиси 16% на 52,6 милијарди евра (60,7 милијарди долари), околу 7 милијарди евра повеќе од претходната година и 10% над ...
Добивај вести на Viber Продолжената суша во големи делови од Германија ја оштети жетвата, предупреди здружението на трговци и прехранбени компании, проценувајќи дека од средината на јуни се изгубени околу три милиони тони жито и репка. Послабата жетва ги „истенчи“ приходите на секторот за околу 600 милиони евра, предупреди во четврток Рајфајзенвербанд, кој ги обединува 1.600 здруженија и компании од секторот за земјоделска трговија и ...
Добивај вести на Viber Многу возачи ги оставаат прозорците на автомобилот малку отворени во лето за да ја намалат топлината. ADAC измери колку ова всушност влијае на температурата во кабината. Ако го оставите автомобилот на сонце во текот на летото, веројатно сте го спуштиле прозорецот неколку сантиметри барем еднаш, верувајќи дека тоа ќе спречи кабината да се претвори во рерна. На прв поглед, изгледа логично - топлиот воздух треба да ...
Војната во Украина трае веќе петта година – подолго од Првата светска војна и од учеството на Русија во Втората светска војна. Во текот на овие месеци Русија, која со децении се обидуваше да ги користи енергетските ресурси како оружје, сега е принудена да увезува горива од соседните земји, пишува „Forbes“ во своја анализа. Изданието посветува внимание на сè поефикасните украински напади врз енергетската инфраструктура – рафинерии, складишта ...
Централната клириншка депозитарна компанија (SKDD) објави дека корпоративната акција од понудата за преземање на Краш е завршена. За секоја продадена акција беа уплатени 130 евра на сметките на продавачите на акциите на Краш, а акциите беа префрлени на понудувачите, Пивак Холдинг и компанијата регистрирана на Кипар Капа Стар Лимитед, кои дејствуваа заеднички во оваа понуда, пишува SEEbiz. Според официјалниот извештај за преземањето, Пивак ...
Добивај вести на Viber Руската економија се враќа на раст, изјави денеска министерот за економски развој на Русија, Максим Решетников, наведувајќи дека координираните мерки на владата и Централната банка на Русија придонеле за ова. Според него, растот на БДП повеќе не е поттикнат само од буџетските трошоци, туку и од закрепнувањето на трошоците на граѓаните, пренесува РИА Новости. Решетников рече дека приватната потрошувачка повторно расте, ...
Добивај вести на Viber Нема законска минимална плата, но постојат секторски минимуми. Во последните неколку децении, Норвешка стана привлечна дестинација за работници од различни делови на светот, вклучувајќи го и нашиот регион. Просечната плата во Норвешка е околу 4.853 евра бруто. Норвешкиот пазар на трудот нуди многу предности во споредба со другите земји. Прво добро платените работни места ја прават Норвешка многу посакувана ...
За да ги заштити корисниците, Meta воведува функција на WhatsApp наречена Scam Alert. Станува збор за опционална функција која моментално е достапна за ограничен број корисници во бета фаза, а која користи вештачка интелигенција за препознавање потенцијални измами. Најважно е тоа што вештачката интелигенција не мора да ја испраќа содржината на вашите разговори на серверите на Meta, бидејќи Scam Alert користи AI модел кој се извршува директно ...
Добивај вести на Viber Платата останува важен дел од секоја кариера, но таа е само еден фактор што влијае на тоа дали луѓето се мотивирани да ја работат својата работа. Како што компаниите продолжуваат да се прилагодуваат на новите технологии, хибридните начини на работа и менувањето на очекувањата на вработените, луѓето сè повеќе ги ценат искуствата што придонесуваат за долгорочно задоволство и развој. Разбирањето на тие приоритети може да ...
Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 14.08.2026 заврши со благ раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 9.252,08 поени. Во однос на претходниот трговски ден, индексот се зголеми за 6,61 поени, односно за 0,07%. Индексот ОМБ изнесуваше 130,77 поени, без дневна промена, односно 0,00 поени и 0,00%. Вкупниот промет реализиран на сите пазарни сегменти ...
Добивај вести на Viber Растот на швајцарската економија е највисок во последните пет години. Швајцарската економија оствари изненадувачки силен раст во вториот квартал од 2026 година, потврдувајќи ја отпорноста на економијата на високите цени на енергијата и неизвесноста во меѓународната трговија. БДП прилагоден за влијанието на големите спортски настани се зголеми за 1,5 проценти во споредба со претходниот квартал, што е најбрзата стапка на ...
Добивај вести на Viber На Источна Германија ѝ се заканува сè поголем губиток на работна сила доколку продолжи заминувањето на вработените, покажуваат резултатите од анкета. Имено, од 2023 до 2025 година, источните покраини изгубиле околу 141.000 работници со германско државјанство, додека уделот на вработени без германски пасош се зголемил за 90.000, според краткиот извештај на Институтот за германска економија (IW), до кој ДПА имаше пристап. ...
Неодамна Евростат објави податок што изгледа како мала статистичка промена: 16,5% од населението во Европската Унија на возраст од 16 години или повеќе секојдневно користи тутун или сродни производи: цигари, електронски цигари, никотински ќесички или загреани тутунски производи. Во 2022 година тој удел изнесувал 17,5%. Значи, има пад. Но, вистинската приказна зад оваа статистика не е во еден процентен поен, туку во фактот дека Европа не се ...
Пензијата во Македонија просечно се користи околу 11 години, покажуваат податоците со кои располага Фондот за пензиското и инвалидското осигурување. Од Фондот велат дека немаат податок со кој би можело прецизно да се утврди дали пензијата подолго ја користат мажите или жените. Во меѓународни рамки, сепак, податоците покажуваат јасна разлика, жените во просек подолго време живеат по пензионирањето, а Јапонија е меѓу земјите со најдолг очекуван ...
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ постојано се под граничните вредности определени со Закон Од 2007 година, емисиите на ТИТАН УСЈЕ се мониторираат 24 часа, 365 дена во годината од страна на независен, автоматски систем за мониторинг (вкупна прашина, SO2 и NOx), кои се контролирани од страна на надлежните органи. Компанијата не е во можност на каков било начин да влијае врз резултатите. Производството запира доколку филтрите не работат ...
Добивај вести на Viber Во последните години, Општина Крушево заедно со локалните бизниси преземаат стратешки чекори за позиционирање на градот како одржлива туристичка дестинација преку целата година. Со поттикнување на соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор, поддршка на еколошки свесни практики и зачувување на богатото културно наследство, Крушево се развива во пример за одржлив и регенеративен туризам, кој успешно ги следи најновите ...
Добивај вести на Viber На 30 септември 2026 година, во Хајделберг Факултет – Скопје, ќе се одржи7-та Германско-македонска конференција за контролинг, оваа година под мотото„Актуелни предизвици во контролингот – вештачка интелигенција, дигитализација и развој на нови компетенции“. Конференцијата ја организираатГерманската стопанска комора во странство и Хајделберг Факултет - Скопје, во партнерство со Академијата за банкарство и информатичка ...
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 14 август 2026 изнесува 143,76 евра за мегават час, на МЕМО 131,70 евра за мегават час Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 14 август 2026 просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 143,76 евра/mwh, додека на MEMO цената е 131,70 евра/mwh. Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) ...
Македонската асоцијација за управување со цврст отпад (MaSWA) од септември започнува нов циклус акредитирани професионални обуки наменети за стручно, теоретско и практично оспособување во областа на одржливото управување и постапување со отпад. Обуките обезбедуваат сеопфатна подготовка за полагање на стручниот испит за управување и постапување со отпад, согласно законските барања и предвидената програма. Програмата е креирана со цел ...
Маја Михајлова ќе продолжи да биде дел од Управниот одбор на ПроКредит Банка АД Скопје и во следните четири години, информира Банката преку Македонската берза. Народната банка на Република Северна Македонија на 15 јули 2026 година издала решение со кое се дава претходна согласност за реименување на Михајлова за член на Управниот одбор на ПроКредит Банка, со мандат од четири години. Со реименувањето на Михајлова, Управниот одбор на ПроКредит ...