
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



САН ДИЕГО (АП) — Администрацијата на Трамп отпушти 20 имиграциони судии без објаснување, изјави синдикален претставник во саботата (15 февруари 2025 година), поради големите чекори за намалување на големината на федералната влада. Во петокот (14 февруари 2025 година), 13 судии кои допрва требаше да положат заклетва и пет помошници главни судии за имиграција беа разрешени без најава, рече Метју Бигс, претседател на Меѓународната федерација на ...
Владината одлука за ограничување на маржата во трговијата на мало и големо на 10 отсто, на основните прехранбени производи и средствата за хигиена не влева оптимизам кај граѓаните, дека тоа значително ќе ги намали цената на производите, од секојдневната потрошувачка. „Нема шанса, тоа е само секое чудо за три дена. Тоа треба нон-стоп да биде без ралзика која Влада и да е. Тука е во прашање животот на големите глави, сиромашните не ги прашуваат. ...
Втора недела протести на демократските законодавци загрижени за обидите на претседателот Доналд Трамп да ја преобликува американската влада. И покрај ограничениот политички капитал во двата дома на американскиот Конгрес, демократите ветија дека ќе се борат против, како што ги нарекуваат, „екстремните“ напори на администрацијата на Трамп да ги затвори владините агенции и веднаш да отпушти федерални работници. „Ако сакате да направите кратења, ...
ВАШИНГТОН (Ројтерс) - Дебито на американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет што го привлече вниманието во странство можеби ги иритираше некои клучни републиканци и ги разочара сојузницитево Европа, каде што неговите изјави за Украина и НАТО не наидоа на добар одѕив. Но, неговите силни изјави му донесоа признание од еден важен слушател: претседателот на САД, Доналд Трамп. И Хегсет – кој во саботата (15 февруари 2025 година) го завршува ...
Потпретседател Џеј-Ди Венс ги предупреди европските сојузници кои присуствуваа на безбедносната конференција во Минхен, Германија, против „заканата одвнатре“, тврдејќи дека европските влади применуваат екстремна цензура и не успеале соодветно да се справат со „миграцијата надвор од контрола“. „Заканата за која најмногу се грижам во однос на Европа не е Русија, не е Кина, не е кој било друг надворешен актер“, рече тој денес. „Она за што се грижам ...
Владејачкото мнозинство е влезено во процес на сериозно разгледување на можноста за промена на дел од државните симболи, пред се грбот, а можеби и химната. Embed share Ќе се менуваат ли државните симболи во Северна Македонија? Embed share The code has been copied to your clipboard. The URL has been copied to your clipboard No media source currently available 0:00 0:04:28 0:00 Direct link Она што како потенцијална опција го навести ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави вчера дека неговата земја нема да прифати никаков договор за нејзината судбина одлучен билатерално од Русија и САД за тоа како да се стави крај на тригодишната војна на Москва против Украина, без учество на Киев. „Ние, како независна земја, едноставно нема да можеме да прифатиме никакви договори без нас“, им рече Зеленски на новинарите додека ја посети нуклеарната централа на пат кон Минхенската ...
СКОПЈЕ – Ограничени маржи ќе предизвикаат бран отпуштања предупредуваат од Стопанската комора на трговци на големо и мало претежно со прехранбени и непрехранбени производи, пијалаци и тутун, формирана пред три дена во која се членки дел од големи ланци маркети. Оттаму велат дека ограничувањето на маржите ќе предизвика и затворање на маркетите и во прашање се доведува опстојувањето на 86 трговски фирми со 790 продавници и 4 700 вработени. Од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп вчера го презеде она што може да стане негова акција со најголеми последици во меѓународната трговија на почетокот на неговата втора администрација. Трамп, кој потпиша меморандум со кој повикува на реципрочни царини, им рече на група новинари во Овалната канцеларија дека „ако го правите својот производ во САД, нема царини“. Целта е да се намали буџетскиот дефицит на Америка, кој се проценува дека се ...
Претседателот Доналд Трамп беше домаќин на индискиот лидер вчера во Белата куќа, каде што двајцата лидери потпишаа договори за енергија и одбрана, вклучително и пат за Индија да го купи посакуваниот ловец Ф-35. Сето тоа беше во сенка на одлуката на Трамп, истиот ден, да ги разгледа реципрочните царини на сите американски трговски партнери. Трамп најави договори за енергија, вселена и одбрана - вклучително и можното влегување на Индија во ...
БРИСЕЛ, 13 февруари (Ројтерс) - Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет во четвртокот ги отфрли критиките за преговарачката стратегија на Вашингтон со Русија за војната во Украина и ја предупреди Европа да не ја третира Америка како „недоветна“, со тоа што ја прави одговорна за нејзината одбрана. „Не се залажувајте, претседателот Трамп нема да дозволи некој да го претвори Чичко Сем во „постојан, бесконечен, финансиер“, рече Хегсет на ...
Калифорнија е сојузна држава која ограничува локална полициска соработка со федералните органи за имиграција, забранувајќи им да дејствуваат како агенти за имиграција или да апсат исклучиво за прекршување на граѓанските имиграциски права. Во рамки на оваа таканаречена држава-засолниште, градот Хантингтон Бич прогласи дека не е засолниште за илегална имиграција со цел спречување на криминалот. „Ако лице без документи изврши некаков вид на ...
Претседателот Доналд Трамп ги постави своите услови за континуирана американска поддршка за Украина и започна дипломатска офанзива со цел да ja заврши речиси тригодишната руска инвазија на окупираната земја. „Ние добиваме безбедност за нашите пари. Ќе бидат обезбедени со ретки метали, имаат нафта и гас и имаат многу други работи. Ние бараме безбедност за нашите пари и тие се согласија со тоа. Украина се согласи со тоа. (Новинар: Не испраќате ...
ВАШИНГТОН (АП) - Комисијата за правосудство на Сенатот во четвртокот гласаше по партиска линија за номинацијата на Каш Пател, изборот на Доналд Трамп за директор на ФБИ, зголемувајќи ја загриженостa на демократите дека тој ќе работи како лојалист на претседателот и ќе ги таргетира противници на Белата куќа. Комисија гласаше со 12 спрема 10 да ја испрати номинацијата до Сенатот под контрола на републиканците на целосно разгледување и конечно ...
ВАШИНГТОН - Сенатот го потврди Роберт Ф. Кенеди, 71-годишен долгогодишен поборник за заштита на животната средина, за секретар за здравство во администрацијата на претседателот Трамп. Беше потврден со 52-48 гласови, главно по партиска линија. Единствено, републиканскиот сенаторот Мич Меконел, од Кентаки, кој преживеа детска парализа , гласаше против Кенеди откако изрази загриженост за неговата позиција и ставови за вакцините. Поранешниот лидер ...
Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја осудуваат, како што велат, тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критички настроени медиуми во Северна Македонија. Оваа кампања, додаваат од ССНМ има за цел да ги дискредитира медиумите и новинарите кои откриваат корупција, злоупотреба на моќта и други прашања од јавен интерес. „Лажниот наратив дека овие медиуми добиле средства ...
ЛОНДОН - Стотици светски лидери и делегати треба да присуствуваат на Минхенската безбедносна конференција во Германија овој викенд, додека конфликтите продолжуваат во Украина, Блискиот исток, Судан и Демократска Република Конго, а тензиите зголемуваат во Индо-пацифичкиот регион. Конференцијата во Минхен е првиот голем глобален Самит за новата администрација во Вашингтон за време на претседателот Трамп и доаѓа во време на шпекулации дека неговата ...
Договорот за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас продолжува да важи. Израелските војници се повлекоа неодамна од коридорот што го дели појасот Газа и цели палестински семејства се вратија дома во северна Газа. Она што им претстои на жителите на Газа по завршувањето на војната, сепак, останува отворено прашање. Американскиот претседател Доналд Трамп ја изнесе идејата населението на Газа да се пресели во други земји и САД да го преземат појасот ...
Десетици пријави за загрозување на личните податоци доставуваат годишно македонските граѓани. Тоа го покажуваат податоците од Агенцијата која се грижи да се заштити тоа право на граѓаните. „Минатата година имаше 41 пријава, 41 барање од граѓаните и беа спроведени соодветни супервизии“, вели Емилија Гиноска, Советник за информирање при Агенцијата за заштита на личните податоци. Embed share Емилија Гиноска, АЗЛП: Не ги споделувајте секому личните ...
Милитантната група Хамас во четвртокот ја изрази својата посветеност на прекин на огнот со Израел, додека посредниците работеа на зачувување на прекинот на борбите поради обвинувањата за прекршување и заканите за враќање на војната. „Ние не сме заинтересирани за пропаѓање на договорот за прекин на огнот во Појасот Газа и ние сме заинтересирани за негово спроведување и обезбедување дека окупацијата (Израел) целосно се придржува до него“, рече ...
Според официјални лица од двете земји, Украина и Соединетите Држави размислуваат за клучен договор за минерали на овонеделната Минхенска безбедносна конференција. По средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски, американскиот секретар за финансии Скот Бесент го опиша предложениот договор како потенцијален „долгорочен безбедносен штит“ за Украина кога нејзината војна со Русија ќе заврши. Зеленски потврди дека Украина го добила првиот ...
Повеќе сојузници на НАТО во четвртокот изразија поддршка за зголемување на трошоците за одбрана, истовремено нагласувајќи ја потребата Украина и другите европски нации да бидат дел од каков било преговарачки крај на руската војна против Украина. Ваквите изјави доаѓаат во време кога министрите за одбрана на НАТО се собраа во Брисел на состанок фокусиран на целите на трошоците за одбраната, зајакнувањето на индустрискиот капацитет и поддршката за ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски им покажува на новинарите некогаш класифицирана мапа која точно ја покажува локацијата на земни и други критични минерали. „Овие депозити се бесценети. Огромни суми на пари. Огромни. Затоа треба да ги заштитиме. Значи, ако зборуваме за договор - тоа е она што го сакаат Американците - тогаш ајде да направиме договор“, истакна Зеленски. Американскиот претседател изјави дека е отворен за преговори. „Значи, ...
Автомобил влета во толпа во четвртокот во Минхен, Германија, при што беа повредени најмалку 28 лица. Полицијата соопшти дека властите го привеле возачот, а при апсењето испукале истрел во возилото. Тие го идентификуваа осомничениот како 24-годишен авганистански барател на азил. Инцидентот се случил додека членовите на синдикатот на услужните работници одржале демонстрации. Гувернерот на Баварија, Маркус Содер, изјави за новинарите дека она што ...
Стејт департмент - Американскиот државен секретар Марко Рубио треба да замине во четврток за Минхен, а подоцна оваа недела ќе го посети Блискиот Исток во услови на интензивен дипломатски притисок за ставање крај на руската агресија во Украина, како и напорите за реализирање на планот на американскиот претседател Доналд Трамп за поствоенената Газа. Во тек се и подготовките Рубио да разговара со своите колеги од Јапонија и Јужна Кореја на ...
Владата во Северна Македонија нема допир со сегашната реалност, изјави грчкиот министер за одбрана Никос Дендијас за време на говор одржан на конференцијата Делфи во Вашингтон. Дендијас го кажа ова кога зборуваше за улогата на Грција во активното промовирање на европската интеграција на Западен Балкан, истакнувајќи дека Атина ги решила разликите со сите регионални играчи врз основа на меѓународното право. „Дозволете ми да го спомнам Западен ...
Претседателот Доналд Трамп во средата изјави дека разговарал со рускиот претседател Владимир Путин за итен почеток на преговори за ставање крај на војната во Украина. „Ние, исто така, се согласивме дека нашите тимови веднаш ќе започнат преговори и ќе започнеме со тоа што ќе го повикаме претседателот Зеленски од Украина за да го информираме за разговорот, што, ќе го направам сега“, објави Трамп на својата социјална мрежа „Вистина“. Претседателот ...
Претседателот Доналд Трамп во средата ја продолжи својата успешна листа за потврдување на Кабинетот, при што Тулси Габард официјално беше одобрена од Сенатот да стане негова директорка за национално разузнавање (ДНИ). Таа стана 14-та потврда од Кабинетот на Трамп по гласањето во средата со 52-48. Гласањето беше по партиска линија, со исклучок на поранешниот лидер на републиканците во Сенатот, Мич Меконел, кој се спротивстави на Габард. И покрај ...
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет рече дека враќањето на границите на Украина од пред 2014 година е нереално и дека администрацијата на Доналд Трамп не го гледа членството на Киев во НАТО како дел од решението за војната предизвикана од руската инвазија. Претседателот Трамп по телефонскиот разговор со Путин https://truthsocial.com/@realDonaldTrump/113991956474899296 Говорејќи на состанокот во седиштето на НАТО во Брисел, Хегсет ја ...
Генералниот секретар на Арапската лига Ахмед Абул Геит отфрли каков било план за раселување на Палестинците од појасот Газа, велејќи денес дека таквото преселување би било „неприфатливо“. Тој изјави на самитот на светските влади дека предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп да премести околу 2 милиони Палестинци од разорената од војна во Газа ќе го турне регионот во циклус на кризи со „штетен ефект врз мирот и стабилноста“. „Тоа е ...