Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак. ОВЕН ЉУБОВ: Самоволието ќе создаде проблем во вашата врска, а и вие и вашиот партнер ќе го покажете тоа. РАБОТА: Преголемата амбиција може да ви наштети. ЗДРАВЈЕ: Променливо. БИК ЉУБОВ: Во моментов, вашиот партнер е во лошо расположение, што негативно влијае на вашиот љубовен живот. РАБОТА: Ќе уживате во позитивен тренд. ЗДРАВЈЕ: Проблем со ...

Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт.“ Искази дадоа сведоците: Верица Делева, ...

Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на стомачни проблеми, СДСМ го протолкува како уште еден обид за бегство од одговорност. „Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој. Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето ...

Општина Илинден и оваа година со свечена програма ќе го одбележи Денот на Општината – „Илинден 2-ри Август“. Свеченоста ќе се одржи на 24 јули 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино. Публиката ќе има можност да проследи богата музичка програма со настапи на реномираните македонски изведувачи Јордан Митев и Антониа Гиговска, кои ќе приредат вечер исполнета со добра музика и одлична атмосфера за ...

„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на врати, ...

Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи на 3.100. Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека бројката од над 1.200 заболени лица која беше пријавена викендов била нецелосна. „Она што можеме да го кажеме е дека во моментот до сега има 3.100 здравствени контакти. Здравствени контакти значи контакти во Здравствениот дом Гостивар и во Општата болница ...

Често слушаме совети дека е потребно да се пијат осум чаши вода дневно или дека количината на вода треба да се пресметува според телесната тежина. Нутриционистите сега ја открија вистинската формула. Според препораките на Националната академија на науки, инженерство и медицина на САД, количината на течност што му е потребна на телото се разликува кај жените и мажите. На жените им се препорачуваат околу 2,7 литри течност дневно, што е ...

Зачинетата храна честопати добива лоша репутација кога станува збор за здравјето на желудникот. Сепак, експертите предупредуваат дека она што многумина го сметаат за причина за чир, всушност не е главниот виновник. Горењето во желудникот по зачинет оброк многумина веднаш го поврзуваат со чир на желудник. Сепак, експертите истакнуваат дека зачинетата храна не е главниот виновник за оваа болест и објаснуваат кога навистина може да предизвика ...

Експертите предупредуваат дека таков договор би можел да го отвори патот Ријад да се здобие со нуклеарно оружје, особено како одговор на амбициите на Иран. Додека води жестока и исцрпувачка војна на Блискиот Исток, предизвикувајќи големи разурнувања и човечки жртви, со постојан ризик од предизвикување глобална енергетска криза, американскиот претседател Доналд Трамп истовремено води преговори што би ѝ дозволиле на Саудиска Арабија да ...

Навистина можевме да видиме сè во големото финале на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое мораше да оди во продолженија, бидејќи немаше голови по нерегуларните 90 минути! Сепак, она што веројатно им ја олесни работата на Шпанците беше вториот жолт и црвен картон за Енцо Фернандез во 93-тата минута. После тоа, практично беше само прашање на време кога Шпанците ќе поведат во продолжението, наоѓајќи ја мрежата во 96-тата минута, ...

Секој ден е нов ценовен шок за граѓаните. Горивата повторно поскапуваат, што значи и ново поскапување на цените на храната, превозот и на останатите производи, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. Ова, вели таа, е нов удар врз семејните буџети откако цените веќе се до плафон. „Со недели Мицкоски не носи мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Сега најавува само намалување на акцизата. Повторно половична и задоцнета мерка, ...

Владата барала од УНЕСКО да ѝ даде рок од шест години за да постапи во однос на забелешките за заштита на Охридскиот Регион за да не биде ставен на Листата на светско наследство во опасност, која се предлага во најновата Нацрт-одлука на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, а чија конечна одлука Комитетот треба да ја донесе на 22 јули во Бусан, Јужна Кореја, велат од Левица. Според оваа партија, да се побараат уште шест години од УНЕСКО ...

Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио пред патувањето на Филипините изјави дека Иран го користи Ормутскиот теснец како средство за притисок во актуелниот конфликт на Блискиот Исток. Рубио им рече на новинарите дека Техеран е подготвен да ја искористи контролата врз оваа поморска рута за да стекне влијание во поширокиот меѓународен контекст. Пред состанокот на министрите за надворешни работи на АСЕАН, тој рече: „Јасно е дека Иран, барем ...

Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал. Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им ...

По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти, истакна на ...

Според Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврдува вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, а таа е, како што рече на прес-конфренција, колку полошо за Македонија, толку подобро за нив. „Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сме 9. Не дојдовме до таа ...

Денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 39 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност ...

За епидемијата во Гостивар со над 1200 заболени граѓани освен кривична, премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да има и морална одговорност која би тргнала од градоначалникот па надолу. Владата и Институтот за јавно здравје, според премиерот, презеле сè што требало да се преземе. „Ние како институции во рок од два дена сè завршивме. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа коешто е нивна ингеренција е завршено и ...

Тие секогаш имаат одговор за секое прашање, ги сакаат расправиите и тешко им е да признаат дека грешат. Според астролошките толкувања, еден знак особено се издвојува по својата потреба да се фали со знаење и да остави впечаток дека сè има под контрола. Водолија Водолиите се познати како знаци кои сакаат да размислуваат поинаку од повеќето. Тие имаат широки интереси, сакаат да учат и често создаваат свои теории за светот околу нив. Затоа ...

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е во Њујорк со бројни светски ѕвезди. Ноле се сретна во Големото Јаболко со Леброн Џејмс, Том Брејди, Лионел Меси и многу други, но не само спортистите беа воодушевени од изгледот на Ѓоковиќ. Најдобриот тенисер на сите времиња беше гостин во легендарниот подкаст на актерот Кевин Харт. Еден од најпознатите актери на денешницата ја игра својата претстава во када, па така и Новак го направи истото од каде што ...

Северна Македонија имала 20,1 професионални судии на 100.000 жители во 2024 година, покажуваат најновите податоци на Евростат. Иако земјата останува над просекот на Европската Унија, бројот на судии постојано се намалува во последните години. Според статистиката, во 2019 година земјата имала 24,3 судии на 100.000 жители, додека во 2024 година овој број се намалил на 20,1, што значи намалување од повеќе од четири судии на 100.000 жители. ...

Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата, истакна денеска на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на извршниот одбор на СДСМ. Таа додаде дека епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувнала преку ноќ. „Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои наместо ...

Сезоната на жетва започна во Полошкиот регион, но очекувањата на земјоделците се целосно разбиени. Зголемувањето на цената на вештачките ѓубрива и високите трошоци за обработка на земјиштето, соочени со ниската цена по која се купува пченицата оваа година, ги ставија земјоделците во тешка економска положба. Според нив, под овие услови, земјоделството се движи кон нула. „Не очекувавме толку многу… производството е малку послабо, но цената е ...

ДПМНЕ залудно се обидува сопствената вина да ја претвори во пропаганда против Левица. Власта не беше немоќен набљудувач на процесот, туку негов организатор, предлагач и носител на парламентарното мнозинство, велат од Левица. Како што додаваат доколку бара виновник за недонесувањето на Изборниот законик, треба најпрво да погледне во сопствените редови, сопствените недоследности и условите што намерно ги постави во последен момент за да го ...

Крајнодесничарските израелски политичари најавуваат преземање на Соломоновите базени, антички резервоари со вода во близина на Витлеем. Со овој потег, Израел би можел да го прекрши мировниот договор и да ги лиши Палестинците од едно од ретките преостанати места за одмор и рекреација во областа. Израелскиот министер за финансии, Безалел Смотрих, неодамна отворено се закани дека ќе го поништи договорот со кој се потврдува палестинското ...

Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за епидемијата во овој град. „СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши ...

Силните емоции, потребата за сигурност и стравот од загуба можат да ги направат особено чувствителни кога станува збор за љубовта. Според астролошките толкувања, овие два знака честопати тешко ја кријат својата љубомора. Шкорпија Шкорпијата често се опишува како еден од најстраствените знаци во Зодијакот. Кога ќе му дозволат на некого да биде близок, тие се длабоко приврзуваат и очекуваат целосна искреност. Поради нивните силни емоции, тие ...

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, патуваше многу низ САД, Канада и Мексико за време на Светското првенство во 2026 година, а анализата на АП покажува дека тој поминал повеќе од 100 часа во воздух. Светското првенство во 2026 година, првото издание на турнирот во три земји, 16 градови и низ четири временски зони, завршува со финалето во Њу Џерси, а Инфантино беше на летови помеѓу домаќините, на деловни состаноци и јавни настапи речиси ...

Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, подобриот живот и услови за гостиварци станаа ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Калај

46.54

Иридиум

315077.32

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Сребро

1670.34

Кобалт

33.53