Во последните 20 години, американската политика кон Северна Македонија е константна, и кога републиканците беа на власт и сега со демократите, односот е ист, вели Емил Кирјас, поранешен државен секретар во Министерството за надворешни работи. Тој не очекува дека ќе има драстични промени со доаѓањето и на идната адмнистрација во Белата куќа. Embed share Изборите во САД и нивно влијание врз Северна Македонија Embed share The code has been copied ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска рече дека клучот за ставање крај на руската војна во Украина на начин што ќе спречи повторно да се случи е европското единство, притисокот врз Русија и зајакнувањето на Украина. „Русија ќе прибегне кон дипломатија само кога ќе види дека не може ништо да постигне со сила. Мораме да создадеме соодветни услови за да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски при посетата на Брисел за да им се обрати на ...
Бродот со првата група мигранти што ќе бидат обработени во Албанија според договорот со Италија пристигна во пристаништето Шенѓин во средата наутро, со што започна контроверзниот план на Рим за обработка на илјадници баратели на азил во странство. Италија изгради два прифатни центри во Албанија, во првата шема на една земја од Европската унија за пренасочување на мигрантите во земја која не е членка на ЕУ. Планот има за цел да ги спречи ...
Два собира. Два различни погледа. Еден е „Митингот за демократија“, кој ги поддржува сите религии. Вториот, пак, е турнејата „Разбуди се Америка“ каде се слуша ова: „Исус е мојот спасител; Доналд Трамп е мојот претседател“. Сега од својата трета година, турнејата го поддржува христијанскиот национализам, идејата дека САД се христијанска земја и треба да имаат закони што ќе го одразуваат тоа. „Со задоволство ќе бидам христијански националист. Што ...
Американската поп-ѕвезда Тејлор Свифт е добредојдена ширум светот поради нејзината музика. Повеќето нејзини фанови, исто така, го поздравија нејзиниот избор за претседател. На 10 септември, Свифт излезе на Инстаграм за да ја поддржи потпретседателката Камала Харис да биде следниот претседател на САД, опишувајќи ја како, цитирам „смирен и талентиран лидер“. Фанот на Свифт, Џеслин Каур, е претседавачка со Колеџ на демократите на Универзитетот ...
Американската морнарица во средата пребаруваше низ планински терен по двајца членови на екипажот кои беа во борбен авион што се урна во државата Вашингтон за време на рутински тренинг лет. Авионот EA-18G Growler од ескадрилата за електронски напади се урна источно од планината Рение околу 15:23 часот, според поморската воздушна станица на островот Видбеј. Тимовите за пребарување, вклучително и хеликоптер MH-60S на американската морнарица, беа ...
Одвојувањето на Тирана и Скопје во ЕУ-пристапувањето денеска се официјализираше. Албанија во Луксембург го отвори првиот преговарачки кластер за темелни вредности. Северна Македонија доби нов „стоп“ во процесот зашто не ги заврши уставните измени, чекор на кој се обврза во јули 2022 кога и двете земји ги почнаа преговорите. „Со ова ѝ се нанесе голема штета на државата“, изјави Еди Рама, премиер на земјата која денеска слави отворање на ...
Американската агенција задолжена за заштита на животот на претседателот на Соединетите држави и други високи функционери сака државните и локалните органи за спроведување на законот да направат повеќе за да ги спречат потенцијалните закани да ескалираат во насилство и се обидува да им покаже на полициските агенции низ целата земја како точно да го направат тоа. Националниот центар за проценка на заканите на американската тајна служба издаде нов ...
Кинескиот претседател Шји Џинпинг рече дека успешното партнерство меѓу Кина и Соединетите Држави е можност за двете земји да бидат меѓусебни овозможени развој, а не пречка, според државните медиуми во Кина. „Кина е подготвена да биде партнер и пријател со Соединетите Држави. Од ова ќе имаат корист не само двете земји, туку и светот“, рече Шји во забелешките од писмото до годишната вечера за награди на Националниот комитет за односите на САД и ...
Производите на Интел што се продаваат во Кина треба да бидат предмет на безбедносен преглед, соопшти во средата Кинеската асоцијација за сајбер-безбедност, тврдејќи дека американскиот производител на чипови „постојано ѝ нанесува штета“ на националната безбедност и интересите на земјата. Иако Асоцијацијата за сајбер безбедност на Кина е индустриска група, а не владино тело, таа има блиски врски со кинеската држава и множеството обвинувања против ...
Мешање во изборите и зголемен напад врз слободното изразување онлајн довело до 14-та последователна година на пад во глобалната слобода на Интернетот, се вели во најновиот извештај на „Фридом хаус“ за онлајн слободата во 2024. Во најмалку 43 земји, што е рекордно високо ниво, луѓе биле нападнати или убиени како одмазда за нивниот онлајн говор и активизам. Во најмалку 56 земји, Интернет корисници биле уапсени поради нивното политичко, социјално ...
Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелските воздушни напади загинале најмалку пет лица во јужниот град Набатие. Официјални лица изјавија дека меѓу загинатите е и градоначалникот на градот. Израелската војска соопшти дека нападнала десетици цели на Хезболах во областа Набатие. Израелските сили, исто така, извршија воздушни напади врз јужните предградија на Бејрут. Израелските одбранбени сили соопштија дека нивните борбени ...
Михаило Дрихвал имал 11 години кога започнала војната заедно со неговата мајка и помладата сестра Катерина во градот Керсон, Украина. На првиот ден од инвазијата на Русија, семејството заедно со нивниот папагал и хрчак, побегнале во куќата на бабата на Михаило. Тоа било прв пат да видат руски воени возила. „Оклопни транспортери означени со големи букви З со руски војници внатре. Тогаш не знаевме како да ја идентификуваме нашата војска. Мислевме ...
Освојувањето на одлучувачката држава Висконсин може да го однесе демократскиот или републиканскиот претседателски кандидат во Белата куќа. И во 2016 и во 2020 година, државата беше освоена со помалку од еден процентен поен од гласовите. Додека повеќето окрузи во Висконсин се поконзервативни, Дејн, вториот по големина округ во државата и дом на Универзитетот на Висконсин, е либерално упориште. Демократската претседателска кандидатка Камала Харис ...
Тамас Бодоки го основа Атлатцо во 2011 година како платформа за независно истражувачко новинарство. Со Атлатцо, што значи „транспарентно“ на унгарски јазик, Бодоки планираше да известува за корупција, службено недолично однесување и други критични прашања за кои станува се потешко да се известува. „Мејнстрим медиумите се под голем политички притисок во Унгарија и тоа беше дел од причината зошто ја напуштив мојата мејнстрим медиумска работа и ја ...
Во еден дождлив ден во септември, група новинари се собраа во деловна зграда надвор од Вашингтон. Некои беа искусни новинари, други сè уште студенти. Но, сите тие беа таму за да научат како да останат безбедни додека ги покираваат изборите и немири. Организирана од Меѓународната женска медиумска фондација (МЖМФ), обуката беше дел од националната кампања за да ги научи новинарите во САД како да останат безбедни на задачите, вклучително и додека ...
Официјални лица во украинскиот регион Миколаев денеска соопштија дека во руски ракетен напад загинало најмалку едно лице, а 16 се повредени. Гувернерот на Миколаев, Виталиј Ким, на Телеграм наведе дека нападот оштетил инфраструктурен објект, ресторан и трговски области, како и станбени згради. Пресретнувањата на дроновите се случиле над регионите Черкаси, Чернихив, Кировохрад, Киев, Миколаев, Одеса и Полтава, соопшти украинското воздухопловство. ...
ВАШИНГТОН – Русија, Кина и Иран сѐ повеќе се потпираат на криминални мрежи за да водат сајбер-шпионажа и хакерски операции против противници како САД, се вели во извештајот за дигитални закани објавен од Мајкрософт. Зголемената соработка меѓу авторитарните влади и криминалните хакери ги вознемири претставниците на националната безбедност и експертите за сајбер-безбедност кои велат дека таа ги претставува сè понејасните линии помеѓу активностите ...
Американскиот претседател Џо Бајден треба да ја посети Германија в петок, откако ја откажа посетата минатата недела поради ураганот Милтон што ги погоди САД, изјавија за Ројтерс во недела извори од германската Влада. Магазинот „Шпигел“ претходно го објави новиот датум, велејќи дека плановите за состаноци се веќе добро напреднати. Изворите рекоа дека посетата на Бајден нема да има карактер на формална државна посета. „Шпигел“ објави дека ...
Укинувањето на балансерот од страна на Уставниот суд е исправна одлука, вели за Глас на Америка, Рубин Земон, директор на Центарот за напредни истражувања. Според него тој бил алатка за исклучување, односно дискриминација на помалите етнички заедници. Балансерот додава Земон, не бил во духот ниту на граѓанскиот концепт и заштита на човековите права, а најмалку во духот на градење мултикултурно општество. Embed share Ќе се изнајде ли замена за ...
Во последните денови, стотици луѓе пристигнале надвор од овој камп во североисточна Сирија, со надеж дека ќе најдат засолниште и хуманитарна помош. Кампот, наречен Вашо Куни, е стар пет години, во кој се сместени семејствата раселени од борбите во 2019 година во Сирија. Но, новодојдените се исто така воени бегалци, многумина повеќе од една деценија. Тие избегале од граѓанската војна во Сирија во Либан, а сега се вратиле, поради израелските ...
Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации денеска повика на истрага за израелскиот воздушен напад во кој загинаа најмалку 22 лица во северен Либан. Портпаролот на Канцеларијата на ОН за човекови права Џереми Лоренс изјави дека агенцијата добила извештаи дека 12 жени и две деца се меѓу убиените во понеделникот во нападот во селото Аито. „Разбираме дека е нападната станбена зграда со четири ката. Имајќи ги предвид овие фактори, имаме ...
Главниот украински обвинител рече дека добил разузнавачки информации кои укажуваат дека рускиот претседател Владимир Путин може да присуствува на самитот на Г-20 во Бразил следниот месец, и ги повика тамошните власти да спроведат налог за негово апсење доколку тој се појави. Меѓународниот кривичен суд (МКС) во Хаг издаде налог за апсење на Путин во март 2023 година, приближно една година по руската целосна инвазија на Украина, обвинувајќи го за ...
СКОПЈЕ – „Вања е киднапирана нема што друго да биде“, бил ставот на Александар Ѓорчевски откако неговата поранешна сопруга Зорица Ѓорчевска го известила дека четиринаесет годишната Вања не дошла во училиште и е исчезната. Ѓорчевска денес сведочеше на судскиот процес за убиството на нејзината ќерка и седумдесет и четиригодишниот велешанец Панче Жежовски и кажа дека не познава ниту еден од обвинетите ниту пак знае дека таткото Александар се ...
На 10-годишнината од стартот на Берлинскиот процес, очекувањата на дел од најмоќните земји членки на ЕУ се дека на земјите од Западен Балкан нема да им треба уште една деценија за да станат дел од Унијата. Десет години по почетокот на иницијативата која има за цел забрзување и олеснување на приемот на „западнобалканската шесторка“ во европското семејство дојдоа уверувања дека нема отстапувања од утврдениот пат, но и истовремено пораки до ...
Културната дипломатија во времиња на војни е важна за да се разбере состојбата со која се соочува Украина заради Руската агресија и на тој начин да придонесе кон ширење на вистините за случувањата во Украина, како и да ја зголеми солидарноста кон милиони украински бегалци раселени насекаде низ светот. Ова беше целта на мултимедијалниот настан „Украина е...“ што се одржа во Мобилната монтажна галерија во паркот на Франкофонијата во Скопје. Embed ...
Ирена Марој е менаџерка во бизнис во женска сопственост што го претвора пластичниот отпад во еколошки камен. Со седиште во Гома, во Демократска Република Конго, компанијата обезбедува работа за луѓе раселени од години војна. Марој вели дека нејзиниот фокус е на младите внатрешно раселени лица, надевајќи се дека ќе ги спречи да се приклучат на вооружените групи. „Кога видов дека толку многу млади луѓе се приклучуваат кон вооружените групи бидејќи ...
Додека домородните Американци ширум САД се собираат денес да ја прослават нивната историја и култура и да ги кажат тековните предизвици со кои се соочуваат, многумина ќе го сторат тоа со фокус на изборите. Од митинг во Минеаполис со храна, игри и лотарија до јавен говор за гласањето на домородните Американци во „Вирџинија Тек“, празникот, кој доаѓа околу три недели пред денот на изборите, ќе помине со широк спектар на настани насочени кон ...
Мажот уапсен на безбедносен контролен пункт во близина на собирот на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп во Калифорнија во саботата, се соочува со обвиненија за оружје, откако му беше пронајдено наполнето огнено оружје, повеќе пасоши и лажни регистарски таблички, изјави локалниот шериф во неделата. Шерифот на округот Риверсајд Чад Бјанко, рече дека верува оти неговиот оддел запрел обид за атентат, иако тој призна дека тоа е ...
СAД вчера објавија дека испраќаат напреден ракетен одбранбен систем во Израел и околу 100 американски војници да управуваат со него. Системот за одбрана на висока височина е копнен пресретнувач дизајниран да се брани од балистички ракети. Неговото распоредување доаѓа откако Иран лансираше повеќе од 180 балистички ракети кон Израел на први октомври, по израелскиот напад врз Бејрут во кој беше убиен лидерот на Хезболах Хасан Насрала, а Израел сега ...