
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед Ал Нахјан му рече на американскиот државен секретар Марко Рубио дека ОАЕ отфрлаат „секакви обиди за раселување на палестинскиот народ од нивната земја“ додека Рубио во средата го посети Абу Даби. Државните медиуми на ОАЕ ги објавија коментарите и рекоа дека претседателот ја истакнал потребата да се спречи проширување на конфликтот во Газа. „Тој, исто така, ја истакна важноста ...
Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за Украина и Русија во средата изјави дека САД ги разбираат потребите од безбедносни гаранции за Украина, додека тој ја посети земјата на разговори со украинските претставници. Генералот Кит Келог им рече на новинарите во Киев дека е во Украина „да слуша“, и да ги слушне грижите на украинските лидери и да се врати во САД за да се консултира со претседателот Трамп. Келог рече дека ...
Попладне е во Павлохрад, во источна Украина. Во транзитниот центар за евакуација пристигнуваат автобуси. Центарот е првата релативно мирна станица за луѓето што ги напуштаат областите на фронталната линија, главно во регионот на Доњецк. Мнозинството се постари лица со ограничена подвижност. Свитлана дојде од Краматорск. Гласот на Америка се согласи да не ги објави презимињата од безбедносни причини. „Се надевам дека ќе се вратам. Тие рекоа дека ...
Воените сили на САД од 2.000 војници се распоредени на сириска територија како поддршка на арапско-курдската коалиција на Сириските демократски сили, во нејзината војна против борците на Исламската држава. Илјадници милитанти на Исламската држава се затворени во затворите на Сириските демократски сили, но иднината на американското воено присуство сега е доведена во прашање. „Трамп е во дилема затоа што во кампањата ветуваше Америка на прво ...
СКОПЈЕ – Скалесто ограничување на бруто профитната маржа и утврдување највисоки цени се двете одлуки донесени на седницата на Владата која се одржа денес а со кои надлежните очекуваат да стават ред во креирањето на цените на продуктите кои се неопходни за нормално функционирање на граѓаните. Со двете одлуки се опфатени над илјада прехранбени и непрехранбени производи од 102 групи а од Владата очекуваат голем дел од производите да поевтинат. Утре ...
Туристите можеби доаѓаат во Саипан, главниот град на Северните Маријански Острови, поради убавината на островот на Пацификот, но не и оваа мајка. Таа е тука за да може нејзината ќерка да добие парче хартија на која пишува дека е државјанка на САД. Мајката ги надминала 14-те дена што и биле дозволени да биде на оваа американска територија. Таа го користи само презимето Је за да го заштити својот идентитет. „Без разлика дали се работи за ...
Американската и руската делегација ги одржаа првите разговори во Саудиска Арабија за војната во Украина и билатералните односи меѓу Вашингтон и Москва. Тие се договорија за четири точки, на кои во официјалното соопштение се повикува портпаролката на американскиот Стејт департмент Тами Брус. Делегациите на САД и Русија се согласија за следново: - да се воспостави механизам за консултации за елиминирање на проблемите во билатералните односи за ...
Балканот не е афектиран со снабдување на природен гас по последните американски санкции кон руската нафтена индустрија, велат познавачи на енергетскиот сектор. На 10-ти јануари, администрацијата на Бајден во заминување ги прошири санкциите против енергетскиот сектор на Русија, како дополнителен удар на Москва за нејзината речиси тригодишна војна во Украина. Два дена подоцна шест европски земји побараа да се намали и онака ограничената цена од 60 ...
Специјалниот претставник на САД за Украина и Русија Кит Келог, изјави дека никој не планира да наметне договор за ставање крај на војната на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Одговарајќи на прашања на новинарите во седиштето на НАТО во Брисел на 17 февруари по состанокот со генералниот секретар на НАТО Марк Руте, американскиот функционер рече: „Одлуката на Украинците е украинска одлука“, рече Келог, цитиран од АФП. „Зеленски е избран ...
Русија ослободила американски државјанин уапсен на почетокот на овој месец под обвинение за шверц на дрога, според извештаите на руските медиуми и официјален претставник на САД. Потегот се чини дека е обид за намалување на тензиите меѓу Москва и Вашингтон пред разговорите во Саудиска Арабија денес. Калоб Бајерс (28) беше приведен на 7 февруари на московски аеродром, откако цариниците, наводно, пронашле мармалад со канабис во неговиот багаж. ...
Највисоки американски и руски дипломати денес во Саудиска Арабија започнаа состаноци за односите меѓу нивните земји и потенцијалниот крај на руската војна во Украина. Двете страни ги ублажија очекувањата, опишувајќи ги разговорите како почетен чекор што може да ја постави рамката за директни разговори меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин. Државниот секретар Марко Рубио ја предводи делегацијата на САД, во ...
Звучи како мотор и можеби се чувствува како мотор. Но, она што го придвижува новиот Доџ Чарџер воопшто не е мотор со внатрешно согорување. Тоа е целосно електрично возило, но звукот и мирисот на гумите се реални, додека издувните гасови се вештачки. „Мислам дека ќе заборавите дека е електрично возило“, вели Рајан Нагоде, потпретседател за внатрешен дизајн во Стелантис, компанијата сопственик на брендот Доџ. Чарџер долго време е икона од ерата на ...
Поголем дел од граѓаните – 62 отсто го поддржува процесот на зачленување на Северна Македонија во Европската Унија (ЕУ), покажува заедничкото истражување на Институтот за демократија и локалната канцеларија на Фондацијата Конрад Аденауер. Резултатите од анализите потврдуваат дека се` уште има голема разлика во поддршката кон ЕУ меѓу двете најголеми етнички групи – 56 отсто од испитаниците Македонци се `за` во Унијата, додека тој процент кај ...
Битката за иднината на Агенцијата за меѓународен развој на САД, или УСАИД, потсетува на слична дебата во Британија. Во 2020 година, тогашниот премиер Борис Џонсон го спои Одделот за меѓународен развој или „ДФИД“ со Министерството за надворешни работи. „Ова ќе ја обедини нашата помош со дипломатијата и ќе ја претопи во нашите меѓународни напори… Секретарот за надворешни работи ќе има овластување да одлучи која земја ќе ја прима или ќе престане да ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во Ријад на 17 февруари, каде што тој и другите претставници на администрацијата на претседателот Доналд Трамп планираат да разговараат со руската делегација за крајот на руската војна против Украина. Преговорите меѓу двете страни би можеле да се одржат веќе на 18 февруари, потврди за Ројтерс портпаролката на Стејт департментот Тами Брус. Таа рече дека на средбата од американска страна ќе ...
ТОРОНТО, КАНАДА (Ројтерс) – Авионска несреќа на меѓународниот аеродром Пирсон во Торонто во понеделникот, соопштија официјални лица, а телевизијата CBC објави дека авионот се превртел при слетувањето. Од телевизијата објавија дека се повредени осум лица. Аеродромот Пирсон во Торонто го потврди инцидент со регионален лет на „Делта ерлајнс“ кој пристигнува од Минеаполис и дека екипите за итни случаи веднаш реагирале. Сите патници и членови на ...
ВАТИКАН (Ројтерс) - Лекарите го сменија третманот за инфекција на респираторниот тракт на папата Фрањо за да се справат со „сложената клиничка ситуација“ и тој ќе остане во болница онолку долго колку што е потребно, соопшти во понеделникот Ватикан. „Резултатите од тестовите направени последниве денови и денес покажаа полимикробна инфекција на респираторниот тракт, што доведе до дополнителна модификација на терапијата“, се вели во краткото ...
САД денес го слават Денот на претседателите. Значењето на Денот на претседателите е драматично променето. За некои историчари, празникот го изгубил ваквото значење. Историчарката Алексис Коу, авторка на „Никогаш не го забораваш својот прв претседател: биографија за Џорџ Вашингтон“, вели дека размислува за Денот на претседателите на ист начин како и споменикот што го носи неговото име. „Треба да се работи за Вашингтон, но дали навистина можете да ...
Најмалку шест возила поминаа на црвено светло во период од половина час и уште десетици други возачи игнорираа да забават на жолто светло. Тоа се покажа во периодот додека снимавме на една од најфрекфентните крстосници во Скопје, кај трговскиот центар „Мавровка“. Однесувањето на возачите го следевме во претпладневните часови во текот на изминатата работна недела. Поттик за овој кус експеримент беше револтот што се создаде кај македонските ...
Кина започна нов круг дипломатски напори кон европските земји во услови на растечка напнатост меѓу САД и нејзините европски сојузници. Додека високите американски официјални лица и европските лидери се судрија по прашања како што се вредности, демократија и Украина на Минхенската безбедносна конференција за време на викендот, кинескиот министер за надворешни работи, Ванг Ји, одржа билатерални состаноци со неколку врвни европски официјални лица, ...
ПЕКИНГ/ТАЈПЕЈ (Ројтерс) - Кина во понеделникот (17 февруари 2025 година) ги повика СоединетитеАмерикански Држави да ги „исправат своите грешки“ откако американскиот Стејт департмент ја отстрани претходната формулација на својата веб-страница за неподдржување на независноста на Тајван, за која рече дека е дел од рутинско ажурирање. Информативниот лист за Тајван, ажуриран минатата недела, ја задржува спротивставеноста на Вашингтон на едностраната ...
Американскиот државен секретар Марко Рубио е во Саудиска Арабија, како дел од турнејата низ регионот, која вклучува фокус на прекинот на огнот меѓу Израел и Хамас. Се очекува Рубио да се сретне со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман поради приговорите од Саудиска Арабија и другите арапски нации за предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да ги пресели Палестинците од Газа. Трамп предложи Палестинците да одат во соседните ...
Францускиот претседател Емануел Макрон ќе биде домаќин на група европски лидери на разговори во понеделник (17 февруари 2025 година), фокусирани на ситуацијата во Украина во услови на промена во американскиот пристап кон конфликтот и предлозите на американските претставници дека Европа нема да има улога во мировните преговори. Меѓу оние што се очекува да присуствуваат се лидерите од Велика Британија, Германија, Италија, Полска, Шпанија, ...
Нелегалниот таен премин ги поврзува мексиканскиот град Хуарес и американскиот град Ел Пасо во Тексас. Тунелот под реката Рио Гранде е широк малку повеќе од еден метар и висок речиси два метра. Се поврзува со атмосферска канализација и е опремен со осветлување и вентилација. „Покриен е со дрвени греди, како што ќе можете да видите. Има дрво за да спречи колапс“, вели генералот Хосе Лемус Сиснерос. Властите веруваат дека оваа подземна рута била ...
Полно за секој настап. Сè е распродадено со месеци однапред. Претставници на Националниот академски драмски театар „Иван Франко“ велат дека минатата година ги привлекол најголемите толпи во својата вековна историја. „Почнуваме со продажба на билети еден месец однапред. Март има 31 ден, а по 18 минути немаше карти за ниту еден настап за цел месец“, вели Јевен Нишчук, од драмскиот театар „Иван Франко“. Embed share Украинците масовно купуваат ...
САД, Јапонија и Јужна Кореја го обновија своето „цврсто“ заложување дека ќе бараат „целосна денуклеаризација“ на Северна Кореја, се вели во заедничката изјава на тројцата сојузници објавена во саботата (15 февруари 2025 година). Изјавата дојде откако новиот американски државен секретар Марко Рубио ги одржа своите први состаноци со јужнокорејскиот министер за надворешни работи Чо Тае-Јул и највисокиот јапонскидипломат Такеши Иваја на маргините на ...
Хамас во саботата (15 февруари 2025 година) ослободи уште тројца заложници во замена за речиси 400 палестински затвореници, кои беа ослободени подоцна во текот на денот. Доцна во саботата (15 февруари 2025 година), американскиот државен секретар Марко Рубио пристигна во Израел за да ја започне својата прва турнеја на Блискиот Исток. Тој ќе разговара за кревкото примирје и предлогот на претседателот Доналд Трамп за Газа кога ќе се сретне во ...
ВАШИНГТОН (АП) — Службата за внатрешни приходи ќе отпушти илјадници работници на пробна работа среде даночната сезона, според двајца извори запознаени со плановите на агенцијата, а кратењата би можеле да се случат веднаш следната недела. Администрацијата на Трамп ги интензивираше огромните напори за намалување на големината на федералната работна сила. Тоа го прави со наредба на агенциите да ги отпуштат речиси сите вработени на пробна работа кои ...
Милитантната група Хамас се очекува да ги објави имињата на тројцата заложници што ќе ги размени за палестинските затвореници овој викенд, откако ја изрази својата посветеност за прекин на огнот со Израел. Следното ослободување на заложниците беше доведено во прашање откако Хамас го обвини Израел за прекршување на договорот и закани за враќање во војна. „Ние не сме заинтересирани за пропаѓање на договорот за прекин на огнот во појасот Газа и ние ...
ЊУЈОРК (АП) — Одделот за правда во петокот (14 февруари 2025 година) побара од судот да ги отфрли обвиненијата за корупција против градоначалникот на Њујорк, Ерик Адамс, со тоа што високи официјални лица од Вашингтон се вмешаа по отфрлањето на нивните барања од страна на федералните обвинители во Менхетн да го повлечат случајот, а некои дури поднесоа оставки во знак на протест. Вршителот на должноста заменик јавен обвинител Емил Боув, втор човек ...