Од пладневните часови на повеќе места имаше развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси со појава на град имаше во делови од Скопската Котлина, Куманово, во околината на Кичево, Македонски Брод, Крушево, во Полошкиот и Тиквешкиот регион, информира УХМР. До крајот на денот ќе се задржи променливо облачно и нестабилно со повремени локални врнежи од дожд, грмежи, засилен ветер и наместа појава на ...

Со навремена и брза реакција на пожарникарите, попладнево се спречи проширување на активниот пожар кој започна во месноста наречена Трите дола, објави градоначалникот на Велес, Марко Колев. „Пожарот кој зафати неколку викендици и стари куќи, дел од лозови и други насади и пчелни сандаци е ставен под контрола, но поради непристапноста на теренот и силниот ветер сè уште не е изгасен“, објави Колев. Тој упати благодарност до пожарникарите и ...

Полицијата денеска уапси возач од Куманово поради фалсификувана хрватска возачка дозвола. Денеска во 11:45 часот на автопатот Куманово-Скопје поточно кај клучка Рафинерија од страна на полициски службеници уапсен е возач на патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки поради основано сомнение дека го управувал возилото со фалсификувана хрватска возачка дозвола. Против возачот К.А.(21) од Куманово се преземени соодветни мерки и ќе ...

Општинскиот кризен штаб ги расчитува штетите од невремето во Бутел, објави градоначалникот, Дарко Костовски. „Екипите на Општина Бутел се на терен и се справуваат со последици од денешното невреме кое ја зафати нашата општина. Општинскиот кризен штаб е во постојана комуникација со претставници на МВР, ЕВН и Центарот за управување со кризи“, објави Костовски. Достапен е телефонски број 078 517 344 на кој граѓаните на Општина Бутел можат да ...

Со реконструкцијата на Владата, ВМРО-ДПМНЕ добива две нови министерства, здравство и социјала и демографија. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во емисијата „Директно“ на ТВ Телма вели дека реконструкцијата која што ја прави како мандатар на Владата на половина од мандатот, всушност значи нова енергија. Тој вечерва ќе ги образложи предлозите пред членовите на Извршниот комитет на партијата, а потоа истите ќе ги достави до Собранието ...

Пратеникот на Европскиот фронт, Салих Мурат, соопшти дека е избран на две нови парламентарни функции, по предлог на лидерите на Европскиот фронт и со поддршка од пратениците на пратеничката група. Мурат информираше дека е избран за: Заменик-претседател на пратеничката група на Европскиот фронт; Претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција. Во својата ...

Компилација од видеа објавени на социјалната мрежа X од корисникот @NancyH_60 ги прикажува реакциите на туристите на порциите храна во Европа, што предизвика дебата за разликите во големината на оброците и навиките за јадење од двете страни на Атлантикот. Во еден клип, турист покажува кон порција сладолед и чинија со мали сендвичи, прашувајќи: „Што е ова, некаква закуска?“ и се прашуваат кого „треба да нахрани таков оброк“. Europeans ...

Португалската фудбалска репрезентација одигра 0-0 против Колумбија во последното коло од групната фаза на Светското првенство, со што обезбеди место во осминафиналето каде што ќе се соочат со Хрватска. Свршеницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез, исто така го гледаше натпреварот од трибините, а привлече големо внимание со еден детаљ. Фотографијата на Џорџина како го држи португалското знаме брзо стана вирална, привлекувајќи внимание. ...

Многу ми е драго што Иран беше елиминиран и што неговите играчи нема да се вратат во нашата земја, изјави Марквејн Малин, американски секретар за внатрешна безбедност, откако иранските играчи завршија со натпреварувањето во групната фаза на Светското првенство. Иран беше веројатно најнесреќниот тим во првото коло од Светското првенство. Во својата група Г, три пати одигра нерешено, а во рангирањето на најдобрите третопласирани тимови, остана ...

Обидот на опозицијата да освои ситни политички поени преку неосновани напади врз Општина Чаир е уште една потврда дека, наместо факти, избира манипулации. Изнесените тврдења за задолжувањето на општината се целосно невистинити и покажуваат елементарно непознавање на функционирањето на локалната самоуправа и законските процедури, велат од Општина Чаир. „Општина Чаир не зема кредит за враќање долгови, туку за реализација на капитални ...

Европската комисија започна со исплата на 3,9 милијарди евра во рамките на заем од 90 милијарди евра за производство и набавка на дронови, клучна способност што ѝ овозможува на Украина да се спротивстави на руската агресија. Станува збор за исплата на првата транша од околу 6 милијарди евра наменета за дронови. Се очекуваат понатамошни исплати во текот на следните неколку дена додека не се исплати целиот проектиран износ. „Иновативноста на ...

Министерството за здравство информира дека во моментов сите хируршки сали во клиничкиот центар се во целосна функција. Од клиниките за торакална хирургија, кардиохирургија, урологија, детска хирургија, пластична хирургија, дигестивна хирургија и ОРЛ информираат дека непречено ги третираат сите пациенти, вклучително и пациентите предвидени за елективни оперативни зафати. Во овие клиники нема одложување на оперативната програма. На Клиниката ...

Собранието ги усвои измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои се воведуваат нови правила за користење на електричните тротинети. Со измените, донесени по скратена постапка, максималната дозволена брзина за електричните тротинети се ограничува на 20 километри на час. Законот предвидува и зголемување на минималната возраст за управување со електричен тротинет на 18 години. Воедно, се заострува казнената политика, ...

Сложената и детална операција за анализа на цените на 600-700 прехранбени продукти министерот за економија, Бесар Дурмиши, денес давајќи отчет за сработеното изминативе две години, претпостави дека ќе трае еден месец. И тој, исто како премиерот Христијан Мицкоски, кажа дека ќе се проверуваат фактурите ена по една за да се утврди каде може државата да интервенира за да се намалат цените на основните прехранбени производи. „Ќе се анализира ...

Министерот за правда Игор Филков денеска во Владата на брифинг со амбасадорите ги презентираше резултатите од спроведувањето на Реформската агенда во областа на владеењето на правото, реализираните законски реформи и следните чекори во исполнувањето на европските обврски на државата. Во обраќањето, министерот Филков истакна дека Министерството за правда во изминатиот период реализирало најобемен законодавен реформски циклус, со силна ...

„Како Универзитет имаме нулта толеранција за корупција. Во академската заедница нема место за никој што ја злоупотребува својата позиција, го нарушува интегритетот на образованието и ја изневерува довербата што му е дадена“, реагираат од Универзитетот „Гоце Делчев“ во врска со информациите за приведена професорка од овој универзитет. За жал, додаваат од таму, ниту еден систем не е целосно имун на поединци кои се подготвени да го прекршат ...

Заменикот министер за одбрана Адмир Шабани денеска (30 јуни) се обрати на свеченоста пред Командата на Балканските медицински наменски сили (БМНС), организирана по повод примопредавање на претседавањето со Управниот одбор на БМНС, примопредавање на должноста Командант на БМНС, како и примопредавање на позицијата „рамковна земја“ на БМНС. Со оваа свеченост, земјава го превзема командувањето со БМНС и позицијата „рамковна земја“, додека ...

Герасимовски да не манипулира, дефектолозите што ги зборува не му се во програмата, туку станува збор за вработување партиски војници, порача ВМРО-ДПМНЕ откако градоначалникот на Центар објави дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги блокира вработувањата на административно технички персонал и дефектолози во основните училишта. Од владејачката партија велат дека Герасимовски и СДСМ си поигруваат и манипулираат со чувствата на родителите и ...

Со новиот Закон за игрите на среќа, казината и објектите за игри на среќа ќе мора да бидат оддалечени најмалку 500 метри од основните и средните училишта, соопшти ВЛЕН. Портпаролот Мухамед Муртези изјави дека ова било едно од клучните предизборни ветувања на коалицијата, додавајќи дека новите законски измени имаат цел да ги заштитат децата, младите и семејствата. Според проценките на ВЛЕН, новите правила ќе доведат до намалување на бројот на ...

Ирак се надева дека во иднина ќе стане дел од БРИКС, изјави ирачкиот амбасадор во Москва, Абдул-Карим Хашим Мустафа, за руската агенција ТАСС. Тој посочи дека евентуалното членство зависи од условите и од одлуката на самата организација, но оцени дека приклучувањето кон БРИКС би било добра идеја. БРИКС е основан во 2006 година од Бразил, Русија, Индија и Кина, а во 2011 година се приклучи и Јужноафриканска Република. Во 2024 година ...

Одложен е почетокот на издржувањето на затворската казна на поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски. Тој поднел барање за одлагање од 12 јуни, заради здравствени причини. Судијата за извршување санкции по приемот на барањето, веднаш пристапил кон проверка на приложената медицинска документација. До двете приватни здравствени установи, кои ја издале документацијата поднесени се барања за проверка на 15 јуни како и ургенција на ...

Низ Европа, луѓето се мачат да заспијат, собите за итни случаи се полнат, а службите за итни случаи рушат рекорди додека топлотниот бран го зафаќа континентот, предупреди европската канцеларија на Светската здравствена организација. Во Франција, бројот на повици до службите за итна медицинска помош се зголеми за до 50 проценти во некои градови. Минатата недела, Лондон го регистрираше својот најголем број повици за опасни по живот состојби во ...

Иран го отфрли предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон за меѓународна соработка околу Ормускиот теснец, предупредувајќи го Париз да не се меша во прашањата што се однесуваат на еден од стратешки најважните морски премини во светот. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, ја отфрли идејата дека група земји, вклучувајќи ги Франција и Велика Британија, учествуваат во деминирањето на овој воден пат, ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, реагира откако советничката група на ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржа предлог-одлуката за вработување технички персонал во основните општински училишта. „Искрено, разочаран сум од тоа што го гледам. Советници да гласаат против подобри услови за децата во училиштата е навистина несфатливо. Денес се училиштата, утре ќе бидат градинките. Толку ли ви се важни партиските насоки? Сите ние доаѓаме од ...

Собранието со 58 гласа „за“ и шест „против“, по скратена постапка, го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување. Измените предвидуваат воведување лична изјава кај матичен лекар за дарување органи по смртта, со што се напушта досегашниот модел на претпоставена согласност. Граѓаните ќе имаат можност сами да се изјаснат дали сакаат или не сакаат по смртта да бидат ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, утрово, го посети реконструираниот објект на Здравствен дом Куманово во населбата „Тоде Мендов“, каде што е извршена целосна реконструкција на приземјето на објектот со вкупна површина од 250 квадратни метри. Објектот има значајна улога во системот на превентивна здравствена заштита и служи како центар за спроведување на училишна вакцинација за подрачјето на општината. За реализација на оваа инвестиција се ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше на 67. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Организацијата за црноморска економска соработка (ПАБСЕК), што се одржува на 30 јуни и 1 јули 2026 година во Тбилиси, Грузија. На свеченото отворање на Генералното собрание, претседателот Гаши се обрати со говор пред делегациите на земјите членки на ПАБСЕК, изразувајќи го посветувањето на Република Северна Македонија кон регионалната ...

Марина Вишинска, советник во Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска истакна дека не е важно кој од СДС ја води Општина Центар, Општина Центар, како што појасни, крати пари од сите програми кои значат развој, за да се покријат дупките и штетите од неспособноста и расипничкото работење на градоначалниците на СДС во Центар. Според неа, додека центарци очекуваат повеќе инвестиции, подобра инфраструктура и поквалитетни услуги, локалната ...

Речиси 84 отсто од здравствените работници сметаат дека корупцијата е делумно или многу распространета во секторот во кој работат, но само 14 проценти од нив признаваат дека биле лично вклучени или сведочеле на коруптивен чин во нивната установа. Здравствените работници се свесни за присуството на корупцијата, но најголем дел од нив ја прифаќаат како нормализирана појава и не пријавуваат, покажа истражувањето на Здружението за еманцијапција, ...

Иако потпетиците може да бидат поженствен и попривлечен избор кога станува збор за обувки, рамните сандали дефинитивно се моделите на кои се враќаме секоја пролет и лето. Удобни и совршени за долги прошетки и трчање, а воедно се и модерни и убави, рамните сандали лесно можат да се вклопат во секаков стил на облека. Ако верувате во бројот на рамни сандали во продавниците, еден модел на рамни сандали веќе се издвои, па затоа на вас е да го ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Алуминиум

3.07

Родиум

295786.87

Иридиум

315077.32

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Платина

49319.25