Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала го погоди брегот на Санторини утрово нешто пред 10 часот, соопшти Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, пренесува „Прототема“. Земјотресот беше почувствуван и во Атика, а претходно во истото подрачје беше регистриран земјотрес со јачина од 4,1 степени. ЕМСЦ соопшти дека земјотресот ја погодил областа на 18 километри источно од Фира. Текстот Нов силен земјотрес ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд кој повремено ќе преминуваат во снег. Ќе дува слаб до умерен, уште од претпладне, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Слаб снег ќе има и преку ноќта понекаде во планинските региони. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени. Во ...
„Одбраните судии на СДС и ДУИ играат како „змии“, излегуваат од дупките само кога ќе им засвират Заев, Филипче и Ахмети. Стара поговорка вели што ќе посееш, тоа ќе пожнееш. СДС и ДУИ ги посеа Кацарска, Рускоска, Трпков и Коцевски, и никнаа корупцијата и криминалот. Негативни рекорди рушиме секојдневно, буквално судството може да држи лекции за тоа како да си корумпиран, а да не одговараш“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Дека во Македонија владее ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски и на Центар Горан Герасимовски спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода. Оваа заедничка иницијатива беше со цел да се утврди состојбата на лице место со присуство на малолетници во ноќните часови и низ разговор со нив да се испрати порака колку е важна превенцијата во спречување на ...
Главниот настан на НБА Ол-стар викендот во Сан Франциско за прв пат се одржа во нов формат со четири екипи во посебен систем, а победи тимот кој го избра прославениот центар и сопственик на четири шампионски прстени Шекил О’Нил. Ол-стар викендот го пропушти Леброн Џејмс. Ѕвездата на ЛА Лејкерс се повлече еден час пред почетокот, поради повреда на зглобот. Тимо Шек до победата го предводеше иконата на Голден Стејт Вориорс, Стивен Кари. Со ...
Дејвид Мојс се врати на клупата на Евертон и ги врати насмевките на „Гудисон Парк“. Во прилог му одат и бројките. Шон Дајч доби отказ на клупата на „карамелите“ по лошиот старт во сезоната. Евертон беше блиску до зоната за испаѓање, Мојс дојде на местото на Дајч и го оживеа тимот. Дејвид Мојс се врати во клубот по 12 години и направи целосен пресврт, оттогаш Евертон е, верувале или не е најдобриот клуб во Премиер лигата. Од доаѓањето на Мојс, ...
Тотенхем го совлада Манчестер јунајтед во 25. коло од Премиер лигата, а уште пред почетокот на натпреварот се знаеше дека менаџерите имаа големи кадровски проблеми. Манчестер јунајтед на „Вајт Харт Лејн“, пристигна со само 12 фудбалери од сениорскиот погон, поради бројните повреди. Рубен Аморим зборуваше за тоа на прес конференцијата, а ако некој го разбира, тоа колегата од спротивниот табор Ангелос Постекоглу. Тренерот на Тотенхем со овој ...
На маргините на ол-стар викендот во Сан Франциско, грчкиот кошаркар Јанис Адетокумбо на американските новинари им откри дека повеќе ја сака европската кошарка од американската. Адетокумбо уште еднаш ја спореди Евролигата со НБА и објасни дека Евролигата можеби не е поквалитетна, но е далеку поинтересна. „Евролигата е неверојатна. Многу, многу талентирана. Веројатно две, три, можеби четири од најдобрите тимови во Евролигата припаѓаат на НБА. На ...
Блејк Лајвли испрати налози за пристап до податоците за мобилниот телефон на Џастин Балдони. Нејзините адвокати бараат информации од три телефонски компании, надевајќи се дека ќе најдат нешто што ќе им помогне во нивниот случај против Балдони. Покрај Џастин, тие сакаат да ги испитаат телефоните на публицистките на Балдони, Џенифер Абел и Мелиса Нејтан, продуцентот на филмот It Ends With Us Џејми Хит, кризниот менаџер Џед Валас и ко-основачот на ...
Легендарниот актер Џек Николсон по долго време се појави во јавноста. Тој беше на настан организиран за прослава на 50-годишнината од американското шоу Saturday Night Live. Шоуто прослави 50 години од емитувањето со тричасовен специјал наречен SNL50: The Anniversary Special. Џек седеше во публиката и го претстави Адам Сендлер, кој свиреше и пееше на сцената. „Дами и господа, Адам Сендлер“, рече Николсон и доби овации од публиката. До актерот ...
За време на годинашниот ТВ пренос на „Супер боул“, најскапото и најпрестижно спортско шоу во светот, беа прикажани и серија реклами направени од македонскиот режисер Ангел Апостолски. За првпат во историјата, ПЕТА – глобалната мрежа за заштита на животните, се појави со реклами за време на ова шоу, каде рекламен блок од 30 секунди чини неверојатни 8 милиони долари. За режијата на овие специјално изработени рекламни спотови, ПЕТА го ангажираше ...
Додека европските лидери се состануваат во Париз, американскиот државен секретар Марко Рубио е на пат за Саудиска Арабија, каде ќе се сретне со руски претставници со цел да се стави крај на војната во Украина. На Рубио му се придружуваат американскиот советник за национална безбедност Мајк Волц и специјалниот пратеник за Блискиот Исток Стив Виткоф. Се уште не се знае со кого точно ќе се сретне Рубио, но тој во саботата телефонски разговарал со ...
Здравствената состојба на папата Франциско (88), кој пред два дена поради бронхитис беше примен во римската болница „Агостино Гемели“, е стабилна и тој добро одмараше во текот на ноќта, соопшти денеска Ватикан. „Клиничката состојба на папата е стабилна, а терапевтскиот дијагностички процес пропишан од медицинскиот персонал продолжува. Тој утрово ја прими евхаристијата и ја следеше светата миса на телевизија“, се вели во соопштението на Ватикан, ...
Шведска не ја исклучува можноста за испраќање трупи во Украина како дел од мировните сили по завршувањето на војната, пренесува шведското државно радио изјава на министерот за надворешни работи. Шефот на шведската дипломатија Марија Малмер Стенергард ги даде овие забелешки откако британскиот премиер Кир Стармер објави дека е подготвен да испрати британски војници во Украина за да го зачува мирот, обидувајќи се да им покаже на САД дека европските ...
Откако британскиот премиер Кир Стармер денеска објави дека Велика Британија е „подготвена“ да испрати мировни трупи во Украина, пратеникот од демохристијанската партија во германскиот Бундестаг Јирген Харт изјави дека Германија најверојатно ќе биде дел од таков план. „Не сакаме да влеземе во таа војна. Во меѓународното право постои јасна основа за мировна мисија во Украина за да се обезбеди прекин на огнот и траен мир. Не можам да замислам ...
На 18 февруари започнува сезоната на Риби, која го означува крајот на астролошката година. Како што напредува сезоната на Риби, се наближува сезоната на Овен, што е сончев циклус кој повторно завршува – затоа гледајте го ова како време на завршување. Во овој период, ќе се чувствувате себеси како уште повеќе се спуштате, станувате сентиментални и размислувате за тоа каква била за вас изминатата година. Откажете се од некои понуди и поставете си ...
45-годишниот актер Џејсон Момоа присуствуваше на концертот по повод 50-годишнината на „Saturday Night Live“ во Њујорк со својата девојка, која е 12 години помлада од него, порториканската актерка Адриа Арјона. View this post on Instagram A post shared by Adria Arjona (@adriaarjona) Тоа беше прво појавување на парот во јавноста откако во мај минатата година беше откриено дека се заедно. Адриа за вечерното излегување носеше краток црн фустан во ...
Во напад на украинско беспилотно летало врз рускиот регион Краснодар е повредено едно лице, а оштетени се најмалку 12 куќи, изјави утринава гувернерот на јужната руска област. Во објава на апликацијата за пораки Телеграм, гувернерот Вениамин Кондратиев го нарече нападот „масивен“, но не даде дополнителни детали. Ukraine has launched a large drone strike against the Russian oil refinery in the Krasnodar Krai region of Russia. ...
Војската на Кина го осуди денеска минувањето на канадски воен брод во Тајванскиот теснец, велејќи дека нејзините воздушни и поморски сили го набљудувале и го предупредиле бродот, мисија која дојде само неколку дена откако бродовите на американската морнарица извршија слична мисија. Американската морнарица, а повремено и бродови од сојузничките земји како што се Канада, Велика Британија и Франција, транзитираат низ теснецот еднаш месечно. Кина, ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна напад врз заедничките западни вредности, кои „треба да се сфатат многу сериозно“, изјави вчера германскиот вицеканцелар Роберт Хабек. Во петокот, на првиот ден од Минхенската безбедносна конференција, американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс ја критикуваше одлуката на германските мејнстрим партии да не соработуваат со екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД), во ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп се обидува да постигне договор за прекин на огнот во Украина до Велигден, кој е на 20 април оваа година, дознава Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. „Администрацијата на Трамп им кажа на европските претставници дека сака да обезбеди прекин на огнот во Украина до Велигден“, објави Блумберг, цитирајќи официјални претставници. Сепак, некои официјални лица изразија ...
На 10 конгрес на црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС), што се одржа вчера во Подгорица, за почесен претседател беше избран поранешниот долгогодишен лидер на партијата Мило Ѓукановиќ. Ѓукановиќ се повлече од функцијата претседател на партијата, која ја водеше од 1998 година, во април 2023 година, откако беше убедливо поразен на претседателските избори од актуелниот црногорски претседател Јаков Милатовиќ. Потоа тој го препушти ...
Јувентус го победи Интер во Дерби д’Италија со 1:0. Наполи по 25 коло остана лидер со 56 поени, два повеќе од Интер, додека Јувентус се наоѓа на четвртото место со десет поени помалку од првопласираниот тим во Серија А. Дербиот на стадионот на Јувентус во Торино го реши португалскиот репрезентативец, Фабио Консеисао во 74.минута. ⚽️ GOAL: Francisco Conceição Juventus 1-0 Interpic.twitter.com/AdPSNh7PTf — Goals Xtra (@GoalsXtra) February 16, ...
Манчестер јунајтед во Лондон, против Тотенхем, го доживеа 12.пораз во Премиер лигата од почетокот на сезоната. Тотенхем победи со голот на Џејмс Медисон постигнат во 13.минута. На прашањето дали е загрижен за својата позиција поради лошите резултати, менаџерот на Јуанјтед Рубен Аморим рече: „Не сум загрижен. Ги разбирам нашите навивачи, ги разбирам луѓето и медиумите кои размислуваат за тоа. Сакам да го завршам првенството на вистински начин, не ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Meet the Press на „Ен-Би-Си“ за време на Минхенската безбедносна конференција јасно стави до знаење дека никогаш нема да прифати мировен договор помеѓу САД и Русија што би бил договорен без учество на Украина. „Никогаш нема да прифатам какви било одлуки меѓу САД и Русија за Украина, никогаш“, рече Зеленски на водителката Кристен Велкер. „Тоа е војна во Украина, против нас, нашите човечки ...
Хулигани го нападнаа делегатот на натпреварот меѓу Локомотив Пловдив – Септембри Софија одигран во првенството на Бугарија. Пред почетокот на натпреварот се одржа речиси половина час долга церемонија и молитва за одбележување на стогодишнината на клубот. Гостите славеа со голот на Рупанов од пенал во 60. минута. Инцидентот се случи во судиското надополнување на времето. На еден од навивачите на Локомотив му се слошило на трибините, лекарите ...
Тотенхем го совлада Манчестер jунајтед во 25. коло од Премиер лигата со 1:0. Тотенхем ја прекина серијата од два порази и ја забележа четвртата победа во последните девет натпревари, додека Јунајтед продолжи да игра топло-ладно и шести натпревар по ред не успеа да слави против овој ривал. Агелос Постекоглу по 35 години стана првиот менаџер на Тотенхем кој успеал да ги добие двата натпревари против Манчестер јунајтед во една сезона во Премиер ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, на прес-конференција одржана со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, рече дека палестинската исламистичка група Хамас не смее да остане владејачка сила во Појасот Газа. „Се додека Хамас е сила на која и е дозволено да владее тука или сила која може да се заканува со насилство, мирот е невозможен“, рече Рубио, нагласувајќи дека Хамас мора да биде уништен. Говорејќи по нивниот состанок во Ерусалим, ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за Meet the Press на „Ен-Би-Си“ за време на Минхенската безбедносна конференција јасно стави до знаење дека никогаш нема да прифати мировен договор помеѓу САД и Русија што би бил договорен без учество на Украина. „Никогаш нема да прифатам какви било одлуки меѓу САД и Русија за Украина, никогаш“, рече Зеленски на водителката Кристен Велкер. „Тоа е војна во Украина, против нас, нашите човечки ...
Нема поубава промоција за една држава од добра туристичка понуда. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе ни доаѓаат надвор од главната туристичка сезона. До крај на годината очекувам преку 35 илјади туристи само од чартер летови од Германија, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на промоција на првиот чартер лет со туристи од Германија кои пристигнаа на Меѓународниот аеродром ...