Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер ...

Стотици луѓе денеска го исполнија плоштадот пред катедралата во Фуншал откако се раширија гласини дека Кристијано Роналдо ќе се жени таму. Толпата нетрпеливо го чекаше познатиот фудбалер и неговата партнерка Џорџина Родригез, пишува Jornal da Madeira. Венчавка навистина се одржуваше во катедралата, но наскоро се појавија сомнежи дека младенците, сепак, не се Роналдо и Џорџина. Додека наводната церемонија требаше да се одржи, Џорџина ...

Екстремно ниските нивоа на водата на Дунав во Унгарија открија остатоци од пароброд и мотор од Втората светска војна. Продолжената суша и високите температури го спуштија Дунав на исклучително ниско ниво. Според официјалните податоци од Унгарската хидролошка служба, нивото на водата кај Баја денес било околу 16 сантиметри под нултата точка на водомерот, што е рекордно ниско ниво. Минусот не ја означува длабочината на реката, туку висината на ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави дека во Србија треба да се отвори нова фабрика за дронови, кон средината на септември, што ќе се реализира во соработка со Израел. „Србија ќе отвори фабрика за дронови, но со Израелците“, рече Вучиќ денеска на заедничката прес-конференција по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Палатата на Србија. Според него, се очекува фабриката да се отвори околу 15 или 20 септември. ...

На социјалните мрежи се појави снимка од спонтаната изведба на Јаков Јозиновиќ и Нина Бадриќ на хитот на Оливер Драгојевиќ „Прати ме кроз снове“ од ресторан на Корчула, Хрватска. Спонтаниот настап следеше по повеќедневниот настан „Trag u beskraju“, кој се одржа на неколку локации и оваа година собра бројни домашни изведувачи во родниот град на познатиот музичар. View this post on Instagram A post shared by Konoba Bata (@restoranbata) Текстот ...

Додека многу познати личности се потпираат на лекови за слабеење, холивудскиот актер Џон Гудман постигна трансформација на телото на сосема поинаков начин. Неодамнешна фотографија на Инстаграм предизвика бројни реакции бидејќи 74-годишниот актер изгледа речиси непрепознатливо. Гудман не го припишува својот успех на популарните лекови како Оземпик, туку на низа одлуки за начинот на живот поврзани со исхраната и здравјето. Фотографија со ...

Луис Хамилтон објави серија фотографии со Ким Кардашијан и покажа досега невидени моменти од нивната врска. Возачот на Формула 1 сподели галерија од фотографии од нивниот одмор и дружење на Инстаграм, а Ким се појавува на неколку од нив. Нејзините деца, пријатели и членови на семејството беа со нив. 41-годишниот Хамилтон кратко напиша со објавата: „Одмор, закрепнување, полнење батерии “. На една фотографија, 45-годишната Кардашијан е ...

Отстранувањето на албанскиот јазик од државните табли на граничниот премин Табановце, на територијата на Општина Куманово, претставува директно прекршување на законот и на уставните обврски за употреба на јазиците, велат од ДУИ. „Ова е тешка провокација и јасен доказ за екстремната немоќ на Вреди да ги заштити дури и најосновните права на Албанците. Бараме албанскиот јазик веднаш да биде вратен на државните табли, а надлежните институции ...

Во 10:05 часот меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци, се случил судир на товарен воз на ХЖ Карго и патнички воз на ХЖ Патнички превоз. Шест патници се потешко, а 14 полесно повредени, дознава Хина од хрватското Министерство за здравство. Во патничкиот воз во моментот на судирот имало околу 20 патници. На терен се полицијата и итната медицинска помош. Пругата е затворена за сообраќај. Копривничко-крижевскиот жупан ...

Дрон утрово навлегол во воздушниот простор на Бугарија и експлодирал околу 100 метри во внатрешноста на бугарската територија, во близина на граничниот премин Кардам со Романија. Нема повредени ниту оштетувања на објекти и инфраструктура, изјави бугарскиот премиер Румен Радев по вонредната седница на Советот за безбедност на бугарската Влада, јавува БГНЕС, пренесува Трибуна. Според Радев, дронот навлегол во бугарскиот воздушен простор во ...

СДСМ побара мораториум за изградба на нови комерцијални дата центри кои користат системи со испарување на вода, оценувајќи дека во услови на намалени водни ресурси и недостиг на електрична енергија ваквите инвестиции може да создадат дополнителен притисок врз водоснабдувањето и енергетскиот систем. На прес-конференција, Кети Штерјова од СДСМ рече дека Македонија повеќе увезува струја отколку што произведува и дека во повеќе населени места ...

Два воза се судрија утрово во Хрватска, меѓу железничките станици Свети Иван Жабно и Градец, кај Крижевци. Во судирот учествувале товарен воз на HŽ Cargo и патнички воз на HŽ Putnički prijevoz. Според последните информации од хрватското Министерство за здравство, повредени се 20 лица, од кои шест потешко, а 14 полесно. Во патничкиот воз во моментот на несреќата имало околу 20 патници. Во Општата болница во Бјеловар биле згрижени седум ...

Состојбата со водата е значително подобрена и последните наоди покажуваат подобрување, но потребно е време таа да биде прогласена за исправна за пиење, изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Тој посочи дека одлуката ќе ја донесе Агенцијата за храна и ветеринарство кога ќе биде потврдено дека водата ги исполнува потребните услови. „Состојбата со водата е значително подобрена, последните наоди се подобри, но ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека не верува оти војната во Украина брзо ќе заврши. Одговарајќи на новинарски прашања по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белград, Вучиќ рече дека Србија и Украина не разговарале за каква било воена соработка, пренесе „Еуроњуз“. „Ние денес не разговаравме за каква било воена соработка. Што ќе биде кога ќе заврши војната, тоа е друга работа. А што се однесува до ...

Социјалдемократската младина (СДММ) бара Јавното обвинителство веднаш да отвори истрага поради, како што тврди, неовластено изнесување и објавување податоци од документи на Полициската станица Струмица, поврзани со настаните во Ново Село. На прес-конференција, Христијан Ефтимов од СДММ обвини дека ВМРО на прес-конференција објавило податоци од полициски документи до кои, според него, партијата немала право на пристап и кои се воделе како ...

Социјалдемократскиот сојуз и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник и осуденик, реагира ВМРО-ДПМНЕ по изјавата на Ефимов. „Тој практично со ...

Тајфунот Делфин ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, при што се повредени шест лица, а повеќе од 50.000 објекти останаа без електрична енергија. Кина во меѓувреме затвори пристаништа и го прекина траектниот сообраќај во пресрет на очекуваното пристигнување на тајфунот на нејзиниот источен брег. Пет постари лица се повредени на Окинава, од кои три паднале поради силниот ветер, додека уште едно лице е повредено во префектурата ...

Украински дронови рано утрово погодија две големи руски рафинерии за нафта – Сизрањ во Самарската област и Илски во Краснодарскиот крај. Во двата објекта избувнале пожари. Во рафинеријата во Сизрањ избувнал пожар од големи размери, откако локалните жители пријавиле десетина експлозии меѓу 3:50 и 4:30 часот. Над постројката се издигнал густ црн чад. Large-scale fire at the oil refinery in Syzran. At least three hits on the plant. ...

СДСМ денеска повторно побара реакција од Обвинителството во врска со состојбата со водата во Гостивар, обвинувајќи ги надлежните институции и власта дека давале контрадикторни информации за нејзината исправност и безбедност. Од опозициската партија се повикуваат на изјави на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, според кои во водата биле утврдени „многу различни бактерии и вируси“, и прашуваат за уверувањата дека ...

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 32 до 39 степени, јавува УХМР. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од ...

ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лицата со кои се појавил за време на неодамнешните случувања во Ново Село, тврдејќи дека меѓу нив има лица со правосилни пресуди за насилство и кривични дела поврзани со наркотични средства. Од владејачката партија реагираат на тоа што Филипче овие лица ги нарекол „деца на Македонија“ и тврдат дека СДСМ се обидел да предизвика инцидент и од него да извлече политичка ...

Кај повеќе од 240 луѓе низ Европа годинава е потврдено дека се заразени со вирусот Западен Нил, според неделниот извештај што во петокот го објави Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ). ЕЦДЦ наведува дека 139 случаи се регистрирани во Италија, а 61 во Грција. Другите случаи на зараза се регистрирани во Шпанија, каде што има 17, додека во Македонија според последните информации, регистрирани се вкупно 20 случаи. ...

Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина. „Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат во долги колони поради неажурност и лоша ...

Многумина веруваат дека датумот на раѓање носи одредена симболика и може да открие нешто за карактерот, личноста и животниот пат. Во нумерологијата особено се издвојуваат броевите 3, 6 и 9, за кои се верува дека носат посебна енергија и се поврзуваат со среќа, можности и личен потенцијал. Според нумеролошките толкувања, тука спаѓаат луѓето родени на: 3, 12 и 21 – број 3 6, 15 и 24 – број 6 9, 18 и 27 – број 9 Бројот 3 се поврзува со ...

Бројот на загинати мигранти по масовниот обид за влез во шпанската енклава Сеута пред една недела се искачи на 96, од кои 82 на шпанската, а 14 на мароканската страна, објави шпанската телевизија РТВЕ, повикувајќи се на официјални податоци. Мароканското здружение за човекови права проценува дека вкупно 141 лице загинало ако се вклучи и обидот за влез во Мелиља, втората шпанска енклава во северна Африка. Директорот на Институтот за судска ...

Украинскиот претседател Володимир Зеленски престојува во Белград, каде што денеска ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ. Двајцата лидери разговарале во неколку наврати во изминатите години, но ова е прва официјална посета на украински претседател на Србија по неколку години. Зеленски вчера околу 18 часот пристигнал на белградскиот аеродром „Никола Тесла“, каде што го пречекала министерката за рударство и енергетика Дубравка ...

Американските разузнавачки служби проценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин во следните неколку години би можел да се обиде да ја тестира решителноста на НАТО со ограничен напад врз некоја од земјите членки, објавуваат Си-ен-ен и „Волстрит журнал“. Во проценките се разгледуваат повеќе можни сценарија – од кибернапади и хибридни операции до помал воен упад со кој Москва би се обидела да го тестира единството на Алијансата и ...

Витаминот Д е неопходен за здравјето, но често е тешко да се внесе доволно само од храна, поради што додатоците во исхраната се толку популарни. Сепак, за да се максимизира неговата ефикасност, важно е да знаете кога и како да го земате. Иако многумина претпочитаат да го земаат наутро, додека други ги избираат вечерните часови, клучот е во правилната апсорпција, пишува Healthline. Витаминот Д е витамин растворлив во масти, што значи дека не ...

Папата Лав XIV ќе се сретне со жртвите на злоупотреба од страна на свештеници за време на неговата четиридневна посета на Франција во септември. Ватикан го објави распоредот денеска, кој вклучува посета на седиштето на УНЕСКО, состанок со француските бискупи во Лурд и меѓуверски собир во Мец, објави ABC News. Во посебна изјава, Ватикан потврди дека Папата ќе се сретне со неколку жртви на злоупотреба и истакна дека тие ќе учествуваат во ...

Многу парови се прашуваат дали имаат доволно интимност, особено кога се споредуваат со другите. Експертите, сепак, истакнуваат дека не постои универзално правило. Ако двајцата партнери се задоволни и се чувствуваат блиско, сексуалниот однос еднаш месечно може да биде сосема нормален. Истражувањата покажуваат дека луѓето често ја претеруваат фреквенцијата на сексот, што создава лажни очекувања. Наместо да се споредувате со другите, важно е да ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Сребро

1670.34

Паладиум

32279.35

Цинк

3.76

Родиум

295786.87

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Алуминиум

3.07

Кобалт

33.53