
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Денеска се навршуваат 17 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска. Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел. Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и ...
Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА го лансираше вселенското летало „Европа Клипер“ до Јупитеровата месечина Европа, каде што, се верува, може да има услови за развој на вонземски живот во огромниот океан под ледената површина. Со своите шест тони, најголемото летало што НАСА некогаш го изградила за меѓупланетарна мисија, „Европа Клипер“ ќе патува пет и пол години до Јупитер, каде што ќе влезе во орбитата на ...
Тинејџерка (16) од Сараево починала по стоматолошка операција во Сараево во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево (КЦУС), а според досега познатите информации таа во придружба на родителите побарала стоматолошка помош поради интензивна забоболка. По операцијата следеле компликации, поради што била примена на Одделот за интензивна нега. По вадењето на забот, ситуацијата брзо се влошила бидејќи гнојот од забот се проширил по вратот и ...
Стручниот колегиум искрено жали и изразува сочувствуво до семејството за загубата на нивното дете. -Стручниот колегиум при ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата-Козле, одговорно тврди дека сите лекари кои биле инволвирани во лекувањето на детето ги превземале и реализирале сите расположливи и потребни прегледи и иследувања, дадена е соодветна терапија според медицинските протоколи, не е утврден пропуст во постапувањето и лекувањето на ...
Вонредни контроли од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство откриле дека од 92 игротеки каде спровеле контрола, кај 24 биле констатирани недостатоци. АХВ информира дека 16 од нив не се регистрирани како оператор со храна, додека други 8 не ги исполниле хигиенските услови, односно не ги спроведувале процедурите за добра хигиенска пракса. -Агенцијата за храна и ветеринарство на почетокот на месецов изврши увид во игротеките. Со проверките ...
СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска (15.10.2024) во периодот од 15.00 до 17.00 часот, поради одржување на протестен марш од страна на коалиција за застапување на правата на лицата со хендикеп, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. ...
Тешко повредена млада девојка во Куманово откако со мопед се судрила со електричен тротинет. - На 14.10.2024 во 18.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово се случила сообраќајна несреќа по меѓу електричен тротинет, управуван од малолетник и мопед управуван од А.А.(19), двајцата од Куманово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.А., констатирани во Општата болница Куманово, соопштија од ...
Завчера серија инциденти на подрачјето на Скопје. Се тепале во угостителски објект, но и на улица. Тепачка имало и во кампот за бездомници. Ова се деталите од полицијата. - На 13.10.2024 во 21.15 часот пред угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле Г.Д.(51) од Скопје затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно ...
По точно 25 години, познатата новинарка, водителка и уредничка Ивона Талевска, ја напушти телевизија Сител. „Наскоро се гледаме од ТВ Алфа, единствената македонска телевизија со европски капитал, со истиот ентузијазам и со истата љубов која ја имам кон својата публика“, напиша Талевска на Фејсбук. Во ТВ Алфа Ивона Талевска ќе биде уредник-водител. Тоа е она што засега се знае за нејзиниот трансфер. Останатото ќе го видиме на малите екрани… ...
ЕСМ соопштува дека за 170 објекти во Скопје грејната сезона нема да почне. Причините за ова се што 27 објекти имаат прекин на довод на струја во топлинските станици, во други 43 објекти екипите немаат пристап до топлинските станици, а 100 објекти засега не можат да добијат испорака на топлина од системот за централно греење поради дефекти во внатрешните инсталации Компанијата ги повика потрошувачите и заедниците на сопственици да соработуваат, ...
Овен На секој начин се обидувате да го направите љубоморен партнерот. Размислете дали е паметно. Ќе се трудите да ги убедите соработниците за тоа што ви одговара. Не заборавајте да работите со луѓе кои имаат многу повеќе искуство. Сакате да се посветите на еден проект, но сѐ уште не сте на чисто со соработниците. Бик Ќе имате многу обврски и концентрацијата нема да ви биде на ниво. Очекувајте повик од личност што не сте ја виделе долго време. ...
На веб страницата – vakcinacija.mk, каде пред три дена почна пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи население, веќе се пријавени над 14.000 граѓани. Предвидено е вакцинацијата да почне во текот на следната недела. Набавени се 70.000 дози четиритипна вакцина против сезонски грип. Министерството континуирано го зголемува бројот на обезбедени вакцини. -Потсетуваме дека пријавувањето се врши со пополнување на ...
Мислењето на Венецијанската комисија за законот за правична застапеност е добредојдено, рече министерот за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање со кое му беше предочено дека претходно го критикувал Законот за јазици, бидејќи бил испратен до Венецијанската комисија. - Се радувам што сте сфатиле дека има закон за правична застапеност бидејќи до пред три - четири дена се зборуваше дека нема таков закон, па дека премиерот не ...
Над 29.000 македонски државјани излегле од граничниот премин Табановце за време на празничниот викенд, соопштија денеска од МВР. Викендов во државата од северната граница влегле над 14.000 странски државјани. Според податоците на Министерството на ГП Табановце на 11 октомври, во петокот излегле 20.952, македонски и 14.800 странски државјани. Во саботата фреквенцијата се намалила на излез на 5.946 македонски и на 5.724 странски државјани. Вчера ...
Во близина на Неготино, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграциии вчера во контрола на багажот на патниците во автобус „ман“ со турски национални ознаки пронашле 30 штеки цигари. МВР денеска соопшти дека полицијата запрела и извршила контрола на автобусот со турски национални ознаки, сопственост на правно лице од Република Турција, а управуван од турски државјанин. - По контрола ...
Иако месецот сигурно нема да биде лесен за секого, според астрологот Јуан Натаниел Грим, шест хороскопски знаци ќе имаат голема корист од енергијата на овој месец. Тие ќе бидат милениците на универзумот и до крајот на октомври ги очекува голем успех. Вага Вагите имаат задача „да ги редефинираат своите сојузи“. Вие се соочивте со значителни предизвици во последната година и половина. Поради вашата неодлучна природа, не бевте сигурни во која ...
Месецот во кој сте родени може да одреди многу од вашите карактерни црти, вклучувајќи го и одговорот на прашањето колку сте вешт љубовник. Секако, тоа важи и за вашиот партнер. Без разлика што мислите за тоа, прегледот на резултатите од љубовните вештини и откривањето на тоа како стоите по ова прашање може да ве изненади. Jануари Малку работи се толку секси и малку луѓе имаат толку силна самодоверба како вие. Никогаш не ви е проблем да правите ...
Скопјанец со електричен тротинет прегазил пешак при што тој е тешко повреден. На 12.10.2024 во 13.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пешачка патека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, електричен тротинет, управуван од С.К.(53) од Скопје, удрил во пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на тротинетот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. За настанот бил известен јавен обвинител, информираа од ...
Денеска сведочеше мајката на убиеното девојче Вања, Зорица Ѓорчевска. Таа кажа дека не ги познава обвинетите и дека не е скарана со Александар. Мајката на Вања ги опиша настаните од дента кога исчезна Вања. „Двете девојчиња излегуваа во 7.20 на училиште, тој ден помалата ќерка остана дома бидејќи немаше прв час, Вања околу 7.20 се подготви и излезе на училиште. Јас излегов во 15 до осум за работа, телефонот ми беше во џеб, земав да го префрлам ...
Грејната сезона започнува утре, а ЕСМ ги повикува граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење. Додека некои училишта и градинки се веќе подготвени, општина Карпош ќе го одложи стартот поради умерените температури. Осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1 ноември заради заштеда. Од ЕСМ информираат дека на барање на општината, испораката на топлинска енергија ќе биде одложена до почетокот на ноември за сите осум ...
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала вчеравечер е регистриран во близина на граничните премини помеѓу Македонија, Косово и Србија. Според информациите на ЕМСЦ земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, на 9 километри од Врање. Граѓаните веднаш се огласија на социјалните мрежи и, како што велат, ова е четврти земјотрес од синоќа. „Добро удри! Немаше нишање, повторно вертикално“, сведочи граѓанин на Врање кој го ...
Овен Денеска целата енергија поврзана со деловните активности ќе биде насочена кон планирање и креирање стратегија за следниот период. Потрудете се да останете стабилни и доследни во вашите ставови. Посветете се на своите амбиции. Можеби ќе забележите нова личност во вашето блиско опкружување. Ако сте слободни, настапува поволен период за почеток на врска. Ако сте во врска, саканата личност ќе ви покаже дека искрено ѝ значите и е подготвена да ...
Инспектори за животна средина на Град Скопје, денеска, затекнале жител на Општина Бутел како исфрла големи количини отпад на територијата на општина Карпош кон Визбегово, соопштија од Град Скопје. Во соопштението наведуваат дека против лицето З.М. ќе биде поднесена кривична пријава за предизвикување значително оштетување на квалитетот на воздухот, водата и почвата, односно опасност за животот и здравјето на луѓето, дело кое што е казниво со ...
Мајката на Андрије Чикиќ, момчето кое лани во мај го уби Коста Кецмановиќ во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Белград, даде интервју за ТВ Прва. Сузана Станковиќ Чикиќ во својата исповед зборуваше за нејзината потрага по смисла по трагедијата што ја доживеа. Немам повеќе деца и се обидувам да најдам начин и причина зошто постојам на овој свет по трагедијата“, рекла мајката, пренесува Блиц. „Човек бара причина зошто дише, зошто живее. ...
Некои намирници и пијалоци можат да го зголемат ризикот од варење и надуеност, додека други го прават спротивното и помагаат да се намалат овие симптоми. Разбирањето која храна може да помогне и која може да наштети е клучно за здравјето на дигестивниот систем. „Подуеноста е начин на нашето тело да сигнализира дека нешто не е во ред“, објаснува докторката и нутриционист д-р Индира Гисаерт. Иако зелениот чај во моментов е популарен поради ...
Месецот во кој сте родени може да одреди многу од вашите карактерни црти, вклучувајќи го и одговорот на прашањето колку сте вешт љубовник. Секако, тоа важи и за вашиот партнер. Без разлика што мислите за тоа, прегледот на резултатите од љубовните вештини и откривањето на тоа како стоите по ова прашање може да ве изненади. Jануари Малку работи се толку секси и малку луѓе имаат толку силна самодоверба како вие. Никогаш не ви е проблем да правите ...
Ден откако францускиот претседател Емануел Макрон изрази желба главниот лик од серијата на Netflix „Емили во Париз“ да се врати од италианската во француската престолнина, римскиот градоначалник Роберто Гуалтиери му порача дека „ѝ е многу добро“ во Рим. „Почитуван Емануел Макрон, не грижете се: на Емили ѝ е многу добро во Рим“, рече Гуалтиери, пренесува Politico. Додава дека „срцето не може да се контролира“ и дека на Емили треба „да ѝ се ...
За многумина, темата за навиките во тоалетот може да биде непријатна, но неопходно е да се зборува за неа, бидејќи тоа може да ве спаси од потенцијални здравствени проблеми. Разбирањето на вашето тело и навиките е клучно за превенција и рано откривање на болести. Д-р Сара Џарвис, општ лекар, објаснува дека на цревата влијаат многу фактори. Дури и ако двајца луѓе имаат иста исхрана, тие можат да вршат нужда со различна зачестеност. Според неа, ...
ОВЕН Се препорачува денес да се позанимавате со важните обврски кои ги имате и да се посветите на работата за да остварите добри резултати. Денешниот ден не е премногу поволен за нова врска, ниту за љубов генерално. Одморајте се. БИК Доколку денес се впуштите во ризични проекти, ќе имате некои проблеми во иднина. Водете сметка за тоа. Не ви е лесно да најдете партнер со кој може да посакате нешто сериозно. Добро здравје. БЛИЗНАЦИ Ќе бидете ...
Уште една жртва од минатонеделните катастрофални поплави е пронајдена во областа на Коњиц, така што бројот на загинати само во Херцеговско-неретванскиот кантон (ХНК) се искачи на 21. Покрај 21 загинато лице во ХНК, тројца загинаа во Фојница, така што во БИХ досега се евидентирани вкупно 24 жртви од поплавите. Градоначалникот на Коњиц, Осман Ќатиќ, за сараевски „Аваз“ потврди дека 21-та жртва во ХНК е пронајдена во Бутуровиќ Поље. Четири лица ...